Showing posts with label десерт. Show all posts
Showing posts with label десерт. Show all posts

Thursday, July 2, 2020

Медени канабис стапчиња - сладок десерт и лековит третман за пациентите и уживателите!

МЕД + ЕКСТРАКТ ОД КАНАБИС = ЕЛИКСИР НА ДОЛГОВЕЧНОСТА! Тешко е да се биде во чекор со растечката листа на производи за јадење со канабис достапни денес. Благодарение на растечкиот легален канабис пазар во целиот свет сега достапни се многу вкусни и интересни лековити производи од канабис за јадење! Стапчињата од мед со канабис во моментов се хит на пазарот и постојат повеќе причини зошто е пожелно да го пробате канабисот во оваа слатка форма


Медените канабис стапчиња се превкусен десерт, закуска со многу придобивки, практични се за употреба, интересни и неодоливи! Овие пластични сламки исполнети со слатка и лековита супстанција доаѓаат во различни концентрации на канабиноидите CBD и/или THC. Обично овие канабиноиди доаѓаат во форма на концентриран екстракт. Ова му дава на производителот поголема слобода во манипулирањето со концентрациите и им овозможува на пациентите подобра контрола врз одредувањето на соодветната канабиноидна доза. Ова е особено корисно кога станува збор за THC, бидејќи интоксикациониот ефект може да биде огромен за почетниците кога се консумира во форма на медено стапче. 

Терапија со канабиноиди во преносливи сламки! Мешавината од мед и масло од канабис е лесно пренослива, дискретна и лесно може да се консумира на повеќе начини. Пациентите можат да го пијат медот со канабис директно од сламката или да го додадат во пијалаци или храна. Стапчињата од канабис и мед - како и другите производи за јадење со канабис - можат потенцијално да помогнат во лекувањето на низа симптоми, благодарение на потенцијалните терапевтски придобивки како на медот, така и на канабиноидите и да ја зголемат ефикасноста на третманот со масло од канабис. 


Канабидиолот (CBD) и делта9-тетрахидроканабинолот (THC) се два главни и најпопуларни канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис во големи концентрации. Двете CBD и THC поседуваат значителни терапевтски способности и честопати се консумираат во прехранбена форма (edibles) за да се балансира биорасположивоста во однос на времетраењето и времето на започнувањето на медицинскиот ефект. Производите со канабис за јадење, хемиски се променуваат во дигестивниот тракт, што им дава помала биорасположивост од испарувањето (вапоризирањето). Како и да е, предноста кај EDIBLES е што олеснувањето од тегобите трае подолго време, обично од четири до шест часа.

ЦБД покажа терапевтски потенцијал во лекувањето на симптоми како: аутизам, епилепсија, болка, нарушувања на расположението, несоница и воспаленија. Студиите исто така сугерираат дека THC има потенцијал како антиинфламаторно средство за отстранување на болка и антиеметско својство. Впрочем двата канабиноиди покажаа придобивки во третманот кај канцери! Самиот мед има значителни здравствени придобивки и антибактериски својства. Истражувањата покажуваат дека медот има голем број на способности што упатуваат на неговиот терапевтски потенцијал. Ова значи дека може да го направи идеален третман заедно со терапевтските канабиноиди. Античките Египќани користеле мед за лекови, балсамирање и жртвување. 



Студии се спроведени за да се тестира историската точност на „античкото знаење“ и тие резултираа со резултати кои покажуваат дека медот помага при заздравување на раните и има антибактериски својства. Особено, медот Манука може да се бори против инфекциите, како и бактериите во дигестивниот тракт што водат до чиреви. Медот исто така, има анти-воспалителни својства. Една од најимпресивните придобивки на медот е неговата способност да го намали воспалението. Воспалението може да го оштети ткивото, да предизвика болка и во хронична состојба може да доведе до посериозно заболување. Значи, секој производ со антиинфламаторно дејство може да биде од голема корист за пациентите. 

Една студија од областа дигестивна хирургија (2002), ги испитала и споредила ефектите алтернативната и конвенционалната медицина, т.е. на медот и фармацевстскиот лек преднизолон (prednisolone), конвенционален антиинфламаторен (антивоспалителен) лек, врз модели на стаорци со воспалително заболување на цревата. Студијата откри дека кога се инјектира интраректално, третманот со мед е исто толку ефикасен како преднизолон за управување со воспаление на (улцерозен) колитис. Според истражувањето, медот исто така има можност да го намали формирањето на слободните радикали во воспаленото ткиво. Слободните радикали на кислород можат да играат клучна улога во воспалителните реакции. Значи, секое намалување на слободните радикали може значително да помогне во лекувањето на воспалението.


