Showing posts with label мувла. Show all posts
Showing posts with label мувла. Show all posts

Thursday, June 25, 2020

Како можат одгледувачите на канабис да ги заштитат своите растенија од штетници?

Одгледувачите на канабис често пати мора да се соочат со потешкотии и голем број надворешни фактори кои им штетат на нивните билки... Па, како можат најлесно, најбезбедно и најевтино да ги заштитат своите растенија од штетници? Кои се предностите, а кои недостатоците од разните типови на заштита на канабис билките? Органските инсектициди носат помалку генерален ризик од штета за крајниот потрошувач


Како најбезбедно да се решат штетниците?
Проблемите што можат да влијаат на канабис растенијата, одгледувани најчесто на отворено, вклучуваат теми како што се: амбиенталната клима и акутните временски услови и околности, квалитетот на почвата, инсектите и други штетници кои можат да ги консумираат и загадат земјоделските култури, вклучително и бацили, мушички, муви, црви, бубачки, габи, мувла и патогени бактерии и други микроорганизми, како и некои опортунистички цицачи, како што се глодари (елени/срни, желки, полжави). Па, како одгледувачите можат да ги заштитат своите конопни култури од штетници? Медицинската канабис мрежа (Medical Cannabis Network) ги истражува придобивките и недостатоците на клучните техники за контрола на штетници во процесот на одгледување канабис.


Хемиски инсектициди

Хемиските третмани се наводно најбрзиот и најефикасниот начин да се заштити вредната канабис култура од деструктивните штетници, дејствувајќи брзо и решително за да се уништат и да се одвратат напаѓачите. Како и да е, како и со секој друг земјоделски производ, канабисот кој се произведува со помош на пестициди мора темелно да се исчисти пред продажбата за да се заштити потрошувачот од каква било преостаната токсичност. Ризикот од остатоци од пестициди е особено голем во производството на канабис затоа што, додека неколку хемиски пестициди се номинално одобрени за употреба кај (прехранбени) растенија за јадење, многу корисници на канабис претпочитаат да го пушат или јадат својот канабис производ - а консумирањето преку јадење, согорување и вдишување на преостанатите хемикалии од пестицидите, може да биде значително штетно за здравјето на корисникот.

Варијабилноста во законското регулирање на канабис ширум светот е уште еден клучен фактор кој влијае на безбедноста при употребата на хемиските пестициди, од две главни причини: ПРВО, во држави и региони каде што одгледувањето или потрошувачката на канабис не се легални, неговиот недозволен статус делува како бариера за сеопфатно истражување. Доколку научниците не смеат со закон да ги проучуваат потенцијалните ефекти и ризиците од токсичност на хемикалиите што се користат за третирање на канабисот, тогаш дури и откако лекот се легализира, последователниот недостаток на сигурна доказна база значи дека култиваторите и производителите не се најдобро информирани за тоа како да се заштитат нивните клиенти. Во САД, на пример, Агенцијата за заштита на животната средина - која ја надгледува и регулира употребата на пестициди во земјоделството - не издаде службено одобрение за ниту еден пестицид за одгледување канабис или коноп до декември 2019 година.

Како да се контролираат бубачките и штетниците кај канабисот органски?

Недостаток на надзор, предизвикан од регулативата за тешки истражувања, води кон ВТОРОТО безбедносно прашање: без доволно податоци или упатства за да се утврди кои методи за контрола на штетници се најбезбедни, култиваторите обично се одлучуваат за најсилен или најевтин достапен хемиски третман. Некои од овие пестициди врз основа на хемикалии не се индицирани за употреба на прехранбени производи или потрошни производи; некои се потенцијално токсични или канцерогени. Преовладувачкиот недостаток на едукација и свесност, во комбинација со погрешни мерки за намалување на трошоците, значи дека некои од пестицидите што се користат при одредени активности за одгледување канабис се дизајнирани исклучиво за употреба кај украсните растенија. Онаму каде што одгледувањето канабис подлежи на забрана или строго лиценцирање за одгледувачите на отворено, одгледувачите на затворен простор, обично сметаат дека климата и влажноста на околината при култивацијата во затворен простор делуваат како засолниште за развој на инсекти и габи. Меѓутоа, кога одгледувачите на затворено реагираат на наездата на штетници со распоредување на зголемени количини хемиски третмани, тогаш може да откријат дека затворениот простор придонесува за преголем остаток на растенијата по бербата.


Органски инсектициди

Природните инсектициди добиени од органски соединенија или растителни екстракти носат помалку генерален ризик од штета за крајниот потрошувач. Иако многу природни и органски третмани со пестициди се сè уште токсични за луѓето, сепак треба да се внимава да се отстрани остатокот од крајниот производ и одгледувачите на канабис треба да преземат соодветни заштитни мерки за да се осигурат дека тие ненамерно консумираат траги од инсектицидниот третман.


Пестицидите вкоренети во природата вклучуваат:

* Пиретини (Pyrethins), чија активна состојка е извлечена од хризантеми. Маслото од хризантема со векови е користено во хортикултурата како природен детергент за штетници, бидејќи има релативно ниска токсичност кога се консумира од страна на луѓето;

* Азадирахтин (Azadirachtin), популарна активна компонента во природни и органски пестициди, која е изведена од неемово масло (neem oil). Абадирахтинот ја спречува можноста штетните инсекти да растат и да се размножуваат и ги спречува да положат јајца;

* Растителни екстракти за заштита на канабис растенијата: почнувајќи од лукот и cayenne биберот, па сè до рузмаринот и циметот. Третирањето на канабис билките со индивидуални или мешани растителни масла за уништување или спречување на штетниците можат да го уништат „органскиот интегритет“ на производот и евентуално пристапот што најверојатно ќе му наштети на потрошувачот.


Корисни инсекти

Овие инсекти се хранат со земјоделски штетници, без да ги нарушуваат растенијата: корисните инсекти не се хранат со растенијата, ниту пак оставаат штетни остатоци за потрошувачите. Во зависност од видот, тие можат да се фокусираат на еден или два специфични штетници или на неколку истовремено. Сепак, тие обично не можат да бидат распоредени за да се решат проблемите што произлегуваат од мувлата или габите; и не се ефикасни при одвраќање на глодарите или другите штетни цицачи, кои се хранат со канабис растенијата (полжави, желки итн.).

