Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Запознајте ги „канабис калуѓерките“ од градот Мерсед во Калифорнија кои одгледуваат марихуана. Тие својот бизнис наречен „Sisters of the Valley“ (Сестрите од Долината) го започнаа минатата година, а имаат и своја фан страница на Фејсбук
Кликнете на секоја фотографија за да ја видите во поголема димензија
Запознајте ги „канабис калуѓерките“ од градот Мерсед во Калифорнија кои одгледуваат марихуана. Тие својот бизнис наречен „Sisters of the Valley“ (Сестрите од Долината) го започнаа минатата година, а имаат и своја фан страница на Фејсбук. Часните сестри од билките што самостојно ги растат, самостојно произведуваат мелеми, масла и тинктури кои имаат потенцијал да ја намалуваат болката и ги продаваат на Интернет, поточно на нивната Веб страница, а до неодамна и на Etsy за што имаа доста реакции. Сестрите одгледуваат по 12 билки, а препаратите што рачно ги изработуваат се наменети за третирање на болки во грбот, главоболки и други непријатни здравствени состојби. Нивните органски производи содржат мали нивоа на Тетрахидроканабинол - THC, а поголеми нивоа на Канабидиол - CBD. Сестрите со својата молитва во секое шишенце од лекот внесуваат уште повеќе магија. Тие се молат над секоја тегличка пред таа да им биде испратена на потрошувачите.
Модерните монахињи Сестра Кејт (чие правилно име е Christine Meeusen) која има 56 години и Сестра Дарси (Darcy Johnson) која има 24 години, се лиценцирани одгледувачи на марихуана и се борат канабисот нашироко да се употребува како лек и се борат да го одржат својот бизнис во живот. Сепак, покрај дозволата што ја поседуваат, нивниот бизнис им ги боде очите на алчните великани и Властите што ги интересира само нивниот личен профит и експанзија и кои се плашат затоа што нивните црни бизниси се загрозени.
На фотогравиите прикажан е секојдневниот живот на овие предобри монахињи. На едни слики се гледа нивната напорна работа, додека на други нивната почит и љубов кон самите себе, односно можеме да видиме како тие се релаксираат и ги регенерираат своите клетки пробувајќи го вкусот на сопствената градина. Ете ви уште еден доказ дека нема ништо лошо во пушењето трева, затоа што тоа е само уште еден начин на консумирање на ова растение. Овие продуховени луѓе посветени на Бог, треба да бидат пример за сите нас. Тие не прават ништо погрешно, затоа што постапуваат според Божјите правила запишани во Светото писмо. Имено, во Библијата, Прва книга Мојсеева (Битие) пишува:
29. И рече Бог: „Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна!
30. А на сите ѕверови земни, и на сите птици небески, и на сè што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат.” Така и стана.
Верските институции најчесто ја искривоколчуваат верата и за да не дојдат во сукоп со Властите, повеќе ги почитуваат правилата што ги наметнува државата, наместо да се водат според неприкосновените сакрални вечни правила на постоењето запишани во Светите книги. За среќа, луѓето се освестуваат! Овие калуѓерки се водат според правилата на љубовта и мирот - основните вредности и темелот на сите религии. Тие се свесни дека канабисот е лековито растение кое им помага на луѓето и кое не може никому да му наштети. Тие се свесни дека човечката алчност и злоба довеле до забраната и затоа тие се борат со притисоците што постојано им се упатувани. Но, Бог ги заштитува исто како што не` заштитува нас активистите и сите кои имаат добра намера и чисто срце.
„Нашиот сон беше живење на едноставен живот, правејќи го лекот на мирна фарма, во спиритуална средина и да бидеме самоодржливи“ - велат овие прекрасни свештени жени. За среќа на вистината и доброто, а за жал на лагата и злото, часниве сестри се упорни и нема да престанат со својата добротворна работа. Со нивната верба и помошта од добрите луѓе, тие умешно и успешно ги прескокнуваат сите препреки што пред нив ги става злонамерната човечка слободна волја. Вашата поддршка за нивната благословена работа можете да ја искажете со донација или едноставно со споделување на социјалните мрежи на нивната страница за донации.
Споделете ја оваа статија за целиот свет да дознае за тоа што овие монахињи прават! Останете во МИР...
Растењето на здрави билки може да биде лесно, забавно и да претставува релаксирачко хоби, доколку се знаат некои основни работи
Постојат одредени важни фактори што треба да се имаат во знаење и коишто треба редовно да се следат кога се расте канабис во внатрешни услови. Не се обесхрабрувајте, бидете упорни - ретко кој успеал да има добра берба од првиот пат. Со секоја тура учите нешто ново. Наша препорака е да не се врзувате здраво за готово за сите совети што ќе ги прочитате на Интернет, како и за советите што ви ги делат вашите пријателки и пријатели одгледувачи. Каков што е случајот со техниките за работење на себе на духовен план, слично е и со одгледувањето марихуана - она што му одговрара на еден одгледувач и на неговите билки, не мора да значи дека ќе биде добра практика и за тебе и твоите чеда. Пробувајте, учете од туѓите и сопствените грешки - што и да се случи насмевнете се и уживајте во магијата што ќе се случува пред вашите очи.
