Showing posts with label безбеден. Show all posts
Showing posts with label безбеден. Show all posts

Friday, July 17, 2015

5 факти за Канабидиолот (CBD) кои мора да ги знаете

Канабидиол (CBD) е канабиноид, кој за разлика од канабиноидот THC (Тетрахидроканабинол) не те прави напушен. Поради ова врстите на Марихуана кои имаат повеќе CBD, а помалку THC не се барани и посакувани од страна на рекреативните корисници. Од друга страна пак, овие врсти се повеќе барани од страна на пациентите како лек, за да го избегнат психоактивното дејство

Хемиска структура на Cannabidiol.

1. CBD е круцијална состојка во Марихуаната

Канабидиолот е еден од над 60-те состојки на Канабисот, кои спаѓаат во групата на молекули наречени канабиноиди. Количината на канабиноидите е различна кај секое растение. Канабидиолот и тетрахидроканабинолот најчесто се најголемиот процент од сите канабиноиди во растението и токму затоа се најпроучувани и најпопуларни.

Марихуаната растена за рекреативна употреба содржи повеќе THC од CBD. Сепак, со користење на селективни техники на вкрстување на врстите, одгледувачите успеале да создадат хибриди со високо ниво на CBD и многу ниско ниво на THC. Овие врсти се поретки, но станаа многу популарни изминативе години за медицинска употреба. Таква врста е „Charlotte's web“ создадена со вкрстување од страна на браќата Стенли на нивната фарма со Канабис, за медицинските потреби на девојчето Шарлот (Чарли) со Драветов синдром (тешка форма на епилепсија):



2. CBD не е психоактивен

Канабидиолот не е психоактивен бидејќи не влијае на истите патеки во мозокот и телото како THC. Овие патеки наречени CB1 рецептори се одговорни за умствените ефекти од тетрахидроканабинолот. Извештајот објавен во 2011 година во „Current Drug Safety“ заклучува дека „не ги попречува психомоторните и психолошките функции“. Авторите додаваат дека неколку студии сугерираат дека CBD е „добро толерирано и безбедно“ дури и во големи дози. 


3. CBD има широк спектар на медицински придобивки

И покрај тоа што CBD и THC влијаат  на различни патеки  во телото, генерално тие имаат многу исти медицински придобивки. Според извештајот од 2013 година објавен во British Journal of Clinical Pharmacology, студиите октрија дека CBD  ги има следниве медицински својства:

  • Антиеметичко -          Намалува гадење и повраќање;
  • Антиконвулзивно -    Потиснува епи-напади;
  • Антипсихотично -      Против психијатриски                                                                  нарушувања;
  • Анти-воспалително - Против воспалителни болести;
  • Антиоксидант -          Против невродегенеративни                                                        нарушувања;
  • Антиканцерогено -     Против тумори и канцерогени                                                    клетки (рак);
  • Анксиолитик / Анти-депресив - Против анксиозност и                                                                  депресија;

Многу пациенти ширум светот се лекуваат со екстракти и тинктури со канабиноидите THC и CBD. За жал многу помалку од студиите се спроведувани врз луѓе, а многу повеќе врз животни. Фармацевтска верзија  на CBD неодамна беше развиена од страна на една фармацевтска компанија базирана во Велика Британија. Компанијата GW Pharmaceuticals сега ги финансира клиничките испитувања на CBD како лек за шизофренија и одредени типови за епилепсија. Тим од научници пак, од California Pacific Medical Center, предводени од страна на д-р Sean McAllister изјави дека се надеваат дека ќе започнат испитувања врз луѓе за CBD како третман против рак на дојка.


4. CBD ги редуцира „негативните“ ефекти од THC

CBD нуди природна заштита од чувството на „high“ поради канабиноидот THC. Бројни научни истражувања потврдуваат дека CBD го намалува ефектот на THC, како што се моменталните краткотрајни потешкотии со меморијата, а понекогаш параноја и сонливост. CBD исто така му противдејствува на ефектот на Марихуаната да поттикнува на сон.

Ниту CBD, ниту THC (ниту пак другите канабиноиди) потврдено е дека не можат смртно да се предозираат! 


5. CBD сè уште е нелегално

И покрај тоа што CBD се користи како лек, овој канабиноид (како и останатите) се` уште е нелегален во многу делови од светот. CBD се смета како наркотично средство од прв ред во САД, додека пак во Канада се смета за наркотично средство од втор ред. 

