Showing posts with label интервју. Show all posts
Showing posts with label интервју. Show all posts

Monday, May 18, 2020

Лекарите рекоа дека нема да го дочека својот 30-ти роденден! Сет Грин е жив и здрав благодарение на канабисот!

Пациент на медицински канабис и Активист од Тенеси Сет Грин
Сет Грин е корисник на медицинска марихуана и активист од Тенеси. Тој е дијагностициран со цeребрална парализа. За него веќе зборувавме на нашиот блог во неколку наврати. Тој имаше проблеми со одењето, но успеа да ги надмине и оздраве благодарение на најлековитата и најбезбедната (забранета) билка на планетава! Ова е наше второ интервју со него


Причината за ова ексклузивно интервју е тоа што во јули оваа година ќе наполнам 30 години, а лекарите рекоа дека најверојатно нема да го диживеам и дочекам мојот 30-ти роденден. Значи, овој роденден ќе биде многу посебен за мене! Ова интервју е МНОГУ ЛИЧНО за мене, затоа што на многумина ќе им докажам дека не се во право... “ - истакнува Сет.

1. Какво е чувството кога на истите лекари кои ти го предвидеа денот на твојата смрт, кои одредија уште колку ќе живееш, пред лице им се појавуваш велејќи им дека не биле во право за канабисот и дека токму ова растение те спасило, те излечило и те одржува во здрав живот? Што велат тие?

- Јас немам никаков анимозитет кон нив или лекарите, тие само треба да ги отворат очите. Јас немам лоши чувства кон тие лекари затоа што се научени да работат на начин што ги збогатува фармацевтските компании. Како што сè повеќе лекари ќе стапуваат во контакт со пациенти како што сум јас, се надевам дека ќе започнат да се едуцираат за придобивките од канабисот и ќе започнат да се залагаат за неговата употреба за да им помогнат на нивните пациенти. Повеќето од нив не сакаат да ја слушнат вистината за ова растение и тие не се тие што треба да судат, затоа што единствениот што треба да нè суди нас е Бог! Плус тоа беше во минатото и нема да останам лут на тие доктори, затоа што треба да простуваме, да отпуштаме...

2. Дали на сите им препорачуваш канабис како лек за третирање и олеснување на сите медицински состојби и болести? Што ги советуваш пациентите?

- Да, верувам дека сите во светот треба да имаат пристап до ова растение затоа што ова растение има толку многу придобивки за луѓето во борбата со заболувањата од кои може да страдаат. Плус САД направија сојузна студија за канабис во 80-тите години и Тенеси беше една од избраните држави. Кога станува збор за родителите кои им го даваат на своите деца, верувам дека треба да им биде тоа дозволено сами да одлучат. Но, не ми се допаѓа кога родителите им даваат на своите деца само ако имаат медицинска состојба.

3. Дали си размислувал да станеш заштитно лице на некој познат канабис бренд или пак, би сакал да основаш свој сопствен бренд? Со што конкретно би сакал да се занимаваш во канабис индустријата?

- Јас не сум херој, јас само се обидувам да продолжам по вистинскиот пат за да зборувам и да направам добро за мене, но ги познавате луѓето генерално. Размислував за тоа откако завршив со моите гостувања и ќе одам на големи настани низ северно-источните држави (Охајо, Мичиген, Њујорк, Масачусетс, Пенсилванија, Конектикат), како и на запад во Колорадо и Оклахома кои штотуку ја легализираа. Јас ја започнав мојата сопствена компанија во мојата матична држава Тенеси и покрај тоа што во Тенеси не е легално сè уште, сепак започнав со CBD компанија. Значи, јас имам своја CBD компанија и не е легално во нашата држава, но ние одгледуваме.

4. Какво е твоето мислење за рекреативната употреба на канабис? Дали сметаш како нас, дека тоа е всушност превентивна употреба?

Со мајка му, Потпретседател на неговата компанија
Нејзината страница е „Jonesin For The Cure
- Да, навистина верувам дека канабисот им помага на луѓето да се извлечат од најопасните дроги како: морфиум, фентанил, метадон, кристалмет, крек, кокаин итн., затоа што разговарав со многумина низ патувањата што сум ги направил и тие ми ги кажаа нивните лични приказни, а некои рекоа дека единствениот начин на кој тие сега живеат е затоа што тие го пронајдоа канабисот и тоа им го спаси животот. Од таму од каде што тие почнуваат да тераат многу подобро во животот и да немаат рецидив и да се вратат на овие дроги, што ќе ве натераат да излезете и да правите луди работи како убиство и слично, затоа што не сте во вашата вистинска свест.


5. Дали откако ти започна со својата канабис терапија и излезе јавно со твојот проблем, се случи некаква драстична промена (кон подобро) во законската регулатива во твојата држава и во свеста кај населението за овој природен растителен лек?

- Ниту моето име не смени никакво законодавство во државата Тенеси во која живеам или воопшто Федералната Влада, но она што верувам дека го направив е дека им помогнав на луѓето да ги разберат придобивките од ова растение од спроведувањето на моите гостувања на Запад и до Север и одржувајќи ги митинзите во мојата област каде што живеам, но постарата генерација која порасна околу мојата област, како и Миленијалците (познати како Генерацијата Y), почнаа да излегуваат и поддржуваат некаква форма или мода со канабис во нашата држава Тенеси, но верувам и дека претстојнава година ќе имаме поголема поддршка за канабисот во Тенеси за да донесеме предлог-закон. Ова е една од моите главни цели, само да го сменам погледот на луѓето на оваа планета и да се обидам да ги натерам да разберат да не ни судат заради ова растение коешто ги спасило животите на толку многу луѓе и им даде причина за да живеат.

