Monday, June 15, 2020

Хроничните рани и лузни зараснуваат побрзо и почисто кога се применува канабис!

Хроничните рани зараснуваат побрзо и не оставаат лузна, доколку се применуваат препарати од канабис. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Оваа статија содржи фотографии од рани на пациент што можат да бидат вознемирувачки или непријатни за некои читатели. Се вели дека времето ги лекува сите рани, но за жал секогаш на тоа место останува лузна... Дали канабисот може да помогне во овој случај? 


Хроничните рани можат да дојдат со низа симптоми вклучувајќи: крварење, мирис, кора, ексудација, болка, печење и естетски лош изглед. Истражувањата откриваат дека 67,7 проценти од малигните рани имаат барем еден од овие симптоми, додека 11,5 проценти имаат три од овие симптоми. Раните го прекинуваат интегрираниот систем кај структури како што се кожата, косата и ноктите, кои го штитат организмот од оштетување. Овие рани и лузни често можат повторно да се појават и продолженото искуство со болка та може сериозно да го намали квалитетот на животот. Болката од овие рани, кои се движат од умерена до тешка, е честа појава. За жал, соодветниот третман е често недостапен, така што лековите против болки како што се опијатите се вообичаен конвенционален и многу штетен третман. Со оглед на сериозните несакани ефекти на опиоидите и зависноста што ја создаваат, потребен е побезбеден третман за хронична болка предизвикана од раните. Отворените рани, исто така може да резултираат со инфекција, што може драстично да ги зголеми: хоспитализацијата, трошоците за здравствена заштита и дури и потенцијалниот морбидитет. 

Една студија од 2001 година открила дека, дури и по чиста и стерилна операција, стапката на инфекција кај раните е 8%. Овој ризик значително се зголемува кај постарите пациенти, со 25 проценти стапка на инфекција по стерилна операција за пациенти постари од 60 години. Раните исто така можат да бидат неверојатно излекувани, без да остане лузна! Малигните рани дури можат да бидат и опасни по живот, со можност од појава на гангрена! Негата на палијативна рана се фокусира на лекување на болката и други симптоми, бидејќи заздравувањето е малку веројатно. Истражувањата ни кажуваат дека канабисот има многу голем потенцијал како аналгетик со антиинфламаторно и антибактериско дејство. Сите овие својства би можеле да помогнат во лекувањето и заздравувањето на хроничните рани. Надворешното нанесување канабис на кожата (топично) е третман за хронични рани. Една студија од 2017 година објавена во „Journal of Pain and Management Symptom“ има за цел да го реши проблемот со управувањето на болката кај пациентите со рани. Истражувачите се обратиле кон канабисот за можни решенија. Всушност канабисот е растение со коешто веднаш ќе го решат овој проблем.

Со многу анегдотични и историски докази за примена на разни производи од канабис на отворени рани, како и некои предклинички студии, истражувачите од оваа студија го испитувале ефектот на топичната (надворешна) употреба на медицински канабис кај отворени рани. Учесниците добија рани како резултат од биопсии, што беа неопходни за да се отфрлат други можни болести. Во студијата имаше тројца учесници, т.е. случаи. Тие само пријавуваа нивоа на болка секојдневно, на скала од нула до десет. Потоа, пациентите добиле третман за рани со топична примена на медицински канабис и повторно им било побарано да пријават дневни резултати за болка. Пациентите исто така ја забележувале употребата на опиоиди за време на третманот.

Студијата траеше 17, 21 и 12 недели, пред топичниот третман со канабис за пациентите број еден, два и три. Потоа 33, 9 и 21 недела, по топичниот третман со канабис. Резултатите покажаа дека сите тројца пациенти откриле дека надворешната употреба на медицински канабис предизвикала ефект на намалување на болката во рок од 3 до 5 минути од примената. Исто така, забележано е значително намалување на дневните пријавувања на болка кај првите двајца пациенти по воведувањето на третманот со топичната употреба на канабис. Импресивно, сите пациенти пријавиле клинички значајно намалување на болката. Намалување на болката од 30 проценти или повеќе е клиничката стандардна граница, што треба да се премине за намалување на болката, а сите пациенти забележале намалување на болката поголема од 30 проценти. Еден пациент од студијава забележал намалување на болка од 66,5 проценти, двајца пациенти намалување од 73,4 проценти, додека кај некои пациенти тројно намалување од 65 проценти.

Истражувачите заклучиле дека овие случаи демонстрираат дека надворешната (кожна) употреба на медицински третмани со канабис може да обезбедат ефикасно олеснување на болката кај пациентите со рани. Покрај тоа, ова олеснување на болката може да се појави преку апсорпција на канабиноидите THC (тетрахидроканабинол) и CBD (канабидиол). Затворањето на раните и лузните со помош на канабис е возможно и докажано! Со значителни докази кои покажуваат дека канабисот има способност да ја намали болката предизвикана од раните, следното прашање е: што може да направи канабисот за затворање на хроничните рани, на пример оние предизвикани од употреба на синтетички дроги по пат на вбризгување кај зависниците? Заздравувањето на раните бара појава на многу екстрацелуларни и меѓуклеточни системи за успешно комбинирање. Ова е честопати неверојатно тешко да се постигне и може да бара низа терапии. Особено раните од изгореници, тешко се лекуваат и заздравуваат.

Една студија од 2016 година разгледала како комбинацијата на традиционалните лекови добиени од растителни производи може да помогне кај ваквите рани кои се последица од изгореници. Направено со комбинација на масла од сусам, диви фстаци, ореви и смолата од цветот на растението канабис сатива (коноп) - оваа формула се користеше за лекување на рани од изгореници кај глувци. Пациентите го примениле третманот топично (надворешно) два пати на ден, во период од 21 ден, при што контролната група останала нелекува (плацебо). Резултатите покажаа дека производот што содржи коноп значително го подобрил затворањето на раните од изгореници по десеттиот ден од третманот. Додека истражувачите не ги разгледуваа механизмите на третман и беа вклучени други растителни масла, тоа е индикација дека канабисот може да помогне во затворањето и заздравување на раните!

Друга студија од 2018 година ги разгледала ефектите на активната состојка од марихуаната - канабиноидот канабидиол (CBD), кај оралното заздравување на раните. Користејќи ги моделите кај стаорци, студијата инјектира стаорци со различни дози на ЦБД. Резултатите покажаа дека иако третманот со инјектирање не резултираше во клиничко ниво на подобрување, ЦБД се чинеше дека има антиинфламаторно дејство врз раното зацелување на раните. Како и со повеќето истражувања за канабис, потребни ни се пообемни клинички испитувања пред да донесеме конечни заклучоци, иако искуството веќе го докажува тоа. Сепак, ова е ветувачки почеток што може да обезбеди надеж за пациентите со хронични рани и лузни.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Rxleaf


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Дац најпрво го отстрани меланомот мачкајќи го со канабисово масло, а сега ја нема повеќе и лузната!

Дали знаевте дека може да консумирате канабис преку папокот?

Дац од Скопје целосно го отстрани меланомот од своето лице мачкајќи го со домашен екстракт од канабис!

Како да се третира егземата и други кожни заболувања со помош на канабис?

За оваа мајка со тежок облик на егзема канабисовото масло е незаменливо ЧУДО!

Студија: Канабиноидите пронајдени во канабисот може да ја намалат одржливоста на клетките на меланомот

Овој скопјанец речиси целосно го уби ракот на кожа со канабисово масло!

Лекување лузни и рани од орален канцер со канабис

Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 1 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 80 - 85)

Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 4 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 88 - 91)

No comments:

Post a Comment