* Бубамарите се веројатно најпопуларните корисни инсекти кои се користат во производството на канабис: настрана од напредувањето во најразлични клими, овие месојадни инсекти можат да изедат илјадници: мушички, бацили, афиди (Aphidoidea), атроподи (Аrthropods), трипи (Thysanoptera), пајачиња и други штетни микроорганизми во текот на животот;

* Предаторските нематоди кои живеат главно во почвата, се особено ефикасни во конзумирање на јајцата или ларвите на разни штетни инсекти;

* Заштитни мушички кои се хранат со пајачиња, се сметаат за исклучително ефикасни при елиминација на наезда од пајачињата, особено во раните фази на нивната појава.


Одгледувајте канабис легално и кај нас во Македонија!

Одгледувајте канабис легално и кај нас во Македонија, без ра морате да се грижите за штетниците и без да се плашите од полиција! ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ ВЕДНАШ! РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК!


Cannerald: Иновативна швајцарска канабис револуција!

Канералд е швајцарска компанија за истражување и производство на канабис која е една од најголемите светски компании - на врвот од 1% од сите добавувачи во овој ветувачки сегмент од пазарот. Од основањето во 2017 година, нивната мисија е да направи врвни производи од канабис и врвен канабис со уникатен квалитет, кои се социјално прифатливи во Швајцарија, земјите од германско наречје, но и во цела Европа! „За да ја претвориме нашата визија во остварлива реалност, ја користиме нашата позиција како уникатен лидер во индустријата за конечно да донесеме политичко, социјално и научно движење на европскиот пазар. Ние не се сметаме за класична компанија со единствена цел да го зголемиме профитот, туку како партнер и промотор на целата индустрија. Во овој контекст, Ви нудиме единствена можност активно да учествувате во развојот на нов и возбудлив легален канабис пазар во Европа“ - истакнуваат експертите од Cannerald на нивната веб страница. Приклучете се и Вие во оваа компанија со едноставна регистрација на следниов линк! Одгледувајте канабис легално и надгледувајте ги вашите билки во реално време. Од продажбата на секоја канабис билка на клиентите коишто вие ќе ги поканите да се приклучат, имате голем процент на легална заработка.

Автор: MoniQue Konopova
Извори: Healtheuropa.eu, CannerGrow

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Како да се спречи мувлата во затворени одгледувалишта? Indoor врсти отпорни на мувла

Како да се спречи мувлата во отворени одгледувалишта? Outdoor врсти отпорни на мувла

Три моменти кога постои најголема веројатност да се соочите со мувлата кога одгледувате марихуана

Избегнете 3 главни типови мувла за време на одгледувањето канабис

Заштита од штетникот - белата пеперутка Metcalfa pruinosa

Кога е сезона на канабисот? Фактори кои влијаат на одгледувањето, жетвата и достапноста

Седи си дома и сади си дома за време на „Корона кризата“ :)

Како да изградите сопствена професионална плантажа? Седи си дома и сади си дома (продолжение)

Најчести проблеми поврзани со цветањето на марихуаната

Дознајте повеќе за актуелниот „Open Cannabis Project“ за заштита на биодиверзитетот на оваа билка

Воведна лекција за трихоми и нивните основни својства

Различни видови на трихоми од канабис и нивните секундарни својства

Monday, June 25, 2018

Како да исушиш мокра марихуана? Неколку интересни совети

Доколку некогаш ти се изводени марихуаната, не грижи се бидејќи тоа немора да значи дека е пропадната. Постојат начини за благословените туфчиња да се вратат во живот за она за што Творецот ги предодредил


Доколку цветовите се само влажни и не скапале во меѓувреме, процесот на повторно сушење само ќе потрае 2 до 3 дена. И тоа не треба да ти влијае на трпението или да те онерасположува - туфката пак ќе стане квалитетна за пушење или изработка на екстракт, доколку направиш нешто од следново:


1. МЕТОД СО ХАРТИЈА

Марихуаната да се стави во кафеава хартиена ќеса, како на сликава десно, или во кујнска хартија за бришење раце;
Остави ја ќесата или хартијата на темно и суво место;
Нека биде во просторија со проток на воздух. Ако е потребно постави вентилатор;
Смени ја ќесата или хартијата и врти ги туфките на неколку часа;
Свртувајќи ја туфката провери дали има фатено мувла - провери ја секоја одделно!



2. МЕТОД СО ОРИЗ

Стави ги влажните туфки во стаклена тегла и наполни ја со ориз;
Остави ја теглата отворена еден ден;
Извади ги туфките и провери дали има мувла;
Нека има проток на воздух во просторијата за да се спречи мувлата или вентилатор;
Кога туфките изгледаат суви, иситни ги и ако е потребно остави ги во кујнска хартија неколку часа за целосно да се доотстрани влажноста.


Вентилатор ја суши марихуаната во целосно темна соба
Наводенетата марихуана се чува на суво и темно место

Кога ти се намокрува марихуаната најпрво помислуваш да ја исушиш со фен, да ја ставиш во микробранова печка или во рерна на мала температура или пак, на сонце или под ламба за неколку часа. Но, овие практики не се најдобри тактики за одржување на интегритетот на марихуаната, бидејќи влагата нема соодветно да ја исушат, а може да предизвикаат декарбоксилација. Овие методи хемиски ги оштетуваат трихомите, губејќи ТХЦ и други канабиноиди и терпени и активни состојки кои се присутни на туфките. Плус, туфките исушени на некој од овие начини стануваат погруби и понепријатни за пушење. Значи, најдобро е да се има трпение со некој од горенаведените два методи и да се избегнуваат топлина и светлина.