6. Како го користеше канабисот за време на твоето лекување и дали и како го користиш сега? Каква беше потентноста и канабиноидниот профил на екстрактите и тинктурите што најмногу ти помагаа и како ги користеше кога не беше целосно здрав? Дали пушиш канабис и кои врсти ти се омилени?

- За време на третманот ги користев сите форми на канабис коишто можеа да стигнат до моите раце, но главно користев масло од канабис и прехранбени продукти со канабис (edibles), како и во форма за пушење. Кога го земав, ги земав само кога моето тело имаше потреба или кога имав чувства што би ги добил од нападите на вознемиреност/анксиозност (што би довело до напади) или од церебралната парализа. Сега, да, јас пушам, но многу ретко тоа се случува затоа што сум во Тенеси, искрено не им верувам на луѓето тука кои продаваат и затоа што имам слушнато за премногу приказни не само локални, туку и низ целата земја, како зборуваат за тоа дека дилерите го ставаат канабисот со фентанил и морфиум.

7. Кажи нешто повеќе за твојот приватен живот? Дали студираш или работиш и какви планови имаш за во иднина?

Неговиот коноп во процес на претворање во лек
- Искрено сега во мојот приватен живот минувам низ една трансформација во мојот живот, така да речам, се фокусирав на повеќе други работи покрај канабисот од кога се појави оваа пандемија се обидувам да видам што друго има таму за мене и се приближив до Бога и се обидувам да му се приближам затоа што откако ќе заврши оваа пандемија и земјите ќе започнат да се враќаат на работа во нормала, верувам дека ќе живееме во различно време и морам да бидам подготвен за тоа. Моите планови за иднината се на крај да добијам Закон за медицински канабис донесен во Тенеси, како и да започнам моја сопствена компанија за канабис кога ќе стане легален затоа што веќе имам компанија за коноп во функција и верувам штом еднаш ќе добиеме медицински закон тука донесен во Тенеси дека ќе бидам чекор напред во натпреварот за да зборувам таму каде што имам толку многу конекции ширум светот и кои се во канабис индустријата, што може да ми понуди мене и на мајка ми повеќе информации за тоа како да направам подобар производ и како да го започнам нашиот бизнис.

8. Дали веруваш дека канабисот наскоро целосно ќе се ослободи на светско ниво? Што конкретно ти правиш преку твојата организација Greener Pastures Tennessee?

- И она што го правам преку мојата организација „Greener pastures Tennessee“ („Позелени пасишта Тенеси“) е само да ја подигнам свеста и да помогнам во областа за да привлечам повеќе луѓе и да им помогнам на луѓето во земјата да го добијат тоа легално. Да, верувам дека канабисот ќе стане целосно легализиран низ целиот свет до одредена мера. Но, сега и моето искрено мислење e: Светската здравствена организација заедно со FDA (Агенцијата за храна и лекови) и потоа се обидуваат да го задржат канабисот нелегален за да можат да ги задржат луѓето на лекови на рецепт, со цел да можат да ја стават својата алчна рака врз парите што ги прават од луѓето додека ги прават болни и не мора да се земе пилула за болка или слично, тоа би можело да биде редовен растителен лек за вознемиреност што не е апче за нерви, што може да им помогне на овие луѓе ако апчето ги прави да се чувствуваат чудно во нивната глава и не можат да го направат тоа што го сакаат.

9. Во нашата држава, сега Република Северна Македонија канабисот сè уште не е вистински легален, како што сите корисници би го сакале тоа, но дали тоа би те спречило да ја посетиш нашава земја и можеби да одржиш семинар преку нашето здружение на граѓани „420 Македонија“?

- Не би имал проблем да ја посетам вашата земја и да разговарам со луѓето што прочитале за мене на Интернет преку списанијата во кои сум гостувал и во многу земји и ќе помогнам да ги едуцирам и се надевам дека ќе им ги отворам на некои умовите, на оние што не сакаат да ја видат вистината за ова растение.

10. Што би сакал да додадеш (или да одземеш) за крај? :)

- И една работа што сакам да ја споменам за Трамп е дека кога тој водеше кампања да стане Претседател и штом тој беше избран тој рече дека сака да го „исуши мочуриштето“ во Вашингтон ДК и верувам во тоа и дека и Конгресмените и Конгресменките имаат свои раце врз фармацевтската трева каде што прават толку многу билиони долари секоја година од зависноста од опијати и верувам дека Трамп сака да им помогне на луѓето кои што физички и психички се претвориле во различна личност и плус тоа е растение подарено од Бога и верувам дека сите имаат право да го испробаат и верувам дека ќе нè извлече од долгови затоа што половина од државите го легализираат во некаква форма или мода и правиме трилиони долари од ова растение... И Трамп ако Вие слушате, Владата ги одзема моите верски права/верувања да го користам ова растение!


Канабисот прави чуда!

Тој тука има напад и неговата мајка му става тинктура во устата и може да се види дека тој се смирува

Од добивање насилни напади (тресење и борба за здив, до џвакање на неговиот јазик, слушање на неговите коски како пукаат/крцкаат) до овие типови, каде изгледа дека тој е само во неговиот мал свет

Еве еден од неговите насилни напади

Видео од него кога бил во Колорадо да се лекува


Новинар и Активист: MoniQue Konopova
* Посетете ја мојата страница: Monique Konopova
Соговорник, Пациент и Активист: Seth Green



Не ни верувајте! Изгуглајте го ова! Патент #6630507


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Сет Грин од Greener Pastures Tennessee вели дека ова растение ќе извади многу земји од долгови!

