Катрина Спраггон (Katrina Spraggon) е 35 годишна мајка која го подготвува маслото од канабис во својата кујна за лекување на 19-те хронични болести на нејзината ќерка Кајтлин (Kaitlyn), кои вклучуваат церебрална парализа, рефрактерна епилепсија и тешка сколиоза
Kaitlyn Spraggon |
Катрина е австралиска мајка на четири деца која ги замени сите конвенционални лекови кај нејзината ќерка со оштетување на мозокот, со нелегално масло од марихуана кое сама го прави во својот дом. Катрина е поранешен негувател на деца и таа изјавува дека хранењето на нејзината ќерка со канабис ја трансформирало и помогна да реагира, па дури и ѝ помогна да се смее за прв пат досега.
Катрина, од Нинги, Квинсленд, вели: „Прв пат кога го пробав маслото од канабис на мојата ќерка, бев сведок на извонредна разлика за само два дена. Кајтлин едноставно стана жива. Тоа беше апсолутно неверојатно. Таа реагираше и напредуваше. Нејзините напади драстично се намалија. Со текот на времето таа постојано напредуваше и повеќе не беше само билка постојано заглавена во инвалидска количка. Таа почна да комуницира со мене на начин како што никогаш порано не комуницираше и таа може да си игра со своите браќа и сестри“ - изјавува оваа храбра мајка.
Katrina Spraggon прави масло |
„Пред маслото од каннабис, Кајтлин ќе зјапаше во празно и немаше да одговора на никого. Никогаш порано не ја имав слушнато да се смее, тоа за мене е најубавиот звук на светот - таа ми даде само малку насмевка. Нема буквално никакви несакани ефекти - таа е само малку повеќе гладна од вообичаено, има зголемена жед и може да почне да се смее. Неверојатно е. Не сум загрижена за правните последици. Јас би сакала да го прекршам законот за ќерка ми да има квалитетен живот наместо да му се потчинувам на законот и да ја закопам мојата ќерка. Ете зошто јас сум отворена за јавноста цели три години“ - вели мајката.
Катрина користи три различни видови масло од канабис за третманот на нејзината ќерка - две илегално и ги испраќаат пријателите што живеат во други држави. Третиот е екстракт масло од целото растение канабис што таа самостојно го подготвува во нејзиниот дом од марихуаната што ја добива од дилерите на црниот пазар - плаќа 230 австралиски долари (151 EUR) за унца (28,34 гр) која трае два до три месеци. Мајкава исто така, почна да одгледува сопствени марихуана растенија дома, така што таа има неограничено снабдување за третманот на нејзината ќерка. Катрина тврди дека само една капка од нејзиното домашно масло нанесено на непцата на Кајтлин, на почетокот на нападот, ја оживува брзо и ѝ го скратува периодот на опоравување.
Во Австралија, маслото од канабис може да се препише за секој случај поединечно освен во Северната територија за пациенти кои страдаат од хронични болести. Сепак, мора да се увезува надвор од земјата и не е легално за поединци да одгледуваат сопствена марихуана за медицински цели. Значи, медицинскиот канабис е технички правно легален во Квинсленд, Катрина рече дека увозот од Канада или Данска ја чини до 5.000 AUD (3,282 EUR).
Мајката тврди дека има легални писмени изјави од осум различни лекари што ја охрабруваат да продолжи со користење на маслото од марихуана за лекување на нејзината ќерка. Таа дури се сретна и со истакнати австралиски политичари, вклучувајќи го и премиерот Малком Турнбул (Malcolm Turnbull) за да се изјасни за нејзиниот случај. Катрина рече: „Пред да го започнеме третманот со масло од каннабис, кога Кајтлин ќе имаше напад, таа имаше срцев и респираторен дистрес. Тоа од мене бараше јас ѝ давам прва помош и да ѝ давам толку многу различни опијати и да ја дрогирам. Таа беше како зомби и целосно отсутна до пет дена.
Сега, откако ќе ѝ го дадам маслото од канабис за нејзините напади, таа ќе се врати за 20 минути играјќи, танцувајќи и сакајќи храна. Пред сè ми се гадеше од постојано давање на мојата ќерка прва помош и да ја гледам на работ на смртта. Не сакав моите други деца да бидат трауматизирани и изложени на таков вид на ужас. Ништо не делуваше, а Кајтлин стануваше поболна и поболна. Мислев дека ќе умре. Сега Kејтлин е во можност да комуницира со нејзините браќа и сестри и сите играат заедно. Можам да одам да се туширам или да ги извадам корпите и да не морам да се грижам дека таа ќе умре додека јас не сум тука. Тоа е прашање на живот и смрт и никогаш нема да престанам да му го давам овој лек на моето дете“ - заклучува таа.
84-годишната баба на Катрина, Мини Нилсон (Minnie Neilson), сега е една од нејзините најголеми поддржувачи за третманот со канабис, но признава дека порано била скептична околу терапијата со канабис. Мини рече: „Кога Катрина за првпат ја стави Кајтлин на канабис, јас бев целосно против тоа и не разговарав со неа скоро еден месец. Но, по неколку недели, почнав да гледам огромна разлика кај мојата пра-внука. Маслото од канабис делува чудотворно за епилепсијата на Кајтлин. Таа сега има квалитет живот и се дружи со нејзините браќа и сестри. Пред третманот, таа беше како зомби и не ве погледнуваше кога ќе ѝ го кажете нејзиното име. Сега таа доаѓа ме гушка и бакнува. Јас сум целосно за тоа“ - вели прабабата на малата Кајтлин.
КОИ СЕ ПРАВИЛАТА ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС ВО КВИНСЛЕНД?
- Медицинскиот канабис може да се одобри ако пациентите веќе се обиделе да добијат конвенционални третмани во разумен временски период и тие не успеале или ако ефектите од конвенционалните третмани се нетолерантни;
- Бидејќи во моментов нема лиценцирани фирми за производство на медицински канабис во Австралија, овие производи треба да се увезат. Луѓето не можат законски да произведуваат сопствен канабис за медицинска употреба;
- Некои семејства во Квинсленд им даваат на своите деца медицински канабис од недозволениот пазар, бидејќи нема правен извор;
- Многу од овие родители се во ситуација кога стандардниот третман за состојбата на детето не е успешен или може да предизвика значајни несакани ефекти;
- Здравствените шефови велат дека семејствата пристапуваат до информации од интернет, што укажува дека употребата на медицински канабис може да биде од корист за состојбата на нивното дете, но многу од овие информации можат да бидат „анегдотични и не потврдени научно“.
Автор: Кристина Т.
Извор: Honey Nine
No comments:
Post a Comment