Кога ќе ти се наводени марихуаната најважно е да се избегне мувлата. Ако туфката почне да фаќа мувла која рапидно се шири, жал ми е но, веќе е ѓубре: пушењето мувла е штетно по здравјето! Друга важна работа која треба да ја припазиш е дека ако ти падне марихуанчето во море или во базен треба да го фрлиш. Боли, но да внесуваш сол од океанот или хемикалии од базенот може да боли повеќе... Доколку ти падне двојката во бонг или ја потуриш со пијалок базиран на вода, највероватно ќе можеш да успееш да ја спасиш со некој од погорните два методи со хартија или со ориз или пак, комбинација од двaтa. Бидејќи ТХЦ не се раствора во вода, одредена количина на вода не би требало да влијае врз интензитетот на марихуаната. После овие методи за сушење, туфките можеби нема да изгледаат најубаво, но ќе можат да се искористат, евентуално за подготовка на масло од канабис за лична употреба, но не и за продажба.

Уредник: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Monday, October 23, 2017

Како да се спречи мувлата во отворени одгледувалишта? Outdoor врсти отпорни на мувла

Во утринските часови растресете ги влажните или росни растенија, а особено по дожд секогаш кога можете. Спречувањето на туфките да останат влажни е многу важен дел од спречувањето на гниењето на туфките или мувлата. Ако ги оставате туфките влажни, само правите поголеми шанси за појава и одржување на мувлата и гниењето! Најпрепорачливо е доколку одгледувате канабис во надворешни услови, местата коишто ќе ги одберете не само да бидат заштитени од јавноста, туку истите да бидат изложени на убав провев на ветар, но и многу сончева светлина! Билките треба да добиваат директна сончева светлина особено во утринските часови за побрзо да се исуши утринската роса или ноќниот дожд



Frisian Dew
Кога одгледувате outdoor, речиси секогаш сте оставени на милост и немилост на природата, сепак треба да се потрудите најдобро што можете за да ги заштитите растенијата од премногу влага и студ. Треба особено да внимавате на влажноста во одгледувалиштето, доколку одгледувате во стакленик или пластеник. Студените и влажни услови кога одгледувате надвор се време кога мувлата најверојатно ќе ги погоди вашите пупки. Затоа есента може да биде особено опасна - цветовите од канабисот самошто достигнале период на жетва и станале дебели и густи, што ги прави идеален дом за мувлата. Ако времето е особено ладно и влажно и ако дури и една од вашите билки всушност фати гниење, оберете ги цветовите веднаш! Ако тоа се случило на едно стебло, истото обично ќе се прошири и на другите стебла многу брзо. 

Подобро е да се ожнее малку порано, отколку да се изгуби целата жетва!



Врсти канабис наменети за отворени простори отпорни на мувла 

Иако на ова не можете и не би требало со сигурност да се потпирате, сепак некои видови се поотпорни од другите во поглед на мувлата. Во претходниот текст од оваа серија споменавме две такви врсти наменети за индор. Ако живеете во влажна средина или ако сте одгледувач на отворен простор и се соочувате со студени и влажни услови уште на почетокот од есента, не може да си наштетите ако одберете врсти коишто се поотпорни на мувла! Еве два вида кои се отпорни на мувла и се погодни за одгледување на отворено:

Jamaican Pearl
1.) Frisian Dew (Фризиска роса) - популарен вид по тоа што околу половина од растенијата создаваат пупки кои се претвораат во неверојатна, енергично пурпурна виолетова боја (другата половина од растенијата даваат зелени туфки, но сепак се убави и ефектите се исто толку добри). Овој вид е многу погоден за растење на отворено, дури и во северните клими и е особено отпорен на мувла.

2.) Jamaican Pearl (Јамајкански бисер) - овој вид има овошен мирис, расте многу добро на отворено и не е само отпорен на мувла, туку исто така има големи приноси. Познато е дека произведува уникатен церебрален ефект во твојата глава кој трае долго време и нема да те заспие. Се препорачува жетвата на Јамајкан перл туфките да започне пред трихомите да започнат да добиваат боја на килибар за најдобри ефекти!

Јас сум од Лондон и ова ми е втора жетва воопшто. Прв пат канабис одгледував во Македонија, втор пат тука, ама имам многу читано и имам вујко од Добрејци, Струмица - Сандо кој е 35 години пушач на канабис, кој исто така е искусен одгледувач и ми има дадено многу совети. Не сум нешто посебно задоволен зашто одгледувам надворешно во саксии, па стеблата не се многу големи, но сепак се преубави. Малку доцна ги засадив, негде 20 мај, па затоа и имам проблем со мувлата. Значи сум почнал на 20 мај и сметам дека тоа е малку предоцна за outdoor, затоа што имам најмалку уште 2 недели до крајот на цветањето, плус со влажнава клима како овде во Лондон и не треба да е нејасен мојов проблем, туку за пофалба треба да биде мојот успех. 

Од Александар Пешев, Лондон 2017
Затоа ставив вентилатор внатре и плус таа сивата цевка што ја гледате е за свеж воздух. Го прочистува воздухот, а вентилаторот проветрува и мислам дека ќе го средам проблемот со мувлата. Сум почнал со обична земја од цвеќара. Со семе од sensi seeds од врстата Purple Bud и White Skunk. Сум употребувал чај од коприви, како органско ѓубриво; Чај од врвови од жална речна врба; витамини т. е. нутритиенти н.п.к 15.15.15. и слично. Експериментирав и со лушпи од јајца, лушпи од банана миксирани како шејк со млеко и додаваш и талог од кафе и со ова го храниш растението супер. Кога ќе почне да цвета, јас препорачувам и козјо млеко. 

Јас инаку на средината му ставав и гомна од кокошки... Иако јас препорачувам гомна од гулаби измиксани еден према 7 вода. Ова ми е втора жетва... Воедно и најдобра зашто имам мир и немам проблем со никој за да се плашам да посадам некое коренче за мене. Јас исто и употребував цело време дождова вода. Најубавта вода ја ставав од дожд, благодарение на тоа што куќата во којашто живеам има буриња за собирање дождовница. Се гордеам што успевам во ваква слаба клима да извадам убав дим. Прекрасен дим постигнав од оваа жетва иначе и сум можел и поголеми приноси да извадам, ама здравје следниот пат - секој пат секогаш е подобар од претходниот!“ - во разговор со нас изјавува Александар Пешев од Лондон. ВНИМАНИЕ!!! Користете ѓубриво кога тоа навистина е потребно. Кога користите ѓубриво, внимавајте да не ги изгорите корењата! Со ништо не претерувајте :)








Автор: MoniQue Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Sunday, October 22, 2017

Како да се спречи мувлата во затворени одгледувалишта? Indoor врсти отпорни на мувла

Најдобриот начин за да се контролира влажноста е да си го дизајнирате просторот наменет за внатрешно одгледување уште на самиот почеток ;) Најважното нешто кога станува збор за одржување на влажноста на определено ниво, со цел условите да не станат премногу влажни, е да се постави ефикасен издувен систем за вентилација!


