Showing posts with label стомак. Show all posts
Showing posts with label стомак. Show all posts

Wednesday, April 10, 2019

Дали знаевте дека може да консумирате канабис преку папокот?

Канабисот е воодушевувачки природен лек, користен од страна на сите култури со векови. Исто така, тоа е лек кој за разлика од другите лекови може да се користи на различни начини, во зависнот од потребите, можностите и желбите. Канабисот може да се консумира преку вдлабнатината во средишниот дел на мевот што сите ја имаме од раѓањето, а се јавува како последица на прекинувањето на папочната врвца


Раната на папокот најбрзо заздравува со нанесување канабис
Некои од најчестите начини на користење на овој лек се преку методите на инхалација, потоа пушењето на исушен цвет или вапоризирање  на цветовите, односно цврстите екстракти или маслените екстракти, преку јадење на масла или тинктури екстрахирани од растението или пак, со помош на надворешно мачкање на екстракти/кремови/масти/лосиони на кожа или анална/вагинална апликација со помош на супозитории. Другите вообичаени методи на внесување канабис вклучуваат јадење храна со додаден канабис, сублингвални тинктури базирани на алкохол и капсули од канабис. Исто така, постојат лепенки за болка со канабис, сапуни итн.


Тетоважите, исто така, најбрзо заздравуваат со канабис!
Еден невообичаен начин на внесување канабис за кој многу малку се зборува среде научната фела и најчесто не се користи (токму поради тоа што е непознат од страна на корисниците) е консумирање канабис преку папокот, метод наречен „Печоти“ (Pechoti). Овој начин на консумирање канабис е доста користен во некои култури ширум светот. Овој метод на употреба на канабис можеби не е најпопуларниот во „модерниот“ свет, но нуди многу потенцијални придобивки кои не ги овозможуваат другите методи на консумирање на оваа лековита билка.



Значи, што е Печоти? Едноставно кажано, тоа е жлезда зад папокот на стомакот. Во текот на бременоста, хранливите материи и кислородот се пренесуваат од мајката во нејзиниот фетус, преку папочната врвца. На крајот од таа папочна врвца се наоѓа жлездата Печоти, која останува по раѓањето. Секој човек ја има оваа жлезда која е поврзана со повеќе од 72.000 нерви кои поминуваат низ телото кон различни органи и ткива. Во земјите и културите кои практикуваат Ayurveda медицина, примената на масла низ дупчето од стомакот преку Печоти е вообичаена практика за решавање на многу различни физички и ментални заболувања. Нанесувањето екстракти во папокот за да бидат апсорбирани преку жлездата Печоти се користи за лекување на практично сè: од суви очи и слаб вид, па сè до болки во зглобовите, летаргија, гастроинтестинални проблеми и многу повеќе. 


Во папокот има многу бактерии, затоа нанесувајте канабис!
Со примена на масло од канабис во папокот на стомакот, канабиноидите имаат способност брзо да стигнат до секој дел од вашето тело преку ендоканабиноидните рецептори без да го почувствувате хајот, слично како со чепчињата. Ова е нешто што ниеден друг начин на аплицирање не може да го обезбеди.  Доколу имате инфекција на папокот или сакате побрзо да ви заздрави пирсингот на папокот, овој начин на консумирање канабис (со нанесување екстракт или тинктура во папокот) е најсоодветен, затоа што секогаш активните состојки од канабисот треба да се аплицираат што е можно поблиску до болното место. Децениите на забраната ги погребаа традиционалните методи на консумирање, како што е преку жлездата Печоти во папокот на нашите стомаци. Како што легализацијата на канабисот продолжува да се шири, а во подем се исто така и истражувањата на оваа тема, може да очекуваме само да дознаваме за уште поневеројатни начини на уживање во овој растителен лек.


Интересни факти за папоците

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: CannaLance


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Дац најпрво го отстрани меланомот мачкајќи го со канабисово масло, а сега ја нема повеќе и лузната!

Инструкции од Рик Симпсон за лекување рак на кожа - меланом и изгореници со канабисово масло!

Канабис и болести на очите. Како канабисот влијае на окуларното здравје и видот?

Wednesday, August 22, 2018

Како канабисот ги ублажува симптомите при цревни воспаленија?

