Showing posts with label воздух. Show all posts
Showing posts with label воздух. Show all posts

Saturday, February 9, 2019

Дали конопот е иднината за чистење на CO2 од воздухот? БАТЕРИИ ОД КОНОП!

Ова ново фасцинантно истражување започнато на Универзитетот Кларксон, би можело да помогне да се спречи пребрзото темпо на глобалното затоплување. Професорот Дејвид Митлин (David Mitlin) и асистент професорот Марио Врајат (Mario Wriedt) го земаат конопот, т.е. контроверзната билка канабис, претворајќи ја во јаглероден материјал кој е доволно порозен за да го зароби CO2 од воздухот


Професорот Дејвид Митлин
CO2 потоа може да биде отстрането или ослободено или може да се рециклира назад во рафинеријата за да произведе повеќе гориво. Фосилните горива како јагленот, природниот гас и нафтата произведуваат CO2, што води до глобално затоплување. Јаглерод диоксидот е потежок од воздухот што го вдишуваме за околу 60 проценти. Иако воздухот што го дишеме е мешавина од гасови, потребен ни е кислородот за да преживееме. Компаниите се обидувале со многу скапи методи за чистење на воздухот од CO2. Сепак, таквите методи не се толку ефективни со текот на времето. Погледнете го видеото подолу за да ви стане појасен проектов.


Дејвид Митлин е генерален директор за системи за нафта и гас при Универзитетот Кларксон. Тој заедно со извршниот директор на Enermat Technologies, Дејвид Хеслер (David Hessler), обезбедија финансирање од грантови во износ од 225.000 долари преку Националната фондација за наука (National Science Foundation) за да го продолжат своето партнерство за комерцијализација на технологијата за складирање на енергија измислена од Митлин. Како резултат на наградата за трансфер на технологија за мал бизнис (Small Business Technology Transfer - STTR), лабораторијата на Митлин ќе добие 127.000 долари, додека Enermat ќе има корист од финансирање од грантови во висина од 98.000 долари.


Митлин рече дека финансирањето ќе се користи за заеднички развој и комерцијализација на материјалите што ги измислил и патентирал. Митлин има развиено материјали за јаглеродна батерија базирани на коноп, кои се евтини и многу побрзо се полнат. „Јас ги користам карбонските нано-листови од коноп, како замена за графитот, за да овозможам многу побрзо полнење во литиум-јонски батерии со голема моќност“ - рече тој. „Тоа може безбедно да се полни за помалку од 10 минути“ - додаде Митлин. Додадената вредност на аспектот на неговиот пронајдок е дека јаглеродните аноди добиени од коноп може да се комбинираат со катода за брзо полнење која веќе постои комерцијално.


Додека технологијата била измислена од Митлин, тој им ги признава на Хеслер и на Enermat Technologies сите аспекти на партнерството поврзани со бизнисот. Националната научна фондација ја структурира програмата STTR, така што малиот бизнис делува како комерцијално возило за да се добие ветувачка технологија од универзитетите како Кларксон на пазарот. „Оваа работа не би била успешна како чиста техничка апликација на Дејв Митлин, туку требаше да соработуваме со компанија како Enermat Technologies за да се обезбеди остварлив пат напред“ - рече Митлин. Хеслер објасни дека Enermat ќе биде одговорен за изработка на прототипови на материјалите на Митлин, со основачот на Enermat, д-р Рахул Мукерџи (Rahul Mukherjee) на чело. Митлин, Mukherjee и Hessler соработуваат на проекти за складирање на енергија од декември 2016 година.


Ние исто така веруваме дека ќе имаме можност да ја искористиме стручноста и ресурсите во Националната лабораторија Оук Риџ (Oak Ridge National Lab) за дополнителна прототипна работа“ - вели Хеслер. Д-р Мукерџи, кој докторирал на Rensselaer Polytechnic во 2014 година, рече: „Ја познавам работата на д-р Митлин од моите докторски студии и имавме можност да се запознаеме со Дејвид Хеслер во текот на изминатите две години. Јас сум возбуден и оптимист дека овој проект заедно ќе ја унапреди состојбата со складирањето на енергија. Имаме многубројни клиенти кои ќе го следат нашиот напредок“ - заклучува тој.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Clarkson.edu

Wednesday, November 8, 2017

Како конопот може да ја деконтаминира почвата и да го спаси светот?