1. ФЛАСТЕР НА УСТА!
Додека канабисот целосно не се легализира во Македонија, првиот наш совет е да бидете многу внимателни и да размислете добро со кого ќе ја споделите вашата тајна и дали воопшто треба некому да кажете ;) Доколку се` уште не сте започнале со одгледување, ќе се уверите колку ќе биде силно чувството на гордост и среќа од она што расте во вашиот дом и колку ќе биде силно чувството на потреба тоа да го споделите со најблиските. Сите луѓе по природа се добри, меѓутоа има моменти кога луѓето знаат да бидат заслепени од негативните емоции. Имајте во знаење дека во животот можеби имате луѓе што сакаат или можеби ќе посакаат да ви наштетат, да ви се одмаздат или едноставно нема да можат да ја поднесат вашата среќа поради тоа што се љубоморни. Заштитете се и бидете што е можно повнимателни.
2. Одржувајте чистота!
Хермафродит од стрес од нарушен темен период
Покрај личната хигиена на телото и духот што ни помага да бидеме позитивни и да им зрачиме со позитивна енергија на нашите билки, потребно е да одржуваме хигиена како на околината во која ги одгледуваме, така и хигиена на алатките со кои се грижиме за нашите растенија. Добро дезинфицираниот простор пред започнувањето со вегетативниот период, но и честото чистење помага во спречувањето на инсектите и болестите. Внимавајте да имате чисти раце пред да ги допирате и билките да немаат контакт со средствата за хигиена, ниту пак со гасовите од средствата за хигиена што испаруваат во етерот - добро проветрете по чистењето.
3. Одбирајте квалитетно семе
Квалитетните семки купени во специјалните продавници за канабис или пак, на Интернет гарантираат успех, доколку условите за растење им се горе-доле погодени. Финалниот производ кон кој се стремите дури 90% е зависен од неговата генетика. Бидете спремни на пораз и со насмевка прифатете го неуспехот, доколку растете непознати семки. Бидете пресреќни доколку од обични семки собрани дури и од најдобрите туфки што сте ги пушеле успеете да имате добар род :)
4. Користете добра почва
Направете соодветна почвена мешавина со соодветна pH вредност од околу 6.5 за повеќето канабис билки. Купете си мерач за pH вредноста на почвата и за pH вредноста на водата и соодветно алкализирајте или закиселувајте по потреба. Во земјата може да додадете перлит, лушпи од кокос или стиропор за поголем простор на коренот да расте.
5. Соодветно светло
Со дигитален или аналоген тајмер светлосните шеми самите автоматски ќе се регулираат - за тоа нема потреба да се грижите вие. Вие треба само да се погрижите да ја погодите келвинажата во секоја фаза од развојот, со што ќе ги симулирате природните услови, односно сонцето. Попречувањето на нивната ноќ предизвикува стрес што може да се манифестира со појава на хермафродити како на сликата погоре. Изборот на светлото зависи од вас, од тоа колкав е просторот во кој сакате да растете, како и од тоа колку брзо сакате да растат билките, но и колкав е вашиот буџет наменет за сметките за струја. Metal Halide, High Pressure Sodium, CFL, LED, флуоресцентни или други - останува вие да одлучите :) Светлото не треба да ги допира врвовите на растенијата.
Часа светлина: Часа темнина:
Расад 16-24 8-0
Клон 18-24 6-0
Вегетативна фаза 18 6
Фаза на цветање 12 12
6. Соодветно наводнување
Сам/а порасни си го лекот!
Не претерувајте со наводнувањето. Премногу вода може да ги убие вашите билки. Саксиите треба да имаат доста отвори низ кои ќе истекува вишокот на вода. Постојат повеќе мерила за одредување кога треба да го нахраните вашето растение со вода. Некои наводнуваат тогаш кога земјата речиси целосно ќе се исуши. Други наводнуваат кога во земјата нема повеќе влажност, откако ќе проверат боцкајќи го прстот во земјата на длабочина од 7-10 сантиметри. Кога на билката `и треба вода, листовите започнуваат да овенуваат - ова не треба да ве исплаши. Внимавајте исто така и на киселоста на водата и доколку полевате со вода од чешма таа пожелно е да одстои 24 часа поради хлорот и да постигне собна температура. Препорачуваме минерална негазирана вода, а во фаза на цветање може и да пробате со газирана вода - така се разровчува земјата и коренот може да дише и да расте подлабоко.
