Преполната Калифорниска фестивалска сцена добива уште еден кандидат во 2019 година. Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, го најави фестивалот „The Kind Music Festival“. Една од причините за организирањето на овој фестивал е прослава по повод подобрувањата на законската регулатива за канабис во Калифорнија
Настанот наменет за сите возрасти ќе се одржи на 23-ти февруари 2019 во Тајсон Ранч Ресорт, убав комплекс од 420 акри, кој моментално е во развој во Дезерт Хот Спрингс, Калифорнија. Комплексот исто така ќе понуди луксузен глампинг (луксузно кампување) и ќе вклучува истражувања на канабисот и проектен објект по завршувањето. Како таков фестивалот „The Kind Music Festival“ ќе се одликува со „разлика како првиот музички фестивал за сите возрасти до сега, кој е посветен на подобрените закони за канабис во Калифорнија и кој ќе послужува алкохолни пијалаци на оние над 21 година“ - се вели во соопштението за јавност.
Плакат за настанот на Тајсон :) |
Уредник и Новинар: MoniQue Konopova
Извор: Consequenceofsound
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
No comments:
Post a Comment