Showing posts with label хомеостаза. Show all posts
Showing posts with label хомеостаза. Show all posts

Friday, February 16, 2018

Како да се стимулира ендоканабиноидниот систем без употреба на канабис?

Кога луѓето ќе слушнат за сите здравствени состојби кај кои може да помогне канабисот, некои можеби се прашуваат како една билка може да има толку многу моќни медицински својства без сериозни несакани ефекти. ЕКС може да се стимулира и на други начини, не само со мајчиното млеко и канабисот! Д-р Дастин Сулак (Dustin Sulak) кој е канабис екстерт и основач на сраницата Healer.com, медицински ресурс за едукација на пациентите во врска со канабисотна порталот Leafly даде детално објаснување за тоа како да го стимулираме ЕКС без канабис

Д-р Дастин Сулак е основач на овој портал за канабис едукација
Чудесното функционирање на канабисот во нашите тела ги натера истражувачите да откријат систем на физиологијата кој работи во сите нас за постојано одржување на хомеостазата (или рамнотежа) на клеточно ниво. Тоа беше именуванo како ендоген систем за канабиноиди (ендоканабиноиди) по растението што доведе до идентификација на овој наш вроден телесен систем. Тој е еден од најважните физиолошки системи кои се вклучени во воспоставувањето и одржувањето на здравјето на луѓето.


Ендоканабиноидите и нивните ЦБ2 и ЦБ1 рецептори се наоѓаат низ телото: во мозокот, органите, сврзните ткива, жлездите и имуните клетки. Во секое ткиво, канабиноидниот систем врши различни задачи, но целта е секогаш иста: хомеостаза, одржување на стабилно внатрешно опкружување и покрај флуктуациите во надворешното опкружување. Телото  природно произведува сопствени канабиноиди. Соодветните дози на канабис, исто така може да го регулираат и тонизираат вашиот ECS. Растението, сепак не е единствениот начин да го поддржите вашиот ECS. Вие можете да го стимулирате вашиот ECS природно со вкусна храна за подобрување на ендоканабиноидите, нивно поттикнување и пријатни активности кои можат да доведат до широко распространети здравствени придобивки.


Повеќето од нас не сфаќаат дека нашите тела постојано создаваат канабиноиди. Овие молекули функционираат како ТХЦ и другите канабиноиди кои ги има во растението и бидејќи се од човечка природа тие се наречени ендоканабиноиди. Нашите клетки произведуваат и користат канабиноиди на прецизни начини и одговораат на стрес, болест и повреда, а тоа луѓето ги прави здрави и отпорни на надворешните и внатрешните влијанија. Постојат докази дека ендоканабиноидниот систем на некои луѓе ЕКС (ECS) можеби не функционира најоптимално, а ЕКС е одговорен за контролата на сите други системи во нашиот организам. Ова може да се реши со додавање на правилна доза на дополнителни канабиноиди од растението канабис во секојдневната исхрана. Покрај канабисот, одредени храни и активности, исто така можат оптимално да ја помогнат функцијата на ЕКС, да го подобрат здравјето и да ја подобрат ефикасноста на медицинскиот канабис.




Храна за поттикнување на ендоканабиноидите

Есенцијалните масни киселини, чоколадата, билките, зачините и чаевите природно го стимулираат ЕКС!


* Есенцијални масни киселини

Здравиот сооднос на омега-3 и омега-6 масни киселини може да ја зголеми активноста на ECS. Ендоканабиноидите се произведуваат од арахидонска киселина (омега-6 масна киселина). Семето од коноп е пребогато со ваквите масни киселини (омега 3, 6 и 9). Имајќи доволно арахидонска киселина е од суштинско значење за производство на ендоканабиноид, но доколку ja има премногу, тоа може да доведе до намалување на регулацијата на канабиноидните рецептори. Повеќето западни диети веќе содржат вишок омега-6 масти, кои  најчесто се наоѓаат во масла за готвење како што се сончоглед, пченка и соја, а во производите од животинско потекло, како што се месото, живината и јајцата.


Омега-3 масните киселини се потребни за да се балансираат омега-6 мастите, така што ECS може правилно да функционира. Овие масни киселини се многу потешки за да се примаат преку исхраната, а исто така е докажано дека имаат кардиоваскуларни и невролошки здравствени придобивки. Идеален сооднос на омега-3 со омега-6 во исхраната е 1:1, а типичната западна исхрана често има сооднос 1:10. Животнинските извори на омега-3 се најмоќни, но вегетаријанските извори имаат тенденција да обезбедат и други одлични здравствени придобивки на овие состојки ите како потребни за здрав ендоканабиноиден систем!