7. Прихрана
Доколку земјата е збогатена со минерали и останати хранливи состојки, нема потреба да додавате прихрана барем на почетокот од вегетацијата. Премногу прихрана може да ги изгори билките! Вегетативната фаза сака повеќе Азот, додека пак фазата на цветање сака повеќе Фосфат. Најдобро е да користите органско ѓубриво (компост) како прихрана и внимавајте тоа да биде многу разредено. Следете го изгледот и виталноста на билките, затоа што секој дефицит или суфицит од нутритивни состојки се забележува по бојата и изгледот на листовите.
8. Обезбедете најоптимални услови за растење
Температурата треба да се движи од 20-30°C во вегетативната фаза преку нивниот ден. Температурата од околу 25°C е најоптимална, а разликата помеѓу ноќната и дневната температура да не е поголема од 10°C. Во фазата на цветање препорачливо е светлото да се појача, но и температурата малку да се намали. Внимавајте на влажноста на воздухот во гроу боксот или гроу румот. Потребно е да симулирате ветар со вентилаторче што ќе ги ниша лисовите. Циркулацијата на воздухот исто така е доста важна. Препорачуваме убаво да им зборувате на вашите билки, да им ја искажувате вашата љубов, почит и восхит кон нив, да им пеете и да им пуштате музика со вибрации што го потикнуваат растењето. Имајте во знаење исто така дека колку што билката расте над земја, толку таа треба да има простор и за растење под земја. Затоа редовно пресадувајте или одгледувајте од самиот старт во поголема саксија - препорачуваме 6 литарски исечени шишиња од вода.
9. Не берете прерано!
Сте чекале 2 и нешто месеци поминати во вегетација и над 3 месеци поминати во цветање, па затоа не бидете нетрпеливи. Мерило за зрелост на цветовите е бојата на трихомите - кога ќе станат кремасто-кафени со боја на килибар, тогаш е време за берење.
10. Исушете пред да пушите :)
Откако туфките ви се набрани за канабиноидите да постигнат максимум од својата зрелост, потребно е соодветно да ги исушите цветовите, но и да го завршите процесот наречен CURING.
Најновата клиничка студија спроведена на најмладиот пациент до сега од Детската болница Колорадо (Children’s Hospital Colorado) во Аурора, ги докажа придобивките од канабисово масло кога станува збор за епилепсија.
Канабисот не може никому да му наштети, па дури и на новородените!
Амили Нунез (Amylea Nunez) ќерката на семејството Нунез кое живее во Албакерки, Ново Мексико, е родена во декември 2015 година и таа веднаш почнала да има епилептични напади. Ја транспортирале во Детската болница Колорадо, каде што била дијагностицирана со ретка форма на епилепсија. „Нејзиното срце престана да чука два пати покрај нас и тоа најверојатно беше најтешкиот дел за нас“ - истакнува мајката Никол Нунез (Nicole Nunez).
Амили имала најмалку 15 епи-напади дневно. Нејзините родители велат дека фармацевтските медикаменти што таа ги примала можат да го оштетат нејзиниот црн дроб. Поради тоа нејзините освестени родители имајќи го пред вид најголемото добро за нивното дете од кое зависи како нејзината сегашност, така и квалитетот и квантитетот на нејзината иднина, одлучиле Амили да ја лекуваат на природен алтернативен начин со канабисово масло. Оваа врста канабис, како и екстрактите од неа во некои Американски држави се веќе докажан и дозволен безбеден лек против епилептични напади, поради тоа што количината на THC што ја содржи не е во состојба никого да „напуши“.
Врстата што `и е потребна на Амили
Семејството на Амили ја замолило болницата да ја мониторираат состојбата на бебето откако ќе започнат да `и го даваат маслото од посебната врста канабис со многу мало ниво на THC, а многу големо ниво на CBD наречена Charlotte's Web (Пајажината на Шарлота).
„Ние сакаме да користиме нешто различно што не е лошо за нејзиното тело“ - истакнува Ерни Нунез (Ernie Nunez) таткото на Амили. „Откако јас направив самостојно истражување кое траеше со месеци, ние веруваме дека ова ќе функционира бидејќи тоа е природен пат“.
Ерни и Никол Нунез - родителите на Амили
Амили е најмладиот пациент во медицинската историја официјално третиран со канабисово масло како дел од клиничката студија за реакцијата на децата на канабисово масло и сите возможни долготрајни ефекти. Маслото веќе има неверојатен ефект врз нејзиното здравје. Амили се чувствува многу подобро со секој нов ден. Родителите на Амили веруваат дека тие ќе успејат да ја спасат нивната ќерка од конвенционалните лекови и дека ќе можат нејзината состојба да ја регулираат само на природен начин со канабис, кој веќе предизвика големо подобрување на нејзината здравствена состојба. „Таа е многу посвесна денес, таа разгледува наоколу и ги следи нашите лица кога `и зборуваме, во споредба со порано кога `и зборувавме, а таа воопшто не реагираше“ - додава мајката Никол.