Зоран Велковски од Волково е гитарист во македонскиот реге бенд „КОНОП“, свири бас во реге бендот Brooka и соработува и со Fin Project. Фејсбук страницата на бендот Коноп ја преставува работата на бендот и ќе се труди во иднина да ги пренесува и објаснува сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните кои сакаат да се изборат за легализација на Божјата билка. Зоран над десет години е активист кој упорно и храбро на секој можен начин како знае и умее се бори за ослободување на билката што животи спасува. Пред 2 години во 2015-та година протестираше пред Собранието на Република Македонија за легализација на канабисот со глад. Еве што тој има да каже за моменталната ситуација во која што конопот се наоѓа во Македонија и воопшто
Зоран Велковски од Волково сред конопно поле! |
1. Што за тебе претставува канабисот? Дали треба да биде целосно слободен?
- Со канабисот се запознав за прв пат далечната 94-та година на свои 16 години. Тогаш Мац Пештерски (скопска урбана легенда) ни донесе една метла во гаража (машко растение) и полневме цигари, но безуспешно, зошто нели нема THC во таквото растение. Веќе следната година при дружба со локални скопски хипици се случи да го пробам вистинското нешто. Оттогаш наваму трае другарството со канабисот, а како поминуваше време ми помогна да се тргнам од многу опасни работи со кои, исто така другарував до својата 26-27 година. За мене канабисот е другарче исто како што е и цигарата (тутунот), но без отровите што ги има, а канабисот Е слободен, само што свеста на општеството сè уште не е ослободена по ова прашање.
2. Искуствата на пациентите ширум светот потврдуваат дека хемотерапијата е 70% неуспешна - го убива ракот заедно со пациентот, додека канабисот никого до сега не убил - НУЛА смртни случаи во историјата, а во третирањето канцер марихуаната е над 70% успешна! Кога и како дозна за лековитите својства на канабисот и дека со помош на оваа лековита билка можеш безопасно да се убие оваа дијагноза. Дали лично познаваш некој што се има излечено со масло или се лекува?
- За лековитите својста директно дознав преку лично искуство, бурната младост направи да страдам од посттрауматски стрес, а за лечењето на сериозни болести и состојби дознав од интернет.
Коноп бенд |
3. За која здарвствена намена го користиш канабисот? Која врста на канабис најмногу одговара за твојата здравствена состојба, а која врста е твоја лична омилена врста на канабис? На кој начин преферираш да ја консумираш оваа билка?
- Најомилен ми е сканкот. Тоа е хибрид (индика-сатива), посебно ги сакам хејзовите со овошна арома. Сатива за преку ден, индика за спиење, тоа би била идеалната комбинација. Џоинтот е начинот на кој преферирам да ја користам оваа билка. Со канабис лечам тинитус, тоа на средно уво што е, од многу свирење гласно во гаражи. Само со канабис, друг безопасен лек нема, оти пишти, секоја вечер, само џоинт помага да се смири фонијата што ме мачи.
4. Дали си слушнал за анална канабис терапија (ректално) по пат на супозитории (чепчиња), што се покажа како поефикасен начин во третирањето на секакви најчесто посериозни форми на канцери, отколку оралното консумирање преку уста, особено кога пациентот треба да зема големи дози масло? Многу од пациентите велат дека на овој начин се намалува ефектот од преголемиот „хај“ што знае да биде непријатен кај оние кои мораат да земаат мега ударни дози. Дали си пробал да консумираш канабис на овој начин преку супозитории и дали би го применвувал овој начин?
- Масло имам пробано само орално, иако сите потврдуваат дека најкорисно е да се зема преку чепчиња, но јас за среќа не сум болен благодарение на рекреативното користење на канабисот, па не морам да користам масло, иако нема никако да ми штети :)
5. Дали имаш користено масло до канабис? Какво беше чувството и за што ти помогна?
- Масло имам пробано неколку пати, колку да знам за што станува збор. Чувството е фантастично, но ако користиш масло, а посебно некое квалитетно направено ќе немаш потреба од дување џоинт, а џоинтот значи ритуал на негово спремање и орална сатисфакција, која значи земање на духот на растениото преку дим.
6. Дали самиот знаеш да подготвиш нмасло од канабис и дали сметаш дека информациите за самолекување со канабис се веќе јавно достапни секому? Како изгледаше твојата потрага по квалитетно канабисово масло? Дали тешко се доаѓа до вистинскиот лек?
- Сè уште немам правено масло и таа работа ја оставам на луѓе кои го прават тоа постојано и со љубов. Процедурата е (боза), но и многу други процедури и процеси се „боза“, па одлучуваме да ги правиме или не. Јас сметам дека за секоја работа треба да се ангажира професионалец, а посебно за спремање на лек или храна со лековити својства.
7. Како ти го дозираше маслото на почетокот, а како го дозираш сега? Како изгледаше твоето навикнување на ефектот од маслото? Колку траеше твојата лична терапија?
- Немам поминато терапија со масло од канабис.
8. Кога кај тебе се појавија првите подобрувања откако започна да го користиш маслото и какви?
- Од моите десетина пати како имам пробано масло, подобрувањето е моментално.