Ново истражување објавено во Весникот за Клинички Истражувања (Journal of Clinical Investigation) го открива молекуларниот механизам кој објаснува зошто канабисот може да третира воспалениja на цревата. Марихуаната претставува клуч за третмани на воспаленијата во иднина. Воспалението на цревата, всушност опишува воспалителни услови кои влијаат на гастроинтестиналниот тракт, како кронова болест и улцеративен колитис


Во САД приближно 1,6 милиони луѓе живеат со вакви нарушувања. Околу 70.000 нови случаи се дијагностицираат секоја година. Хроничното воспаление на цревата води до заслабувачки симптоми како стомачни болки, ректално крварење, умор и дијареа. Постари истражувања покажале дека луѓето кои користат канабис искусуваат и одржуваат отсуство на состојбата. Корисниците на канабис велат дека лекот им помага успешно да се справат со стомачни болки, грчеви, болките во зглобовите, дијареа, намален апетит, губење на тежина и гадење. Што би го објаснило овој терапевтски ефект? Првиот пат истражувачите успеале да пронајдат биолошки механизам кој покажува како канабисот го ублажува воспалението во цревата. Научниците биле предводени од Бет А. Меккормик (Beth A. McCormick), подпретседател и професор по микробиологија и физиолошки системи на Факултетот за Медицина во Ворчестер при Универзитетот во Масачусетс.





Како канабиноидите го прекинуваат воспалението?

Професор Меккормик и нејзините колеги го започнале истражувањето дефинирајќи го постоењето на веќе познатиот воспалителен процес кој настанува кога телото е инфицирано од патогена бактерија. Таканаречениот прилив на неутрофили е нормална реакција на имуниот систем кој испраќа неутрофили – тип на бели крвни клетки, за да се изборат против вирусите и бактериите. Подгрупа на CD4 Т-клетки започнуваат воспаление во стомакот. И ако имуните клетки реагираат несоодветноо можат да го уништат и епителот на цревата. Така да, со цел да се запре прекумерната реакција на имуниот одговор, посебни молекули се транспортираат низ епителот за да го запрат воспалението. Тимот открил дека вториот процес бара ендогени канабиноиди (ендоканабиноиди) кои природно се создаваат во телото и имаат сличен ефект со канабиноидите од канабисот.


Со експерименти извршени на стаорци и човекови клетки се заклучило дека ако недостасуваат ендоканабиноиди или ако ги нема доволно, телото не може да го контролира повеќе воспалителниот процес и неутрофилите го напаѓаат заштитниот слој на цревото. Научниците веруваат дека канабисот го надополнува она што е изгубено од природните канабиноиди со што се покрева истиот антивоспалителен ефект кој би бил доколку би имало доволно количество ендоканабиноиди. Професор Меккормик коментира: „Има многу анегдотична евиденција за предности на медицинската марихуана, но не многу наука која би ја докажала. За прв пат го разбираме процесот и молекулите кои се вклучени и како ендоканабиноидите и канабиноидите го контролираат воспалението“. 


А ова на клиничките истражувачи им претставува нов лек како мета за истражување за третирање на пациенти со воспаление на цревата. Коавторот на истражувањето Ранди Мрсни (Randy Mrsny), професор на Катедра за Фармација и Фармакологија на Универзитетот Бет во Обединетото Кралство се согласува, велејќи: „Да бидиме јасни дека, додека ова е веродостојно објаснување зошто корисници на марихуана изјавиле дека канабисот ги ублажува симптомите при воспалението на цревата, досега сме го евалуирале ова само кај стаорци и го немаме докажано кај човек. Се надеваме дека ова откритие ќе ни помогне да развиеме нови начини за третирање на цревни болести кај луѓе“. Болестите на цревата најдобро е да се третираат по пат на супозитории од канабис.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




* * * 





Уредник: MoniQue Konopova
Извор: 420magazine

Sunday, November 27, 2016

Пушењето марихуана како лек за воспалителни болести на цревата!






Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови


Научниците знаат дека марихуаната содржи повеќе од 100 состојки наречени канабиноиди, коишто имаат биолошки позитивен ефект врз телото на консументот. Канабисот веќе долго време се препишува како лек од страна на лекарите во некои земји и тоа за третирање на физички заболувања како артритис, епилепсија, рак, но и за ментални нарушувања како што е ПТСД, депресија или анксиозност. Сепак, улогата што марихуаната може да ја игра во медицината се` уште не е испрецизирана, иако потенцијалот што го има ова растение во подобрувањето на целокупната благосостојба на човекот (па дури и милениците) е веќе одамна добро позната. Канабисот се покажа и како лек за пациентите кои претрпеле трансплантација на органи - оваа билка им помага новиот орган да е полесно прифатен од страна на нивното тело. Недостатокот на истражувања во голем дел се должи на фактот што повеќето студии се фокусирани на незаконската употреба на марихуаната, а не на терапевтскиот потенцијал и поради тоа што канабисот во поголемиот дел од светот е класифициран како дрога бр. 1, што го прави научното истражување речиси и невозможно...