Друга студија од 2012 година, објавена во Меѓународното друштво за ендоксини и вроден имунитет (International Endotoxin & Innate Immunity Society), сугерира дека специфичните видови на мед, со потекло од Нов Зеланд, биле способни за значителна антиинфламаторна активност. Примероците од мед како што се: rewarewa, manuka и kanuka можат да го намалат воспалението со намалување на производството на супероксид на човечки неутрофили. Ова игра клучна улога во воспалителните активности на неутрофилите. Заклучокот на студијата е дека одредени видови на мед демонстрираат клинички релевантни антиинфламаторни активности.

Како и канабисот така и медот поседува анти-микробни способности. Но, намалувањето на воспалението не е сè што гледате од употребата на мед. Овој природен еликсир има силни антимикробни дејства благодарение на својата структура. Со висок осмотски притисок, ниска pH вредност, реакција на оксидација на гликоза и низок потенцијал на редокс, медот не го поддржува растот на бактериите. Една студија, објавена во Меѓународната канцеларија за епизоотика од 2004 година, дури откри дека египетскиот мед од детелина имал антибактериско дејство врз бактеријата E. Coli и Salmonella. Овој антибактериски ефект се чинеше дека е малку позначаен против E. Coli и беше поизразен со повисоки концентрации на мед.

Како и неговото терапевтско дејство, медот е особено вкусна и погодна состојка благодарение на неговиот долг рок на траење, слично како и екстрактот од канабис. Всушност медот е познато како единствена храна која никогаш не се расипува, не го губи вкусот и квалитетот, туку го менува само изгледот со текот на времето! Иако можеби не останува во совршена состојба засекогаш (се згрутчува), анти-микробните својства на медот, како што е неговата мала содржина на вода, значи дека сите организми што можат да го расипат медот не можат да преживеат во него. Најлошото што ќе се случи со медот е што ќе се кристализира со текот на времето, што може да се поправи со загревање.


Македонија е местото каде што го градиме нашиот следна високо професионална фабрика и веќе сме во процес на реализација, преку нашите партнери таму, ние сме оптимално позиционирани“ - велат канабис експертите од компанијата CANNERALD. Приклучете се во нивниот проект CANNERGROW и заработувајте легално - https://cannergrow.com/r/MV1ZSK 


Консумирањето мед со храна или пијалаци на пример со чај е исто така многу честа појава. Значи, потрошувачите може да утврдат дека стапчињата од мед со канабис се лесен и дискретен начин да се употреби производ од канабис. И благодарение на прецизно измерените сламки што се користат во медените канабис стапчиња, тие исто така можат да обезбедат сигурен и лесно пренослив начин за дозирање на внесот на канабиноиди. Благодарение на силните антиинфламаторни и антимикробни способности на медот, како и сличните антиканцерогени и останати активности на канабиноидите, како што се THC и CBD, пациентите со автоимуни нарушувања би можеле да имаат особена корист од медените канабис стапчиња. 

Имунолошкиот систем кај лицата со автоимуни нарушувања го напаѓа организмот и често предизвикува воспалителен одговор кој може да предизвика низа симптоми. Ревматоидниот артритис, воспалителната болест на цревата и целијачната болест се три такви автоимуни нарушувања, особено исцрпувачки за време на нивните болни воспалителни реакции. Стапчињата од мед и канабис се опција пациентите да се справат со овој вид на болка заради интеракцијата на канабисот со CB2 рецепторите и долготрајните ефекти на дигестивно консумирање производи од канабис.

Точно е дека треба да се направат повеќе студии за ефикасноста на медот во комбинација со консумирање канабиноиди, луѓето секогаш треба да бидат внимателни, особено кога ги консумираат овие заедно со конвенционалните лекови, бидејќи конвенционалните лекови можат да предизвикаат голема штета. Сепак, стапчињата од мед со канабис можат да понудат удобен, дискретен и ефикасен третман за оние кои страдаат не само од автоимуни нарушувања. Доколку живеете во Македонија или некое друго место, каде што марихуаната сè уште е само бизнис на Владата и не сте во можност да си дозволите патување и посета на државите каде што оваа билка е делумно/целосно легализирана, со цел да ги пробате овие медени канабис стапчиња, Ви препорачуваме самите да си ги направите! Еве како:



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Rxleaf

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Како Nicolas Trainerbees ги тренира своите пчели за да произведуваат КАНАМЕД? :P

Конопот може да биде дополнителен извор на полен за пчелите кон крајот на сезоната