Seth Green from Greener Pastures Tennessee says that this plant will bring a lot of Countries out of Debt!

Сет Грин успешно се бори со церебрална парализа со помош на екстракт од канабис!

Мајка користи домашен екстракт од марихуана за лекување на 19 хронични болести кај ќерката




Sunday, September 23, 2018

Уште неколку интересни интервјуа за канабисот со македонски познати личности

Нашиот тим 420 Macedonia во соработка со познатите личности ги руши стигмите! Ве замолуваме да го споделите нашиот труд. Ги охрабруваме сите македонски јавни личности од естрадата да престанат да се плашат да зборуваат на оваа тема за побрзо да го ослободиме конопот во Република Македонија со цел да обезбедиме поубав свет за нашите деца!!! КАНАБИСОТ Е ЛЕК! НУЛА СМРТНИ СЛУЧАИ ДО СЕГА КАНАБИСОТ Е ЛЕК! НУЛА СМРТНИ СЛУЧАИ ДО СЕГА, А БЕЗБРОЈ ОЗДРАВЕНИ!


Гостување во Урбан Таг. Канабисот е Лек
Во продолжение неколку видеа кои ги подготвивме под водство на нашата Претседателка Моника. Краток разговор во живо за канабисот на активистката и новинарка Monique Konopova и актерот Kiril Pop Hristov: „НА БАБА МИ ТРЕВАТА БЕШЕ НАЈ ДОБРАТА ТРЕВА ШТО ПОСТОИ НА ОВАА ЗЕМАЉСКА КУГЛА…“. Кратко интервју со Dj Pancho aka Shorty P, кој се согласи јавно да проговори за канабисот пред нашата камера. РЕСПЕКТ ЗА ПАНЧО! Слаткаристика зборува за канабисот и зошто треба да биде целосно слободен, а говори и за неговите лични искуства со билката и го најавува настанот ONE LOVE TOUR 2018 којшто се одржа во градскиот парк во Скопје. Интервју за демистификација на канабисот со раперите од Локос Железарос. Кратко интервју со д-р Зоран Пејчев, доктор по општа медицина од затворот Идризово, кој искрено објаснува како навистина стојат работите во македонскиот општествен систем, поконкретно на кој начин се поврзани македонската власт и медицинските служби кај нас.


Новинар, Главен и одговорен уредник, Активист и Претседател на здружението 420 Македонија-Скопје: Моника Ристеска (MoniQue Konopova). Постпродукција и монтажа: Томислав Живковиќ (Tomislav Zivkovic Photography) и Заменик претседателот на здружението 420 Македонија - Скопје, Мики Трајковски


Интервју за канабисот со актерот Кирил Поп Христов!



Интервју за канабисот со музичарот Dj Pancho aka Shorty P



Раперот Слаткаристика зборува за канабисот



Интервју за демистификација на канабисот со раперите од Локос Железарос



Интервју за канабисот со д-р Зоран Пејчев

Новинар и Уредник: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Интервју за канабисот со Тони Зен. Дали канабисот претставува инспирација за творење?

Интервју за канабисот со д-р Милан Ристески спец. радиотерапевт-онколог

За активизмот на Моника Ристеска позната во јавноста како MoniQue Konopova!

Saturday, September 22, 2018

Интервју за канабисот со Тони Зен. Дали канабисот претставува инспирација за творење?

Македонскиот извонреден артист, рапер и продуцент Тони Зен со задоволство се согласи да ни биде гостин во еден доста интересен и долг, но доста искрен разговор за канабисот и останатите пропратни теми поврзани со ова лековито растение и неговата употреба


Погледнете го видеото и кажете во коментар што вие мислите, дали сметате дека канабисот треба да биде целосно слободен и треба да се продава на зелените пазари, исто како зеленчукот и овошјето и останатите лековити билки: магдонос, коприва, кантарион...? Дознајте дали Тони Зен консумира(л) канабис? Научните истражувања и животните приказни на многу познати артисти потврдуваат дека канабисот не само што ја поттикнува неврогенезата, лекува од депресија, ги активира двете мозочни хемисфери, но исто така ја поттикнува креативноста. Дознајте дали кај него ова лековито растение претставува инспирација за неговата креативност во неговото творење?


Дознајте како според Тони Зен канабисот треба да биде регулиран? Дали можеби тој како нас смета дека тревата треба да биде целосно слободна? Дознајте дали тој повеќе сака индика, сатива или хибриди? Кои се неговите омилени врсти канабис? Слушнете дали канабисот во некоја негова одредена форма му помага за одредени здравствени проблеми? Дознајте дали Тони Зен познава некој негов близок што се излечил од сериозни заболувања со помош на масло од канабис? Слушнете што Тони им апелира на нашите соборци! Ве молиме да ја споделите оваа статија на социјалните мрежи со цел да ни помогнете во нашата мисија: ДЕМИСТИФИКАЦИЈА И ЦЕЛОСНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КОНОПОТ ВО МАКЕДОНИЈА И ШИРУМ СВЕТОТ!


Wednesday, September 12, 2018

Дац од Скопје целосно го отстрани меланомот од своето лице мачкајќи го со домашен екстракт од канабис!

