Tuesday, April 24, 2018

Како да се третира егземата и други кожни заболувања со помош на канабис?

Егземата, псоријазата како и многу други состојби на кожата, може да биде тешко да се лекуваат со конвенционални третмани. Но, има природна надеж. Еве како да се третира егзема со помош на канабис


Листата на медицински апликации на канабисот постојано расте! Во 29 држави со медицински програми за марихуана, дерматолозите им објаснуваат на пациентите со кожни состојби, како што е егземата, дека канабисот може да биде ефикасен и природен третман. Егземата е сеопфатно име за различни состојби на сува кожа која многу чеша. Имено, егземата вклучува: црвенило, јадеж и суви лушпи. Често се јавува на зглобовите, рацете и нозете, но може да се појави насекаде, вклучувајќи го и лицето, скалпот, вратот и очните капаци. Егземата е честа појава и кај деца и кај возрасни, кои обично се соочуваат со спорадични воспаленија, неизбалансиран имун систем, премногу стрес. Ајде да видиме зошто природните масти и креми со екстракт од канабис се многу поуспешен и побезбеден лек за егзема од стандардните лекови на рецепт? 


Егземата не може засекогаш да биде искоренета, но со помош на канабис како целосно природен третман, се доведува под контрола. Обично, дерматолозите препорачуваат користење чувствителни (детски) сапуни за нега на кожата и навлажнувачи. Меѓутоа, во многу случаи се потребни масти на рецепт и креми кои често содржат стероиди и може да предизвикаат хормонски пореметувања. Луѓето развиваат егзема поради голем број причини, кои понекогаш тешко се откриваат. Факторите на животната средина, алергиите и стресот можат да предизвикаат појава на егзема. За многумина со егзема, сувата, испукана кожа, чешањето и црвенилото се доживотно прашање... Одговорот е КАНАБИС! Овие лица треба да избегнуваат штетна декоративна козметика и средства за хигиена кои содржат одредени хемикалии и токсини, треба д акористат навлажнувачи, специјални сапуни и маст/крема од канабис која многу едноставно може да си ја направат самите во својот дом! Во некои случаи само мачкањето не е доволно, па пожелно е организмот секојдневно да се храни од внатре со активните состојки од марихуаната преку екстракти (орално или ректално).


Според американската Национална асоцијација за егзема (National Eczema Association), канабисот може да биде ефикасен третман за егзема. Истражувањата покажуваат дека канабиноидите имаат својство да се справат со чешањето, анти-микробно својство и антиинфламаторно својство - па сите овие својства заедно прават ефективна алатка за справување со егземата. Употребата на канабис како третман за егзема оди подалеку од д-р Хенри Греџер Пифард (Henry Granger Piffard), основач на светски познатиот весник JAMA Dermatology. Д-р Пифард, кој живеел од 1842 до 1910 година, бил лидер во изучувањето на дерматологијата. Тој пишува во првиот учебник што некогаш бил објавен за дерматолошки лекови, „пилула од канабис индика пред спиење понекогаш ми даваше олеснување на нетолерантното чешање од егзема“.


Канабисот е ефикасен во голема мера поради тоа што кожата содржи ендоканабиноидни рецептори. Овие рецептори се дел од ендоканабиноидниот систем, мрежа од невротрансмитери и рецептори што постојат природно низ целото наше тело ( и телата на сите цицачи). Ендоканабиноидниот систем кој има канабис рецептори кои комуницираат со сите природни канабиноиди, како што се оние кои се наоѓаат во канабисот, го доведува организмот во хомеостаза. Преку комуникација со канабиноидните рецептори на кожата, фитоканабиноидите пронајдени во канабисот може да го намалат јадежот и црвенилото. Долгорочната употреба на канабис не се одразува негативно на целокупното здравје на долг рок, напротив - тоа го балансира целиот организам и не прави никакви пореметувања, како на пример стероидните креми. Толеранцијата према канабисот се решава едноставно, со промена на кремата во која има малку поинаков канабиноиден состав.


