Showing posts with label закони. Show all posts
Showing posts with label закони. Show all posts

Monday, December 31, 2018

Мајк Тајсон е домаќин на музичкиот фестивал за канабис „The Kind Music Festival“ во 2019

Преполната Калифорниска фестивалска сцена добива уште еден кандидат во 2019 година. Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, го најави фестивалот „The Kind Music Festival“. Една од причините за организирањето на овој фестивал е прослава по повод подобрувањата на законската регулатива за канабис во Калифорнија


Настанот наменет за сите возрасти ќе се одржи на 23-ти февруари 2019 во Тајсон Ранч Ресорт, убав комплекс од 420 акри, кој моментално е во развој во Дезерт Хот Спрингс, Калифорнија. Комплексот исто така ќе понуди луксузен глампинг (луксузно кампување) и ќе вклучува истражувања на канабисот и проектен објект по завршувањето. Како таков фестивалот „The Kind Music Festival“ ќе се одликува со „разлика како првиот музички фестивал за сите возрасти до сега, кој е посветен на подобрените закони за канабис во Калифорнија и кој ќе послужува алкохолни пијалаци на оние над 21 година“ - се вели во соопштението за јавност. 


Сепак, во согласност со законите од 2019 година, на фестивалот нема да има продажба на производи од канабис“ - според соопштението. На фестивалот ќе бидат вклучени и камиони со храна, курсеви за препреки, лавиринти и „Чилвил“ со 100 специјални bean bags фотелји. Целосната листа на уметници кои ќе настапуваат ќе биде претставена на 2 јануари, со влезници што ќе се продаваат следниот ден (3-ти јануари). Ве покануваме на настанов во името на Тајсон :)

Плакат за настанот на Тајсон :)





Уредник и Новинар: MoniQue Konopova
Извор: Consequenceofsound

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 





Monday, January 29, 2018

Франција се обидува да ги ублажи законите кои се противат на употребата на канабис

Франција ги има најтешките закони против пушењето канабис во Европа, но повеќе луѓе ја консумираат оваа трева отколку во речиси сите други европски земји. Новиот извештај на Владата препорачува да се воведат фиксни казни за решавање на проблемот

Во Франција, најновите достапни податоци покажуваат дека 17 милиони луѓе пробале канабис, 1,4 милиони луѓе го користат редовно - 700.000 на дневна основа, а потрошувачката е во пораст. Сепак, законите против пушењето се поостри од било кое друго место во Европа. Според постојното законодавство, корисниците можат да се соочат со една година затвор и парична казна од 3.750 евра. Новиот парламентарен извештај што треба да биде објавен во среда препорачува воведување на фиксна казна од 150 до 200 евра. Се заклучува дека сегашното законодавство не функционира. Во 2015 година, имало околу 64.000 пресуди поврзани со дрога - од кои 40.000 биле за нелегална употреба на дрога, меѓу кои и за канабис. Од нив само 3,098 резултираа со затворска казна.


Користење канабис во изминатата година, според The Spectator Index:
Америка: 16.2%
Италија: 14.6%
Нигерија: 14.3%
Канада: 12.7%
Австралија: 10.6%
Шпанија: 10.6%
Франција: 8.6%
Англија: 6.6%
Египет: 6.2%
Германија: 4.8%
Пакистан: 3.9%
Индија: 3.2%
Бразил: 2.6%
Турција: 1.9%
Индонезија: 0.4%
Јапонија: 0.3%
Саудиска Арабија: 0.3%

Полициските службеници се распаѓаат под тежината на бирократијата

И покрај нискиот број пресуди, полицајците во земјата се распаѓаат под тежината на бирократијата поврзана со овие престапи. Укинувањето на сегашното законодавство ќе помогне да се намали овој обем на работа, се тврди во извештајот и да се ослободи полицијата за да ги концентрира нивните напори во борбата против трговијата со луѓе. „Фиксната парична казна од 150-200 евра што јас ја предлагам ќе им овозможи на полициските службеници во областа да ја сопрат правната постапка, а потоа и со лицето што е фатено“ - Пратеникот Робин Реда (Robin Reda), кој го предводеше извештајот со пратеникот Ерик Пуилат (Eric Pouillat), изјавија за Le Parisien. „Предноста на ова е дека казната е итна и систематска“ - додаваат.


Се смета дека во Франција 40,9% од населението троши канабис, во споредба со 35% во Данска, 30,40% во Шпанија и 25% во Холандија. Со толку голем број корисници на канабис во Франција, дали треба пушењето џоинт да останe кривично дело? На оваа тема и двајцата се разликуваат во ставовите. Пуилат од владејачката партија La République en Marche смета дека законските процедури треба да започнат ако фиксната парична казна не се плаќа во рок од 45 дена. Реда, пак од опозициската партија Les Républicains, верува дека казните треба да се отфрлат целосно. 


Автор: Кате К.
Извор: France 24

Thursday, June 9, 2016

Законите за медицинска употреба на канабис треба да се прилагодат

Многу држави, вклучувајќи ја и нашата, ќе треба да ги прилагодат законите и правилата за медицинската употреба на конопот, за да може на сите оние на кои овој лек им е потребен, истиот да им биде достапен и финансиски исплатлив

Германија веднаш по имплементирањето на програмата за медицинска употреба на канабисот, ќе врши промени во законот и програмата. Две причини доведоа до тоа. Првата, судска пресуда со која се дозволува пациент сам да си го одгледува и произведува својот лек. Оваа пресуда е од огромно значење затоа што на неа може да се повика секој граѓанин на Германија и да побара истите правила да важат и за него. Втората причина е недостатокот од канабис во аптеките. Имено, моментален снабдувач на пазарот на канабис во Германија е Холандија и тие не можат да постигнат да ги задоволат потребите на Германците, објаснува активистот Давор Ангеловски од здружението Зелена Алтернатива.

Поради овие две причини Германија ќе мора да изврши промена на моделот и програмата за лекување со канабис. Најверојатно ќе се добиваат лиценци за одгледување на канабис од страна на приватни и правни лица, како би се задоволиле и личните и потребите на сите пациенти во државата. Друга предност, како што наведуваат пациентите е и можноста за пристап до повеќе сорти, бидејќи во моментов располагаат само со десетина.

Од ова може да се изведе поука дека законите и регулативите за медицинската употреба на канабисот се тема на која што треба постојано да се работи и која не е завршена со носење на закон. Како едно од најдобрите решенија е да се дозволи секој пациент кој има соодветна дијагноза, да си го одгледува и произведува лекот самостојно. Тоа ќе му помогне финансиски, како и да си ја најде соодветната сорта која највеќе му одговара за неговата болест, бидејќи како што знаеме секој индивидуално реагира на дозата, сортата, т.е. составот на канабиноиди, терпени и други состојки од растението канабис.