9. Спореди го ефектот од маслото со ефектот од фармацевтските лекови коишто ти ги препишале твоите лекари за истите здравствени состојби?
- Не сум здраствено осигуран, немам ни свој матичен лекар. Фармацевтски производи (дроги) имам земано на своја рака во своите 20-ти години и споредбата е несоодветна. Трамадолот како една од појаките дроги што ги продаваа аптеките порано без рецепт, а сега го има само на црниот пазар има еден куп негативни нус појави, да го отворите упатсвото за употреба ќе прочитате за сериозни импликации по вашето здравје, нешто што го нема кај маслото од канабис, дури за разлика од трамадолот, маслото сите негативни нус појави ги претвора во позитивни. Чудо е ова растение...
10. Дали знаеш каков е составот на маслото кое што ти помага? Какво психофизичко чувство ти дава канабисот?
- Се знае кој е составот на маслото што помага, а се прави од квалитетно здраво растение богато со THC.
11. Дали успеа да се ослободиш и од некои друи здравствени состојби коишто те мачеле од минатото? За што друго ти помогна/помага канабисот освен за дијагнозата поради која започна да го користиш?
- Во основа човек сам си помага за сè што го мачи. Канабисот е само вистинското орудие за самопомошта. Највеќе мене лично ми има помогнато за смирување на последици од стрес и за моменти на депресија.
12. Дали користиш канабис и на други начини? Дали го користиш во исхраната? Омилен рецепт?
- Исклучиво го користам виткајќи џоинти и дувајќи го. Тоа е заради културата на која имам тенденција да ѝ припаѓам.
13. Дали ќе продолжиш канабисот да го користиш превентивно/рекреативно до крајот на животот?
- Доживотно, канабисот е доживотната робија која ја прифаќам со отворено срце, тоа е храна што треба да се консумира постојано за најоптимално здравје.
14. Како според тебе треба да биде регулиран канабисот во Македонија?
- Исто како што е регулиран и штавељот, спанаќот, брокулата. Јас сметам дека канабисот им припаѓа на зелените пазари и треба да биде сместен во групата на храна!
15. Какво е твоето мислење за граѓанското движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабисот во Република Македонија којашто ја покренавме? Ова интервју е дел од истоимената кампања. Од срце ти се заблагодаруваме за соработката!
- Мислам дека треба да продолжи да се развива идејата и имате комплетна поддршка од мене лично за било кој евент или протест во иднина.
16. Што според тебе секој индивидуално треба да превзеде за да се забрза процесот на ослободување на конопот, конкретно декриминализација? За колу време мислиш дека тоа најбрзо може да се случи доколку секој граѓанин активно се вклучи?
- Најголемите победи се оние на индивидуите кои победуваат терминални болести со ова Божјо растение. Тие се најголемите амбасадори за легализацијата и декриминализацијата. Сите граѓани тешко да се активираат, многу се зависни од фармација, алкохолна индустрија итн. Наше е да информираме, вие преку портали/медиуми, јас преку музика/песни.
Зоран е активен член на Левица, која се залага за легализација! |
17. Што требаат според тебе да превземат Властите, спроведувачите на законот, јавните функционери, докторите, политичарите, пратениците, артистите итн. за побрзо да се декриминаклизира канабисот во РМ?
- Сите со барем малку тронка свест веќе јавно пишуваат, промовираат, поддржуваат. Сите останати политичари, артисти итн., што се кријат ќе продолжат да гоправат истото. Знам доста и политичари и уметници со кои сум дувал џоинт, а се кријат, најчесто да си го задржат работното место или функцијата што ја држат. Полека ќе се менуваат состојбите, но ќе видиме дали повторно во интерес на фармацијата и тесни бизнис кругови или во интерес на народот.
18. Твоја порака/совет до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот во Македонија, па и надвор од неа гласи...?
- Намалете со егото. Исто како што секое растение е хрането од сонцето, исто така сме и ние хранети од истото сонце и за сите нас има светлина. Да не дозволите вашето его да ја помрачи светлината со која ве храни сонцето.
19. Нешто да додадеш или да одземеш?
- Најмногу ми смета што заради лични каприци не се остава можност сите индивидуи, групи и организации што се борат за канабисот, да се соберат на едно место. Такво сплотување нема да доживееме ни денес ни во иднина.
20. На толку болни им е потребен лекот, луѓето се будат и освестуваат. Ние сметаме дека свеста е драстично променета од пред неколку години благодарение на нашиот заеднички труд. Дали мислиш дека е време за протести и маршеви?
- Секако, сметајте на КОНОП кога ќе има такво нешто.
Najmnogu mi se dopaga odgovorot na br.18, a za br.19 sum nadezen. SUPER LIK!!!
ReplyDeleteПочитувано пријателче!
DeleteТи благодариме што си наш верен фан и што ја следиш оваа страница www.facebook.com/420macedonia. Но, тоа не е доволно - затоа те замолуваме да ги поканиш твоите пријатели да стават лајк на страницава, за да се шири вистината и за побрзо да успееме!!!
Срдечен поздрав од нашиот тим,
420 Macedonia ❤