„Сè што треба да направите e внимателно да ги следите овие упатства и откако ќе го произведете овој лек неколку пати, ќе сфатите дека тоа не е многу потешко од правењето филџан кафе“ - вели Рик Симпсон
Ставете го почетниот материјал (туфките - цветовите од канабис) во длабока кофа за да спречите мешавината од растворувачот и состојките од канабисот, да се истураат и прскаат за време на процесот на миење на цветовите. Потоа, потопете и потиснете ги туфките со растворувачот. Цветовите добро раздробете ги со помош на дрво. Откако туфките се убаво издробени во кофата заедно со растворувачот, додадете уште растворувач се` додека туфките не се целосно нурнати во растворувачот. Ова правете го извесно време (неколку минути) со помош на дрвото (стапот). Потоа полека и внимателно истурете ја течноста (мешавината од масло и растворувач) во друг чист сад, оставајќи го почетниот материјал (туфките) во првиот сад, за да може да го измиете со растворувач уште еднаш. За да го сторите тоа, повторно додајте чист растворувач во првата кофа со почетниот материјал и повторете ја постапката - потопете ги туфките и гмечете ги со стапот 3-4 минути.
Потоа, претурете ја само течноста од второто миење на туфките во истиот (или во друг сад, доколку сакате маслото да е направено само од првото перење) сад во кој сте го претуриле растворувачот со маслото од првото миење. Не е погрешно туфките да ги измиете со растворувач и по трет пат, но според Рик Симпсон, обидот да го измиете почетниот материјал по трет пат, дава помалку масло и истото ќе биде послабо со многу помала медицинска вредност. Доколу одлучите да ги измиете и по трет пат, маслото кое ќе го добиете на овој начин исто така може да биде од голема корист и може да се користи за третирање на помали и понесериозни здравствени проблеми, како проблемите на кожата или лекувањето на домашните миленици или чисто за превенција од некои полесни здравствени нарушувања. Првото перење раствoра 75-80% од расположливите топченца со лековита смола од почетниот материјал. Второто перење потоа отстранува поголем дел од корисната смола што е останата. Маслата произведени од првото перење се најпотентни и имаат најголема медицинска вредност, меѓутоа доколку се користи квалитетна марихуана, екстрактите произведени и од второто перење, исто така имаат многу голема медицинска вредност.
Доколку поради некоја причина мора да правите масло од материјал којшто не е толку многу медицински активен како што треба, најдобро е да се употребува маслото направено од првото миење само за внатрешна употреба, само колку да се започне со канабис терапијата, а потоа вели Рик најдобро е да започнете да си ја растете соодветната врста или едноставно да побарате поквалитетен канабис за следната подготовка на масло. „Запомнете дека КВАЛИТЕТОТ Е ПОВАЖЕН ОД КВАНТИТЕТОТ и колку повеќе медицинска вредност поседува конечното масло, толку истото ќе функционира подобро како лек. Користете нешто како што се чисти контејнери за вода со мал отвор на врвот и вметнете ги инките во отворите, а потоа ставете хартиени филтери за кафе во инките“ - објаснува тој. Внимателно истурете ја мешавината од растворувач и екстракт од канабис од првото и второто перење низ инките со филтери за кафе и овозможете ѝ на смесата да се исцеди во садовите со цел да ги отстраните несаканите растителни остатоци од канабис.
* ВИДЕО НА МАКЕДОНСКИ!!!
* ВИДЕО НА МАКЕДОНСКИ!!!
Колку повеќе садови со инки користите, толку побрзо смесата ќе се прецеди. Откако мешавината е исфилтрирана, истата сега е подготвена за загревање со цел да евапорира (да испари) растворувачот. „Јас исто така треба да споменам дека доколку користите висококвалитетни туфки, откако миксот од растворувач и масло ќе биде исфилтриран, тој често наликува речиси исто како бензинот, а понекогаш може да изгледа дури и потемно. Запомнете дека растворувачот што сте го користеле бил проѕирен, па жолтата или потемната боја што ја добил растворувачот се должи на лековитите топчиња со смола коишто сега се растворени во него“ - додава Рик Симпсон. Доколку се` уше не поседувате еден, потребно е да си набавите просечен електричен уред за готвење ориз (или фритеза) со отворен врв којшто поседува подесување на топлината, за со соодветно вриење ефикасно да испари растворувачот од маслото. Но, бидете сигурни дека уредот за ориз е поставен во добро проветрена просторија со добра вентилација, а потоа ставете вентилатор во близина, за да ги раздувува издувните гасови што се ослободуваат од смесата како што растворувачот зоврива.
