Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
ТЕЛ АВИВ - Во пресрет на светската пандемија од коронавирус - во канабисот е спасот! Израелска болница ќе започне со тестирање на пациенти засегнати од вирусот КОВИД-19 со медицински канабис, за кој е познато дека има антивирусни и антибиотски својства, како дел од новиот експериментален третман
Иако за целосно излекување од некоја сериозна болест или за стабилизирање на состојбата кај одредени медицински дијагнози потребни се сите активни состојки од канабисот, поради придружниот ефект и нивното меѓусебно содејство, сепак истражувачите решија да го испитаат ефектот само на комерцијално популарниот канабиноид канабидиол кај пациенти позитивни на Коронавирус. Тоа е не-психоактивна компонента во канабисот, исто така позната како CBD, која може да го забави ширењето на вирусот ковид-19 и да спречи пациентите кои се во умерена состојба, да не преминат во критична состојба. Десетици пациенти со КОВИД-19 во умерена состојба во Медицинскиот центар Ичилов во Тел Авив се очекува да бидат (из)лекувани.
Барак Коен (Barak Cohen), искусен анестезиолог, кој е одговорен за управување со одговорот на коронавирусот во болницата, истакна дека третманот ќе ги ублажи симптомите со употреба на „компонента од растението канабис што се смета за безбедна и не создава зависност“. Одделно, истражувачите од универзитетот во Тел Авив започнаа со развој на лек базиран на CBD, за кој се покажа дека е ефикасен против воспаление на клетките на белите дробови инфицирани со коронавирус. Институтот за технологија Technion во Хаифа, исто така работи на развивање на два комплементарни лекови засновани на разни врсти канабис за борба против вирусот. Првиот ќе се обиде да го намали имунолошкиот одговор на пациентот, додека вториот има за цел да го забави текот на болеста со намалување на експресијата на рецепторот, протеин што му овозможува на вирусот да прима и испушта супстанции надвор од клетката.
„Нашата лабораторија е одобрена да работи како лабораторија за коронавирус и во моментов промовираме две студии засновани на постоечки студии за канабис“ - изјави за порталот Calcalist професорот Дуди Меири (Dudi Meiri), кој го води тимот на Технион. „Прво, ќе се обидеме да ги идентификуваме имуните клетки на растението кои се способни да го потиснат имунолошкиот одговор на коронавирусот, што предизвикува воспаление и заболувања. Молекулите на канабис растенијата имаат способност да ја намалат реакцијата на имунолошкиот систем без целосно да го потиснат, а со тоа да обезбедат подобар комплементарен третман од стероидите, кои целосно го потиснуваат имунолошкиот систем“ - додаде тој.
Во втората студија д-р Меири ќе се фокусира на рецепторот што му овозможува на вирусот да го инјектира својот генетски израз во човечките клетки и да се размножува. „Постои процес што го испитува ефектот на молекулите на канабис врз протеините“ - објасни тој. „Сега истражуваме кои од нив се релевантни за истиот рецептор, со цел да се намали неговиот израз, отежнувајќи го вирусот да влезе во клетката и да се размножува“ - заклучува д-р Меири.
Израелско истражување покажува дека CBD има 80% успех во намалувањето на проблематичното однесување кај децата со нарушувања од аутистичкиот спектар. Оваа израелска студија неодамна објавена во престижниот зборник Neurology го испитуваше ефектот на терапија со канабис кај аутистичните деца
Студијата, предводена од д-р Ади Аран (Adi Aran), директор на единицата за детска неврологија во болницата Shaare Zedek во Ерусалим, покажа дека третманот со канабис со висока концентрација на ЦБД (непсихоактивната супстанца која се смета дека има лековити својства) ја подобри состојбата на 80% од децата во студијата. Студијата вклучувала 60 деца со просечна возраст од 12 години, чија состојба не била подобрена со конвенционална терапија. Децата беа третирани со масло од канабис со концентрација од 20% ЦБД и 1% ТХЦ во период од најмалку седум месеци. ТХЦ е главната психоактивна состојка во марихуаната која го лекува ракот. ЦБД од друга страна, нема психоактивен ефект, но сите состојки мора да бидат присутни во екстрактот барем во минимална количина, поради придружниот ефект.
На крајот на периодот на експерименталното лекување, родителите на децата ги пополнија прашалниците за да ја проценат промената во нивната целокупна состојба. Родителите беа прашани дали забележале промена во однесувањето на нивното дете, степенот на вознемиреност на нивното дете и дали се промениле комуникациските способности на нивните деца. 80% од родителите на децата кои учествувале во студијата пријавиле намалување на проблематичното однесување, при што 62% проценти пријавиле дека однесувањето на нивното дете значително се подобрило.
Начхол Коен (Nachshol Cohen), основач на Cannabium - првото место за купопродажба на CBD рече: „Според неверојатниот извештај, осумдесет проценти од децата пријавиле подобрено функционирање! Се надеваме дека ова истражување ќе помогне да се дојде до концептуална промена од страна на регулаторите и креаторите на политиката, што ќе доведе до научен импулс што недвосмислено ќе ги покаже позитивните ефекти на канабисот врз различни здравствени проблеми“. Студијата исто така покажа дека половина од децата кои учествувале во студијата, воедно пријавија подобрување на нивото на комуникација, при што 40% велат дека нивните симптоми на анксиозност значително се подобрија. Една третина од учесниците не покажаа симптоми на анксиозност пред да започне студијата.