Добар систем за вентилација
Поставете добри вентилатори внатре во одгледувачкиот простор за подобра циркулација и осигурајте се дека воздухот струи истовремено под и директно над вашите билки. Со тоа се превенира формирањето на застоен воздух и секаква можна стагнација на воздухот. Бидете свесни за целокупната растителна маса и лисната маса, како и за тоа секој лист од вашата билка постојано додава повеќе влага во воздухот. Колку повеќе лисја има вашето растение, толку повеќе вода пие, а целата вода се ослободува како пареа во вашиот растечки простор! Набавете солиден уред за мониторирање на температурата/влажноста и не заборавајте да го проверувате/надгледувате кога ќе ги проверувате вашите билки.  


Не се фокусирајте на вредностите од сликава :)
Прегледувајте ги растенијата, а особено дебелите големи туфки на редовна основа (секој ден). Ако забележите дека листовите коишто растат од туфките наеднаш започнуваат да се сушат и да и да се виткаат, додека остатокот од растението изгледа добро, тоа е еден од главните првични знаци дека можеби вашите цветови фатиле мувла... Ако се соочите со мувлосани туфки, ако е возможно обидете се да го оберете целото растение што е можно ПОСКОРО! Вие веќе имате спори од мувлата во вашиот простор и таму очигледно имало идеални услови за развој на мувлата, па сега треба да се фокусирате на заштита на она што е можно, т. е. да ја спречите целосната можна загуба на вашиот принос.

Не дозволувајте вашите билки да живеат во екосистем којшто е престуден или претопол за нив. Одредени типови мувла (како белата прашкаста мувла) подобро се развиваат на жешки, застоени услови од 27 °C и повеќе. Повеќето од други врсти на мувла (влакнестата бела мувла, гниењето на туфките итн.) најдобро растат во студени услови од околу 20 °C. Ако е возможно обидете се да ги одржите билките на удобна собна температура од околу 24 °C во ситуации кога е влажно.


Дефолијација (defoliation)!

Дефолијација
Наједноставен начин за спречување на мувлата е да отстраните некои (најчесто долни) лисја од вашите растенија ако вашите растенија се екстра големи и листести. Ако на дното од вашиот растечки простор билките не добиваат доволно светлина, тогаш шансите дека нема соодветен проток на воздух се зголемени. Во тој случај, може да биде добра идеја да се исчистат дополнителни лисја и пупки кон дното на билката. Ова исто така ви дава шанса да ги отстраните пупките кои се ретки и не се развиваат убаво, па растението може да се фокусира со повеќе енергија на врвните туфки, кои всушност добиваат пристап до светлината. Колку помалку вегетативна маса во просторот, толку е намалена влажноста. Но, важно е да не претераш со дефолијацијата на растенијата, бидејќи тоа исто така може драматично да ги намали вашите приноси. 


Поздрав од Александар Пешев, Лондон (мувла)
Само дефолирајте ги многу листестите растенија и фокусирајте се на отстранувањето на лисјата кои или не добиваат никакво светло (кон дното и средината на растението), како и големите листови наречени „вентилатори“ кои блокираат многу од туфките да примаат директна сончева/електрична светлина. Листовите го поттикнуваат растот на растението, а во втората половина од фазата на цветање вашата билка нема да создава повеќе лисја. Затоа, избегнувајте да го соголувате вашето растение за време кога не растат нови лисја и уште сте недели од жетвата. Отстранувањето на премногу лисја може да ги намали вашите приноси и да ги зголеми шансите вашите туфки да ја променат бојата. Тоа е затоа што лисјата обезбедуваат одредена количина на заштита на вашите пупки со тоа што прво ќе ја апсорбираат штетата (како изгореници од хранливи материи, изгореници од светлина и недостатоци). Кога нема листови, оштетувањето прво се појавува кај туфките!


Врсти канабис наменети за затворени простори отпорни на мувла 

Moby Dick
Иако ништо не може да ги реши лошите одгледувачки практики ако самите не се потрудите, некои видови се повеќе отпорни на мувла од другите. Ако растете во помал простор или ако живеете во некој дел од светот кој повремено станува многу влажен, тогаш најдобар избор за вас се врстите поотпорни на мувла! Забелешка: Видовите со пократки цветни периоди имаат помала веројатност да добијат мувла, бидејќи пупките не трошат толку време во фазата на цветање. Еве два вида марихуана кои се отпорни на мувла и се погодни за одгледување во затворен простор, а во продолжение може да погледнете видеа од одгледувачот Александар Пешев од Лондон со кој во следниот текст ќе направиме кратко интервју за неговото искуство со мувлата:

1.) Моби Дик (Moby Dick) - Многу леснa врста за растење, многу е отпорна на мувла, а исто така многу потентна. Мириса малку како мента, но исто така, се опишува дека има старошколски (old school) сканк вкус сличен на популарните сатива пупки од почетокот на 90-тите години. Дава големи приноси, исто така! :)

2.) Свит Тут (Sweet Tooth) [сладок заб] - Во Калифорнија, овој вид е многу популарен во диспанзерите и често се продава по многу високи цени! Добро, сега можете да го одгледувате и дома! Има сладок вкус/вкус којшто потсетува на чоколадо, а ефектите се моќни. Како бонус е отпорен на мувла, благодарение на неговите хавајски корени!

Super Sweet Tooth







Автор: MoniQue Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Tuesday, October 17, 2017

Три моменти кога постои најголема веројатност да се соочите со мувлата кога одгледувате марихуана

Откако накратко ве воведовме во оваа толку многу важна тема за правилно одгледување на најквалитетен лек - спречувањето на мувлата - и ви објаснивме од каде доаѓа оваа габа, како се создава и кои се најчестите три типови мувла коишто може да се појават во било која фаза од растечкиот циклус, но и како да ги избегнете, сакаме да ви објасниме кои се трите најчести моменти кога постои најголема веројатност да се соочите со мувлата кога одгледувате марихуана:

1.) Кога билките се големи и разлистани...

