Кога луѓето ќе слушнат за сите здравствени состојби кај кои може да помогне канабисот, некои можеби се прашуваат како една билка може да има толку многу моќни медицински својства без сериозни несакани ефекти. ЕКС може да се стимулира и на други начини, не само со мајчиното млеко и канабисот! Д-р Дастин Сулак (Dustin Sulak) кој е канабис екстерт и основач на сраницата Healer.com, медицински ресурс за едукација на пациентите во врска со канабисотна порталот Leafly даде детално објаснување за тоа како да го стимулираме ЕКС без канабис
Д-р Дастин Сулак е основач на овој портал за канабис едукација |
Чудесното функционирање на канабисот во нашите тела ги натера истражувачите да откријат систем на физиологијата кој работи во сите нас за постојано одржување на хомеостазата (или рамнотежа) на клеточно ниво. Тоа беше именуванo како ендоген систем за канабиноиди (ендоканабиноиди) по растението што доведе до идентификација на овој наш вроден телесен систем. Тој е еден од најважните физиолошки системи кои се вклучени во воспоставувањето и одржувањето на здравјето на луѓето.
Ендоканабиноидите и нивните ЦБ2 и ЦБ1 рецептори се наоѓаат низ телото: во мозокот, органите, сврзните ткива, жлездите и имуните клетки. Во секое ткиво, канабиноидниот систем врши различни задачи, но целта е секогаш иста: хомеостаза, одржување на стабилно внатрешно опкружување и покрај флуктуациите во надворешното опкружување. Телото природно произведува сопствени канабиноиди. Соодветните дози на канабис, исто така може да го регулираат и тонизираат вашиот ECS. Растението, сепак не е единствениот начин да го поддржите вашиот ECS. Вие можете да го стимулирате вашиот ECS природно со вкусна храна за подобрување на ендоканабиноидите, нивно поттикнување и пријатни активности кои можат да доведат до широко распространети здравствени придобивки.
Повеќето од нас не сфаќаат дека нашите тела постојано создаваат канабиноиди. Овие молекули функционираат како ТХЦ и другите канабиноиди кои ги има во растението и бидејќи се од човечка природа тие се наречени ендоканабиноиди. Нашите клетки произведуваат и користат канабиноиди на прецизни начини и одговораат на стрес, болест и повреда, а тоа луѓето ги прави здрави и отпорни на надворешните и внатрешните влијанија. Постојат докази дека ендоканабиноидниот систем на некои луѓе ЕКС (ECS) можеби не функционира најоптимално, а ЕКС е одговорен за контролата на сите други системи во нашиот организам. Ова може да се реши со додавање на правилна доза на дополнителни канабиноиди од растението канабис во секојдневната исхрана. Покрај канабисот, одредени храни и активности, исто така можат оптимално да ја помогнат функцијата на ЕКС, да го подобрат здравјето и да ја подобрат ефикасноста на медицинскиот канабис.
Храна за поттикнување на ендоканабиноидите
Есенцијалните масни киселини, чоколадата, билките, зачините и чаевите природно го стимулираат ЕКС!
* Есенцијални масни киселини
Здравиот сооднос на омега-3 и омега-6 масни киселини може да ја зголеми активноста на ECS. Ендоканабиноидите се произведуваат од арахидонска киселина (омега-6 масна киселина). Семето од коноп е пребогато со ваквите масни киселини (омега 3, 6 и 9). Имајќи доволно арахидонска киселина е од суштинско значење за производство на ендоканабиноид, но доколку ja има премногу, тоа може да доведе до намалување на регулацијата на канабиноидните рецептори. Повеќето западни диети веќе содржат вишок омега-6 масти, кои најчесто се наоѓаат во масла за готвење како што се сончоглед, пченка и соја, а во производите од животинско потекло, како што се месото, живината и јајцата.
Омега-3 масните киселини се потребни за да се балансираат омега-6 мастите, така што ECS може правилно да функционира. Овие масни киселини се многу потешки за да се примаат преку исхраната, а исто така е докажано дека имаат кардиоваскуларни и невролошки здравствени придобивки. Идеален сооднос на омега-3 со омега-6 во исхраната е 1:1, а типичната западна исхрана често има сооднос 1:10. Животнинските извори на омега-3 се најмоќни, но вегетаријанските извори имаат тенденција да обезбедат и други одлични здравствени придобивки на овие состојки ите како потребни за здрав ендоканабиноиден систем!
Извори на ендоканабиноидни масни киселини:
• Семиња од коноп и масло од коноп;
• Семе од лен и ленено масло;
• Чиа семе;
• Ореви;
• Сардини и аншоа;
• Јајца (омега-3 збогатени).