Израстокот отпадна на фластер“ - изјавува овој соборец кој користи масло од канабис, но не тоа од аптека. За Дац веќе зборувавме неколку пати на нашиот блог и константно го следевме подобрувањето на неговата состојба. Сега благодарение на канабисовото масло и неговата упорност, тој е целосно излечен од ракот на кожа и препорачува агресивни дози и истрајност во лекувањето на сериозни состојби и користење на потентно масло од канабис со многу ТХЦ подготвено во домашни услови


КАНЦЕРОТ НА ДАЦ ОТПАДНАЛ ОД ТРЕВА НА ФЛАСТЕР!!!
Ние нему и на сите во слична состојба на кожата им препорачуваме да продолжат да се мачкаат топично (надворешно) на розевата кожа, откако меланомот ќе падне и откако раната ќе се затвори, ткивото ќе се пополни и лузната ќе исчезне, уште некој извесен период за целосно да се регенерира ткивото. Исто така, покрај со мачкање препорачуваме да го нормализираат својот организам и внатрешно барем со една цела 60 мл (90 дена) Рик Симпсон терапија, орално или ректално превентивно, а потоа да си продолжат уште некој период со превентивна доза за одржување и секако да внимаваат на животниот стил и исхраната, бидејќи нешто довело до таа состојба и ако се вратат на старите животни навики, повторно го изложуваат своето здравје на опасност. Еве ја првата објава за него:


Секој кој што сака да стапи во контакт со Дац, слободно нека ни пише на страната на ФБ на нашето здружение, на Инстаграм на нашето здружение, на маил: 420macedonia@gmail.com или нека ни се јави: 075 622 325 за да ни остави број за контакт, за да му го проследиме на Дац со цел да може да ве исконтактира. Тој е многу хуман човек и благодарен на Бога за природниот лек канабис и исто така им помага на луѓето во ситуација како неговата како и ние и сака да им помага и во иднина. Дац ни вети дека ќе направиме со него видео репортажа во блиска иднина, за сите да ги увери дека канабисот е најбезбедниот семоќен лек, но откако целосно ќе исчезне црвенилото на кожата, т.е. кога неговата кожа комплетно ќе се нормализира. Eве ја втората претходна објава за него и подолу слушнете што има да ни каже:



Проблемот е настанат како последица од рентгенско снимање на лекар во приватна заботехничка клиника во Скопје - гратис беплатно снимање на заби кое мене ми донесе само проблеми. Имаше многу предупредувачки налепници дека е радиоактивно и дека е опасно...Уште тогаш на апаратот видов многу залепени предупредувања дека постои опасност по здравјето од радијација и ми беше многу сомнително зошто се овие бесплатни испитувања за кои некако имав отпор, но се решив. Добив поткожни бубуливци и потоа се појави и туморот во март 2015 година. Прво бев исцрпен и забележав промени на кожата. Едната од бубуличките се претвори во поткожен тумор меланом 8 мм. Тртката беше со големина од 8 мм. Има метод кога се појавува бемка и се споредува со оние стари моливи со гумичка. Ако големината на бемката е поголема од гумата на моливот, тоа е знак на алармантна состојба - ако е повеќе од 7 мм - секој треба да се провери и испита и започне со масло од канабис. На почетокот тоа не го сфатив сериозно, си продолжив со животот, работев во ресторан, бидејќи сум угостител и бидејќи изгледав грозно поради настанатата состојба, ја напуштив работата. Мозолките отидоа, а таа големата бемка остана и почна да се зголемува и се претвори во жива рана. Кон крајот на август се вратив од работа во странство дома и реков дека сериозно морам нешто да превземам со моето здравје, не смејам веќе да игнорирам!

Случајно се сретнав со доктор пријател онколог кој случајно се најде кај мене дома и ми кажа дека мојата состојба е алармантна, ми кажа дека треба да одам на лекар да се испитам затоа што имам меланом. Јас не го послушав, не отидов на лекар и паднав во тешка депресија, се разочарав од животот и знаејќи дека е рак, се откажав од животот... Знаев дека канцерот е опасен. Не отидов на лекрар, затоа што имам одбивност од здравствениот систем и хемотерапии и страшно се исплашив и реков морам сега мојот живот да го зграпчам во своите раце и почнав да истражувам на Интернет, за Рик Симпсон и ми се појавивте Вие 420Macedonia и ти MoniQue и целиот Ваш труд и решив да стапам во контакт со Вас за консултација. 

Почнав да читам за здравството дека е против пациентите, почнав да дознавам многу работи, да се информирам. Се мачкав една година со лоши треви од улица, со масло од такви треви кое сам си го правев бидејќи не можев да најдам подобри треви, а и на почетокот не бев искусен во подготовката. Набавив 25 гр лоша марихуана од улица набавена од непознати извори и за прв пат следејќи ги видеата направив канабисово масло и ми излегоа околу 8 мл масло, фактички се учев да го правам одејќи по упатствата од Вашето здружение и веднаш почнав да се мачкам со по капка од маслото на засегнатото место, земав фластер (го вадев перничето) и го лепев одозгора. Една година се мачкав најпрво 1 на 2-3 дена и имаше ефект, потоа по 4 пати на ден од 6:00 до 23:00. Маслото најпрво ме извади од депресија. Целосно го отстранив туморот, тој отпадна и се залепи на фластерот! Сега ткивото е зараснато и регенерирано и имам розова кожа на местото. Моето лекување беше подолго затоа што моето масло не беше квалитетно, беше слабо, не бев искусен во подготовката, а исто така и материјалот не беше најквалитетен, но и таквото домашно подготвено масло мене ми помогна! 