БПМ на листовите...
Белата прашкаста мувла - БПМ (White Powdery Mildew) е тип на мувла што ги напаѓа билките кои растат во жешки, влажни услови без голем проток на воздух. Овој тип на мувла се развива кога воздухот е застоен. Изгледа како некој да ги испрскал листовите, туфките и стеблата со малку брашно. Малку од белата прашкаста мувла на лисјата е лош знак, но доколку таа премине надвор од контрола, може да ги уништи туфките, па дури и да го убие целото растение!

БПМ може да ги нападне билките и цветовите во секој момент од нивниот живот, па дури и кога се мали и млади, но најчесто таа се јавува кога билките се веќе големи и разгранети, затоа што големите листови го спречуваат протокот на воздухот и ја зголемуваат влажноста. Ова најчесто се случува кога одгледувате во многу мали места како шкафови, шатори за одгледување, гроу боксови... Ако одгледувате во затворен простор, вентилаторот е многу важен, не само поради симулација на ветер, туку и за спречување на овој тип на мувла. Ако билките се многу разлистани и имаат големи листови, светлината речиси всушност непродира преку врвот на растението во средината. Ако вегетацијата е преголема за вашиот простор, ризикувате БПМ да се појави како непосакувана гостинка, особено ако времето е жешко.

БПМ на стеблата...
Колку билката е побујна, толку повеќе вода (пареа) таа испушта во воздухот кога дише. Размислете за тоа со колку вода ги полевате вашите растенија? Најголемиот дел од таа вода завршува токму во воздухот во кој билките растат. Поради тоа што големите билки пијат многу, тие конвертираат многу вода во високи нивоа на влажност. Логично... Тоа е истата причина зошто прашумите секогаш остануваат влажни и магливи! :) Големите растенија што растат збиени во мали простори, поради тоа што имаат помал проток на воздух, најверојатно прават џебови од застоен воздух, создавајќи при тоа идеални услови за размножување на спорите и развој на оваа болест на растенијата... 

БПМ на туфките...
Паметното поставување на вентилатор/и ќе оди долг пат кон спречување на БПМ. Мувлава едноставно не може да расте во проветрена и чиста средина. Ако има мал провев над сите лисја (сите листови шумолат нежно, но не мавтаат наоколу како полудени), не само што ја спречувате БПМ, туку како дополнителен бонус вашите растенија го сакаат тоа и всушност, ќе растат и побрзо затоа што со помош на вентилаторите на вашите „девојки“ им обезбедувате приближно еквивалентни услови како кога би растеле во природа! Колку повеќе вегетација, толку подобра вентилација! ;)

Густи билки во тесен простор - поголем ризик од БПМ
Но, дури и со многу вентилатори, преголемата влажност е најголемиот непријател на билките, а најголем пријател на овој тип мувла. Добар систем за вентилација, т.е. издувен систем со силен вентилатор за издувните гасови, ќе го издувува топлиот и влажен воздух и ќе го заменува со поладен, посув воздух од надвор. Кога одгледувате многу листести канабис билки како овие на сликата (каде што речиси целиот среден и долен дел од билката воопшто не добива воздух) - во тој случај малку ДЕФОЛИЈАЦИЈА (отстранување на одвишокот големи листови) може значително да помогне за зголемување на протокот на воздух низ внатрешноста на билките, а воедно се намалува и влажноста

Добра вентилација
Потребна е добра циркулација на воздухот во растечкиот простор (добар проток/провев) на воздухот. Во краен случај може да се користи и „одвлажнувач“ (dehumidifier) за да се намали влажноста. Последното нешто што можете да го направите е да бидете сигурни дека температурата во вашиот растечки простор никогаш не оди над 80 °F (27 °C), а особено не над 85 °F (30 °C), бидејќи тоа е кога БПМ започнува да полудува, а мувлата може да ја покрие целата билка за само неколку дена! :(

2.) Во доцната цветна фаза...

Во последните неколку недели пред жетвата, пупките (туфките) стануваат многу подложни на белата влакнеста мувла или пак на темно кафената или сива правлива мувла. Колку се поголеми и погусти вашите туфки, толку е полесно да се одржи мувлата на нив. Мувлата може да дојде во многу јаки и чудни бои, вклучувајќи бела, жолта, кафеава, сива или речиси загадена црна боја. Не е важно кој е типот на мувлата, типовите на мувла кои ги напаѓаат туфките од внатре ги имаат истите основни ефекти и можат да бидат спречени со истите тактики. Со внатрешната мувла (често пати позната само како „гниење на туфките“) надворешноста на пупката може прво да се појави нормално, но сите лисја одеднаш ќе умрат. Самата туфка исто така, ќе стане грозна, ќе ја изгуби оригиналната природна боја, наскоро откако мувлата ќе се одржи. 

Сите други билки изгледаат здрави, но што не е во ред со таа единствена билка со жолти лисја?

Иако, многу работи можат да предизвикаат жолти лисја, интересно и воедно мистериозно е кога само една билка покажува такви симптоми, додека сите други изгледаат здрави. Важно е веднаш да се испита дали нешто чудно или ново се случува со вашите растенија. По поблиска проверка, пупката сè уште изгледа главно нормално однадвор, но што е тоа? Кога билката канабис е погодена од гниење на туфките, лесно се отвора на самото место и се открива мувлата што е внатре. Сите листови што ја допираат мувлата е лабави и паѓаат.

Ако туфките се нападнати од гниење, навистина добра идеја е веднаш истите да се отстранат и фрлат во ѓубре - сите погодени туфки, за да се намалат вашите загуби и ќе треба да го оберете растението многу брзо. Цела туфка може да изгние буквално преку ноќ, особено ако друга пупка има мувла, бидејќи тоа значи дека има тони спори во шаторот/растечкиот простор. Оберете ги вашите пупки што е можно поскоро за да не се разбудите следното утро со уште поголема загуба на здравите туфки, само затоа што не сте изреагирале на време!