Според еден од водечките активисти за употреба на марихуана и екстракт за лекување на многу сериозни дијагнози, Рик Симпсон (Rick Simpson), маслото од канабис може да понуди многу терапевтски придобивки, особено состојката ТХЦ. Што е најважно, маслото од канабис подготвено во домашни услови по неговиот рецепт е во состојба целосно да го излечи ракот!!!
Активистот Рик Симпсон
Лечење на рак со канабис е една од најновите теми кои се здобиваат со сè големо внимание, а групата луѓе кои се противници на третманот на канцерите со помош на висококонцентрирано масло од целиот цвет на канабисот, сè повеќе и сè побрзо се намалува. Големата дебата што се случува во денешното општество за тоа дали канабисот е во состојба целосно да излекува рак, се губи во сенката на секојдневните факти и растечкиот број на примери (живи докази) што ја потврдуваат моќта на екстрактот. Никој нема да го негира фактот дека ракот е една смртоносна болест која влијае на животот на милиони луѓе. Секоја година повеќе од стотици луѓе се дијагностицираат со една или друга форма на рак. Лицето заболено од рак многу добро знае дека нема постојан унифициран и сигурен конвенционален третман за рак. Не постои гаранција дека конвенционалниот третман за рак, како што е хемотерапија или зрачење, може целосно да го излечи лицето.
Иако, семејствата на пациентите со рак се обидуваат да се придржуваат кон конвенционалниот третман и кога тој третман нема да даде никаков ефект и кога лекарите ќе кренат раце - канабисот кој претставува секундарна алтернатива, наеднаш магично станува чудотворен лек, кој буквално ги воскренснува пациентите со канцери од смртната послета! Тогаш тие сфаќаат дека канабисот треба да е на прво место, а конвенционалните третмани и операциите - крајна и непотребна нужда... Никогаш не е предоцна и многу пациенти со рак се радуваат на природните алтернативи, како што е маслото за третман на рак на Рик Симпсон (НЕ МАСЛОТО ОД АПТЕКА!), коешто можете да си го направите самите во вашиот дом. Во овој поглед, некои научници посочуваат дека канабиноидите како ТХЦ или ЦБД се еднакво одговорни за лекувањето на ракот благодарение на придружниот ефект. Сепак, американскиот активист Рик Симпсон, се обидува да истакне дека ТХЦ претставува клучен фактор за лекување на ракот.
Оние кои страдаат од рак знаат многу добро дека соединението ТХЦ од маслото од канабис е најмногу одговорно за лекување на ракот. Високата количина на THC, заедно со присуството на останатите канабиноиди и други сосотојки во концентрирана форма, може да го доведе ракот под контрола, сè до негово целосно исчезнување. Маслото од канабис направено по рецептот на Рик Симпсон најдобро се прави од индика видовите на растението и врстите со повеќе ТХЦ. Сепак, екстрактите што се произведени содржат огромна количина на THC во нив и THC е одговорната состојка за лекување на многу здравствени состојби, вклучувајќи и рак. Всушност, Рик Симпсон смета дека ТХЦ-маслото е главен убиец на ракот. Би било многу неправедно ако некој вели дека ЦБД воопшто не е корисно, сепак ТХЦ е најодговорно за убивањето на ракот.
Во основа, ТХЦ се врзува за канцерните рецепторни клетки заедно со други области, како што се мозокот, имунолошкиот систем или централниот нервен систем за извршување на одредени функции. Клетките на ракот умираат поради апоптоза. Ако внимателно се погледне во маслото од Рик Симпсон, може да се види дека клетките на ракот умираат поради оксидативниот стрес. Јадрото се ослободува од митохондриите. Тоа, исто така води до формирање на протеин p53. Притоа, го блокира природниот пат за клетките да добијат храна. Кога клетките на ракот не ја добиваат потребната храна, тие гладуваат до смрт. Сега лекувањето на ракот со канабис е овозможено поради соединението THC во него. ТХЦ маслото подготвено по рецептот на Рик може да го излечи ракот целосно и безбедно за само 90 дена (60 мл масло) со спречување на неговиот раст, а притоа, му помага на пациентот да води здрав живот и да продолжи со здравиот стил на живот и по закрепнувањето од дијагнозата.
Кога консумирате било каков вид на продукт од канабис, без разлика дали по пат на пушење, вапоризирање, дебинг или јадење, може да се запознаете со различни канабиноиди, но најчесто со THC, CBD и CBN. Со помош на Cannabistraininguniversity направиме споредба на активните состојки од канабисот CBN и CBD, за подобро да разберете како тие функционираат
Овие канабиноиди циркулираат во крвотокот и одат низ останатиот дел од телото и завршуваат во мозокот. Кога станува збор за мозокот, канабиноидите се активираат од специјални невронски рецептори, кои произведуваат различни ефекти во главата и низ телото. Канабидиолот (Cannabidiol-CBD) нема да ве надува, но Канабинолот (Cannabinol-CBN) ќе даде малку психоактивен ефект, но тој е многу лесен.