Верувам дека со подобро масло многу побрзо ќе го решев проблемот. Сега продолжувам да се мачкам на розевото место за целосно да ја нормализирам кожата. Жив сведок сум дека маслото помага за сите дијагнози. Имав дупка во кожата скоро до месото, изгледаше ужасно и грозно и сето тоа се покри, ткивото се пополни, немам ни лузна, но само едно благо црвенило... Препорачувам да не се става памук одозгора, туку да има дебел слој од јако масло од канабис со многу ТХЦ постојано покриено врз меланомот и дури и за 6 недели можат да го решат проблемот, но сметам дека 3 месеци се сосема доволни со упосрност, посветеност, постојано мачкање и верба“ -

- вели Дац од Скопје кој смета дека природата не е алтернатива, туку вистинско решение и препорачува исто така и дополнителни природни третмани, соодветна диета, средување на pH вредноста на организмот и да не се плашат пациентите кога се работи за нивното здравје и живот, затоа што подобро е да се биде нелегално жив, отколку легално мртов!
ВЕ МОЛИМЕ СПОДЕЛЕТЕ!!!



ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






* * *







Новинар, Репортер и Уредник: MoniQue Konopova 
(Претседател на здружението 420 Macedonia)

Monday, September 10, 2018

Интервју за канабисот со д-р Милан Ристески спец. радиотерапевт-онколог

Доктор Милан Ристески одговара опширно и исцрпно на нашите интересни прашања. Ве молиме споделете го ова видео на социјалните мрежи со цел побрзо да ја прошириме свеста за лековитоста на канабисот, за побрзо ослободување на ова лековито растение. Ви благодариме!


Дали во медицинското формално образование сте учеле за ендоканабиноиден систем и рецептори и за фитоканабиноиди? Дали во формалното образование се изучува за ендоканабиноиди од човечка природа, како на пример оние во мајчиното млеко? Какви се неофицијалните мислења и ставови за канабисот, екстрактите и останатите дериватите од ова растение помеѓу стручната медицинска фела? 


Што генерално сметаат здравствените работници за овој лек и дали гледаат иднина во ова растение како решение за многу здравствени проблеми за кои медицината сè уште нема решение? Како канабисот треба да биде регулиран? Дали е безбеден и дали треба да се користи, дали паралелно со конвенционалната терапија? Неодамна преведовме стручна статија за шокантните нови студии за канабисот на нашиот блог, дека половина од пациентите со рак се убиени од хемотерапија, а не од рак, додека Националниот институт за рак признава дека ТХЦ предизвикува 45% ремисија кај рак на мочен меур, рак на дојка и рак на црниот дроб. Д-р Милан дава своја изјава во врска со овие вистини. Погледнете!


Новинар: Моника Ристеска (MoniQue Konopova)
Видео реализација: Kizo Yordanoff

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 





Здружението Билка се залага за целосна декриминализација на Канабисот и за унапредување на животната средина, преку едукација, проекти, активизам

* * *


Владата на САД конечно признава дека канабисот ги уништува клетките на ракот и ги заштитува здравите клетки

Универзитетот Харвард открива дека канабисот го намалува растот на туморите на бели дробови за половина за три недели

Хемотерапијата ги убива здравите клетки. Канабисот го убива исклучиво ракот!

Рик Симпсон вели дека ТХЦ е лек за ракот, а не ЦБД!

Шокантни нови студии: Половина од пациентите со рак се убиени од хемотерапија, а не од рак

Анкета: Ако марихуаната е легализирана, пациентите со рак ќе ја изберат како примарен лек

Saturday, February 3, 2018

Даниел Луков од Радовиш го победи улцерозниот колит со помош на домашно масло од канабис во форма на чепче

Триесет и две годишниот Даниел од Радовиш е поранешен фудбалер на кој во 2011 година му беше дијагностициран улцерозен колитис, болест на дебелото црево. Сулфасалазинот и другите слични синтетички фармацевтски „лекови“ коишто му беа препишувани не помагаа, сè додека тој самиот на Интернет не прочитал дека вреди да проба да се лекува со домашно подготвен екстракт од канабис и дека други пациенти се имаат излечено, заедно со соодветна исхрана, масажи, бањи и други природни методи. Даниел уште не е целосно закрепнат, но резултатите потврдуваат дека повеќе нема ни трага од болеста! Тој ќе продолжи уште некое извесно време да зајакнува алтернативно, додека повторно не се врати растрчан на фудбалските терени!
Даниел Луков се излечи со канабис
1. Искуствата на пациентите ширум светот потврдуваат дека фармацевтските лекови се токсични и во најголем дел од случаите, како твојот не помагаат! Кога и како дозна за лековитите својства на канабисот и дека со помош на оваа лековита билка можеш безопасно да ја убиеш твојата дијагноза? 

- Во потрагата по природен и нетоксичен алтернативен начин на лекување, бидејќи по консултацијата со конвенционалната медицина, ни беше кажано дека за овие заболувања нема лек. Ние не сакавме тоа да го прифатиме како факт и на Интернет дознавме дека канабисот може да ми помогне, поради тоа што читавме сведоштва од странски пациенти кои боледуваат од овие болести, а се лекуваат успешно со канабис.


2. Дали знаеш која врста на канабис најмногу одговара за твојата здравствена состојба, а која врста е твоја лична омилена врста на канабис? Како го консумираше канабисот на почетокот од лекувањето (на кои начини и колку често)?

- Било која врста на канабис со поголема концентрација на THC мене ми помага, а сите ми се омилеми :) Прво по пат на пушење, за намалување на болките, а потоа почнав да користам домашно изработено масло од канабис. 


