Friday, April 13, 2018

За Фестивалот во Непал каде пушењето марихуана е светост!

Илјадници мажи од Индија и Непал се собраа минатиот месец да пушат марихуана, да ги мачкаат своите тела со шарена пепел и да оддаваат молитви до Хинду божеството, Богот Шива

Саду, или свет маж, става боја на челото додека се подготвува за фестивалот Маха шиваратри во Пашупатинат, замок во Катманду, Непал

Секоја година во периодот на млада месечина во единаесеттиот месец од Хинду календарот, Маага, многу следбеници на Хиндуизмот ги покриваат своите тела со шарена пепел, кажуваат молитви, изведуваат јога, постат, размислуваат, медитираат и пушат марихуана. Звучи како на сон, нели? Сканда Гаутам (Skanda Gautam), професионален фотоновинар од весникот The Himalayan Times Daily фотографирал на годишниот фестивал познат како Маха Шиваратри (Maha Shivaratri) во Непал, каде иако канабисот е нелегален, на светите мажи им е дозволено да пушат како дел од религиозната церемонија.

Хинду Саду пуши марихуана од хука (луле) во замокот Пашупатинат во Катманду

Маха Шиваратри претставува славење на Хинду Богот Шива и се одбележува во повеќе земји низ светот како: Бангладеш, Индија, Маурициус, Тринидад, Тобаго и Гвајана. Но, во Непал прославувањето се одигрува околу замокот Пашупатинат (Pashupatinath). Музика, уметност на тело, религиозни обреди и танц се важни делови од одбележувањето на овој свет настан. Како и размислувањето за посакуваните доблести како искреност и прошка.

Саду ја покажува својата брада ноќта пред Маха шиваратри фестивалот во замокот Пашупатинат

Изворните приказни за Маха Шиваратри варираат од извор до извор. Некои кажуваат прикаски за Шива дека го спасува светот од неизбежното уништување. Други кажуваат како шива му услишува мудрост на несреќниот ловец да престане да јаде месо. Трети едноставно тврдат дека младата месечина во Маага (Maagha) била омилениот ден во годината на божеството. Легендите исто така кажуваат дека Богот Хинду пушел канабис во шумите близу замокот. 

Саду се погледнува во огледало додека се подготвува за фестивалот Маха Шиваратри

Една од најпознатите приказни кажува како Шива проголтува отров од лонец кој бил толку смртоносен што самото негово постоење го загрозувал целиот живот на Земјата. Откако го испил отровот, приказната вели дека кожата на Шива станала бледо сина. Некои мажи си ја обојуваат кожата сина за време на Маха Шиваратри во чест на жртвувањето на Шива, а други се облекуваат како веруваните инкарнации на Шива, како Хануман кој е друг централен лик од Хинду митологијата.

Саду облечен како Богот Хануман за време на фестивалот

Иако оваа година фестивалот се одржал во понеделник, 18-ти февруари, Маха Шиваратри се паѓа во различен ден секоја година во зависност од тоа кога има млада месечина. Прославувањето трае од 3 до 10 дена зависно од годината. Сето ова изгледа толку рајски, идилично и традиционално што веќе почнав да правам планови потсвесно да одам на Маха Шиваратри кога ќе ја посетам Африка во некои од моите идни патувања. Уживајте во сликовитиот текст, по можност со млада сатива при рака, за поживописно да ги восприемите боите. Прејак фестивл и би одел кога би имал прилика...

Саду седнат под сенка на ден пред фестивалот

Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонцеАвтор: Никола Станчески
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Саду пуши марихуана од луле ноќта пред фестивалот

Препорака од Уредникот: 









Саду пуши марихуана во луле во замокот Пашупатинат во Катманду, Непал
Саду пуши марихуана во луле во замокот Пашупатинат
Саду се грее вечерта за време на фестивалот во замокот

No comments:

Post a Comment