Разберете ги CBN и CBD споредбите како клуч кој отклучува одредена врата. Кога копчињата ја отвораат вратата, има пораки кои ќе поминат низ нив, ќе одат директно во мозокот, а потоа и низ целото тело. Ако имате било каков вид на вознемиреност, CBD ќе ја отклучи и ќе ја отвори вратата, сигнализирајќи го вашето тело да ги ослободи оние хормони кои предизвикуваат анксиозност. Процесот може да се чини дека е покомплексен отколку што претходно го опишавме, но можеби веќе сте ја добиле сликата. Ајде сега да обрнеме подетално внимание на производството на ЦБД и ЦБН во канабис билката.
Споредбите на CBD и CBN укажуваат на нивните разлики и сличности: дека и двата постојат во билката марихуана и двата од нив се канабиноиди и двата од нив се во интеракција со невроните во мозокот. Сепак, да ги пронајдеме и разликите? Разликата е целокупното производство на овие два канабиноиди во канабис растението. Сè започнува со биосинтезата во билката и комбинацијата на хемиски елементи како: Канабигерол (Cannabigerol-CBGA), која на крајот произведува Канабихромен (Cannabichromene-CBCA), Канабидиолична киселина - CBDA и Тетрахидроканабинолна киселина - THCA. Сите тие дејствуваат како родители на канабиноидите, бидејќи претставуваат киселинска форма на: CBC, THC и CBD.
Сето ова се случува додека марихуаната поминува низ фазата на раст до бербата. Откако ќе се обере, растителниот материјал ќе се користи за консумирање, но ефектите на тревата нема да се почувствуваат веднаш. Киселиот облик на канабиноидите, прво треба да се распадне за да се почувствува хајот, па затоа процесот на нивно кршење се нарекува декарбоксилација. Ова се прави со загревање на марихуаната, користејќи еден од два методи. Еден метод се врши во рерна, а другиот е со пушење на исушените цветови во форма на џоинт.
Кога ќе ги активирате (декарбоксилирате) цветовите од марихуаната, врските се распаѓаат од одредената топлина, дозволувајќи им на киселините да се оттргнат и оставајќи ги: CBD, CBC и THC. Затоа единствениот начин на кој можете да пристапите до било која форма на CBD е преку процесот на декарбоксилација. Можеби се прашувате зошто ние не го спомнавме CBN како што првпат почнавме да ги објаснуваме CBN и CBD споредувањата. Па, да видиме... CBN не е ист како овие кисели форми на канабиноиди. Постојат два начини на кои може да се произведе CBN. Можете да го користите процесот на стареење, но и процесот на декарбоксилација. Додека декарбоксилирате, ќе откриете дека дел од THC ќе се распадне понатаму и ќе се претвори во CBN. Тоа е како разделување на атом во помали субатомски единици. Добрата работа е дека овој процес на декарбоксилација е побрз. Процесот на стареење бара повеќе време.
„Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - вели авторот наовој текст, кој сака да ни соопшти дека ЦБД е алтернативен третман за артритис кој со голема брзина добива популарност... Но, со прекрасна причина
Пушењето канабис е форма на лекување
ЦБД за артритис станува популарна варијанта на третман за 52.5 милиони Американци здобиени со хроничната болка. Без разлика дали се работи за остеоартритис или ревматоиден артритис, следи објаснување за како ЦБД помага кај болката, воспалението и целосниот квалитет на живот на погодените од артритис.
ШТО Е ЦБД?
Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, по не знам кој пат ќе повториме што е ЦБД. Канабидиолот е еден од повеќе од 80-те различни канабиноиди најдени во канабисовото растение заедно со ТХЦ. Но, за разлика од ТХЦ, ЦБД не е психоактивен, т.е. не напушува. Во основа, во ЦБД се состои целиот медицински третман на канабисот кога се исклучува напушувањето што го прави природен третман за кој и да е човек. ЦБД делува како антидотум на ефектот на ТХЦ, што значи дека треба да се консумираат заедно.И не постои причина да се плашиш за да го користиш ЦБД, бидејќи канабисот е нелегален. ЦБД екстрахиран од индустриски коноп со само 0.3% на ТХЦ или помалку е ПОТПОЛНО легален.
Постојат повеќе од 100 типови на артритис, вклучувајќи ги и овие два кои што се водечка причина за инвалидитет во САД. ЦБД помага и во двата случаи. Ревматоидниот артритис е автоимуна болест која погодува луѓе од сите возрасти. Имуниот систем го напаѓа телото мислејќи дека е бактерија или вирус и така го разложува мекото ткиво во зглобовите и околу коските, што е проследено со воспаление кое води до влошување, болка и лузни. Остеоартритисот е малку различен. Не е автоимуна болест, туку ефект на стареење и живеење многу активен живот. Ова е најчеста форма на артритис која ги погаѓа луѓето во години. Други фактори кои предизвикуваат остеоартритис се мината повреда, прекумерна тежина, генетика и постојано телесно истрошување. При остеоартритисот, `рскавицата која ги заштитува зглобовите и коските се истрошува со текот на времето и доведува до триење на коските - што всушност е артритисот. Предизвикува: хронични болки, ригидност, чувство на гризење во коските, омекнување на коските и губење на флексибилност.
Канабисот ја спречува оваа појава
КАКО ЦБД ГО АНУЛИРА АРТРИТИСОТ?
Ендоканабиноидниот систем во телото е она што го прави ЦБД толку ефективен за артритисот. ЕКС е најголемиот регулаторен систем на телото. Цицачите имаат природни ендоканабиноиди и рецептори низ цело тело вклучувајќи ги мозокот, органите, жлездите и имуните клетки. Клучна е неговата комплексна интеракција со имуниот систем. Канабиноидите природно синтетизирани во нашите тела ја минимализираат болката и воспалението околу заболените делови. Затоа не е ни изненадувачки дека ЦБД функционира на ист начин за артритисот - се врзува за природните ендоканабиноидни рецептори во телото за да го зајакне природниот одговор на телото.
