Thursday, December 20, 2018

Студија: Канабиноидите пронајдени во канабисот може да ја намалат одржливоста на клетките на меланомот

Фитоканабиноидите во третманот на меланом: in-vitro и in-vivo студија објавена во Journal of Investigative Dermatology во февруари 2015 година Exploiting Cannabinoid-Induced Cytotoxic Autophagy to Drive Melanoma Cell Deathкако и студија објавена во ScienceDirect во 2019 година Cannabinoids as a Potential New and Novel Treatment for Melanoma: A Pilot Study in a Murine Model - покажаа дека третманот со делта-9-тетрахидроканабинол (THC) и канабидиол (CBD) помогна да се намали одржливоста на клетките на меланомот


Клетките го изведуваат процесот автофагија, дизајниран за чистење на интрацелуларните остатоци (на пример стари делови од клетки [органели], протеини кои веќе не се потребни итн), со помош на лизозоми (органели што содржат ензими кои помагаат да се разградат протеините, мастите, шеќерите, градбените блокови на ДНК и РНА и сл). Претходно собраните докази покажаа дека во првите фази на развојот на ракот, автофагијата е корисна во помагањето да се спречи канцерогениот раст. Сепак, во подоцнежните фази, автофагијата всушност може да придонесе за формирање на рак преку обезбедување на ресурси за клетките на ракот кои помагаат во одржувањето на преживувањето. Во оваа студија, истражувачите испитувале дали канабиноидите може да предизвикаат апоптоза (т.е. програмирана клеточна смрт) и каква улога игра автофагијата во оваа индукција, кај клетките на меланомот.


Што е Меланом?

Меланомот е вид на рак на кожата, предизвикан од прекумерно ширење на абнормални меланоцити (клетки на кожата кои произведуваат меланин, пигмент на кожата) и често е резултат на штета предизвикана од сончевите УВ зраци. Иако клеточната абнормалност започнува во кожата, во подоцнежните, понапредни фази, канцерогените клетки можат да метастазираат (да се прошират и пренесат, т.е. да нападнат и далечни органи), предизвикувајќи голем ризик по здравјето на болното лице и ако растот на канцерогените клетки е неконтролиран и не лекуван соодветно, тогаш може да настапи и смрт.


Други видови рак на кожата вклучуваат карцином на базалните клетки (Basal cell carcinoma - BCC) и карцином на сквамозни клетки (Squamous cell carcinoma - SCC) и меланом. Иако случаите на меланом сочинуваат само 2% од случаите на рак на кожата, поради фактот дека смртта како резултат на BCC е многу ретка, но и како резултат на SCC, со оглед на тоа што зафатените делови на кожата растат во големина и се болни, меланомот е водечка причина за смрт кај рак на кожата. Според Американското здружение за рак (American Cancer Society), во 2014 година, околу 76.100 нови случаи на меланом се очекуваше да бидат дијагностицирани, а околу 9.710 лица се очекуваше да починат како резултат на меланом. Кај мажите, меланомот најчесто се јавува на градите и грбот, а кај жените најчесто се јавува кај нозете. Меланомот, исто така, често се појавува на вратот и лицето.


Ракот на кожата е многу почест кај лицата со посветла кожа, кои имаат помалку меланин. Сепак, од витално значење е и лицата со потемни тонови на кожата, исто така, редовно да се прегледуваат од страна на нивните лекари, за појава на рак на кожата. Често се претпоставува дека поединците со потемна кожа нема да добијат рак на кожата, но кога е веќе присутен, ракот на кожата често се дијагностицира во доцна фаза, кога шансите за ремисија се помалку веројатни. Случаите на меланом се зголемуваат во текот на изминатите 30 години. Додека нови откритија помагаат да се зголеми успехот во третманот на меланомот, некои пациенти не реагираат на нив. Затоа, развојот на нови и тоа природни опции за третман е императив во помагањето да се зголемат стапките на ремисија кај пациенти со меланом, особено поради тоа што случаите на меланом се зголемуваат.



Како може рано да препознаете меланом?

