Sunday, May 13, 2018

Најдобри методи за екстракција на концентрати од канабис

Техниките за екстракција се користат за одделување на активните компоненти на канабисот и нивно отстранување од растителната матрица. Техниките за екстракција се користат и за концентрација на одредени состојки. Разни методи можат да го поделат растителниот материјал од канабис во делови или екстракти, кои содржат различни состојки


Разни техники за екстракција често се користат за изолирање на специфични посакувани соединенија, а канабисот содржи над 113 канабиноиди и секојдневно се откриваат нови. Од друга страна, производителот на екстракт често пати сака да создаде единствен екстракт со многу од посакуваните соединенија од канабисот со широк канабиноиден спектар и овие екстракти понекогаш се нарекуваат целосни растителни екстракти, наспроти изолираните екстракти. Вклучувајќи ги и подобро познатите канабиноиди, научниците идентификувале повеќе од 550 хемиски состојки во канабисот воопшто, вклучувајќи компоненти како терпени. 


Тинктура направена со алкохолна екстракција
Оваа статија стручно ги објаснува најчестите методи за екстракција на канабис, пред сè оние најчесто користени во домовите. Овој вид на „готвење“ не секогаш може да се изведе во домашни услови, со она што ни се наоѓа при рака. Некои од нив бараат вистинска лабораториска опрема неопходна за правилно и безбедно да се изврши екстракцијата. Во многу случаи, реагенсите, растворувачите и начинот на кој тие се користат, плус малку невнимание и непромисленост (на пример искра во просторија во која испарува растворувачот), можат да создадат опасни ситуации! Како резултат на тоа, многу од техниките бараат сигурносна опрема, како аспиратор на пример, боца за гасење пожар и сл. Процесот на екстракција мора да се прави правилно за да се произведе безбеден и потентен производ за хумана употреба, а резултатите треба да се проверат со соодветно аналитичко тестирање.


The Ethos-4 closed-loop ethanol extractor
Алкохолна екстракција на канабис

Неколку вообичаени форми на екстракција на канабис се потпираат на растворувач, како што е алкохолот или медицинскиот бензин. Накратко, канабисот се пере еднаш, два или три пати во алкохолот, обично етанол од 96% па нагоре, потоа растителниот материјал се отстранува, течноста се филтрира и алкохолот се отстранува со некоја форма на испарување, за на крајот да се направи декарбоксилација. Еден од најголемите предизвици е вродениот поларитет на растворувачите како етанол, што значи дека има склоност да се меша со вода и воедно да се раствораат водорастворливите молекули како хлорофилот. Отстранувањето на хлорофилот со помош на замрзнување на материјалот од екстрактот е важно бидејќи ако е оставен, создава непожелен, горчлив вкус и екстрактот добива зелена боја, наместо килибарно-златна. 


Овој метод може да се изведе при атмосферски притисок, но температурата внимателно се контролира, особено за време на испарувањето. Овој процес, исто така, може да потрае неколку часа и мора да се прави внимателно, за да се избегне опасноста од експлозија бидејќи етанолот е многу запалив. Една од најголемите придобивки од оваа форма на екстракција е дека не постои ризик од оставање на токсични остатоци од хемикалии во финалниот екстракт од канабис, благодарение на испарувањето и овозможува ко-екстракција на сите соединенија од интерес, главно канабиноиди и терпеноиди. Овој метод е најчесто употребуван во домашни услови од страна на пациентите и познат е исто и како методот на Рик Симпсон, RSO метод.