Научна студија од 2003-та ги погледнала ефектите на ЦБД врз глодари на кои им е дадена провоспалитена супстанца со цел да имитираат артритис. Кога орално им се администрирало ЦБД, воспалението се намалило. Исто така, клиничко тестирање од 2010 година кое погледнало врз пушениот канабис за невропатска болка открило слични резултати. На испитаниците им се давал само еден дим од канабис со 9.4% ТХЦ три пати дневно и истражувачите откриле дека микродозата ја намалувала болката и го зголемувала квалитетот на спиењето. Значи, и пушењето канабис е препорачано за третирање на артритис, бидејќи артритисот покрај болка предизвикува и други симптоми како: нарушено спиење, гастроинтестинален стрес и умор. И тоа е веќе поинаков начин на кој ЦБД помага при артритисот. Им помага на луѓето да се опуштат и да заспијаат, го подобрува здравјето на гастроинтестиналниот тракт и го зголемува апетитот, плус постојат дневни производи со ЦБД кои го анулираат уморот.
Постојат многу варијанти за како канабисот да се користи против артритис: површински, масло, капсули, пушење и вапоризирање на врсти и екстракти високи со ЦБД. Кетлин Меј (Kathleen May) е 45 годишна жена со артритис која користи ЦБД масло и ЦБД површински, вели: „Јас трчам и тренирав фудбал додека не ги оперирав лигаментите пред 10 години. Десното колено секогаш ме болеше после тренинг. Му ставав мраз и земав ибупрофен, но како никогаш да не ми помагаа. Пред 4 години и левото колено почна да ми претставува проблем. На рентген снимка изгледаше во ред, иако ме болеше дури и кога слегував по скали. Живеам во Висконзин и единствени легални производи беа оние со ЦБД од коноп. Три месеци откако почнав да го внесувам маслото моите колена престанаа да ме болат. Имав и други проблеми со зглобовите, но ЦБД ја среди секоја болка и со нив“.
Кетлин објасни како престанала да внесува ЦБД додека пребарувала други производи. „Една недела откако престанав да внесувам ЦБД коленото кое ми го оперираа поради лигаментите отече до големина на портокал. Бев во толкави болки што не можев ни да пешачам. Помеѓу ноември и декември го посетив мојот доктор дури 3 пати. Ми кажа дека имам артритис во коленото и најверојатно во зглобовите на дланките и лактиците (ме болеа и тие делови, но коленото беше најнеподносливо)“. Докторот ѝ препишал орални стероиди и сè уште не внесувала ЦБД. „Стероидите ми помогнаа малку со болката, но отокот не опаѓаше. Сè уште не можев да трчам и скоро да не можев да тренирам ни јога“ - вели таа.
Потоа, нејзиниот физиотерапевт ѝ препорачал ЦБД површински произведено од фирмата Fab CBD кое ѝ го променило животот. „Беше вчудоневидувачки. Не претерувам кога велам дека само за неколку денови користејќи го маслото отокот на коленото опадна, а со тоа болката веќе се толерираше. Кога почнав повторно да трчам мислев дека ќе имам големи болки, но само мала неудобност беше се што почувствував“ - заклучува Кетлин. За неа и многу други, оралната и површинска администрација на масло и крем од ЦБД на болните зглобови драстично им го подобрила квалитетот на нивните животи.
ПРОИЗВОДИ СО ЦБД ЗА АРТРИТИС
Не треба ни да се спомне дека ЦБД е помалку штетен (ВООПШТО НЕ Е ШТЕТЕН) за телото во споредба со фармафијашкиот Тиленол. Ако се купува ЦБД преку интернет важно е да се провери дека е лабораториски тестиран од трета страна за подобар квалитет и сигурност. Green Roads World за масло, капсули и храна со ЦБД. За површинска администрација, еве ја листата на порталот Herb со 10 производи за справување со хронична болка. Производи и врсти на трева со 1:1 ТХЦ:ЦБД се најдобри за ослободување од болка. Такви се: Aura CBD, Legion of Bloom, Dosist. Некои луѓе преферираат вапоризација на ЦБД екстракти за инстантно ослободување од болки. Меѓутоа, за не само наједноставна туку и за најбрза помош за изработка на екстракт обратете се на тимот на 420 Macedonia за канабисово масло подготвено според вашите потреби. Доколку некој има искуство за тоа како ЦБД лекува артритис, нека ја сподели својата приказна за сите да дознаеме!
Суровиот канабис најчесто содржи THC-A (THC Acid) и CBD-A (CBD Acid). Декарбоксилацијата ја отстранува карбоксилната киселина, конвертирајќи го ТХЦ-А во ТХЦ и ЦБД-А во ЦБД, односно канабисот се активира
Навидум ЦБД и ТХЦ маслата се многу слични
Загревањето ја декарбоксилира (активира) марихуаната. Ова е причината зошто пушењето марихуана е поефикасно отколку да се изеде истата количина сурова марихуана. Ние немаме ензим што го декарбоксилира канабисот за нас. Канабисот мора да биде декарбоксилиран (активиран) ако правите канапутер или масло, тинктури, итн. Додека ТХЦ-А и ЦБД-А имаат некои лековити ефекти, тие се во сенката на THC и CBD. Првите не се биоактивни, а другите две се. За да го декарбоксилирате канабисот, ставете го сувиот материјал во претходно загреана рерна во покриен сад. Очекувајте 10% губење на тежината кога активирате (30 грама станува 27 грама). За максимална конверзија на THC-A во THC, загревајте го канабисот на 118,3°C (245°F) во времетраење од 45-60 минути. Активирањето на домашен суров екстракт (масло) од канабис по методата на Рик Симпсон може да се изврши и на 120°C во времетраење од 20-30 минути.