Од друга страна пак, Агенцијата за храна и лекови неодамна одобри обид за фармацевтската верзија на CBD кај деца со ретки форми на епилепсија. Овој лек се нарекува Epidiolex. Според компанијата овој лек содржи повеќе од 98% CBD, количини во трагови од некои други канабиноиди и нула THC. Оваа компанија прави и друг лек базиран на Канабис, наречен Sativex кој беше одобрен во над 24 држави за третирање на мултиплекс склероза.

Патент доделен за Американското здравство и општествени служби во 2003 година (US6630507) исто така ја опфаќа употребата на CBD како третман за различни невродегенеративни и воспалителни болести.

Tuesday, June 23, 2015

„Здраво. Јас сум Кејти...“ - Канабис против Пери Ромберг синдром!

Драги 420 пријатели! Запознајте ја Кејти. Таа е едно од лицата на Канабисот, едно од лицата спасено со помош на ова чудотворно растение... Едно од прекрасните, среќни и насмеани лица, кое доби поквалитетен и подолг живот благодарение на оваа билка! Животните патешествија на овие деца и возрасни ја имаат моќта да го разубедат и најголемиот противник на легализацијата и најголемиот поборник на забраната на цвеќето наречено Марихуана. Можеби ќе си речеш: „Ма што ми е мене гајле за оваа________? Нејзин проблем. Она е болна, сама нека си се бори. Што има јас да се замарам? Што имам јас од тоа?“ 


Генерациите се менуваат и треба да се трудиме да оставиме подобра подлога зад себе, за генерациите што следуваат. Со еден збор - доколку ние сме се мачеле, да направиме барем нашите деца да не се соочуваат со истите проблеми како нас! Болестите не бираат. Светот се менува, а со него се јавуваат и нови болести, а постојат и многу болести кои се` уште не се доволно, точно или целосно истражени, а лекот е ист, не се менува и постои од кога постои оваа планета - КАНАБИС! 

Ова може да биде човекот кој го сакаш најмногу. 
Ова може да биде твоето дете...
Ова може да бидеш ти! 

Кејти боледува од синдромот
Пери Ромберг и само
Канабисовото
масло и ги олеснува маките,
давајќи `и поквалитетен живот
КЕЈТИ: „Јас имам една многу ретка болест наречена Пери Ромберг (Parry Romberg Disease). Постојат само околу 500 дијагностицирани случаи во светот. Причината за ова заболување се` уште е непозната, а лекот исто така е непознат. Кај мене првите симптоми се појавија кога имав 7-8 години. Не бев дијагностицирана се до мојата 18-та година, кога ги открив последиците од оваа болест. Со прости зборови кажано, мојата глава се топи, се јаде сама себе. Мојата глава и моето лице се губат пред моите очи, а особено мојата лева страна.

До пред да наполнам 34 години, дознав како оваа болест завршува. Се веруваше дека болеста достигнува до одредена фаза, меѓутоа едно научно истражување објавено во 1981 година со неколку лични сведоштва од пациенти, покажа дека 2/3 од луѓето заболени од Ромберг, продолжуваат да боледуваат се` до атрофија на мозокот. Оваа болест до сега 26 години го троши ткивото на моето лице, вклучувајќи го черепот на лицето, мускулите, масното ткиво, но и видот. Ова најверојатно ќе заврши и со зафаќање на функцијата на мојот мозок, оставајќи дупки. 

Понекогаш болката е страшно неподнослива - без разлика дали е физичка, ментална или емоционална. Да се страда од нешто, за кое најпаметните луѓе на земјава страдаат да го разберат - е вистинска мака. Страдањето од постојаните општествени предрасуди на секаде на патот претставува повеќе и од најголема болка. Нападите и другите нарушувања одат рака под рака со Ромберг, поради што олеснувањето од сите овие маки е речиси невозможно“.

Право на избор! Дали ти би сакал/а да се лекуваш со смртоносни лекови кои создаваат зависност или пак, по природен пат - со растение кое не може да ти наштети?

„Канабисот и канабисовото масло се појавија во мојот живот токму кога јас се трудев да најдам начини за олеснување од оваа болест. Јас пробав многу лекови, па дури и Метадон и исклучително инвазивни процедури со цел да ја редуцирам болката, бидејќи не постои начин за запирање на оваа болест. Канабисовото масло не само што ми помогна да се справам со болката на сите нивоа, тоа ми овозможи да бидам активен учесник во животот на моето семејство. Лекот Оксикотин (Oxycontin) и другите тешки и јаки, опасни лекови беа на мојот хоризонт, да не се појавеше Канабисот

Јас секогаш ќе бидам болна од синдромот Пери Ромберг, но благодарение на Канабисовото масло, јас имам шанса за поквалитетен живот без болка.“