Eden Labs LLC - Екстрактот се ослободува од СО2 систем 
Co2 екстракција на канабис

Користењето на реагенс од секаков вид може да додаде трошоци и време за расчистување по завршувањето, па затоа треба да се земат предвид разни техники, а една од почистите е екстракција со CO2. Наместо да користи алкохол, овој метод ги отстранува компонентите од канабисот од растителната матрица со помош на јаглерод диоксид. Високиот притисок и топлината се користат за претворање на СО2, што истовремено е како течност и гас. Трошокот за опремата за овој метод е значително поголем од екстракцијата со алкохол, но произведува повисоки приноси и се губи помалку вреден материјал. Плус, овој метод може да се прилагоди за да се извлечат специфични соединенија со менување на температурата, притисокот или траењето - т.е. некаква комбинација од овие фактори. Покрај тоа, една студија покажа дека различни соединенија се концентрираат на различни стапки во истиот процес. Значи, екстрактот треба да се анализира, особено кога сакате да добиете концентрати од специфични соединенија.


Суперкритична CO2 опрема за екстракција достапна од Eden Labs
Со екстрахираните компоненти од канабисот, суперкритичниот СО2 оди во кондензатор и се претвора во течност која може да се филтрира и повторно да се користи. Како резултат на тоа, се користи многу мал реагенс. Тоа го прави овој метод релативно почист, со што ја намалува потребата за отстранување на отпадот. Дополнително, ако било колку СО2 останува во екстрактот по процесот, тоа само испарува. Ова е особено важно за сите препарати за медицинска употреба, бидејќи производителот кој го користи овој метод може да гарантира дека во финалниот производ нема да има апсолутно никаков преостанат растворувач. И покрај потребата од некои финансиски инвестиции во системот за екстракција со CO2, производителот може да разгледа различни нивоа на опрема. На пример, Apeks Supercritical прави системи за екстракција со висока продуктивност и дури нуди реновирани системи. Ова им дава на пациентите отворено поле за размислување за да донесат соодветна одлука врз основа на нивниот семеен буџет.


Бутански екстракт од Coaster420
Екстракција на канабис со бутан или пропан

Користењето на бутан како растворувач за екстракција го создава она што е познато како butane хаш масло (BHO - Butan Hash Oil) за дебинг. За да го направите ова, процесот започнува со канабис и течен бутан гас во систем под притисок и топлина. Со користење на испарување под вакуум, тогаш е можно да се отстрани бутанскиот растворувач. Вакуумот го претвора бутанот од течност во пареа, што го олеснува отстранувањето. Екстрактот што се добива при овој вид на екстракција е исто така познат како шетер (shatter), што е стаклест цврст концентрат кој обично вклучува THC, CBD и други хемиски компоненти, а исто така и терпени. За да направите шетер, што е цврста верзија на бутан хаш масло, содржината на терпените мора да се чува на ниско ниво, кои спротивно функционираат како растворувач што го прави екстрактот мек. Вистинската почетна мостра може да помогне да се намалат терпените присутни во финалниот производ, како на пример работење со цветови кои поминале кјуринг. Од друга страна, бутан хаш маслото може да се загрее за да се отстранат терпените по екстракцијата, бидејќи се многу понестабилни од канабиноидите како ТХЦ и ЦБД.



The Summit T1 Extraction System од Summit Extraction Systems
Овој метод вклучува некои потенцијални опасности. Една работа, бутанот лесно гори во својата гасна фаза. Значи, користената температура мора внимателно да се управува, во спротивно постои сериозен ризик од експлозија на гас. Покрај тоа, системот треба да вклучува циркулатори кои го отстрануваат и рециклираат бутанот. Процесот на отстранување треба да го намали секој остаток од бутан во екстракт. Во сите случаи, сепак, треба да се направи аналитичко тестирање за да се осигура отстранувањето на бутанот, бидејќи е многу токсичен за луѓето. Оваа опасност може да го направи овој метод помалку посакуван избор од страна на пациентите, но е често користен од страна на рекреативните корисници. Овие методи не се за почетници! Сепак, екстракцијата со бутан е популарен метод за производителите на екстракти од канабис и ентузијасти со години, главно поради релативно малата опрема и трошоците за работа. 