За максимална конверзија CBD се загрева на 118,3°C (245°F) за 60-90 минути. Кога e правилно декарбоксилиран, канабисот ќе биде потемen, сув и лесно ќе се дроби. Некои сугерираат канабисот (или маслото кое се активира) треба да се дрши подолго во рерна или на малку повисока температура за да се добијат повисоки нивоа на CBD, на пример околу 2-4 часа. Идеално би било да се направат два теста: еден би го мерел времето (15 минути - 4 часа) и другиот температура (240°F- 340°F). Тестирањето на времињата на декарбоксилација и температурите на овој начин е слично на тест лентите што ги користат фотографите во темната соба. За да добиете масла со висок процент на ЦБД, како на пример за третирање на епилепсија и аутизам, покрај тоа што треба да бидат направени од врсти кои имаат висок ЦБД профил, сатива врсти или индустриски коноп, внимавајте исто така соодветно да декарбоксилирате. За повеќе ЦБД во овие масла можете да ги додадете и листовите од билката.
Бидете предупредени и планирајте однапред дека ќе се ослободуваат мириси. Ако вашата рерна има функција за одложено стартување, може да декарбоксилирате ноќе. Бидејќи декарбоксилирањето испарува некои од терпените, терпеноидите и другите ароми, понекогаш може да додадете 50% повеќе суров канабис колку што е декарбоксилиран за конечниот микс, велат експертите. Слично е како со завршувањето на хмељот кога правите пиво. Може да се залагате за она што ние го нарекуваме канабиноиден коктел, а.к.а. Ентуражниот ефект, свесен целосен процес на екстракција на растенијата. Компромисот е дополнително ТХЦ-А и ЦБД-А, но реалноста е повеќе терпени.
Ова масло е обично купено од луѓе кои бараат да добијат масло од CBD со сите други соединенија кои постојат во конопот, како и CBD. Често гледаме луѓе кои го купуваат ова масло, кои страдаат од проблеми со анксиозност, несоница и други благи до умерени проблеми. Суровото CBD масло нема да се обработува понатаму од неговата оригинална екстракција и затоа содржи други соединенија во него, како што е мал растителен материјал (микроскопски мал), липиди (маснотии), хлорофил и терпени, меѓу другото, бидејќи не е филтрирано.
Бојата на ова масло обично е темно зелена до црна и има дебела конзистентност. Суровите масла обично се избор за луѓе кои бараат да имаат корист од употребата на целото растение коноп, а не само канабидиол. Суровото CBD масло сè уште има способност да има повеќе проценти на CBD. Сурови или нефилтрирани не-декарбоксилирани верзии на CBD масло секогаш ќе бидат најевтина опција бидејќи не е обработено понатаму од оригиналната екстракција. Суровото ЦБД масло обично содржи понизок процент на ЦБД (канабидиол) по волумен во споредба со декарбоксилираното.
Декарбоксилирано масло
Ова масло најчесто се купува од луѓе кои прават свои CBD edibles (прехранбени прпоизводи со ЦБД) и имаат умерени проблеми со анксиозноста, како и несоница, артритис и мигрена. Декарбоксилираното е слично со суровото, освен што е активирано и прочистено. Процесот на декарбоксилација се смета за начин да се зголеми силата или ефективноста на ЦБД во ЦБД смолата и нуди побрзо време на реакција за ЦБД маслото откако ќе се внесе во вашето тело. Според Википедија: „Декарбоксилација е хемиска реакција која ја отстранува карбоксилната група и ослободува јаглерод диоксид (СО2). Обично, декарбоксилација се однесува на реакција на карбоксилни киселини, отстранување на јаглероден атом од јаглероден ланец“.
Декарбоксилираното CBD масло има повеќе ЦБД по мг. Во суштина декарбоксилацијата ќе го претвори CBDA во CBD што е не-киселинска молекула која подобро ќе одговара на вашите CBD рецептори и ќе биде повеќе „активна“ во вашето тело. Декарбоксилацијата често се нарекува „активирање“, што може да остави впечаток дека ЦБД што не е декарбоксилирано нема да има бенефиции, бидејќи не е „активно“, но тоа не е случај, едноставно кога е маслото активирано ќе биде многу полесно примано од вашето тело. Декарбоксилираната форма на CBD масло обично ќе биде темно зелена до црна со дебела конзистентност на собна температура.