Ова ќе ги спречи издувните гасови од кондензација, што може да биде опасно. Електричните шпорети за готвење ориз (фритезите) се дизајнирани да не го горат оризот, додека тој врие. Па, сензорите за температура кои се вградени во овие уреди, автоматски ќе ја намалат температурата, доколку таа започне да станува превисока. Кога го произведувате маслото, доколку температурата се покачи малку над 300°F (148 °C), тоа ќе започне да ги испарува канабиноидите од маслото и се разбира, тоа не сакате да се случи. Доколку уредот за готвење ви е исправен, тој автоматски ќе го исклучи подесувањето на големата топлина на околу 210 до 230°F (100 до 110°C), што е над температурата за којашто повеќето луѓе велат дека се одвива декарбоксилацијата.
Оваа температура се` уште е далеку од точката во која THC и другите канабиноиди ќе евапорираат од маслото, коешто преостанува во фритезата. „Ова е причината зошто јас силно препорачувам употреба на уред за готвење ориз, за оние коишто никогаш до сега не произведувале масло, бидејќи ја елиминира секоја опасност од оштетување на маслото. Плус резултирачкото масло е декарбоксилирано, што исто така е важно, така што маслото може да го постигне својот полн медицински потенцијал. Сугерирам дека луѓето не би требало да се обидуваат да користат електрични тенџериња за бавно готвење од типот на Crock-Pot и слични апарати за подготовка на маслото. Кога јас прв пат се обидов да направам масло, јас употребив таков уред и бидејќи не знаев колку топлина овие уреди можат да генерираат, маслото беше прегреано и уништено“ - предупредува Рик.
Рик нагласува дека почетниците најдобро е да користат електричен уред за готвење ориз и да ги следат внимателно неговите инструкции. Пожелно е исто така да си набавите индустриски топломер кој мери високи температури. Доколку внимателно ги следите советите на Рик, помалку е веројатно да го утнете маслото и ќе правите помалку грешки, односно многу брзо ќе научите како правилно се подготвува истото. Исто така, Рик вели дека може да се употреби и уред за дестилирање за производство на овој природен лек, како и за враќање на растворувачот што е употребен. „Овој начин навистина има повеќе смисла отколку употребата на електрично тенџере за ориз. Но, уредите за дестилирање коишто се дизајнирани за безбедно испарување на растворувачите се скапи и повеќето од луѓето не знаат како правилно да ракуваат со овие апарати. Доколку имате некој ваков на располагање, јас преферирам да се користи дестилатор, но во некои држави, поседувањето на ваков уред е противзаконско. Доколку некој е сериозен и сака да произведе големи количества масло, нека се едуцира за дестилирањето и за правилната употреба на оваа опрема“ - вели тој.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОТО НЕКОЛКУ ПАТИ!!!
Секогаш бидете сигурни дека не постојат искри, отворен пламен или црвени вжештени елементи во оваа област, додека го полните електричното тенџере за ориз или додека го вриете растворувачот за да испари, бидејќи гасовите произведени од растворувачите се многу запаливи и доста токсични. „Јас го користев истиов процес стотици пати и никогаш не сум имал несреќа, но за ваша безбедност, ве замолувам да ги следите инструкциите и да бидете сигурни дека местото е добро проветрено. Јас исто така, предупредувам да се избегнува вдишување на гасовите кои се ослободуваат од растворувачите, бидејќи тие може да имаат непријатни последици врз секој во близина. Исто така е важно да се напомене дека протокот на воздух од вентилаторот, треба да биде насочен кон дното на шпоретот за ориз (фритезата), бидејќи гасовите од растворувачот често може да се акумулираат таму. Ако погледнете на дното на тенџерето за ориз, ќе најдете еден или два мали отвори и доколку гасовите од растворувачот навлезат во овие отвори тоа може да предизвика пожар“ - објаснува Рик.
„Па, јас открив дека со насочување на протокот на воздух од вентилаторот приближно во центарот на уредот за готвење, протокот на воздух се` уште ќе ги носи далеку гасовите од врвот на тенџерето, а исто така ќе се спречи овие гасови да се акумулираат под тенџерето во исто време. Бидете сигурни дека вентилаторот работи и произведува доволно воздушно струење за да ги раздува гасовите и ако користите вентилатор со повеќе брзини веројатно ќе откриете дека поставувањето на помала брзина ќе ја постигне оваа задача. Потоа наполнете го електричниот уред за готвење ориз, додека тој е околу три четвртини полн со мешавината од растворувач и масло, ова овозможува простор за мешавината да се вари без да прска надвор. Поставете го уредот за готвење на висока температура, а потоа започнете да го извривате растворувачот од смесата. Никогаш не се обидувајте да го направите тоа без употреба на вентилатор, поради тоа што гасовите од растворувачот може да се акумулираат и ако тие дојдат во контакт со грејните елементи од шпоретчето, тоа може да предизвика овие гасови да се запалат“ - додава тој.