3.) За време на сушењето и кјурингот...

Скапана туфка...
Најболно за одгледувачите е кога мувлата ќе се појави на самиот крај, по цели 4 месеци макотрпна и посветена работа, откако правилно туфките узреале и сте ги обрале на време. По бербата и кастрењето, не дозволувајте мувлата да се појави за време на сушењето и лекувањето (кјурингот). Сте стигнале до тука, сте посветиле толку многу труд, љубов и време, па кукавички е сега да се откажете и да кренете раце! Од она како ги сушите и „лекувате“ вашите туфки, многу зависи дали крајниот продукт ќе биде просечен, добар или лош. Правилниот кјуринг по правилното сушење не само што ја спречува мувлата, туку може целосно да го промени изгледот и вкусот на туфките, како и потентноста (јачината), но и мазноста за време на пушењето.


Кога станува збор за квалитетот на канабисот, она како ги растеш туфките сочинува 50% од твојот финален квалитет, 25% е изборот на врстата, а процесот на сушење и кјуринг ги сочинува останатите 25% од квалитетот. И покрај зголемувањето на квалитетот на туфката, сушењето и кјурингот на вистинскиот начин ја спречува мувлата. Процесот на сушење/кјуринг е незгодно време кога може да биде лесно да се создадат услови каде што мувлата може да нарасте преку ноќ, па затоа не е добра идеја да ги прескокнете овие круцијални чекори од целиот одгледувачки циклус. Но, најважното нешто што можете да го направите е редовно да ги проверувате вашите туфки (не кога спијат за да не станат хермафродити поради стрес), за да можете брзо да реагирате ако има некаков проблем!


Немојте да пушите скапани туфки и не правете екстракти од згниени туфки... Мувлата може да има различни форми и бои, понегогаш изгледа и доста убаво, но не дозволувајте да бидете прелажани! Ако сте почетници, не дозволувајте да бидете излажани од дилерите дека мувлата се некои „конци“, т.е. канабиноидни влакненца што се поразлично истакнати кај најквалитетните врсти канабис... Подолу, може да погледнете три видеа од Македонец во Лондон кој се соочува со мувла и оваа серија текстови за мувлата, како проблем при одгледувањето е создадена токму на негово барање :) Дознајте како да ја спречите мувлата, дознајте повеќе за врстите канабис за одгледување во овторен и затворен просторкоишто се отпорни на мувла, како и други корисни совети - наскоро, во следните неколку објави!




Автор: Monique Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Sunday, October 15, 2017

Избегнете 3 главни типови мувла за време на одгледувањето канабис

Како да се спречи мувлата при растењето? Повеќето од канабис одгле-ДУВАЧИТЕ, воопшто не мислат за мувлата! Постојат 3 главни типови на мувла кои често ги напаѓаат неподготвените одгледувачи на канабис:


Скапана туфка... :(
1.) Бела прашкаста мувла (White Powdery Mildew)
2.) Гниење на туфките (Bud Rot)
3.) Влакнеста бела мувла (редовна мувла [Fuzzy White Mold (Regular Mold)]


Има многу други работи покрај мувлата за кои треба да се грижите за време на растот, како недостаток на хранливи материи, тренинзи на растенијата, заштита од паразити и штетници, зголемување на приносите, зголемување на THC итн. Но, за жал, мувлата има начин да влезе во вашиот живот кога најмалку ја очекувате! Можно е да се создаде мувла во било која точка од животниот циклус на вашата билка, но дури и да успеете да го дочекате целиот развој без мувла, последните две недели пред жетвата (и првите неколку недели по жетвата) се всушност времињата кога постои најголема веројатност да бидете нападнати!


Ова е навистина фрустрирачко, бидејќи мувлата прави туфките да се сосема небезбедни за пушење и најчесто се појавува откако веќе сте посветиле месеци и месеци на напорна работа, труд и посветеност во вашиот раст. Ако не сте внимателни, мувлата може да ја уништи целата билка! НИКОГАШ не пуши мувлосани туфки! Ако цветовите изгледаат влакнесто бели, кафеави, црни или сиви - не пушете ги! Дури и ако сте имале неколку успешни жетви, може да има работи што случајно и несвесно ги правите, што може да ги зголемат вашите шанси за мувла. Одредени видови се многу поподложни на мувла во текот на нивниот животен век, така што добрите практики ќе одат со вас долг пат за да бидете сигурни дека мувлата никогаш нема да ве засегне, без оглед на тоа која врста ја одгледувате! Постојат исто така врсти на канабис отпорни на мувла, како за внатрешно, така и за надворешно одгледување.


Од каде доаѓа мувлата?

Не пушете вакви туфки и не правете масло од нив!
За среќа, мувлата е навистина лесна да се спречи и постојат многу алатки и техники кои можат да ви помогнат да се изборите со мувлата, па никогаш не треба да се грижите за тоа повторно! Ако ги обезбедите основите, можете да ја спречите оваа голема болест да ги уништи вашите растенија! Сите мувли доаѓаат од спори. Мувлата е вид на габа, фунга. Но, како спорите стигнуваат до вашите растенија? Тие можат да се следат од било каде во секое време и секогаш има одредено количество спори на мувла во воздухот доста насекаде каде што одите. Иако е навистина одлична идеја да го задржите вашиот растечки простор колку што е можно стерилно чист, сепак е можно спорите на мувлата да се појават без оглед на тоа што (не) правите.


Всушност, НАСА неодамна почна да расте разни растенија во вселената и тие беа шокирани кога дознаа дека нивните цвеќиња почнаа да добиваат мувла во премногу влажни услови! Дури и НАСА не знаеше дека мувлата ќе може да преживее до Меѓународната вселенска станица. Поентата е дека спорите на мувлата најверојатно постојат во вашиот простор за растење или околу вашите растенија во мали количини, но за среќа тие едноставно не можат да растат и да го нападнат растението без потребните услови за тоа. Бидејќи е лесно да се создаде средина за да се спречи мувлата да ги заземе вашите растенија, можете да бидете сигурни дека сите спори никогаш нема да „расцветаат“ на вашите канабис билки! Во текстовите што ќе следуваат ќе објасниме повеќе за трите најчести периоди кога може да се појави мувлата, врсти отпорни на мувла, како и совети и техники за успешно спречување на мувлата засекогаш :)

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Grow Weed Easy

Sunday, September 17, 2017

Важноста на процесот наречен „КЈУРИНГ“ (curing) за квалитетот и потентноста на цветовите

Кјурингот е процес што ја прави разликата помеѓу „ОК туфки“ и „туфки кои заслужуваат златен медал“! 