Канабиноидите се покажале дека имаат антиоксидантни својства, кои не се поврзани со антагонизмот на NMDA рецепторот. Ова ги прави канабиноидите корисни за лекување на широк спектар на болести поврзани со оксидација, како што се исхемични, поврзани со возраст, воспалителни и автоимуни болести
Се смета дека канабиноидите имаат одредена примена како невропротектанти, на пример во ограничувањето на невролошко оштетување после исхемични напади, како што се мозочен удар и траума или во третман на невродегенеративни болести, како што се Алцхајмеровата болест, Паркинсонова болест и ХИВ деменција. Непсихоактивните канабиноиди, како што е канабидоил, се особено поволни за употреба, бидејќи ја избегнуваат токсичноста со која се среќаваат психоактивните канабиноиди во високи дози кои се корисни во методот на ова пронаоѓање. Посебна откриена класа на канабиноиди корисна како неуропротективни антиоксиданти е формулата (I) каде што групата R е независно избрана од групата составена од H, CH3 и COCH3.
РЕЗИМЕ НА ОТКРИТИЕТО
Целта на ова откритие е да обезбеди нова класа на антиоксидативни лекови, кои имаат одредена примена како невропротектанти, иако тие се генерално корисни во третманот на многу болести поврзани со оксидација.
Уште еден предмет на овој пронајдок е да обезбеди подмножество на такви лекови кои можат да бидат значително ослободени од психоактивни или психотоксични ефекти, кои се значително нетоксични дури и во многу високи дози и имаат добра пенетрација на ткивото, на пример, преминување на крвната мозочна бариера.
Изненадувачки е откриено дека канабидиолот и другите канабиноиди можат да функционираат како невропротектанти, иако немаат антагонистичка активност на NMDA рецепторот. Ова откритие било овозможено поради препознавањето на претходно непредвидливото антиоксидантско својство на канабиноидите воопшто (и посебно канабидиолот), кој функционира целосно независно од антагонизмот на NMDA, AMPA и каинатните рецептори. Оттука, овој пронајдокот вклучува методи за спречување или третирање на заболувања предизвикани од оксидативен стрес, како што е невронската хипоксија, со администрирање на профилактичко или терапевтски ефективно количество на канабиноид кај субјект кој има болест предизвикана од оксидативен стрес.
ОПИС
Оваа апликација е 371 од PCT / US99 / 08769 поднесена на 21 април 1999 година, со која се тврди бенефиција од бр. 60 / 082,589, поднесена на 21 април 1998 година, со која се бара бенефиција со бр. 60 / 095,993 поднесена на 10 август 1998 година.
ПОЛЕ НА ОТКРИТИЕТО
Ова откритие се однесува на фармацевтски соединенија и композиции кои се корисни како ткивни заштити, како што се невропротектанти и кардиопротектанти. Соединенијата и композициите може да се користат, на пример, во третманот на акутни исхемични невролошки дразби или хронични невродегенеративни заболувања.
ИСТОРИЈАТ НА ОТКРИТИЕТО
Постојана повреда на централниот нервен систем (CNS) се јавува во различни медицински состојби и беше предмет на интензивен научен надзор во последниве години. Познато е дека мозокот има високи метаболни потреби и дека може да претрпи перманентна невролошка штета ако нема доволно кислород (hypoxia) дури и неколку минути. Во отсуство на кислород (anoxia), митохондријалното производство на ATP не може да ги задоволи метаболните потреби на мозокот, а оштетувањето на ткивото се случува. Овој процес се влошува со невронално ослободување на невротрансмитерот глутамат, кој го стимулира NMDA (N-methyl-D-aspartate), AMPA (α-amino-3-hydroxy-5-methyl-4-isoxazole propionate) и каинат рецепторите. Активирањето на овие рецептори иницира калциумски прилив во невроните и производство на реактивни видови на кислород, кои се потентни токсини и ги оштетуваат важните клеточни структури како што се мембрани, ДНК и ензими.
Мозокот има многу непотребни резерви на крв, што значи дека неговото ткиво е ретко целосно лишено од кислород, дури и за време на акутните исхемични настани предизвикани од тромбоемболични настани или траума. Затоа, се верува дека комбинацијата на повреда на хипоксија со додадена дразба за глутаминска токсичност е одговорна за клеточната смрт. Оттука, ако додатокот на навреда за глутаминска токсичност може да се ублажи, невролошкото оштетување може исто така да се намали. Антиоксидантите и антиинфламаторните агенси се предложени за намалување на штетата, но тие често имаат слаб пристап до структури како што е мозокот (кои се заштитени од крвната мозочна бариера).
Со оглед на важноста на NMDA, AMPA и каинатните рецептори во механизмот на повреда, истражувачите се фокусирале на користење на антагонисти на овие рецептори за да се мешаат со приливот на калциум со посредство на рецепторот, кој во крајна линија води до клеточна смрт и ткивна некроза. Ин Витро студиите, со употреба на култивирани неврони покажаа дека антагонистите на глутаминските рецептори ја намалуваат невротоксичноста, но антагонистите на NMDA и AMPA / каинатните рецептори имаат различни ефекти. Антагонистите на NMDA ја спречуваат невротоксичноста, доколку се присутни за време на периодот на експозиција на глутамат, но се помалку ефикасни ако се додадат после глутамат. Спротивно на тоа, антагонистите на AMPA / каинaтни рецептори не се толку ефикасни како антагонистите на NMDA за време на периодот на експозиција на глутамат, но се поефикасни по изложувањето на глутамат.
