Friday, May 18, 2018

Сè што треба да знаете за употребата на канабисот по напорниот тренинг

Дали CBD е клучна состојка за брзото враќање во форма? Кога ќе помислите на марихуаната, каква слика ви доаѓа на ум? Насмеан хипик што слуша реге или пак силен, здрав атлетичар? Најверојатно првото. Канабисот долго време бил поврзуван со „стонери“ и чипс, но оваа лажна перцепција ја заменуваме со факти. Канабисот може наскоро да се користи како витамините и додатоците во исхрана, за да ве одржи среќни и здрави и поиздржливи кога вежбате. Можеби веќе сте забележале некаков производ со канабис во теретана, особено доколку живеете во држава каде канабисот е легализиран


Дали ќе се „напушам“?

Искуството што ќе го доживеете со ваквите производи зависи од канабиноидите. Тоа е хемискиот состав пронајден во различните видови на канабис-растенијата. Се верува дека постојат повеќе од 100 различни видови на канабиноиди, но најмногу внимание привлекуваат двете најважни – тетрахидроканабинол (THC) и канабидиол (CBD). Најчесто марихуаната е одгледувана поради THC, што е психоактивна состојка, додека CBD не е психоактивна. Истражувачите дознале дека и двете состојки имаат терапевтско влијание и се добри за човеково конзумирање за најоптимално здравје. И покрај тоа што одредени луѓе преферираат да пушат џоинт кој содржи повеќе THC, има и такви што одбираат да користат CBD за спречување на болката и олабавување на мускулатурата.



Доктор Канабис

Го прашавме д-р Stuart Titus извршен директор на Medical Marijuana, Inc. за бизнисот со канабисот како лек за „опоравување“. Тој вели дека неговото искуство како терапевт го довело до медицинската марихуана. Многу атлетичари го користеле канабисот за болки, воспаленија и несоница. „Мислам дека една од најдобрите информации доаѓа од патентот на американската Влада. Всушност, тој кажува дека CBD е подобро за употреба, бидејќи можеш да го употребиш во големи дози без никакви несакани ефекти“ - вели тој. Официјалниот став  на Владата потврдува дека канабиноидите може да се користат за сè: од болно колено, до Алцхајмерова болест. Тоа значи дека состојките се добри за телото и мозокот. Доктор Титус смета дека CBD им помага на многу луѓе да ги наострат своите ментални способности. Со тоа сака да наведе и дека CBD може да се користи за третирање на болести на мозокот.



Со CBD до подобро здравје 

CBD може да биде клучна состојка во „опоравувањето“ по напорниот тренинг. Д-р Титус смета дека оваа состојка може да е дури и подобра за телото од синтетичките витамини и суплементи кои се внесуваат како „здрави“ додатоци во исхраната. „CBD се чини дека има поголем антиоксидативен ефект од витаминот Ц или Д, па затоа многу атлетичари го користат за да се справат со воспаленијата. Поради тоа е зголемена побарувачката на ваквите производи од страна на спортистите“ - додава тој. Титус вели дека CBD може да се користи за рехабилитација, но исто така и верува дека таа може да стане значајна и суштинска состојка за здрав живот. Тој верува дека во одреден момент ќе постои фиксна утврдена препорачана доза од СЗО за секојдневна употреба на CBD, исто како што луѓето секојдневно внесуваат витамин Ц.


Поврзано: 





Автор: Ангела Т.
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Menshealth

No comments:

Post a Comment