Showing posts with label музика. Show all posts
Showing posts with label музика. Show all posts

Monday, December 31, 2018

Мајк Тајсон е домаќин на музичкиот фестивал за канабис „The Kind Music Festival“ во 2019

Преполната Калифорниска фестивалска сцена добива уште еден кандидат во 2019 година. Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, го најави фестивалот „The Kind Music Festival“. Една од причините за организирањето на овој фестивал е прослава по повод подобрувањата на законската регулатива за канабис во Калифорнија


Настанот наменет за сите возрасти ќе се одржи на 23-ти февруари 2019 во Тајсон Ранч Ресорт, убав комплекс од 420 акри, кој моментално е во развој во Дезерт Хот Спрингс, Калифорнија. Комплексот исто така ќе понуди луксузен глампинг (луксузно кампување) и ќе вклучува истражувања на канабисот и проектен објект по завршувањето. Како таков фестивалот „The Kind Music Festival“ ќе се одликува со „разлика како првиот музички фестивал за сите возрасти до сега, кој е посветен на подобрените закони за канабис во Калифорнија и кој ќе послужува алкохолни пијалаци на оние над 21 година“ - се вели во соопштението за јавност. 


Сепак, во согласност со законите од 2019 година, на фестивалот нема да има продажба на производи од канабис“ - според соопштението. На фестивалот ќе бидат вклучени и камиони со храна, курсеви за препреки, лавиринти и „Чилвил“ со 100 специјални bean bags фотелји. Целосната листа на уметници кои ќе настапуваат ќе биде претставена на 2 јануари, со влезници што ќе се продаваат следниот ден (3-ти јануари). Ве покануваме на настанов во името на Тајсон :)

Плакат за настанот на Тајсон :)





Уредник и Новинар: MoniQue Konopova
Извор: Consequenceofsound

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 





Sunday, January 7, 2018

Како марихуаната влијаела на американската џез музика?

Џез, Канабис, Ропство, Расизам и Ксенофобија - Индустриски ефективна, но рекреативно некорисна врста на канабис, конопот е дел од Американската економија уште од колонијалната ера. Каква и да е рекреативната употреба на канабисот во Америка била необична сè до раните 1900ти кога бран од Мексикански емигранти побегнале од Мексиканската Револуција и влегле во САД донесувајќи го растението, неговото име и употребата заедно со нив


Louis Armstrong бил поборник на канабисот!
Ќе започнам со најлошиот дел бидејќи и џезот и марихуаната пристигнале со насилство. Тоа е приказна во која сите можеме да се пронајдеме: омаловањеното, очигледно послабо дете се соочува со Голијат и открива дека душманите не се во право. Ова е приказната на џезот. Слична е и приказната за канабисот. Ова е приказна на длабоко навлезени елементи на демонизирана и обезвреднета култура, но сепак никогаш до таа мера ослабена за да може да биде искоренета, затоа што доброто секогаш победува. Затоа не е ни чудно што овие две приказни се испреплетени многу подлабоко од нивната поврзаност во креативниот свет.

Рекреативната употреба на канабисот била цврсто утврден дел од Јужно-американската и Карибската култура, бидејќи била користена за смирување на робовите. Најпрво, била воведена од Британците за Јамајканските робови и од Португалците за Бразилските робови. Бидејќи била профитабилна како извор на приход од даноци и ефетивен за стишување на робовите изложени на сурови работни услови, канабисот станал популарен како комерцијален посев.


Но, тоа било нешто ново за Американците, како и приливот на кафен народ кој зборува Шпански. „Опасната марихуана“ брзо почнала да се поврзува со имигрантите, осиромашени, луѓе со потемна боја на кожа и треба да биде многу јасно дека колективната свесност на белото мнозинство воопшто не се согласувала со оваа драма која ги вадела од зоната на комфорот. Така започнала 100 годишна војна на забрана на канабисот, ексклузивно базирана на паранојата предизвикана од расизмот! Со тоа бил означен и почетокот на отпорната подкултура која се состои од маргинализираните заедници кои го минуваат нивното секојдневие носејќи ја неиздржливата тежина на дискриминацијата. 

Во црвената област на Storyville, една од од овие заедници, црни музичари ја спрегнале моќта на канабисот во насока на создадавање нов музички жанр: ЏЕЗ. Елементите на џезот коишто го прават милозвучен, мелодичен и сакан жанр се истите тие кои го прават да биди предмет на презир. Се работи за импровизација, креативност и интеракција меѓу музичарите. Не е нешто што може да се научи во училница или запомни. Џезот е дух кој можеби започнува со однапред напишани ноти, но сигурно не застанува таму; продолжува во дигресија, менува теми и може или не, да се врати каде што почнал. Начинот на кој канабисот правел музичарите да се чувствуваат им помогнал да експериментираат со нивниот нов начин на музичко творење.