3. Дали си слушнал за анална канабис терапија (ректално) по пат на супозитории (чепчиња), што се покажа како поефикасен начин во третирањето на секакви најчесто посериозни форми на канцери и секакви здравствени проблеми со дебелото црево, отколку оралното консумирање преку уста? Многу од пациентите велат дека на овој начин се намалува ефектот од преголемиот „хај“ што знае да биде непријатен кај оние кои мораат да земаат мега ударни дози. Дали имаш пробано канабис супозитории и како ги подготвуваш?

- Да, меѓутоа за оваа метода на лекување со канабис масло дознав малку подоцна и можам да потврдам дека токму на овој начин јас доживеав значителни подобрувања. Ги подотвував сам во својот дом со домашно канабисово масло и кокосово масло. Најпрво ги правев во алуминиумска фолија и ги ставав во замрзнувач, ги сечев со нож, немаа идеална форма, но ја завршуваа работата. Тогаш сè уште немаше празни калапи за чепчиња во аптеките. 


4. Дали ти беше тешко да дојдеш до квалитетна марихуана? Како изгледаше твојата потрага по квалитетно канабисово масло? Дали тешко се доаѓа до вистинскиот лек? Дали на почетокот го набавуваше готово или го подготвувавте сами во својот дом? 

- Не е лесно да се дојде до квалитетна марихуана. Мојата мајка на почетокот беше против, но потоа си легна на брашното, откако виде дека кај мене канабисот има позитивни ефекти. Првото масло ми го направи еден другар. Поради тоа што не можев да најдам квалитетна марихуана и да правиме сами, следните залихи ги набавував на црниот пазар преку наши контакти од Албанија.


5. Дали твоето семејство или некои членови имаат некакви реперкусии поради незаконитоста на твоето лекување?

- Да, мојот брат сакајќи да ми помогне поради тоа што финансиски не бевме во можност да го купуваме маслото, се реши да посади неколку стебла што резултираше со една година затворска казна. 


6. Како ти го дозираше маслото на почетокот, а како го дозираш сега? Како изгледаше твоето навикнување на ефектот од маслото?

- Јас немав никакви проблеми со прилагодувањето на мојот организам на дозата, поради тоа што не бев почетник, затоа што уште пред болеста порано имам консумирано канабис по пат на пушење. Ефектот од маслото беше најголем кај болките, тие престануваа веднаш. Поради тоа што кога јас почнав со мојата канабис терапија, маслото и тревата беа премногу скапи, не можев многу да ги зголемувам дозите. На почетокот го дозирав орално по едно зрно ориз наутро и навечер и по потреба кога имав болки, а потоа преку супозитории.


7. Кога кај тебе се појавија првите подобрувања откако започна да го користиш маслото/канабисот и какви подобрувања?

- ВЕДНАШ!


8. Спореди го ефектот од маслото со ефектот од фармацевтските лекови коишто ти ги препишале твоите лекари?

- Неспоредливо! Откако навистина се уверив дека маслото ми помага, тотално ги баталив апчињата. Некои од нив ми беа препишани за цел живот, а некои од нив, на пример кортикостероидите се штетни за бубрезите, може да предизвикаат оштетувања на коските и ред други фатални нус појави. Додека маслото го прочистува црниот дроб од токсини, покрај тоа што може да помогне кај секоја болест, буквално го регенерира целиот организам.


9. Дали знаеш каков е составот на маслото коешто најдобро ти помага? Дали знаеш колку ТХЦ, а колку ЦБД треба да има? 

- Мојата мајка Зуица беше на еден од првите семинарите за канабис во Скопје на кој гостуваа многу страснки професори праша кој е најдобриот сооднос на канабиноиди за моите дијагнози. Тие одговорија дека со поголема концентрација на THC, а помала на CBD.


10. Дали успеа да се ослободиш и од некои друи здравствени, психички или физички состојби (стравови, комплекси...) состојби коишто те мачеле од минатото? За што друго ти помогна/помага канабисот освен за дијагнозите поради кои започна да го користиш? Дали ти го промени начинот на размислување?

- Конечно си го најдов мирот и почнав повеќе и поквалитетно да спијам, што претходно беше невозможно поради болките. 


11. Што за тебе претставува канабисот сега, а како на него гледаше пред болеста? Кога прв пат во својот живот си пробал канабис? 

- Претходно немав оформено мислење за канабисот, а сега тоа за мене е најдобриот природен лек, што прв пат го пробав како тинејџер со пријателите. 


12. Дали откако целосно ќе се излечиш, ќе продолжиш канабисот да го користиш превентивно/рекреативно? 

- Би го користел по потреба, затоа што не создава зависност и јас повеќе не чувствувам постојана потреба од овој лек. 


13. Како според тебе треба да биде регулиран канабисот во Македонија?

- Заедно со моето семејство сметаме дека треба да биде целосно декриминализиран. 


14. Какво е твоето мислење за граѓанското движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабисот во Република Македонија што ја водиме? Ова интервју е дел од истоимената кампања. Од срце ти се заблагодаруваме за соработката!

- Пресреќен сум што постои вакво здружение како вашето коешто се залага за ослободување на овој лек, бидејќи сметам дека на пациентите им е потребна поголема поддршка и охрабрување, а тоа вие го правите неуморно. Јас ви благодарам Вам. Прекрасни сте! Продолжете со работата! Сметам дека за симболична сума секој треба да може да си го анализира сопственото масло во било која лабораторија, а да постои и можност кој сака да си го купи во аптека, но зборувам за full extract cannabis oil.


15. Твоја порака/совет до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот во Македонија, па и надвор од неа гласи...

- Канабисот е Божји дар, еден од многуте што Бог ни ги дал за да живееме здрав живот и среќни да можеме да го славиме Бога.


