Како се чувствувате кога сте уапсени?
Ова е она што Роланд Свифт (Roland Swift) ги запрашал своите вработени, пред да ги вработи во High Tides, диспанзерот за медицински канабис кој штотуку беше отворен во Дигби, Канада. Тоа е реалноста со која се соочуваат секојдневно, во очекување на легислативата за легализација на марихуаната, со што ќе се стави крај на диспанзерите кои се наоѓаат во Нова Шкотска. „Ние сме во сива област и се држиме за нашите вратови за да им помогнеме на луѓето. Сите сме страсни за ова и за да направиме разлика“ - рече Свифт
High Tides прво беше отворен на 31 август. Тоа е медицинска продавница за канабис, што им продава само на оние со рецепти за канабис и кои се постари од 19 години. Оваа продавница има дозвола за работа од општината Дигби и е официјална на секој начин, освен еден - диспанзерите сè уште се технички нелегални. „Ние стоиме гордо, знаејќи дека зборувавме со Ројалната канадска полиција на коњи (RCMP - Royal Canadian Mounted Police), со градот и дека тие знаат дека сме 100 проценти транспарентни. Ова е велнес центар и ние сме навистина тука да им помогнеме на луѓето“ - додава Свифт.
Диспанзерот делува како аптека
Ashley Roberts |
Време е за образование
Не само што диспанзерот работи со 100% транспарентност, туку исто така го охрабрува секој кој е љубопитен да ги достави своите прашања и набрзо да замине со одговори. „Најголемиот дел од нашата работа овде, надвор од продажбата е образованието“ - истакнува Свифт. „Повеќето луѓе кои се плашат или се против канабисот едноставно не се информирани за тоа што тој може да направи за луѓето“ - рече Робертс.
Colby Thibodeau |
„Тоа сè уште помага да се справите со болката и има други бенефиции без да го надуваат корисникот“ - додава Робертс. Медицински канабис, исто така, може да се користи за многу повеќе од само контролирање на болката, за што е најпознат. Робертс рече дека некои клиенти исто така го земаат за да огладнат, бидејќи немаат апетит. „Може да се исмејувате дека несаканите ефекти се смеа и глад, но знаете што, тие за некои луѓе се целиот свет“ - заклучува Свифт.
Лична инвестиција
Sherry Outhouse |
Сестрата на Свифт, која работела како затворски чувар и била целосно против употребата на канабисот, дури и медицински, ја изгубила битката со ракот минатиот Божиќ. Таа одлучи во своите последни недели повеќе да не зема опијати, бидејќи не можеше да помине време со своите деца. „Добивме рецепт за производи од канабис и тоа беше ноќ и ден. Таа го поврати достоинството, нејзината болка не беше голема и беше во можност да каже збогум на нејзините деца. Тоа значеше цел свет“ - рече Свифт.
Дома во Дигби
Робертс се чувствува добро во врска со нејзината нова позиција со High Tides. Тибодo се чувствува исто така, заедно со рецепционерката Шери Оутхаус. „Имавме навистина добар прием во Дигби и мислам дека тоа е добар знак“ - рече Робертс. Свифт се согласи, велејќи: „Единственото нешто што сум го забележал е многу љубопитност, што ние го поздравуваме тука“. Додека разговара за неговиот бизнис, неколку луѓе минуваат низ вратите. Едниот е средовечен, другиот е постар, а третата се чини дека е во нејзините доцни дваесетти години.
„Таа разновидност таму е токму она што го бараме и е причината што ја преместив продавницата повторно дома во Дигби“ - рече Свифт, кој ја затвора својата локација во Халифакс. „Тука видов потреба, каде што е потешко да се најдат лекари кои ќе се согласат да препишуваат канабис. Постарите генерации живееле во време кога медиумите ги исплашиле за канабисот. Мораме да работиме за да го смениме тоа, а нашата најдобра алатка се информациите“ - дополнува Свифт. Тој, Робертс, Тибодо и Оутхаус имаат големи надежи дека, со тројцата новодојдени доктори во Дигби, прогнозите се добри!
Роланд Свифт е сопственик на новоотворената канабис аптека High Tides, диспенсар за медицински канабис во Дигби. Тој е страстен за медицинскиот канабис поради тоа што им помогна на неговата мајка и сестра во последните денови додека се бореа со ракот. „Им даде [нив] достоинство и значеше свет“ - истакнува тој. Ешли Робертс е менаџер на продавницата. Таа е страсна за едукација на луѓето за тоа зошто медицинскиот канабис може да им помогне на луѓето. „Мојата баба го разбрала тоа кога имала рак и дали знаела дека постоеле производи кои би можеле да ѝ помогнат за нејзината болка, без да чувствува хај, тоа можеше навистина да ѝ помогне“ - рече Ешли.
Колби Тибодо работи во центарот, бидејќи тој е страстен за пристапот. „Има толку многу луѓе кои не можат да пристапат до диспанзерите поради далечината, финансиите и други причини“ - рече тој. „Јас работам овде за да помогнам тоа да се промени“. Шери Оутхаус познавала неколку луѓе кои земале медицински канабис и кои виделе итни подобрувања. „Само сакам други луѓе на кои им треба помош да знаат дека сме тука за нив“ - рече таа.
Автор: К. К.
Извор: Annapolis County Spectator
No comments:
Post a Comment