Таткото на џезот, Луис Армстронг опишал во неговата биографија како канабисот им правел него и другите ‘вајпери’ - името кое џезерите кои пушеле канабис си го дале себеси, да се чувствуваат. „Прави да се чувствуваш добро. Те опушта и прави да заборавиш на сите лоши работи кои му се случуваат на еден Негро. Те прави да се чувствуваш сакан и кога пушиш во друштво со некој прави да чувствуваш посебно чувство на сродство“ - чувството за кое зборува Армстронг е она чувство на љубов и единство кое што не облива поради проширената свесност која ни ја доловува канабисот.

Длабоката врска меѓу џезот, канабисот и расата ги направило џезерите да станат мета за федералното биро за наркотици, Harry Anslinger целел на Armstrong, Thelonius Monk, Count Basic, Duke Ellington и Billie Holiday. Анслингер ги мразел џезерите за истите причини кои го прават канабисот компатибилен за жанрот. Во интервју со Д-р Џејмс Мaнч (James Munch), хемичар кој работел за Анслингер во тоа време објаснил зошто Анслингер ги ставал на мета џезерите: „Ако си музичар ќе ги свириш нотите како што се напишани на лист. Но, ако се напушиш ќе вметнеш два пати повеќе музика меѓу првата и втората нота. Тоа е тоа што ги издвојува џезерите, идејата дека можат да го џезираат (анг. JAZZ = забрзува, оживува) нештото, да го оживеат“ - објаснува тој.

Политичкото војување го зацврстило парадоксот кој настанува кога еден аспект на небела култура е исмеван и третиран како нелегитимитетен, а во исто време соодветен за културата на моќ. Иако џезот се родил во црни заедници, црните заедници сè уште биле гледани како инфериорни кога и целата нација го уживала овој музички жанр.

Овој општествен шаблон е очигледен и во канабис културата. Иако и црни и латино и бели луѓе конзумираат канабис во значителни количини, црните и латино луѓето и понатаму прават непропорционален дел од затворениците осуди за поседување и консумирање на марихуана. Канабисот е легализиран во повеќе сојузни американски држави, но речиси невозможно е да влезеш во легалната индустрија ако имаш досие на осудуван. А, тоа најмногу влијае на небелите луѓе кои никогаш не требало да бидат затворани бидејќи канабисот никогаш не требало да биде забранет со закон. Врската меѓу канабисот и џезот го поттикнува човекот да размислува дали воопшто би постоел џезот, доколку не биле страдањата поради канабис низ кои поминале црните луѓе. И ако канабисот би бил социјално прифатен можеби би бил првенствено достапен на бели луѓе и исклучен од црните заедници. Невозможно е да се каже што би се случило ако работите би биле поинакви.


Политиката на Анслингер е уште една војна во низата на војни против свесноста и бесконечната креативност на човекот. Но, кој победил? Доколку дозволиме нашата креативост и страст да ни го водат животот, рајот како секојдневна состојба на умот ни станува сигурно нешто на Земјава.  Она што е јасно е дека канабисот и џезот раскажуваат заедничка приказна на отпорност и дискриминација која на крајот победува. И можеби таа приказна за убавина родена од пепел ни е придвижна сила бидејќи им дава надеж на нашите маргинализирани страни - не засилува со визии за несфатеното за да можеме да го достигнеме и нè уверува дека чудата се случуваат. Но, тоа е и моќта на уметноста, нели?

Со љубов,

Извор: Cannabis Culture

Friday, August 18, 2017

Бинаурални канабис фреквенции за повеќе уживање!

Како да се чувствувате поразлично, а воедно порелаксирано, поздраво и поубаво без употреба на дроги? Со помош на канабис секако - билка што ви помага да се чувствувате нормално и да не дозволите целосно да му се препуштите на стресот од секојдневието


Канабисот идеално се вклопува со звучната терапија, со музиките за медитација, а особено со бинауралните битови (binaural beats) на фреквенции соодветни за полесно активирање на канабиноидите во нашиот организам и за поголемо уживање во ефектот од марихуаната. Музиката и звучната терапија, не само што се користат за лекување, тие се исто така одамна познат начин за безбедно истражување на поинаква перцепција. Лесно достапна алатка секому се бинауралните звуци, кои се препорачува да се слушаат со помош на слушалки за да се постигне подобар ефект, бидејќи предизвикуваат дуална хемисферична стимулација. 


Тие предизвикуваат аудитивна илузија, затоа што различни видови на звуци се слушаат во двете уши, а мозокот добива илузија и започнува да слуша пулсирачки трет тон помеѓу тие два, кој реално не постои. Експертите велат дека различните фреквенции на овие звуци стимулираат различни делови од мозокот, можат да се користат за лекување на мозочни нарушувања, намалување на симптомите кај лицата со говорни мани, АДД, АДХД, несоница, зависности итн., а таков ефект има и канабисот. Тоа значи дека во комбинација добивате премоќна алатка за балансирање на комплексот тело/душа/ум и за победување и спречување на секое заболување за кое модерната медицина нема решение! ;)


Еве неколку наши предлози...