Извори на ендоканабиноидни масни киселини:

Семиња од коноп и масло од коноп;
Семе од лен и ленено масло;
Чиа семе;
Ореви;
Сардини и аншоа;
Јајца (омега-3 збогатени).


* Чоколадо

Какаото во прав содржи три соединенија кои се структурно многу слични на ендоканабиноидите. Овие соединенија можат да го инхибираат распаѓањето на сопствените ендоканабиноиди во телото, што резултира со повисоки нивоа на ендоканабиноиди и може да имаат некои активности за самата канабиноидна активност.  Содржината на соединенијата слични на канабиноидите во чоколадото варира и е највисока во темното чоколадо и суровото какао. Другите состојки во чоколадото можат да помогнат во спречувањето на срцеви заболувања, мозочен удар и деменција. Побарајте најмалку 70% темно чоколадо или обидете се да додадете сурово какао, најдобар избор се чоколадите кои веќе се продаваат во некои земји со додаток на семки од коноп за зголемен внес на здравите масни киселини.  


* Билки, чаеви и зачини

Бројни билки и чаеви содржат соединенија кои можат да го подобрат ECS. Бета-кариофиленот е терпен во: црниот пипер, мелем од лимон, хмељ, каранфилче, канабис, оригано, цимет и неколку други билки. Тие селективно го стимулираат CB2 рецепторот, кој е истражуван за развојот на третмани за воспалителни нарушувања. 


Ехинацеа - често користена од билкарите во период до две недели за да го стимулира имунолошкиот систем за време на инфекциите, исто така содржи и агонисти на CB2;

Camelia sinensis - попозната како „чај“, содржи соединение кое го спречува распаѓањето на ендоканабиноидите, и друго соединение кое може да ги стимулира канабиноидните рецептори;

Курмерен - жолт зачин во кари прав, содржи куркумин, кој исто така ги зголемува ендоканабиноидните нивоа меѓу другите здравствени придобивки.


Јадете органска храна и избегнувајте пластика 

Поради некои пестициди (на пример, хлорпирифос и пиперонил бутоксид) се јавува нарушување на ECS. Особено е важно да се избере органска храна кога се купува месо, млечни производи и квалитетни производи кои не содржат пестициди. Фталатите (Phthalates) се состојки во пластиката, често додавани во контејнерите за пластични шишиња со вода, се познати како блокатори на канабиоидните рецептори кои го нарушуваат хормоналниот систем на телото. Изберете стакла или амбалажа за храна од стакло, хартија или од не'рѓосувачки челик, секогаш кога е можно и никогаш не јадете храна која е загреана во пластика!


* Алкохол

Редовното користење на умерени до големи количества алкохол исто така може да го оштети ECS, така што за оптимална здравствена и ендоканабиноидна функција, ве молиме фокусирајте се на умереност кога ќе решите да пиете. Препорачуваме избегнување на алкохолот во целост и размислете 420 пати пред да решите следен пат да се начукате!



Активности за подобрување на ендоканабиноидите

Одредени активности можат природно да ја подобрат функцијата на ECS, да го подобрат вашето здравје, да ја зголемат ефективноста на медицинскиот канабис и да ви помогнат да се чувствувате одлично.


Активности за намалување на стресот

Додека хроничниот стрес може да го онеспособи вашиот ECS, високо-подесениот ECS може да ве заштити од штетните ефекти на стресот. Инкорпорирањето на вежбањето во вашата секојдневна рутина ќе го одржи вашиот ECS, но само ако уживате во овие активности! Студиите за животни нè научија дека ако вежбате, вашиот ECS ќе ја толкува активноста како стрес, но слободното избирање и уживање во истата активност може да има спротивен ефект на стресот, т.е. да има релаксирачки ефект и всушност да ги зголеми нивоата на ендоканабиноиди во организмот. 


Дружењето и водењето љубов, исто така може да биде одлично за намалување на стресот и подобрувањето на функцијата на ECS. Стаорците во социјална изолација произведуваат помалку канабиноидни рецептори, додека социјалната игра и однесувањето ја зголемуваат функцијата на ECS. Делот со велнесот на Healer.com содржи едноставни вежби кои се лесни за секого и се дизајнирани да го стимулираат ECS и да ги зголемат ефектите на канабисот.


