Showing posts with label цветање. Show all posts
Showing posts with label цветање. Show all posts

Friday, July 21, 2017

Како правилно да се ѓубрат и наводнуваат билките?

Прашавме искусен македонски одгледувач за тоа како правилно да се ѓубрат билките, како надополнување на тоа која прихрана според него е најдобра, најлесно достапна и најевтина кај нас


Ни премногу, ни премалку вода!
Тој истакна: „и еднаш оди ѓубрењето, а вториот пат вода и така наизменично да не го прегноиш тоа. Да ти кажам зашто е тоа така, затоа што водата го испира коренот и ја бутка храната од земјата во долниот дел од почвата, таму каде што се корењата, па затоа се препорачува така да се ѓубри - НАИЗМЕНИЧНО - еден ден ѓубриво, еден само вода“ - вели тој.


Најдобро е да се наводнува кога земјата во саксијата ќе биде веќе речиси сува, немојте да ги удавите билките, канабисот не е водно растение, канабисот не е алга. „На пример 25 мл на 2л вода, а следниот пат само два литра вода во зависност од температура. Ако е претопло, на пример од 34 степени Целзиусови и нагоре, можеш секој ден да им ставаш вода, а ако атмосферската температура е пониска, тогаш на два дена ставаш ѓубре, па после два дена вода и така, по овој циклус“ - додава нашиот пријател.

Рецепт за домашна прихрана: берете 300 грама коприва, земате големо 6 литарско пластично шише од минерална вода, го полните и оставате да искисне копривата некаде 7-10 дена под сенка. Капакот се пробушува за да има дупки, за смесата да може да дише и за да може полесно да ферментира. После 7-миот ден имаме готова домашна органска прихрана, идеална за до 10 август за аутдор, додека сè уште билките се во фазата на вегетација. Смесата се меша со вода во сооднос од 1 спрема 4 (на литар ѓубриво се става 4 литра вода).

Thursday, July 20, 2017

Основна прихрана на вашите канабис билки

Ги има и кај нас!
Плантела ЛИСТ (шише со зелена боја) и Плантела ЦВЕТ (шише со црвена боја). Ги има кај нас во слободна продажба во поголемите маркети, како што се на пример Меркур и Бриколаж


Сега црвената амбалажа е кафена. Цената на шише од литар од овие прихрани е по околу 150 денари, а се продавале и по 220 денари како комплет. Прво се става од зелената прихрата - таа е за вегетација - до некаде 10 август. Потоа се става од црвената прихрана - таа е за цветање. Ова се советчиња од еден пријател одгледувач. Па кај нас исто така има добра и евтина квалитетна земја Florobella и Potground H. Во Македонија освен ова, нема друго добро готово ѓубриво. Тие се доволни и за првиот месец не треба ѓубре, прибидејќи има во нив доволно за билка од 1 месец да не мора да се ѓубри.

Епа, тие се од германски производител и се pH идеални 5,5 до 6,5. Еве ова го има кај нас и само ова вреди. Во другите земјишта заостанува растението и не е квалитетно растењето, а со тоа слаб е и приносот. Сега веќе е доцна за садење аутдор. Нема ни месец за вегетација и само аутоматик сега му е мајката и денес некој да засади - нема да има време да му се развие билчето (од 20 август до 15-ти почнува цветањето, а тоа е помалку од месец од 10-ти до 15-ти). Индор можете да садите во текот на целата година :) Некои пак велат дека NPK - Азот (N), фосфор (P) и калиум (K) е сè што ни е потребно!

* Внимавајте и како наводнувате - не премногу вода - канабисот не е водно растение ;)

* * Соодветна прихрана ќе најдете и во македонските гроу шопови за канабис!

Wednesday, June 7, 2017

Канабис училница – основни тренинзи на вашите билки

Како да го истренирате вашето растение за подобар и поквалитетен принос? 