Кјурингот завршува две примарни задачи на молекуларно ниво: намалување на количеството на хлорофил во цветовите, но исто така разложување на шеќерите. Овие две цели заради кои примарно се извршува кјурингот, истовремено даваат значително помазен чад кога цветовите се пушат. Туфките стануваат попотентни (помоќни), со тоа и полековити, подолго се задржуваат лековитите состојки, се задржува убавата боја на цветот, трихомчињата целосно созреваат, а цветовите со кјурингот добиваат многу поубава арома којашто се задржува многу подолго, ако понатаму канабисот се чува соодветно (во затворени стаклени тегли на пример, на суво, ладно и темно место, може и во ладилник/замрзнувач). Редукцијата на хлорофилот ја отстранува аромата и вкусот на сено и свежо косена трева. Билката што кај пушачите дава вкус на искосен тревник, едноставно треба да помине низ процесот „кјуринг“

Лист за впивање на влажноста
Кјурингот е процес на „подобрување“ на правилно исушените цветови од канабис и овозможување со тоа хлорофилот и шеќерите во него да се разложат и ослободат, со цел да се подобри аромата, вкусот, бојата и потентноста. Отстранувањето на шеќерите за време на кјурингот ја зголемува мазноста за време на пушењето, за повеќе уживање, за подобар лек. Туфките кои не поминале низ кјуринг, најчесто знаат да предизвикаат непотребно кашлање и може да ги насолзат очите, едноставно да предизвикаат моментанла состојба што наликува на алергиска реакција. Оваа моментална реакција е предизвикана токму поради присуството на хлорофил и шеќери во туфките. Со цел ова да се избегне тревата значи не само што треба да е правилно одгледана, правилно исушена, туку и правилно „излечена“ (cured). Искусните одгледувачи од порталот Mass Roots сметаат дека канабисот што поминал „кјуринг“ е помалку веројатно да предизвика моментална анксиозност и главоболка, особено кај еуфоричните сатива врсти.

Оптималното ниво на влажност за кјуринг зависи многу од природата и густината на цветовите што ќе бидат „лекувани“ и таа треба да биде околу 45-55%. Температурите под 18°C (65 F) не се препорачани, поради тоа што тие драстично го успоруваат сушењето и процесот кјуринг. Температурите од 18-24°C (65-75 F) се најдобри за кјуринг. Оваа многу важна последна фаза од култивацијата значително ја подобрува аромата од терпините и вкусот на секоја врста канабис. Кјурингот исто така ги намалува шансите од појава на мувла во цветовите, особено кај густите индика туфки. Со оглед на тоа што цената на канабисот на црниот пазар сè уште не е пристапна за сечиј џеб, а исто така пристапот до квалитетен цвет е ограничен поради забраната, овој едноставен (бесплатен) процес за подобрување на квалитетот на вашиот лековит цвет е од суштинско значење!


Одгледувањето канабис вклучува четири различни стадиуми:

1. Вегетација
2. Цветање
3. Сушење
4. Кјуринг

Црниот пазар врши притисок врз одгледувачите да го игнорираат овој четврт толку значаен процес и да го пуштаат својот производ на пазарот „неизлечен“ со цел да обезбедат брз профит и поради тоа што на црниот пазар нема контрола на квалитет на финалниот производ. Буквално кажано, она што се случува е како да купувате „нестасано вино“...


Како правилно се одвива кјурингот?

Кјурингот е од суштинско значење!
Откако цветовите се правилно исушени, кјурингот може да започне! Одредувањето на соодветното ниво на влажност може да се спроведе со употреба на „snap“ тест. Ако стебленцата и гранчињата од туфчињата се свиткаат и се доволно суви за да се скршат, без меко да се свиткаат, цветчињата се спремни за кјуринг. Кјурингот не бара поседување на скапа и комплицирана опрема. Сè што е потребно е стандардна голема тегла којашто убаво херметички се затвора или сличен сад што може да се затвори и кој ќе се чува на темно место. Овој процес во просек одзема грубо кажано од две недели до два месеци! Различни канабис врсти може да бараат малку различни услови и периоди за кјуринг.

Во основа, колку е подолг кјурингот, толку е подобра аромата и зголемена е потентноста на цветот и цветот е повкусен при консумирање. Откако ќе ги сместите исушените цветови во тегли, отварајте ја теглата секој ден за да обезбедите циркулација на воздухот помеѓу цветовите и за да им дозволите да „дишат“. Оваа постапка некои одгледувачи сметаат дека треба да се прави еднаш дневно - да се отвори теглата и да се изложи на чист воздух за околу 15 минути. Ова овозможува хлорофилот и шеќерите што се ослободиле да избегаат од теглата со отворањето на капакот и ова го поттикнува распаѓањето на овие непотребни сосотојки.

Некои одгледувачи препорачуваат теглите за кјуринг да се отвараат на секои два-три дена и да се оставаат отворени за околу 1-3 часа. Без разлика која шема ќе ја примените, она што е важно е дека теглите треба да се отвараат на редовна основа (процесот мора да биде непрекинат и континуиран до крајот) и воздухот да се овозможи да циркулира краток период. Самите уверете се која е разликата кога пушите цвет кој не бил соодветно или воопшто „излечен“ и цвет кој бил долго време на кјуринг. Екстрактите исто така ќе ви бидат подобри, доколку ги правите од почетен материјал кој е правилно исушен и излечен.