Еве неколку предложени ендоканабиноидни активности за подобрување на здравјето:

Социјална интеракција;
Неструктурирано време за играње (ова е важно и за возрасните!);
Јога;
Масажа;
Вежби за дишење;
Секое доброволно и пријатно вежбање.

Автор: Кате К.
Извор: Leafly

Friday, September 15, 2017

8 восхитувачки карактеристики на ендоканабиноидниот систем!

Дали знаеш дека твоето тело покрај дигестивен, циркулаторен, респираторен систем итн. има и ендоканабиноиден систем? До пред неколку месеци, не знаев ни јас. Како студент по физиологија мислев дека ги познавам клучните физиолошки системи во телото но, испадна дека грешам. Доколку не работиш во полето на медицинскиот канабис, малку е веројатно дека некој ти кажал дека постои ендоканабиноиден систем. Истиот е докажан како најважен физиолошки систем во воспоставувањето и одржувањето на човековото здравје


Тогаш, зошто само малкумина знаат за ендоканабиноидниот систем (ЕКС)?

Големата мистерија е поврзана со начинот на откривање на ЕКС. Во 1990тите, научниците пробувале да детектираат како тетрахидроканабинолот (ТНС), психоактивната супстанца од конопот, го измамува својот ефект врз телото. Тоа што го откриле била комплексна мрежа на СВ1 (канабиноидни) рецептори во централниот нервен систем (мозокот и `рбетниот мозок) кои совршено се вклопувале во ТНС молекулата. За брзо време, бил откриен и вториот вид на СВ2 рецептори во органите на имуниот систем, цревата и во повеќето од поголемите телесни органи. Но, ова било само дел од загонетката. Потрагата продолжила испитувајќи дали телото синтетизира свои канабиноидни супстанци и со идентификувањето на првиот ендоканабиноид, Анандамид (Anandamide), го имале одговорот (ананда е санскритски збор за блаженство, среќа).


Која е улогата на ендоканабиноидниот систем?

Научниците откриле дека ендоканабиноидниот систем може да го подреди најголемиот дел од нашите витални физиолошки функции воспоставувајќи баланс во спиењето, апетитот, болката, воспаленијата, сеќавањето, расположението, дури и размножувањето. Просто кажано, тој е како диригент на оркестарот кој се грижи сите делови да се во синхронија со краен резултат хармонична симфонија помеѓу телото и умот. Звучи како многу важен дел, нели? Во право си! Затоа е од витална важност да се зборува за ендоканабиноидниот систем, колку што се зборува и за имуниот систем. Овие се осумте карактеристики на апсолутно величенствениот ЕКС:


1. Човекот не е единствениот вид кој поседува ЕКС

Не само што е откриен кај сите `рбетници, туку откриени се канабиноидни рецептори кај безрбетните туникати (сесилни морски форми од подредот Urochordata Tunicata) со торбовидно тело обвиено со густа мембрана-туника и два отвори-сифони за влев и излев на вода) што укажува на еволутивен процес од пред 600 милиони години!!!


Човечкиот ендоканабиноиден систем
2. СВ1 рецепторите се најзастапени рецептори во мозокот

Невротрансмитери се сусптанци кои пренесуваат информации во телото и мозокот. Можеби најпознатите невротрансмитери се серотонинот и допаминот, но ендоканабиноидот Анандамине е исто така класифициран како невротрансмитер и неговите рецептори се најбројните во мозокот.


3. ЕКС сигнализира во обратна насока

Најголем дел од невротрансмитерите комуницираат во еден правец, од сигнализирачкиот неврон кон невронот кој ја прима информацијата (постсинаптички). Но, во ЕКС информацијата се спроведува во обратна насока и е наречена ретроградно сигнализирање. Односно, ако рецепторот е премалку или премногу стимулиран, тој сигнализира кон назад преку синапсата до почетниот неврон (предсинаптичкиот) да го смени неговото однесување создавајќи фидбек врска. Значи, наместо да ја распредели информацијата како другите невротрансмитери, тој делува како прекинувач регулирајќи ја активноста со цел да го одржи телото во хомеостаза. 