Канабисот исто така ја третира егземата контролирајќи ги бактериите што најчесто ја предизвикуваат. Staphylococcus aureus е вообичаена бактерија што се наоѓа кај луѓето. Несаканите ефекти не секогаш бараат третман, но може да доведат до тешки случаи на егзема. Според Националната асоцијација за егзема, најчестите канабиноиди можат да ги контролираат епидемиите од овој вид бактерии. Друга придобивка од канабисот кога станува збор за егземата е дека локалните лосиони со ТХЦ можат да го намалат воспалението. Не само што канабисот може да го подобри изгледот на кожата и да го намали јадежот поврзан со егземата, да ги отстрани моцолчињата, па дури и брчките, исто така може да ги контролира и бактериите одговорни за инфекцијата. Ефикасноста на канабисот оди многу подалеку од хомеопатијата.


За да избегнете нешто што ќе ја влоши ситуацијата, наместо да ја смири вашата егзема, треба да имате неколку работи пред вид. За некои случаи на егзема, дерматолозите ќе препишат стероидни креми. Со текот на времето, телото гради отпор кон овој вид креми, што значи дека треба да користите поголеми количини од дозата препишана на рецепт. Стероидниот крем може да ја истенчи кожата, па дури и може да предизвика розацеа (rosacea). Полошо од тоа, стероидниот крем може да стигне во крвотокот преку кожата. Ова може да го зголеми нивото на крвниот притисок и шеќерот во крвта и да влијае на вашите хормони со текот на времето. Стероидните креми не се наменети за континуирана употреба, иако често се препишуваат, дури и на деца како примарен лек за егзема. Ова е причината зошто знаењето за тоа како да се третира егземата по природен пат со канабис може да биде подобро за целокупното ваше здравје на долг рок.


Не секој вид на канабис и не секја маст/крема ќе бидат најсоодветни за сите пациенти со егзема и за сите конкретни случаи. Значи треба да ја најдете/одгледате/направите најсоодветната врста канабис/крема за вас. Луѓето со егзема обично имаат чувствителна кожа, што значи дека одредени терпени можат да предизвикаат иритација на кожата. Побарајте канабис производи кои се наменети за иритирана и воспалена кожа. На пример, не користете локални канабис масти за третирање болки во зглобовите. Одберете/направете производ во кој доминира CBD или има некој сличен сооднос на THC-CBD. Секогаш започнувајте со мали дози. Ако се одлучите за некој готов комерцијален канабис производ за третирање на оваа кожна состојба, треба да бидете внимателни истиот да не содржи пестициди, тешки метали или други надразнувачи на кожата. Одвојте време да ги истражите основните состојки на лекот што сте го одбрале пред да се обидете да ја поправите состојбата на кожата дури и со канабис. Како и со било кој навлажнувач или масло што го купувате во аптека, одбирајте најоргански најприродни состојки кои можете да ги најдете. Затоа секогаш е најбезбедно кога кремата/маста си ја правите сами!




Автор и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Hightimes

2 comments:

  1. ODLICHNA NAUCHNA PREZENTACIJA OD NEJZINOTO VISOCHESTVO!!!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодариме за поддршката!

      Благодариме што нè исконтактира. Канабисот е лек без разлика на кој начин се консумира. Секој начин на консумирање канабис е лековит. НУЛА СМРТНИ СЛУЧАИ, а безброј оздравени од најтешки дијагнози за кои модерната медицина нема решение! Ве замолуваме да ја лајкнете нашата ФБ страница www.facebook.com/420macedonia и да ги поканите вашите пријатели да го сторат истото за побрзо да ја ослободиме оваа Боженствена билка!
      www.420macedonia.com
      Не заборавајте да ја оцените страницата https://www.facebook.com/pg/420macedonia/reviews/
      Ве поканувам на нашата blog страница - https://420macedonia.blogspot.mk кадешто секојдневно објавуваме најнови корисни информации околу лекувањето со канабис!
      Еве го нашиот нов веб сајт: www.420macedonia.com
      Еве како сами да си го направите лекот: https://www.facebook.com/420macedonia/videos/1868213229872987/

      Срдечен поздрав од нашиот тим,
      420 Macedonia

      Delete