Coltyn Turner успешно ја победи Кроновата болест
Во потрагата по одговори за потенцијалот што го има марихуаната врз здравјето на човекот, научниците дојдоа до интересни наоди. Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови. Имено, постојат два типа на IBD и тоа Улцерозен колитис и Кронова болест. Употребата на канабис како терапија според Д-р Џордан Тишлер (Jordan Tishler) кој своето образование го завршил на Харвард и е водечки експерт за канабис терапевтика во Масачусетс, канабисот е решението и е многу побезбеден и помалку штетен во споредба со другите лекови.  Да појасниме дека споредните ефекти од канабист не се негативни ефекти. Тие вклучуваат сонливост или на пример зголемен апетит - а тоа се знаци дека телото се лекува - телото си кажува дека му требаат повеќе хранливи материи и сон за да се избори со болеста! Она што е најважно е дека споредните ефекти од канабисот не се летални (смртоносни) како кај фармацевтските лекови. Друга важна работа е што токму кај пациентите со гастроинтестинални нарушувања, споредниот ефект од марихуаната кој предизвикува зголемен апетит - е токму она што им е најпотребно!


'Подобро е да сум нелегално жив, отколку легално мртов'
Постои изобилство од канабиноидни рецептори во гастроинтестиналниот ѕид, истовремено во имуните клетки и клетките од цревата. Канабисот е многу ефективен кај воспалителните заболувања во третирањето на двете истовремено - основната болест, како и нејзините симптоми. Несаканите последици се вистински, но можам да го избројам бројот на пациенти коишто не успеваат со канабис терапијата поради нетолеранција на споредните ефекти од една страна. Внимателното планирање на режимот, согласноста на пациентот, како и редовното следење, исто како и кај било кој друг лек, можат ефикасно да ги надминат овие потешкотии“ - истакнува Д-р Тишлер.


Ти благодариме д-р Рашна! Сите лекари да бидат како тебе :)
Д-р Тишлер и другите негови колеги, коишто препишуваат медицински канабис се ангажирани да го намалат влијанието што воспалителните болести на цревата го имаат врз секојдневниот живот на луѓето што страдаат од овие болести. Поради тоа што симптомите и степенот на болеста се различни кај секоја индивидуа, тој препорачува вариетет од подготовки и начини на употреба на канабисот. „Оралните подготовки (edibles) даваат многу подолга покриеност, додека за повремените симптоми јас обично преферирам вапоризиран цвет. За оние пациенти коишто имаат потреба од дополнителен третман, јас понекогаш комбинирам орален режим со вапоризирање туфки. Како и кај сите лекови, постојат ризици и придобивки од канабисот и целта е секогаш да се најде начинот и да се користи најмалата возможна доза за да се добие најдобриот резултат, со најмалку споредни ефекти“ - додава Д-р Тишлер. Тој исто така нагласи дека медицинскиот режим значително се разликува од рекреативниот и покрај тоа што секоја употреба на канабист е медицинска.

Д-р Рашна Пател (Rachna Patel) исто така е лиценциран лекар во Калифорнија и таа ја раководи нејзината сопствена клиника за медицинска марихуана. Позната како „Експерт за медицинска марихуана“ (The Medical Marijuana Expert) д-р Рашна третира IBD користејќи канабис со многу успех до сега. „Јас открив дека тој им помага на моите пациенти на повеќе начини. Тој им помага да се намалат стомачните грчеви, гадењето и тој исто така помага да се стимулира апетитот со оглед на тоа што пациентите коишто страдаат од IBD често имаат проблеми со губењето на тежината, па користењето на канабис може да помогне кај апетитот и контролата на тежината“ - истакнува таа.


Победи ги воспаленијата!
Најновото откритие кај истражувањата на Кроновата болест немамерно го поддржува канабисот не само како лек за симптомите, туку и како лек за болеста сама по себе. Студијата спроведена од страна на интернационален тим раководен од Case Western University School of Medicine, откри дека габите и бактериите вообичаено присутни во човечкото тело имаат нетипични интеракции во телата на пациентите со Кронова болест. Како надополнување на ова, со истражувањето на фекалната материја кај здравите индивидуи и лицата со Кронова болест во исто семејство, истражувачите откриле дека во споредба со здравите членови од семејството, лицата со Крон имале повисоки нивоа на два вида на бактерии и една габа, коишто заедно ја создаваат лигавата материја што го предизвикува воспалението во цревата.


Ова научно достигнување во комбинација со идентификувањето на антигабичното и антибактериското дејство на канабисот го има потенцијалот да создаде нови третмани и конечно и лек за Кроновата болест и другите видови на нетипични воспаленија на цревата. Со култивирањето на различни врсти на канабиноиди со овие својства, научниците се фокусирани на максимизирање на антигабичното (антифунгалното) и антибактериското дејство кај надворешната како и кај внатрешната употреба на оваа медицинска билка.





Извор: Coltynscrue