40 годишниот жител на Скопје до сега над 23 години превентивно се дружи со билката канабис, којашто успешно се грижи за неговото најоптимално здравје. Благодарение на превентивната употреба на канабисот, ракот на кожа настанат од зрачење, воопшто не сакал ни да се развие цели три години. Но, тој реши да му стави крај на туморозниот израсток на неговото чело!
Средината на септември... |
Оваа билка нашиот соговорник ја користи за поздраво и поубаво секојдневие, за разубавување на досадните моменти, за спречување несоница, за подобрување на расположението, за поубави дружења со пријателите, за третирање главоболки и секакви болки воопшто... Буквално за сè! Во разговорот со нас тој потврди дека никогаш премногу не се грижел за сопственото здравје и токму канабисот е заслужен за неговото добро здравје.
Кога на неговата слепоочница се појавил меланом поради рентгенско зрачење од преглед, овој маж го направил вистинскиот избор - посегнал по домашно изработено масло од канабис и упорно започнал секојдневно да ја мачка невообичаената творба на кожата и резултатите се очигледни! Не верувајте на своите очи! Уверете се на сопствена кожа! Маслото од канабис ја подмладува кожата многу подобро од комерцијалните (и штетни) кремови!!!
Овој Скопјанец е свесен дека за третирање на секакви канцери потребно е масло со висок процент на ТХЦ (над 85%), значи од индика врсти (сативите се наменети за епилепсија), сепак тој е многу загрижен за македонскиот див автохтон коноп, којшто вирее слободно насекаде низ нашава земја, а од којшто може да се подготви екстракт идеален за третирање на епилептични деца. Нашиот соговорник инсистира да се превземе нешто повеќе околу тоа.
Пред месец и пол. Жива рана... |
Според докторот Пол Хорнби, патолог од Канада, кој до сега во Македонија веќе неколку пати држеше предавања на семинарите за медицинска употреба на канабисот, потврди дека во Македонија постои автохтона сорта на канабис, кој веќе е проверен во врвни лабаратории конкретно за третирање на деца болни од епилепсија. Резултатите биле одлични, а докторот се чуди зошто државата сè уште го стигматизира ова растение и сè уште не сака да превземе ништо во врска со таа конкретна врста на канабис идеална за третирање епилептични напади, затоа што таков сооднос на канабиноиди не може да се добие по вештачки пат, па дури ни со врстување на врстите...
„Ја шириме вистината за канабисот отворено. Над 20 години ја дружиме билкава, реалност е... Инаку со маслово млатам еден меланом веќе месец и пол. Остана розева дамка! Како 85 % да исчезна!!! Рик Симпсон ќе го тетовирам жими се ако ова ми го спаси животот!“ - истакнува тој! Тој пробал со маслото да го отстрани меланомот речиси на шега и резултатите се вчудоневидувачки. Тој за среќа исто така се сетил својот случај да го документира во етапи со фотографии како го уништува ракот на кожа.
Жално е тоа што кога некој ќе се одлучи да се лекува на природен начин со алтернативна медицина, којашто треба да биде примарна, најчесто нема поддршка од блиските и околината. На овој човек не му било лесно како прво да стигне до вистинскиот лек, а како второ отежнување било тоа што немал поддршка практично од никого, осуден бил на потсмев и неверување. Сепак, паметно постапил што не кажал никому дури до сега, затоа што не дозволил никој да му ја сруши вербата во исцелението што само може да ја зголеми и забрза моќта на канабисот. „Сам, без поддршка од никого... Не сакав никого да визнемирувам... Сега се фокусирам на следните пречки во животот“ - дополнува среќниот скопјанец.
„Инаку ова беше рана во развој. Три години. После едно рентген зрачење. И се појави. Но, пошто многу дувам... 🙂 изгледа немал плодна почва меланомот да се развива 🙂 Ама летово беше критично. Почнав со третманот на Рик Симпсон. И стигнав до тука“ - истакнува тој. „Додека не се средам анонимно затоа што канцерот уште е тука, но кога целосно ќе се спасам и јавно со име и презиме тоа ќе го кажам! До Нова Година треба да биде крај на мачкањето. Кога веќе ќе го немам меланомот, ќе документирам со чисто чело. Еве како изгледаше проблемот пред месец и пол - жива рана. Ве молам анонимно, за да имам слобода и мир во лекувањето. Ви благодарам и со почит...“ - заклучува тој.
„Македонија воведе нови поштенски марки. Пред да седнат на столчињата новава „Влада“ - Фрчко им препорача да ја легализираат „дрогата“. Па, изгледа ќе успееме со Марихуаната...“ - за крај додава тој :) Па, во продолжение може да ги погледнете новите македонски поштенски марки! УСПЕАВМЕ! Го ослободивме конопот во Република Македонија! :D
1.) Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 1 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 80 - 85)
2.) Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 2 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 85 - 86)
3.) Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 3 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 86 - 88)
4.) Информации за Лекувањето на Други Болести Кожни Состојби - 4 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 88 - 91)
Нашиот соговорник СЕГА! Само уште мала розева дамка :) |
Тој нè поздравува со овие маркици :) |
No comments:
Post a Comment