Дел од истражувањето на овие антагонисти се фокусирало на канабиноидите, чие подмножество се антагонисти на NMDA рецепторите. U.S. Број 5,538,993 (3S, 4S-delta-6-tetrahydrocannabinol-7-oic acids), US patent. Број 5,521,215 (стероспецифични (+) THC енантиомери) и US Pat. Број 5,284,867 (dimethylheptyl benzopyrans) пријавиле дека овие канабиноиди се ефикасни блокатори на рецепторот на NMDA. U.S. Број 5,434,295 открива дека хомологот на 1,1-dimethylheptyl (DMH) хомолог на [3R,4R]-7-hydroxy-Δ6THC (познат како HU-210) е суперпотентен агонист на канабиноидни рецептори со канабиномиметичка активност два степени поголеми од природниот Δ9THC. HU-210 диметилхептилниот канабиноид, има сериозни несакани ефекти, вклучувајќи замор, жед, главоболка и хипотензија. J. Pharmacol. Sci. 60: 1433-1457 (1971). Субјектите кои го примиле овој синтетички канабиноид со диметилхептилна група, доживеале значителна психомоторна ретардација и не биле подготвени или неспособни да преземат положба на подигнување.
За разлика од HU-210, (-) (3R, 4R) THC-DMH енантиомерот (познат како HU-211) покажува низок афинитет кон канабиноидните рецептори, но ја задржува невропротективната активност на антагонистот на NMDA рецепторот.
ТХЦ (тетрахидроканабинол) е уште еден од канабиноидите кои се покажале како невропротективни во клеточните култури, но се верува дека оваа заштита е посредувана од интеракцијата на канабиноидниот рецептор, но и поради взаемната синергиска реакција со останатите канабиноиди, флавоноиди и терпини.
Иако не е јасно дали канабиметичката активност игра улога во неврозаштита против невролошката повреда предизвикана од глутамат, јасно е дека канабиноидот мора да биде антагонист на NMDA рецепторот за да има невропротективен ефект. Оттука канабидиолот (2-[3-methyl-6-(1-methylethenyl)-2-cyclohexen-1-yl]-5-pentyl-1,3-benzenediol, кој е лишен од психоактивниот ефект 38: 21-43, 1986), не се смета за корисен како невропротектант. Канабидиолот е проучуван како антипептилен (Carlini et al., J. Clin. Pharmacol., 21: 417S-427S, 1981, Karler et al., J. Clin. Pharmacol, 21: 437S-448S, 1981, Consroe et al. , J. Clin Phannacol, 21: 428S-436S, 1981), и е утврдено дека го намалува интраокуларниот притисок (Colasanti et al, Exp.Eye Res 39: 251-259, 1984 и Gen. Pharmac 15: 479-484 , 1984).
Не се забележани знаци на токсичност или сериозни несакани ефекти по хронична администрација на канабидиол кај здрави доброволци (Cunha et al., Pharmacology 21: 175-185, 1980), дури и во големи акутни дози од 700 mg/ден (Consroe et al. , Pharmacol, Biochem, Behav, 40: 701-708, 1991), но канабидиолот е неактивен во NMDA рецепторот. Оттука и покрај неговата потенцијална употреба во лекувањето на глауком и конвулзии, канабидиолот не се смета за невропротективен агенс кој може да се користи за да се спречи оштетување предизвикано од глутамат во централниот нервен систем.
ЕВЕ УШТЕ НЕКОЛКУ МОМЕНТАЛНИ ПАТЕНТИ ВРЗ КАНАБИНОИДИТЕ:
Канабидиол (CBD) е канабиноид, кој за разлика од канабиноидот THC (Тетрахидроканабинол) не те прави напушен. Поради ова врстите на Марихуана кои имаат повеќе CBD, а помалку THC не се барани и посакувани од страна на рекреативните корисници. Од друга страна пак, овие врсти се повеќе барани од страна на пациентите како лек, за да го избегнат психоактивното дејство
Хемиска структура на Cannabidiol.
1. CBD е круцијална состојка во Марихуаната
Канабидиолот е еден од над 60-те состојки на Канабисот, кои спаѓаат во групата на молекули наречени канабиноиди. Количината на канабиноидите е различна кај секое растение. Канабидиолот и тетрахидроканабинолот најчесто се најголемиот процент од сите канабиноиди во растението и токму затоа се најпроучувани и најпопуларни.
Марихуаната растена за рекреативна употреба содржи повеќе THC од CBD. Сепак, со користење на селективни техники на вкрстување на врстите, одгледувачите успеале да создадат хибриди со високо ниво на CBD и многу ниско ниво на THC. Овие врсти се поретки, но станаа многу популарни изминативе години за медицинска употреба. Таква врста е „Charlotte's web“ создадена со вкрстување од страна на браќата Стенли на нивната фарма со Канабис, за медицинските потреби на девојчето Шарлот (Чарли) со Драветов синдром (тешка форма на епилепсија):
2. CBD не е психоактивен
Канабидиолот не е психоактивен бидејќи не влијае на истите патеки во мозокот и телото како THC. Овие патеки наречени CB1 рецептори се одговорни за умствените ефекти од тетрахидроканабинолот. Извештајот објавен во 2011 година во „Current Drug Safety“ заклучува дека „не ги попречува психомоторните и психолошките функции“. Авторите додаваат дека неколку студии сугерираат дека CBD е „добро толерирано и безбедно“ дури и во големи дози.