Ако по првата проба на цветот се чувствува мирис на амонијак, тоа сигнализира дека билката не е комплетно исушена. Ако ова се случи, тревата треба да се доисуши и потоа да ѝ се направи curing. Како што кјурингот продолжува, при самиот крај не мора толку често да ги отворате теглите. На крајот на процесот, ако теглата може да се чува затворена за период од една до две недели и кога е отворена, не обезбедува мирис на амонијак или хлорофил, лекот е подготвен за консумирање. Некои одгледувачи експериментираат со периодите на кјуринг, па има дури и такви кои сметаат дека кјурингот треба да трае две години, тврдејќи дека тоа резултира со екстремно мазен чад кој има подобрена потентност и канабиноиден и терпински профил што нуди поголема медицинска ефикасност и/или зголемен психоактивен ефект, а исто така цветовите поубаво согоруваат кога се пушат.


Дополнителни совети за правилен кјуринг

Добро чувана лево
УВ светлото ги уништува цветовите, поради тоа многумина ги обложуваат теглите со нешто темно по боја. На порталот HERB велат дека влажноста во теглите треба да биде точно 60-65% и препорачуваат кога го правите „снап тестот“ цветовите да не се пресушени и целосно кршливи на допир, туку поголемите стебленца од туфчињата уште да може да се виткаат. Вие ќе одредите како е најдобро за вас и за досушување на цветовите пред и за време на кјурингот некои ставаат лист хартија за впивање на влажноста. Секојдневно проверувајте ги туфките, отварајте ги теглите на 10 минути за да ја излуфтирате влажноста. Кјурингот значи се извршува со цел полека да се извлече влажноста од центарот на цветовите.

За добар кјуринг треба да издржите минимум 2 месеца, за канабисот убаво да се исуши и да не ја изгуби свежината. Вака се добива на јачина и треба теглите да се отвараат редовно, бар преку два дена и тоа по 10-15 минути. Да се отстрани и не дозволи влагата, т.е. да не се спури теглата! Затоа се суши минимум 5-7 дена во сушара пред да се стави во тегли, баш кога гранчињата ќе се кршливи, тогаш е спремно за кјуринг. Секако треба провев и темно место со температура околу 15-20°C“ - додаваат од порталот Џоинт МК - Канабисот Е ЛЕК.



Запомнете: „Најбавите туфки се на другата страна од стравот!“ ;) - поздрав од авторот и уредник на овој портал, основач и лидер на движењето за целосно ослободување на канабисот во Република Македонија 420macedonia. Сподели го овој текст! ТИ СИ ПРОМЕНАТА!!!


Автор: Monique Konopova
Извори: Herb, Mass Roots

Sunday, August 13, 2017

Што да одгледувам? Индика или сатива?

Термините Cannabis sativa L. и Cannabis indica Lam. биле создадени за да се разликуваат овие две врсти на семејството Cannabaceae. Сличноста на сите канабис билки е дека секоја канабис билка, без разлика на која врста ѝ припаѓа, е лековита. Треба пред сè да се водите според тоа за што ви треба лекот, какви заболувања сакате да третирате, па во однос на тоа која/кои врсти ќе ги одберете - ќе го прилагодите одгледувачкиот простор. Постојат повеќе клучни разлики помеѓу сативите и индиките: како изгледа самата билка, како изгледа цветот и листот, како расте, па сè до тоа каков ефект му даваат на корисникот. Нашиот тим 420 Macedonia направи мало истражување на разновидните генеалошки и научни податоци за да ги проучиме денешниве видови канабис од минатото во нивната оригинална животна средина од која првично потекнуваат и еве дојдовме до овие заклучоци: 


Потеклото на Индиките и Сативите

Додека не постои начин за точно да се дефинира колку долго канабисот постои на оваа планета, најраните докази за употребата на канабисот од страна на човекот датираат илјадници години назад кон далечниот Исток. Потеклото на домородниот канабис се смета дека е од Јужна и Централна Азија, со дивиот канабис кој се протега од Блискиот Исток до Кина и Монголија, па понатаму на Север. Но, како е возможно разни видови на канабис да се развиваат одделно околу истите земјини пространства?


Како сите живи организми, канабисот исто така еволуирал и се прилагодувал на животната средина и тоа го прави до ден денес (како сите останати живи организми, вклучувајќи нè и нас самите). Родните предели на канабисот лоцирани со релативно блиска оддалеченост едни од други, а врстите се разликуваат меѓу себе. Како? Одговорот зошто секој вид еволуирал поинаку лежи во нивните различни климатски фактори на потекло. Климатските услови значително варираат поради географските разлики - започнувајќи од подножјето на Хималаите, до низините на долините Хинду Куш, па сè до врвовите на планините Риф во Мароко. 


Култивирање и физички аспекти

Еволутивните трендови им помогнаа на најраните канабис билки во поглед на размената на гасовите, а тоа доведе до зголемување на нивната стапка на фотосинтеза, која пак доведе до зголемување на производството на семе и цвет, со што канабисот го обезбедува соствениот опстанок и напредок на своите видови. Денес на сличен начин како што тоа се одвива во природата, одгледувачите на марихуана ги користат еволутивните карактеристики на индиките и сативите за да ги зголемат своите приноси коишто во најголема мера зависат од начинот на одгледување и животните услови за растење во нивните градини/гроу боксови. 

Оние кои љубат индор одгледување (во затворен простор) можеби сакаат пократки билки, поради ограничениот простор за растење, па затоа можеби преферираат индика врсти канабис. Оние одгледувачи кои повеќе љубат да одгледуваат аутдор (во надворешни услови), поради тоа што најчесто се соочуваат со жешка и влажна клима, повеќето од времето одбираат сативи. 


СОВЕТ 1: Надворешните одгледувачи ќе сватат дека позбиените, цврсти и густи индики се поотпорни на штетниците од градината, додека внатрешниот одгледувач ќе дојде до заклучокот дека тенките и нежни сативи се поотпорни на мувла, особено на прашкастата мувла во одгледувалиштето.


Сè зависи од условите на животната средина на растечкиот простор и индивидуалните карактеристики на избраните врсти од страна на одгледувачот. Па, дури и тогаш, резултатот не е толку предвидлив поради повеќе фактори, пред сè бидејќи секој генотип има можност да развие и појави нови особини (или фенотипови) кои можат да се разликуваат неизмерно од нормата кога растенијата се одгледуваат во услови на кои тие не се навикнати. 


СОВЕТ 2: Билките одгледувани со МНОГУ ЉУБОВ, секогаш даваат поголеми приноси и имаат многу полековит ефект! ;)