Најефективен начин за откривање на меланом е да посетувате годишни прегледи кај вашиот дерматолог, кој ќе ги следи невообичаените или новите израстоци и ќе изврши биопсии на лезиите на кожата кои имаат потенцијал да бидат рак на кожа. Поединците со семејна историја на меланом треба особено да бидат сигурни дека редовно се прегледуваат. Помеѓу посетите, важно е самостојно да ја следите вашата кожа. Проверувајте ја целата кожа на телото, вклучувајќи ги пределите зад ушите, дланките и стапалата на нозете, помеѓу прстите, под ноктите, на скалпот, очните капаци и околу гениталиите и аналниот регион. Честото само-следење ќе го олесни забележувањето пред растот да стане невообичаен.


Пожелно е да се обратите на лекар доколку забележите промени како:
- Асиметрија: една половина од брадавицата или вродениот знак не се совпаѓа со другата;
- Граница: рабовите се неправилни, парталави или заматени;
- Боја: бојата не е иста низ целата површина на израстокот и може да вклучува нијанси на кафена или црна боја или понекогаш да има розови, црвени, бели или сини делови;
- Дијаметар: Местото е поголемо од 6 милиметри во целина (околу 1/4 инч - големина на гумата за бришење кај моливите), иако меланомите понекогаш може да бидат помали од ова;
- Развој: израстокот се менува во големина, форма или боја (или некоја друга карактеристика).

Други предупредувачки знаци на местото се:
- Болка што не се лекува;
- Ширење на пигмент од граничното место до околната кожа;
- Црвенило или нов оток надвор од границата;
- Промена на сензација - јадеж, чувствителност или болка;
- Промена на површината на брадавицата - испакнатост, извиткување, крварење или појава на чир/жлезда.

Ако најдете место што може да биде абнормално (во согласност со горе наведеното или необично / различно од другите ознаки на кожата на кој било друг начин) закажете преглед кај вашиот дерматолог. Понекогаш, лезиите на кожата изгледаат малку чудно, но завршуваат како бенигни (т.е. не се штетни), но единствениот начин да бидете сигурни е да го посетите вашиот дерматолошки обучен здравствен работник. Откривањето на меланом рано, пред да има потенцијал да се шири на други органи, е од суштинско значење за зголемување на шансите за ремисија и намалување на шансите за смрт како резултат на меланомот.


Како може да спречите меланом?

За да се помогне во спречувањето меланом, изложеноста на сонце треба да биде ограничена. Поединците треба да ја покриваат кожата со облека што е можно повеќе особено во летниот период (т.е. долги ракави, панталони, очила за сонце) и да носат капи за да ја ограничат изложеноста на лицето. Кремовите за сонце со широк спектар (кои ги блокираат UVA и UVB зраците) со SPF од 30+ и цинк оксид / титаниум диоксид (кои дејствуваат повеќе како физичка, отколку хемиска заштита од сонце) треба да се нанесуваат секојдневно и треба да се применат по потење, пливање или туширање (не заборавајте да нанесувате на вашите уши, раце, нос, дланки и други изложени области). Третманите во солариуми треба да се избегнуваат. Спречувањето на изложување на сонце, исто така, ќе го спречи предвременото стареење на кожата (на пример, формирање брчки).


Иако соодветните нивоа на витамин Д се од суштинско значење за апсорпцијата на калциумот и може да бидат произведени од телото како резултат на директна изложеност на сонце, потребни се само неколку минути на сонце (во зависност од вашата боја на кожа). Нивото на витамин Д, исто така, може да се зголеми на соодветни нивоа со јадење храна која содржи витамин Д, пронајден природно во мрсната риба како лосос и туна, жита или млеко збогатено со витамин Д, жолчки од јајца и сл. или со земање на витамин Д суплементи ако не е соодветна исхраната и изложеноста на сонце. Сепак, треба да се внимава (особено кај лица со проблеми со црниот дроб или бубрезите или кои земаат тиазидни диуректици) да не го зголемат витаминот Д до прекумерно ниво, без соодветна консултација со лекар.


