Новели нема епи напади затоа што консумира екстракт од канабис! |
Ова мало и слатко насмеано девојче се вика Новели (Novaleigh). Таа е од Тексас, а сега живее во Колорадо за да може да го добива својот лек легално
„Го следам нејзиниот случај некаде околу две години. На сликава е со додаток за кислород кој го прима поради респираторна инфекција која ја доби минатата недела. Но и покрај инфекцијата, Новели е 95 дена по ред без епилептичен напад. Така што веќе го дуплира претходниот рекорд. Да живееше уште во Тексас, таа ќе имаше по неколку стотици напади дневно, за кои примаше шака лекови и пак беше во болница секој втор ден и завршуваше на апарати, повеќето време полусвесна“ - вели Давор Ангеловски од Зелена Алтернатива.
И за болеста на Новели може да се каже дека нема доволно студии или дека е изолиран случај, но колкаво его треба да имаш за да го негираш она што ти е пред очи? Чисто за информација, лекот на Новели не е само CBD туку содржи и THC и е во далеку поголем сооднос од 15:1. Иако само CBD, како и лекови со споменатиот сооднос ќе делуваат кај повеќето деца со епилепсија, кај многу други потешки случаи ќе треба и значителна доза на THC, а по најновите сознанија и THCV. Не смееме да ги ограничуваме пациентите кој сооднос ќе го примаат, зашто третманот е строго индивидуален.
Веќе 95 дена без епи напади! :) |
ТОКМУ ОВА се случува кога на вашето дете ќе му ја прекинете терапијата со токсични фармацевтски лекови за епилепсија што лекарите ги препишуваат за стопирање на епилептичните напади, а всушност не функционираат, а кога наместо нив ќе започнете на детето да му давате терапија со канабисово масло! Анти епилептични лекови коишто им се препишуваат на нашите деца можат да предизвикаат оштетување на когнитивниот развој, а исто така тие кај многу деца предизвикуваат зголемување на епилептичната активност.
„Јас никогаш не помислив дека ќе го слушнам моето дете како зборува. Било кога. Кога ние се преселивме тука за да имаме пристап до канабис за Новели, ние постигнавме две животни промени. Ние бевме во можност да се ослободиме од стотиците напади на ден, коишто евентуално би `и го одзеле животот, а исто така бевме во можност да се ослободиме од вреќата полна со фармацевтски лекови коишто `и го држеа грбот, но не успејаа да `и обезбедат олеснување од нападите за повеќе од две години“ - велат родителите на Новели.
Канабисот е растението на здравјето, среќата и љубовта! Новели со нејзините пресреќни родители |
„Беше потребна една година после тоа за да го слушнам моето дете да каже „мама“ за прв пат. Таа не го кажа нејзиниот прв збор се` додека не наполни три и пол години. Но, дозволете ми да ви кажам - тоа е како да сте добиле лото. Тоа е радост што ме доведува на колена. Не постои начин за тоа да се опише“ - додаваат тие.
Ако се` уште не сте сосема сигурни дека канабисот е безбеден лек, како за рак, така и за епилепсија и ред други заболувања, а исто така дека е многу ефикасен лек, кој многу успешно ги контролира епилептичните напади кај децата - погледнете го видеото за да се уверите!
No comments:
Post a Comment