16. Твоја порака до сите противници на ослободувањето на канабисот?

- Прво едуцирајте се, а потоа судете! За нив имам разбирање, поради тоа што не дошле на мое дереџе и не знаат како е да имаш очајна потреба од овој лек и мојата мајка прво беше против. 


17. Што друго алтернативно имаш користено покрај маслото и како изгледаше твоето лекување?

- Целосно ја променив исхраната и начинот на живот. Преминав на сирова исхрана, се посветив на природата и Бог. Консумирав и други тинктури од билки, често одев на бања, а од пред извесно време почнав да медитирам, да се молам и да правам терапии со reiki healing и сфатив дека коренот на болестите често пати се темели во тоа што духот и телото не ни се ускладени.


18. Што според тебе треба секој индивидуално да направи  или можеби групно, со цел побрзо ослободување на овој сенароден и семоќен Божји лек?

- Јавно и без страв постојано да се зборува, бидејќи сме премногу на број. Да не се плашат дека ќе бидат етикетирани или казнети. Се работи за живот и здравје! Темава треба постојано да биде во центарот на вниманието и секој од нас може да се разболи од некоја болест, како канцер или моите за кои е потребен овој лек.

Докази дека Даниел оздравува! 

Новинар и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova

Tuesday, November 7, 2017

Зоран Велковски е алтернативен македонски артист кој јавно и гордо ја поддржува декриминализацијата на канабисот!

Зоран Велковски од Волково е гитарист во македонскиот реге бенд „КОНОП“, свири бас во реге бендот Brooka и соработува и со Fin Project. Фејсбук страницата на бендот Коноп ја преставува работата на бендот и ќе се труди во иднина да ги пренесува и објаснува сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните кои сакаат да се изборат за легализација на Божјата билка.  Зоран над десет години е активист кој упорно и храбро на секој можен начин како знае и умее се бори за ослободување на билката што животи спасува. Пред 2 години во 2015-та година протестираше пред Собранието на Република Македонија за легализација на канабисот со глад. Еве што тој има да каже за моменталната ситуација во која што конопот се наоѓа во Македонија и воопшто

Зоран Велковски од Волково сред конопно поле!
1. Што за тебе претставува канабисот? Дали треба да биде целосно слободен?

- Со канабисот се запознав за прв пат далечната 94-та година на свои 16 години. Тогаш Мац Пештерски (скопска урбана легенда) ни донесе една метла во гаража (машко растение) и полневме цигари, но безуспешно, зошто нели нема THC во таквото растение. Веќе следната година при дружба со локални скопски хипици се случи да го пробам вистинското нешто. Оттогаш наваму трае другарството со канабисот, а како поминуваше време ми помогна да се тргнам од многу опасни работи со кои, исто така другарував до својата 26-27 година. За мене канабисот е другарче исто како што е и цигарата (тутунот), но без отровите што ги има, а канабисот Е слободен, само што свеста на општеството сè уште не е ослободена по ова прашање.

2. Искуствата на пациентите ширум светот потврдуваат дека хемотерапијата е 70% неуспешна - го убива ракот заедно со пациентот, додека канабисот никого до сега не убил - НУЛА смртни случаи во историјата, а во третирањето канцер марихуаната е над 70% успешна! Кога и како дозна за лековитите својства на канабисот и дека со помош на оваа лековита билка можеш безопасно да се убие оваа дијагноза. Дали лично познаваш некој што се има излечено со масло или се лекува?

- За лековитите својста директно дознав преку лично искуство, бурната младост направи да страдам од посттрауматски стрес, а за лечењето на сериозни болести и состојби дознав од интернет. 

Коноп бенд
3. За која здарвствена намена го користиш канабисот? Која врста на канабис најмногу одговара за твојата здравствена состојба, а која врста е твоја лична омилена врста на канабис? На кој начин преферираш да ја консумираш оваа билка?

- Најомилен ми е сканкот. Тоа е хибрид (индика-сатива), посебно ги сакам хејзовите со овошна арома. Сатива за преку ден, индика за спиење, тоа би била идеалната комбинација. Џоинтот е начинот на кој преферирам да ја користам оваа билка. Со канабис лечам тинитус, тоа на средно уво што е, од многу свирење гласно во гаражи. Само со канабис, друг безопасен лек нема, оти пишти, секоја вечер, само џоинт помага да се смири фонијата што ме мачи.

4. Дали си слушнал за анална канабис терапија (ректално) по пат на супозитории (чепчиња), што се покажа како поефикасен начин во третирањето на секакви најчесто посериозни форми на канцери, отколку оралното консумирање преку уста, особено кога пациентот треба да зема големи дози масло? Многу од пациентите велат дека на овој начин се намалува ефектот од преголемиот „хај“ што знае да биде непријатен кај оние кои мораат да земаат мега ударни дози. Дали си пробал да консумираш канабис на овој начин преку супозитории и дали би го применвувал овој начин?

- Масло имам пробано само орално, иако сите потврдуваат дека најкорисно е да се зема преку чепчиња, но јас за среќа не сум болен благодарение на рекреативното користење на канабисот, па не морам да користам масло, иако нема никако да ми штети :)

5. Дали имаш користено масло до канабис? Какво беше чувството и за што ти помогна? 

- Масло имам пробано неколку пати, колку да знам за што станува збор. Чувството е фантастично, но ако користиш масло, а посебно некое квалитетно направено ќе немаш потреба од дување џоинт, а џоинтот значи ритуал на негово спремање и орална сатисфакција, која значи земање на духот на растениото преку дим. 