Нашите пријатели од „Џоинт МК - Канабисот Е Лек“ ни ги објаснуваат основните техники:

„Здраво!!! Денес сакам да ве запознаам со неколку видови на тренинзи-третмани кои ќе направат од вашата билка многу убава и раскошна дама или (ѕверче), кој како милува. Имено за да можете да го тренирате вашето растение да добие на големина - волумен и квалитет треба уште од првите 2-3 недели да се направат неколку паметни работи како би добиле и поголем принос ама и поубави и пораскошни растенија. 


За да не настанат забуни најпрво ќе ве запознаам со основните 3 тренинга коишто и реално најмонгу се користат кај одгледувачите на канабис во светот и кај нас на Балканот. Овие три тренинга ќе треба да се направат уште кога вашата билка ќе го пушти третиот пар на ливчиња“ - вели авторот на статијава „Џоинт МК - Канабисот Е Лек

1. Croping или Topping - сечење или кинење на врвот на растението

Под поимот ‚кропирање‘ или ‚топирање‘ се подразбира, сечење односно кратење на врвот на билката канабис и тоа кога вашето растение ќе го пушти третиот или пак четвртиот пар (спрат) на листови, тогаш се применува кроп-топирањето кое што треба да се направи со стерилна опрема, дали тоа ќе бидат ножички или пак скалпел, па дури и некакво ноже. Иако топла препорака да е ножица или евентуално нов скалпел кој што пожелно е да биде стерилно чист како не би направиле некаков проблем на растението, а тоа најчесто се инфекции ако опремата т.е. алатот со кои што го правите тоа не се чисти можете да го изгубите растението.


Еве од сликата се гледа како треба тоа да изгледа и на кое место треба да се направи. Со повеќе вакви топирања во текот на вегетативниот период се добива многу поголемо и поразгрането растение, а со тоа и поголем принос.

Еве фотки. Важно за напомена е дека овој тренинг не се прави кога билката е во фаза на цветање. Бидејки би ја изгубиле јачината на цветовите со самото тоа и квалитетот на истите.


2. FIM-FIMMING - засекување на врвот на билката

Под овој поим се подразбира тренинг попрецизно кропирање т.е. сечење, со кој ќе добиете ќе добиете четри нови врва, наместо два нови врва и така ќе се добие многу разгранета (грмушеста) билка со уште поголеми приноси. За овој тип на тренинг ви се потребни истите алатки како и за предходниот со тоа што треба да бидете многу попрецизни, од сликате се гледа каде се прави фимингот на растението.
Еве ги сликите. Од сликите се гледа прецизно како се прави и на кое место.

Овие два тренинга се нај користени и се со најголема примена.


3. Low Stress Training (LST) - дава минимален стрес кај билката

Ова подразбира слаб стрес на растението, за овој тренинг може да кажеме дека е најупотребуван, поради тоа што прави кај вашето растение одлично разгранување кое ите како ќе доведе до густo и (побогато) растение со повеќе цветови, а притоа ќе даде убава крошна најчесто во форма на топка и со тоа принос за 5ка :)
Овој тренинг е пожелно да го правите кога растението ќе ги има направено бар минимум 5-6 пара на листови (спратови) и кога главната гранка е доволно дебела да го издржи овој тип на тренинг. 

За овој тренинг ви се потребни повеќе алатки и тоа:

1.) конец или жица;
2.) игла и мали клешти;
3.) дупчалка
за правење на дупки во саксија. Тоа може да биде или некакво шило или пак, игла или шајка со која ќе направите дупки во вашите саксии, канти итн.

Еве ги сликите како треба да се направи овој тренинг за да може светлоста подеднакво да ги развива сите гранки на вашето растение:

За овој тренинг ќе морате да бидете многу внимателни и обично се препорачува да
работите внимателно со многу фокус, нежно сепак, работите со дама :) и да внимавате да не направите поголемо оштетување на растението.

Ова се трите нај употебувани тренинг варјанти, а наскоро ќе ве запознаеме со уште 4 други помалку користени, меѓутоа исто така многу важни за вашите лековити убавици... - додаваат од „Џоинт МК - Канабисот Е Лек“

Поздрав и запамтете: КАНАБИСОТ Е ЛЕК!!!
  