* Чоколадо
Какаото во прав содржи три соединенија кои се структурно многу слични на ендоканабиноидите. Овие соединенија можат да го инхибираат распаѓањето на сопствените ендоканабиноиди во телото, што резултира со повисоки нивоа на ендоканабиноиди и може да имаат некои активности за самата канабиноидна активност. Содржината на соединенијата слични на канабиноидите во чоколадото варира и е највисока во темното чоколадо и суровото какао. Другите состојки во чоколадото можат да помогнат во спречувањето на срцеви заболувања, мозочен удар и деменција. Побарајте најмалку 70% темно чоколадо или обидете се да додадете сурово какао, најдобар избор се чоколадите кои веќе се продаваат во некои земји со додаток на семки од коноп за зголемен внес на здравите масни киселини.
* Билки, чаеви и зачини
Бројни билки и чаеви содржат соединенија кои можат да го подобрат ECS. Бета-кариофиленот е терпен во: црниот пипер, мелем од лимон, хмељ, каранфилче, канабис, оригано, цимет и неколку други билки. Тие селективно го стимулираат CB2 рецепторот, кој е истражуван за развојот на третмани за воспалителни нарушувања.
• Ехинацеа - често користена од билкарите во период до две недели за да го стимулира имунолошкиот систем за време на инфекциите, исто така содржи и агонисти на CB2;
• Camelia sinensis - попозната како „чај“, содржи соединение кое го спречува распаѓањето на ендоканабиноидите, и друго соединение кое може да ги стимулира канабиноидните рецептори;
• Курмерен - жолт зачин во кари прав, содржи куркумин, кој исто така ги зголемува ендоканабиноидните нивоа меѓу другите здравствени придобивки.
Јадете органска храна и избегнувајте пластика
Поради некои пестициди (на пример, хлорпирифос и пиперонил бутоксид) се јавува нарушување на ECS. Особено е важно да се избере органска храна кога се купува месо, млечни производи и квалитетни производи кои не содржат пестициди. Фталатите (Phthalates) се состојки во пластиката, често додавани во контејнерите за пластични шишиња со вода, се познати како блокатори на канабиоидните рецептори кои го нарушуваат хормоналниот систем на телото. Изберете стакла или амбалажа за храна од стакло, хартија или од не'рѓосувачки челик, секогаш кога е можно и никогаш не јадете храна која е загреана во пластика!
* Алкохол
Редовното користење на умерени до големи количества алкохол исто така може да го оштети ECS, така што за оптимална здравствена и ендоканабиноидна функција, ве молиме фокусирајте се на умереност кога ќе решите да пиете. Препорачуваме избегнување на алкохолот во целост и размислете 420 пати пред да решите следен пат да се начукате!
Активности за подобрување на ендоканабиноидите
Одредени активности можат природно да ја подобрат функцијата на ECS, да го подобрат вашето здравје, да ја зголемат ефективноста на медицинскиот канабис и да ви помогнат да се чувствувате одлично.
Активности за намалување на стресот
Додека хроничниот стрес може да го онеспособи вашиот ECS, високо-подесениот ECS може да ве заштити од штетните ефекти на стресот. Инкорпорирањето на вежбањето во вашата секојдневна рутина ќе го одржи вашиот ECS, но само ако уживате во овие активности! Студиите за животни нè научија дека ако вежбате, вашиот ECS ќе ја толкува активноста како стрес, но слободното избирање и уживање во истата активност може да има спротивен ефект на стресот, т.е. да има релаксирачки ефект и всушност да ги зголеми нивоата на ендоканабиноиди во организмот.
Дружењето и водењето љубов, исто така може да биде одлично за намалување на стресот и подобрувањето на функцијата на ECS. Стаорците во социјална изолација произведуваат помалку канабиноидни рецептори, додека социјалната игра и однесувањето ја зголемуваат функцијата на ECS. Делот со велнесот на Healer.com содржи едноставни вежби кои се лесни за секого и се дизајнирани да го стимулираат ECS и да ги зголемат ефектите на канабисот.
Еве неколку предложени ендоканабиноидни активности за подобрување на здравјето:
• Социјална интеракција;
• Неструктурирано време за играње (ова е важно и за возрасните!);
• Медитација;
• Јога;
• Масажа;
• Остеопатска манипулација (ОМТ);
• Акупунктура;
• Вежби за дишење;
• Секое доброволно и пријатно вежбање.
Автор: Кате К.
Извор: Leafly
No comments:
Post a Comment