Како што нивото на смесата во електирчниот готвач се намалува, продолжете внимателно да додавате од мешавината што ви преостанува, се` додека не преостане ништо. Кога нивото на мешавината во електирчниот уред за говење ориз ќе се намали за последен пат се` додека не дојде до ниво од два инча (5 см) додадете околу 10-12 капки вода во смесата што врие во електричното тенџере (фритезата). Оваа мала количина на вода овозможува преостанатиот растворувач да испари од маслото што преостанува во тенџерето полесно и тоа исто така помага во чистењето на маслото од остатоците на растворувачот, како што испарува крајниот остаток од растворувачот во мешавината.
Потребен е 99% изопропил, но бидејќи тешко се наоѓа, нема да погрешите и
доколку употребите 96% етанол, најдобро замрзнат на -5 степени кога ќе
се пере материјалот (туфките) во него. Не е толку важен
растворувачот, колку што е битна декарбоксилацијата. Во однос на
следењето на температурата - додека алкохолот врие, тој не може да качи
температура повисока од 80 степени, затоа што на таа температура
алкохолот испарува. Откако количеството на алкохол прилично ќе се намали
во растворот, ќе започне и да се зголемува неговата температура.
Температурата не смее да надмине 140 степени Целзиусови. За следење на
температурата потребен е индустриски термометар (го има и во нашите
продавници со алати и опрема).
„Кога има многу мало количество преостанато во уредот, јас вообичаено ставам пар ракавици и потоа го земам уредот и започнувам да ја мешам неговата содржина. Ова е направено со проток на воздух од вентилаторот што се` уште ги отстранува гасовите и тоа може малку да го забрза крајниот процес. Како што топлината во уредот се зголемува, тој автоматски ќе се префрли од поставување на висока топлина на неговото поставување на ниска температура, што превенира маслото во него да се прегрее. Како што остатокот од растворувачот е целосно испарен, ќе слушнете чкриплив звук од маслото што е останато во уредот и ќе видите доста меурчиња во маслото кое преостанува. Исто така, ќе видите нешто што изгледа како мало количество на чад што доаѓа од маслото во тенџерето, но не бидете загрижени, затоа што тоа најчесто е пареата произведена од неколкуте капки вода што сте ги додале“ - објаснува Рик Симпсон.
„Откако уредот за готвење автоматски ќе се префрли на неговото ниско поставување на топлината, јас вообичаено оставам да се олади додека тој може повторно да биде префрлен на поставување на висока топлина. Откако уредот за готвење автоматски ќе се префрли на поставување на ниска температура по втор пат, јас тогаш го вадам внатрешното тенџере надвор од уредот и ја претурам содржината во чашка за мерење од не`рѓосувачки челик. Открив дека некои врсти канабис може да произведат масло, коешто всушност е готово и спремно за употреба откако уредот за готвење се префрлил на ниска температура по втор пат, но во повеќето случаи најдобро е да се заврши маслото правилно. Ќе има мало количество на масло преостанато во тенџерето што ќе видите дека е всушност невозможно за отстранување, освен ако не употребите нешто како сув леб за да го апсорбира маслото додека се` уште е топло. Потоа, мали количества на тој леб може да бидат јадени како лек, но запомнете понекогаш може да требаат час или повеќе пред да ги почувствувате неговите ефекти“ - додава тој.
Па, бидете внимателни околу тоа колку ваков леб ќе консумирате, затоа што дури и многу мало количество може да ве успие за неколку часа, исто како и суровото масло. Друг добар начин како да се исчистат остатоците од масло во тенџерето е истото да се измие со мало количество на алкохол што ќе го апсорбира маслото, а вам тоа ќе ви даде тинктура со канабисово масло, која ќе варира со својата медицинска вредност, зависно од тоа колку масло содржи алкохолот што сте го употребиле. Тинктурата како оваа може да биде многу ефикасна за лекувањето на кожните заболувања, а само мало количество може долго да ви користи, што може да ви заштеди многу пари. „Откако јас често сакав да мешам масла од неколку врсти како и да е, јас вообичаено го оставам преостанатото масло во тенџерето до следниот пат кога треба да правам масло. Покрај тоа, за оние кои пушат цигари и би сакале да видат колку многу од неговите штетни ефекти се отстранети, тогаш производството на она што јас го нарекувам ‚среќни цигари‘ треба да ги задоволи нивните потреби. Се` што треба да направите е да загреете мало количество тутун во уредот за готвење ориз за да се апсорбираат остатоците од масло, а потоа ќе имате супстанца којашто ќе биде многу помалку штетна и ќе ве расположува кога пушите“ - нагласува Рик.