Еве како изгледаат растенијата на кои им е направен овој тип на тренинг.  

Sunday, December 4, 2016

Најчести проблеми поврзани со цветањето на марихуаната

Цветањето на марихуаната е фазата од развојот на растението кога женските билки ќе почнат да произведуваат пупки (туфки). Осигурете се дека ќе ги поставите вашите растенија на соодветен светлосен циклус, за марихуаната да ги даде резултатите кои ги сакате


Иако постојат машки и женски растенија, најголемиот дел од одгледувачите ги оставаат само женските билки, бидејќи само тие произведуваат висококвалитетни туфки преполни со канабиноиди и со малку или воопшто семки, кои се идеални за консумирање по пат на пушење. Фазата на цветањето кај марихуаната е еден од најважните чекори во процесот на одгледување. Осигурете се дека ќе ги поставите вашите растенија на соодветен светлосен циклус, за марихуаната да ги даде резултатите кои ги сакате.

Најголем дел од проблемите со кои се соочуваат одгледувачите поврзани со фазата на цветање може да ги прочитате подолу. Доколку сте одгледувач - почетник, подобро е да ги прочитете следниве препораки пред самите да се соочите со истите проблеми ;) На страницата Grow Marijuana може да прочитете уште повеќе совети за растење, а исто така и да ги прочитате анонимните коментари од одгледувачите ширум светот, како почетници, така и поискусни, да ги согледате нивните искуства, а исто така и самите да поставите прашање или да оставите коментар! :)


* Мувла - мувлата може да се појави кога влажноста во просторијата за растење е премногу висока. Ова може да се избегне со мерење на влажноста и избегнување на прскањето со вода на вашите растенија.


* Штетници - штетниците во просториите за растење обично доаѓаат од клонови и се ретки кај билките, кои се пораснати директно од семе. Најопасни се пајачињата Spider Mites од семејството Tetranychidae. Затоа одржувајте ги просториите за растење речиси стерилно чисти! Доколку одгледувате надвор - заградете ги билките за да не бидат напаѓани од желки и полжави.

Хермафродит
Последица од пајачињата
* Хермафродит поради стрес - ова може да биде предизвикано од протекување дури и на малку светлина кога билките спијат или започнување на светлосниот циклус за цветање (12-12) уште пред да се оформи цветот. Стресот може да биде предизвикан исто така, поради премногу или премалку вода, како и несоодветни температури - превисоки или прениски од препорачаното. Хермафродитните растенија може да ги опрашат другите растенија во вашиот гроу бокс со ослободување на поленот.

* Протекување на светлина - предизвикува стрес кај билката и доведува до забавување на процесот на цветнање. Исто така, предизвикува хермафродитизам кај билките (на една билка се препознаваат двата пола).

Еве како да го разликувате полот :)
* Презреани туфки - предизвикано од ненавремено берење. Затоа внимавајте да не ги предобрите туфките! :) Не е добро ни да се бере прерано, ниту пак предоцна. Доцната берба на цветовите од марихуаната доведува до тоа тие да не се толку потентни (јаки) и ризикувате билката да стане хермафродит. 

* Машки растенија во собата за растење/гроу боксот - машките растенија ги опрашуваат женските растенија, што доведува до тоа целата енергија којашто е потребна за формирањето на тешките мрсни и потентни туфки, да се трасферира за производство на семе, што значи дека билката дава послаб и помал принос.


Во моментот кога ќе согледате дека имате машки билки, отстранете ги од просторот наменет за растење и уништете ги затоа што поленот се разнесува многу далеку, па дури може и да ги опраши женските марихуана билки од соседите... Ние ви препорачуваме да не ги уништите машките билки, туку да ги употребите во исхраната - од нив да направите суров цеден сок, смуди или чај. Ајде! Прво, па женско!!! :D


СРЕЌНО! :) <3