Резултати од студијата

Студирајќи ги човечките меланома клетки in-vitro (надвор од телото), истражувачите утврдиле дека администрацијата на ТХЦ ја зголемува клеточната смрт на меланомот со помош на апоптоза зависна од автофагијата, најверојатно преку следната патека: ТХЦ води до создавање на маснотија наречена сфинголипиден керамид (sphingolipid ceramide). Сфинголипидниот керамид доведува до (1) стрес на ендоплазматичниот ретикулум (ЕР, мазниот EР е дел од клетката вклучен во липидниот и јагленохидратниот метаболизам, како и детоксикацијата, а грубиот ЕР е дел од клетката вклучен во синтезата на протеини) и (2) спречување на сигналните патишта Akt/mTORC1 (кои ја спречуваат апоптозата со инхибиција на автофагијата и доведуваат до зголемување на производството на протеини, помагајќи да се одржат клетките живи и да функционираат правилно) преку активирање на протеинот TRIB3. Овој стрес и спречување на патиштата кои доведуваат до зголемување на преживувањето на клетките, може да доведат до зголемена смрт на клетките на меланомот.


Истражувачите забележуваат дека „кога помали дози на ТХЦ се комбинираат со CBD, анти-туморскиот ефект е подобрен внатрешно“. Додека самото користење на ТХЦ помогнало да се намали преживувањето на меланомските клетки, употребата на инхибитор на каспаза (т.е. агент кој спречува активирање на ензими кои индуцираат апоптоза) помогнале уште повеќе да ја зголемат клеточната смрт на меланомот. Поважно, додека ТХЦ помогна да се зголеми клеточната смрт кај клетките на меланом во зависност од дозата (т.е. колку повисока е употребената концентрација, толку повеќе клеточна смрт се случила), немало зголемување на клеточната смрт кај нормалните меланоцити (до концентрација на THC од 6 μM, што е надвор од концентрацијата потребна за индуцирање на смртта на клетките на ракот). Затоа, THC третманот уништил абнормални / канцерогени меланоцити, но, што е најважно, не ги уништил нормалните клетки!


Користејќи глувци како модели со меланом, истражувачите ја оценија употребата на екстракт од целото растение канабис со 1:1 сооднос на ТХЦ за третман на дивиот тип меланом BRAF, форма на болеста која има ограничен третман. Тие откриле дека третманот со 1:1 THC:CBD екстракт, во концентрација од 1 μM од секој канабиноид, помогнал да се намали преживувањето на клетките на меланомот, дури и повеќе од третманот со самото THC. Спротивно на тоа, темзоломидот, агенс кај хемотерапијата кој се користи за третирање на мултиформите на глиобластом - имал многу мал ефект. Според истражувачите „Колективно, овие податоци сугерираат дека ТХЦ и формите како Sativex се поефикасни од темозоломидот во однос на апоптозната индукција и анти-туморскиот одговор, дополнително потврдувајќи ја терапевтската релевантност на канабиноидниот третман за меланом (glyoblastoma multiforme)“.


Овие резултати се особено импресивни, со оглед на тоа што алкилирачките агенси, како што е темзоломидот (кои дејствуваат со оштетување на ДНК), иако се ефикасни во намалувањето на растот на клетките на ракот / зголемувањето на клеточната смрт на канцерогените клетки кај одредени видови на рак, можат да имаат сериозно штетни несакани ефекти, на нови видови на рак. Од друга страна, употребата на канабиноиди се покажа дека е генерално добро толерирана со минимални негативни несакани ефекти. Покрај тоа, според истражувачите, „CBD индуцира апоптоза преку производство на реактивни видови кислород [агенси кои предизвикуваат оштетување на клетките и ткивата] и активирање на каспаза во клетките на ракот... што укажува на ангажирање на THC и CBD во различна молекуларна машинерија кои соработуваат за промовирање на смртта на туморските клетки.


Заклучок

Овие резултати се надополнуваат со зголемувачкиот број на докази кои сугерираат дека канабиноидите може да бидат корисни за лекување не само на меланом, туку на различни видови рак на дојка, простата, белите дробови, кожа, панкреасот, мозокот, ракот на мочниот меур, леукемијата. Поточно, тие покажуваат дека употребата на фитоканабиноиди може да биде корисна во третманот на БРАФ-мутираниот и БРАФ-дивиот тип (т.е. „нормален“ БРАФ) меланом. Ова е особено важно за пациенти со меланом BRAF-wildtype, со оглед на ограничените опции за третман за оваа форма. За разлика од алкилирачките агенси кои се користат во третманот со хемотерапија, фитоканабиноидите досега покажуваат дека имаат многу поволен безбедносен профил (не се летални), што доведува до зголемување на истражувањата за тоа дали канабиноидните терапии се поефикасни за третманот на ракот, вклучувајќи и меланом.

Автор: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova

No comments:

Post a Comment