Факти за тоа како се користел канабисот во Антички Египет

Saturday, October 6, 2018

Нов сладолед од канабис наменет за пациентите во Флорида

Компанија со седиште во Флорида продава сладолед со доден канабис за да им помогне во третманот на луѓето кои страдаат од разни заболувања, најчесто пациенти со рак. Визија на Heavenly Hash: Да се подобри квалитетот на животот на луѓето, а истовремено да се обезбеди природен сладолед производ со најдобар вкус


Вкусно и здраво! ;)
Компанијата Heavenly Hash Creamery од Lakewood Ranch го создаде десертот врз основа на идејата од еден вработен, кој исто така е медицинска сестра на онкологија, објавува WOFL. Сладоледот содржи ЦБД, втората најпопуларна активна состојка од марихуаната. Всушност, сладоледот содржи многу мали количини на THC, најпопуларната психоактивна состојка од растението и може да им се продава и на луѓе без медицински марихуана картички.

Работникот / медицинската сестра од компанијата сакаше висок протеински продукт кој ги храни пациентите, но исто така ја ублажува и нивната болка и ја поткрепува терапијата. Пациентите со рак имаат проблеми со мускулите и губење на тежината. Д-р Ашок Кана (Ashok Khanna) вели дека тој е поборник неговите пациенти да го користат производот на Heavenly Hash, затоа што истиот ја намалува нивната зависност од лекови за болка на рецепт.

Логото на компанијата
Навистина е реткост да се види канцеларија на лекар со реклама за сладолед, но д-р Ашок Кана рече дека не може да се спротивставува на резултатите што десертот ги дава кај неговите пациенти. „Има смисла да им дадеме нешто што ќе ги направи да се чувствуваат подобро“ - вели д-р Кана. Клиниката Khanna’s Winter Garden е една од дури 30-те други клиники кои го продаваат новиот ЦБД сладолед. Компанијата го прави сладоледот измешан со чист ЦБД екстракт, кој е изведен од коноп и д-р Кана вели дека има смирувачки ефект за пациентите; дури и ослободување од болка. 

Иако производителот тврди дека производот не содржи THC од марихуаната, се смета дека возможно е да содржи само мали количества во трагови. Тој коефициент е толку низок што сладоледот всушност може да им се продаде на луѓе кои немаат медицински марихуана картички. Клиниката на д-р Кана почна да продава разни ЦБД производи оваа година, кога виде дека пациентите имаат големи подобрувања од нив и често ја намалуваат употребата на лекови на рецепт како резултат на канабис производите. Вработените од Heavenly Hash одлучија да ја креираат верзијата за сладоледот, бидејќи едноставно рекоа дека има смисла, особено кај пациенти со рак.

Еден од големите проблеми кај пациентите со рак е кахексијата (cachexia), што е нивниот мускулен отпад и губење на тежината“ - вели Метју Истман (Matthew Eastman) од Heavenly Hash. Па, дел од персоналот во слаткарата, кој случајно се погоди дека е медицинска сестра на онкологија, размислуваше за создавање на високо мастен, високо протеински сладолед кој содржи Канабидиол. Идејата: да им се помогне на оние пациенти да стават малку храна во себе, додека ја смируваат болката лекувајќи го ракот. „Тој помага со вознемиреност, помага со болката, помага со воспалението и исто така го има и овој смирувачки ефект, без да го добијат хајот така да се каже“ - рече Френ Фенинг (Fran Fanning) вработениот кој ја предложив идејата.

Д-р Кана рече дека единствениот голем недостаток што тој го забележал кај CBD и другите медицински производи од марихуана досега е стигмата што производите сè уште ја носат. Тој признава дека дури и тој на почетокот бил скептичен, а неговата сопруга, поранешен советник за дрога, цврсто се спротивставила на производите, но откако направила многу истражувања и ги видела позитивните резултати што ги дава кај пациентите, сега природната алтернатива е главен дел од нивната практика.

* Предупредување: овој производ може да ви помогне во терапијата, меѓутоа само големи дози и големи количества во подолг временски период на високо потентни екстракти со висок процент на ТХЦ можат успешно и безбедно да ве излечат од секаков вид на канцери (мин. 60 мл. со над 80% ТХЦ во 90 дена);
* Визија на Heavenly Hash: Да се подобри квалитетот на животот на луѓето, а истовремено да се обезбеди природен сладолед производ со најдобар вкус;
* Мисија на Heavenly Hash: Да се понуди гурмански природен сладолед кој ги обезбедува придобивките од канабиноидите со висока хранлива вредност што ќе ги намали трошоците за здравствена заштита и ќе го подобри квалитетот на животот на потрошувачот.


Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: News4jax

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

За пронаоѓачот на магичните колачи со марихуана!

Магичните колачи со канабис му го променија животот на ова момче

Канапутерот е основата на скоро секој магичен колач. Еве како се прави КАНАПУТЕР!