„Со мешање на масла од различни врсти, ќе ги добиете медицинските придобивки од сите овие различни типови на масла и јас открив дека таквите масла се ефективни во лекувањето на скоро се`. Ако имате многу различни видови на добри цветови на канабис на располагање, мислам дека мешањето на маслата од различните Индика врсти е многу добра идеја, но доколку немате, често маслото од само една врста најверојатно ќе ги задоволи твоите потреби“ - вели Рик. Земете го маслото што сте го претуриле во чашката за мерење од не`рѓосувачки челик и ставете ја на уред кој нежно грее, како што е уредот за греење кафе за да евапорира надвор она што преостанало од капките вода во маслото. Мошне често, потребно е само малку време за да испари преостанатата вода, но исто така некои врсти произведуваат повеќе природни терпини и флавноиди отколку други. Овие терпини и флавоноиди може да предизвикаат маслото коешто сега го имате на грејачот за кафе да клокоти доста извесно време и може да потрае некое време за ваквите масла да престанат со оваа активност. Кога маслото на грејачот за кафе има мала или повеќе нема видлива активност со меурчиња, тргнете го маслото од грејачот и овозможете да се олади малку, по што ќе може да се префрли во пластични шприцеви за употреба.
Друг начин да се заврши маслото без да се употребува грејач за кафе, е да се стави маслото во релна поставена на 120°C (250°F) на околу 30 минути до еден час. Двата овие начини функционираат многу добро за да го доведат маслото во краен стадиум. Потоа со користење на пластични апликатори или шприцеви без игли достапни во аптеките, полека извлекувајте го топлото масло нагоре со шприцовите, а потоа оставете го да се олади. Како што маслото се стабилизира и доаѓа до собна температура, смолата или маслото што содржи лековити канабиноиди, ќе стане како супстанца во вид на густа маст, којашто потоа е веќе готова да биде употребена како лек. Понекогаш смолата е толку густа што може да биде тешко да се извади од шприцот, откако ќе се олади. Доколку нешто вакво ви се случи, едноставно ставете го шприцот во чаша со топла вода, а потоа по катко време ќе бидете во можност полесно и прецизно да ја истиснете својата доза од шприцот.
Постојат моменти кога пациентот ќе извади премногу масло од шприцот, но доколку ова се случи, само вратете го назад со помош на шприцот, без поголема тешкотија. Во просек, пола кило сув канабис ќе бара околу 2 галони (8-9 литри) растворувач за да се спроведат двете миења кои се потребни, а од 10 гр квалитетен канабис добивате во просек 1 мл екстракт. Ако планирате да произведувате масло од повеќе или помалку почетен материјал (канабис), едноставно направете ја математиката за приближно да утврдите колку растворувач ќе ви биде потребно. Од почетокот до крајот обично процесот трае три до четири часа за да се заврши целосно, а потоа го имате лекот покрај себе готов за употреба! „Исто така, треба да се напомене дека ова масло има исклучително долг рок на траење. Но, за долгорочно чување, јас би го ставил во темно шише со цврст капак или сад од не`рѓосувачки челик. Ако се чува на ладно и темно место, може да ја задржи својата лековита моќ за голем број на години. Од прва, тоа може да изгледа застрашувачки за некој да се обиде да го произведе својот сопствен лек, но во реалноста, овој процес е екстремно едноставен“ - заклучува Рик Симпсон.
Извор: http://phoenixtears.ca/producing-the-oil/
Фотографиите се преземени од Зелена Алтернатива: На првата слика има 3 мл од 3 различни масла: светлото лево е од пет индики (La conf. Northern lights, Cream caramel, Uk cheese и Purple bud), тоа во средина е од Kush и тоа десно е од непозната Индика. На втората слика белиот прашок е 100% CBD се додава заради намалување на сајдефектите од огромната доза. На третата слика се додава масло од темјан поради тоа што и темјанот има анти канцерогени својства и одлично работи во комбинација со масло од канабис. На четвртата слика се додава стопен путер од какао. На петтата слика смесата е готова. На шестата се полнат супозиториите. Пациентот имаше прогноза дека ќе живее уште еден месец, а прогнозата беше дадена пред две години :)
No comments:
Post a Comment