Фактот дека овој метод произведува вкусни екстракти со повисока содржина на терпени, отколку што може да се постигне со екстракција со CO2, на пример. Наместо бутан хаш маслото, некои производители избираат да произведуваат пропан хаш масло. Во овој метод се користи течен пропан наместо бутан. Овде, високиот притисок го задржува пропанот да тече и екстракцијата се јавува на пониска температура, бидејќи точката на вриење на пропанот е помала од бутанот. Температурата на екстракција влијае на компонентите отстранети од канабисот. Значи, овие два слични начини - екстракција со бутан и пропан - произведуваат различни екстракти. Во некои случаи, екстракцијата со бутан и пропан може да се користи во комбинација за да се создаде производ со поширок хемиски профил. Сепак, како и процесот со бутан, посебно внимание треба да се преземе при екстракција со пропан за да се отстрани колку што е можно повеќе од хемикалијата и да се докаже истото со хемиска анализа.




Дното од грендер преполно со киф
Екстракции без растворувачи

Вреди да се спомне дека постојат повеќе примитивни техники за екстракција на посакуваните компоненти од растителната матрица на канабисот. Кифот, на пример, може да се одвои од туфките на канабисот, едноставно со мелење и просејување. Постојат неколку спратни грендери со сито специјализирани за таа намена, за собирање на кифот во домашни услови. Овие кристални формации сочинуваат дел од структурите познати како трихоми кои се наоѓаат на многу растенија, вклучувајќи го и канабисот. Трихомите од канабисот се првенствено заштитни структури произведени од женските билки кога цветаат. Нивниот интензивен горчлив вкус и силните ароми го прават растението неприфатливо за тревопасните животни и исто така, се верува дека го инхибираат растот на некои габи. Кога се одделува од канабисот, кифот изгледа исто како прав или полен. Бидејќи канабиноидите и производството на терпеноиди се особено концентрирани во трихомите, овој прав може да се додаде во производите од канабис за да се зголеми потентноста или може да се консумира како самостоен производ, активиран или суров.




Блокчиња пресуван хашиш
Традиционалниот хаш или хашиш, е уште еден пример за екстракт од канабис кој не содржи растворувачи. Повторно, идејата е да се одвојат трихомите од растителниот материјал, бидејќи тие содржат највисока концентрација на пожелни соединенија. Постојат два главни методи за создавање хаш: еден вклучува преземање на замрзнати туфки од канабис и нивно кршење на помали и помали делови над платното. Во процесот, трихромите се одделени од растението и паѓаат низ ситото, а потоа се притискаат во блокови; Друг примарен метод на екстракција без растворувачи вклучува употреба на замрзната вода, за да се одделат трихомите од туфките. По сушењето, потоа добиената екстрахирана смеса може да се оформи во хаш-блок. Чарасот е друга форма на екстракт без употреба на растворувач, со собирање на смолата од цветовите и листовите со помош на дланки.


Пневматска топлотна преса за екстракција од Rosin Industries
Розинот (rosin), исто така, стана многу популарен во текот на последните неколку години. Произведен од цвеќиња, хаш или киф, станува збор за проѕирна супстанца цврста по конзистенција, обично направена со примена на топлина и притисок на материјалот од кој сакате да се извлече и резултира со производ кој е многу сличен со финалниот продукт од бутанска екстракција. Аналитичкото тестирање покажа дека овој едноставен пристап ефикасно ги екстрахира канабиноидите и терпените со апсолутно никаков ризик да остави зад себе токсични резидуални растворувачи како бутан. Ентузијастите се во можност да произведат многу потентен розин екстракт со пегла за коса, пергамент хартија за печење и алатка за собирање. Комерцијалните розински преси се исто така достапни за обработка на материјалот во многу поголем обем, но концептот е во суштина ист. Рамен топлински механизам за притисок се користи за да се притисне материјалот и при одредена топлина и притисок, екстрактот е изваден. Погледнете го видеото подолу. Секој екстракт од канабис е лек!





Автор и главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Analyticalcannabis

1 comment:

  1. dali pomaga masloto na luge koi imaat problemi so shekerot vo krvta?

    ReplyDelete