4. При различни болести се зголемува активноста на ЕКС

Од невродегенеративни болести како Алцхајмер и Паркинсонова болест, па сè до ревматоиден артритис и рак, предизвикуваат промени во канабиноидните нивоа и поголема експресија на рецепторите. Оваа активност укажува на улогата на ЕКС да го врати телото повторно во еквилибриум.


Како работат рецепторите?
5. Дефицит на ЕКС е причина за некои болести

Научниците забележале ослабнат ЕКС при некои состојби асоцирани со пречувствителност на болка како мигрена, фибромијалгија, болки во стомак. Синдромот е познат како „Клинички ендоканабиноиден дефицит“ и може да се корегира со ингестија на (активирани) компоненти од канабисовото растение.


6. ЕКС објаснува зошто медицинскиот канабис има терапевтски ефект

Пред да биде законски забранет во ХХ век, канабисот илјадници години бил користен за третирање на епилепсија, главоболка, артритис, депресија и гадење. Тогаш не знаеле зошто ова растение има толкава терапевтска сестраност. Оваа мистерија е расветлена со откривањето на ЕКС. Нажалост, ова отркитие се случува во време кога на мнозинството од популацијата пристапот кон канабисот им е забранет.

Според Дастин Сулак (Dustin Sulak), водечки експерт во испитување на медицинскиот канабис - „Истражувањата покажаа дека мали дози на канабиноиди од канабисот можат да му сигнализираат на телото да синтетизира повеќе ендоканабиноиди и да синтетизира повеќе канабиноидни рецептори... Верувам дека мали, редовни, дози канабис можат да делуваат како тоник на нашиот најцентрален физиолошки исцелителен систем!“.


Поздрав од авторот :)
7. Не мора да го прекршиш законот за да го зацврстиш твојот ЕКС

Иако законот е креиран за да ги застапува интересите на Владата, корпорациите и елитата, наместо да го заштитува општото човеково добробитие, многу луѓе одбираат да бидат законски болни, наместо незаконски здрави. Но, и за нив постои варијанта. Бидејќи моментално постојат мал број на држави кои го имаат легализирано медицинскиот канабис, што мошеш друго да направиш, доколку не сакаш да го прекршиш законот? 

Земи го во обѕир канабидиолот - непсихоактивна компонента од канабисот која ги намалува воспаленијата, ја смирува анксиозноста и ја намалува зачестеноста на епилептичните напади. Канабидиолот (ЦБД) се добива со екстракција од канабисовото растение кое најчесто има помалку од 0.2% ТНС и е именуван како коноп или индустриски коноп или сатива варијанти и така е возможно да биде набавен законски во форми на екстракти и тинктури во сите држави низ светов. Но, кога станува збор за посериозни дијагнози - луѓето се оставени сами на себе, на милост и немилост од страна на законот. 

Друга опција е да вежбате повеќе бидејќи со пролонгирани тренинзи се зголемува нивото на ендоканабиноидот Анандамине. Исхраната исто така е важен сегмент. Зголемен внес на Омега-3 масни киселини од леново и конопово семе го стимулира ендоканабиноидниот сигнал во мозокот. Листестите зеленчуци (кале, спанаќ, аругула, кељ) го стимулираат ЕКС преку бета-кариофиленот кој го активира рецепторот на канабидиолот.


8. Многу доктори знаат премногу малку за ЕКС

Иако има централна улога во човековото здравје, ЕКС во конвенционалната медицина останува запоставен. Во 2013, спроведена е анкета во медицинските универзитети во САД во врска со тоа дали ЕКС е дел од нивната содржина во книгите по физиологија. Според резултатот, само 13% од универзитетите го предавале ЕКС на идните доктори. Во Европа пак, само на неколку универзитети во Обединетото Кралство и во Шпанија. Македонските доктори речиси не знаат ништо за ЕКС...

***

Сега кога знаеш за постоењето на ЕКС не можеш да се свртиш и да продолжиш како да не било ништо. „Пушти го муабетов“ кон сите оние во кои гледаш револуционерен дух, па и кон оние во кои не гледаш бидејќи крајно време е да почнат сите да се будат од сонот дека само со апчиња може да се спасиме. Време е ЕКС да си го добие заслуженото внимание колку од здравствениот систем толку и од јавноста! Ако си мотивиран/а да дејствуваш, прво можеш да му соопштиш на твојот матичен доктор - можеби ти ќе бидеш заслужната личност за прослетлување на твојот матичен лекар!!! Мобилизирај се веднаш! Сподели го овој текст.

Извор: Leaf Science