6. Дали самиот знаеш да подготвиш нмасло од канабис и дали сметаш дека информациите за самолекување со канабис се веќе јавно достапни секому? Како изгледаше твојата потрага по квалитетно канабисово масло? Дали тешко се доаѓа до вистинскиот лек?

- Сè уште немам правено масло и таа работа ја оставам на луѓе кои го прават тоа постојано и со љубов. Процедурата е (боза), но и многу други процедури и процеси се „боза“, па одлучуваме да ги правиме или не. Јас сметам дека за секоја работа треба да се ангажира професионалец, а посебно за спремање на лек или храна со лековити својства.

7. Како ти го дозираше маслото на почетокот, а како го дозираш сега? Како изгледаше твоето навикнување на ефектот од маслото? Колку траеше твојата лична терапија?

- Немам поминато терапија со масло од канабис. 

8. Кога кај тебе се појавија првите подобрувања откако започна да го користиш маслото и какви?

- Од моите десетина пати како имам пробано масло, подобрувањето е моментално.

9. Спореди го ефектот од маслото со ефектот од фармацевтските лекови коишто ти ги препишале твоите лекари за истите здравствени состојби?

- Не сум здраствено осигуран, немам ни свој матичен лекар. Фармацевтски производи (дроги) имам земано на своја рака во своите 20-ти години и споредбата е несоодветна. Трамадолот како една од појаките дроги што ги продаваа аптеките порано без рецепт, а сега го има само на црниот пазар има еден куп негативни нус појави, да го отворите упатсвото за употреба ќе прочитате за сериозни импликации по вашето здравје, нешто што го нема кај маслото од канабис, дури за разлика од трамадолот, маслото сите негативни нус појави ги претвора во позитивни. Чудо е ова растение...

10. Дали знаеш каков е составот на маслото кое што ти помага? Какво психофизичко чувство ти дава канабисот? 

- Се знае кој е составот на маслото што помага, а се прави од квалитетно здраво растение богато со THC.


11. Дали успеа да се ослободиш и од некои друи здравствени состојби коишто те мачеле од минатото? За што друго ти помогна/помага канабисот освен за дијагнозата поради која започна да го користиш?

- Во основа човек сам си помага за сè што го мачи. Канабисот е само вистинското орудие за самопомошта. Највеќе мене лично ми има помогнато за смирување на последици од стрес и за моменти на депресија.

12. Дали користиш канабис и на други начини? Дали го користиш во исхраната? Омилен рецепт?

- Исклучиво го користам виткајќи џоинти и дувајќи го. Тоа е заради културата на која имам тенденција да ѝ припаѓам. 

13. Дали ќе продолжиш канабисот да го користиш превентивно/рекреативно до крајот на животот?

- Доживотно, канабисот е доживотната робија која ја прифаќам со отворено срце, тоа е храна што треба да се консумира постојано за најоптимално здравје.

14. Како според тебе треба да биде регулиран канабисот во Македонија?

- Исто како што е регулиран и штавељот, спанаќот, брокулата. Јас сметам дека канабисот им припаѓа на зелените пазари и треба да биде сместен во групата на храна!

15. Какво е твоето мислење за граѓанското движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабисот во Република Македонија којашто ја покренавме? Ова интервју е дел од истоимената кампања. Од срце ти се заблагодаруваме за соработката!

- Мислам дека треба да продолжи да се развива идејата и имате комплетна поддршка од мене лично за било кој евент или протест во иднина.


16. Што според тебе секој индивидуално треба да превзеде за да се забрза процесот на ослободување на конопот, конкретно декриминализација? За колу време мислиш дека тоа најбрзо може да се случи доколку секој граѓанин активно се вклучи?

- Најголемите победи се оние на индивидуите кои победуваат терминални болести со ова Божјо растение. Тие се најголемите амбасадори за легализацијата и декриминализацијата. Сите граѓани тешко да се активираат, многу се зависни од фармација, алкохолна индустрија итн. Наше е да информираме, вие преку портали/медиуми, јас преку музика/песни.

Зоран е активен член на Левица, која се залага за легализација!
17. Што требаат според тебе да превземат Властите, спроведувачите на законот, јавните функционери, докторите, политичарите, пратениците, артистите итн. за побрзо да се декриминаклизира канабисот во РМ?

- Сите со барем малку тронка свест веќе јавно пишуваат, промовираат, поддржуваат. Сите останати политичари, артисти итн., што се кријат ќе продолжат да гоправат истото. Знам доста и политичари и уметници со кои сум дувал џоинт, а се кријат, најчесто да си го задржат работното место или функцијата што ја држат. Полека ќе се менуваат состојбите, но ќе видиме дали повторно во интерес на фармацијата и тесни бизнис кругови или во интерес на народот.

18. Твоја порака/совет до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот во Македонија, па и надвор од неа гласи...?

- Намалете со егото. Исто како што секое растение е хрането од сонцето, исто така сме и ние хранети од истото сонце и за сите нас има светлина. Да не дозволите вашето его да ја помрачи светлината со која ве храни сонцето.

19. Нешто да додадеш или да одземеш?

- Најмногу ми смета што заради лични каприци не се остава можност сите индивидуи, групи и организации што се борат за канабисот, да се соберат на едно место. Такво сплотување нема да доживееме ни денес ни во иднина.

20. На толку болни им е потребен лекот, луѓето се будат и освестуваат. Ние сметаме дека свеста е драстично променета од пред неколку години благодарение на нашиот заеднички труд. Дали мислиш дека е време за протести и маршеви?

- Секако, сметајте на КОНОП кога ќе има такво нешто.