3. CBD има широк спектар на медицински придобивки
И покрај тоа што CBD и THC влијаат на различни патеки во телото, генерално тие имаат многу исти медицински придобивки. Според извештајот од 2013 година објавен во British Journal of Clinical Pharmacology, студиите октрија дека CBD ги има следниве медицински својства:
Антиеметичко - Намалува гадење и повраќање;
Антиконвулзивно - Потиснува епи-напади;
Антипсихотично - Против психијатриски нарушувања;
Анти-воспалително - Против воспалителни болести;
Антиоксидант - Против невродегенеративни нарушувања;
Анксиолитик / Анти-депресив - Против анксиозност и депресија;
Многу пациенти ширум светот се лекуваат со екстракти и тинктури со канабиноидите THC и CBD. За жал многу помалку од студиите се спроведувани врз луѓе, а многу повеќе врз животни. Фармацевтска верзија на CBD неодамна беше развиена од страна на една фармацевтска компанија базирана во Велика Британија. Компанијата GW Pharmaceuticals сега ги финансира клиничките испитувања на CBD како лек за шизофренија и одредени типови за епилепсија. Тим од научници пак, од California Pacific Medical Center, предводени од страна на д-р Sean McAllister изјави дека се надеваат дека ќе започнат испитувања врз луѓе за CBD како третман против рак на дојка.
4. CBD ги редуцира „негативните“ ефекти од THC
CBD нуди природна заштита од чувството на „high“ поради канабиноидот THC. Бројни научни истражувања потврдуваат дека CBD го намалува ефектот на THC, како што се моменталните краткотрајни потешкотии со меморијата, а понекогаш параноја и сонливост. CBD исто така му противдејствува на ефектот на Марихуаната да поттикнува на сон. Ниту CBD, ниту THC (ниту пак другите канабиноиди) потврдено е дека не можат смртно да се предозираат!
5. CBD сè уште е нелегално
И покрај тоа што CBD се користи како лек, овој канабиноид (како и останатите) се` уште е нелегален во многу делови од светот. CBD се смета како наркотично средство од прв ред во САД, додека пак во Канада се смета за наркотично средство од втор ред.
Од друга страна пак, Агенцијата за храна и лекови неодамна одобри обид за фармацевтската верзија на CBD кај деца со ретки форми на епилепсија. Овој лек се нарекува Epidiolex. Според компанијата овој лек содржи повеќе од 98% CBD, количини во трагови од некои други канабиноиди и нула THC. Оваа компанија прави и друг лек базиран на Канабис, наречен Sativex кој беше одобрен во над 24 држави за третирање на мултиплекс склероза.
Патент доделен за Американското здравство и општествени служби во 2003 година (US6630507) исто така ја опфаќа употребата на CBD како третман за различни невродегенеративни и воспалителни болести.
Најновата студија врз Марихуаната, исто како и претходните - повторно потврди дека состојките во ова растение, а најмногу канабиноидот КАНАБИДИОЛ (CBD) се потполно безбеден и неверојатно ефикасен лек за сите видови на епилепсија
Според резултатите добиени во ова истражување, презентирани за време на овогодинешната средба на Американската Академија за Неврологија што се одржува секоја година, 213-те испитаници на различна возраст, кои живеат со разни видови на епилепсија (вклучувајќи го и Драветовиот синдром, за кој се` уште не постои ефикасен фармацевтски лек, потоа Синдромот Ленокс Гастаут, како и 2 сериозно тешки детски епилепсии), покажаа во просек 54% намалување на бројот на епи-нападите откако започнале да консумираат екстракт од Канабис. Само 12 од пациентите од 213-те кои биле вклучени во ова истражување не успеале да го спроведат до крајот, бидејќи им се појавиле благи несакани од нивна страна последици како: зголемен умор, зголемен апетит или проливи.
Испитаниците користеле екстракт од растението Марихуана богат со канабиноидот Канабидиол (CBD) - втората најактивна состојка во оваа билка, веднаш по канабиноидот Тетрахидроканабинол (THC). Овој нов препарат се нарекува ЕПИДИОЛЕКС и е произведен од страна на GW Pharmaceuticals. Овој фармацевтски лек на база на Канабис се состои од 98% CBD и други канабиноиди. Тој е лабораториски тестиран и веќе е достапен во големите аптеки и продавниците за производи од Канабис во некои земји во САД.
Студијата беше водена од страна на Д-р Орин Девински, кој е директор на Сеопфатниот центар за епилепсија при Универзитетот во Њу Јорк. Доктор Девински изјавува дека резултатите се веродостојни и ветувачки, но исто така вели дека ова е само почеток и дека треба да се спроведуваат уште истражувања. Постоечките лекови против епилепсија до сега не се потврдија како ефикасни и истите вклучуваат многу повеќе несакани последици врз здравјето на пациентите, отколку овој нов лек Епидиолекс којшто е направен од Канабис. Уморот и зголемениот апетит, што се јавиле кај само 12 од 213 испитаници не е ништо во споредба со последиците од другите досегашни лекови против епилепсија со кои пациентите лесно може да се предозираат и да настапи смрт.
Се надеваме дека Канабисот наскоро ќе се извади од листата на дроги и ќе се легализира/декриминализира како цело растение. Најстрашно ќе биде доколку ова не се случи, а наместо легализација на Канабисот фармацевтските компации ќе почнат масовно производство на лекови и екстракти од Канабис, со цел да остварат голем профит. Треба да имаме пред вид дека само целото растение и канабисовото масло на Рик Симпсон имаат најголеми здравствени придобивки, а не хемиски синтетизирани соединенија од истото.