Американската агенција за заштита на животната средина (EPA) процени дека на преку 30.000 места (области) во Америка е потребено чистење од отрови. Областите загадени со токсични метали, пестициди, бензин и експлозиви се насекаде низ земјата, но и низ светот, загрозувајќи ја локалната и глобалната екологија. Конопот се користи за чистење од смртоносни загадувачи со децении. Истражувачите од Државниот Универзитет во Колорадо утврдиле дека конопот е екстремно ефективен во отстранувањето на тешки метали и радиоактивен отпад, длабоко наталожени во почвата

Конопот во Чернобил претставува природен филтер!
Врската помеѓу конопот и Чернобил

Со користење на техниката наречена „Фиторемедијација“ (Phytoremediation), индустрискиот коноп се користел за намалување на штетите од чернобилската катастрофа, смртоносната нуклеарна експлозија во 1986 г. во Украина. Фиторемедијација е нова технологија која користи зелени растенија за отстранување, изолирање или заменување загадена почва.

Конопот се смета за ефтин, безбеден за околината процес за расчистување. По катастрофата, токсични супстанци влегле во ланецот на прехрана преку кравите и другата живина која се хранела од околните растенија. Владата морала да спречи натамошно раширување на токсините со расчистување на почвата и поставување услов дека живината смее да јаде само незагадени растенија. Компанијата за технологии и молекуларна биологија Phytotech, утврдила дека канабисот има природна способност да ги чисти и стабилизира загадените подрачја и во случајот со Чернобил, илјадници дрвца коноп биле насадени во и околу регионот. Научникот Масару Емото тврди дека конопот може да го исчисти нуклеарниот отпад во Фукушима. Коноп садат во Фукушима, за да ја исчистат областа од радијацијата.


Конопот најдобро ја филтрира почвата!
Загадување со тешки метали

Според студија спроведена од Државниот Универзитет на Колорадо, поголемиот дел од почвата низ светот е заразена со кадмиум. Toa е крајно токсичен тежок метал, најчесто користен за изработка на батерии, телевизори, цемент, вештачки ѓубрива, фосилни горива, тутун и многу други производи. Се смета за отров за животната средина во многу делови од светот и дури е забранет од страна на ЕУ бидејќи поседува канцерогени својства и предизвикува кардиоваскуларни проблеми.


Размислувајте еколошки!
САД трошат милиони да ја исчистат загадената почва секоја година. Индустријата, земјоделството, таложењето на отпади и другите штетни практики продолжуваат да го загадуваат екосистемот, кој присилува многу истражувачи да бараат и наоѓаат алтернативни методи за обновување на почвата и прочистување на животната средина. Според магазинот „Frontiers in Plant Science“: „Фиторемедијација е елегантен и ефтин пристап за деконтаминација на загадените подрачја, високо прифатен во јавноста и затоа вклучен во истражување на технологијата на фиторемедијација за големи подрачја на копно и вода кои се моментално засегнати“.


Апсорбира штетни материи од воздухот, водата и почвата!
Зошто конопот е толку ефикасен?

Конопот е идеална билка за биоремедијација бидејќи расте многу брзо (созрева за 3-4 месеци!), пушта длабоки корења во земјата и не е засегнат од загадувачите вклучувајќи го и самиот кадмиум. Има способност да апсорбира голема количина кадмиум без да ја оштети билката. Конопот е познат по својата отпорност на повеќето познати загадувачи и тие не му пречат на ова растение ни на развојот, ни на квалитетот на стеблото. Дополнително, истиот коноп кој е засаден да ја исчисти почвата може да се искористи и за производство на биогорива или за производство на хемпкрит (бетон од коноп - канабетон), но не и за конзумирање бидејќи е веќе полн со тешки метали и други загадувачи од почвата.

Ајде сите масовно да садиме коноп!
Заштитата на животната средина е само една од причините во низата причини зошто канабисот треба да се декриминализира, бидејќи со моменталните закони, не е возможно да се направи масовна деконтаминација на почвата која е толку контаминирана. Конопот е најдобриот природен филтер за апсорпција на штетните материи од почвата, водата и воздухот. Имено го прочистува загадениот воздух многу подобро од шумите!!! Вдишува 4 пати повеќе јаглерод диоксид од дрвјата и дава многу повеќе кислород. Конопот е најефтина и најобновлива суровина за производство на ХАРТИЈА, која е многу поиздржлива од хартијата направена од дрвјата. Дрвјата растат 100 години, а од Коноп може да се произведат и неколку реколти во годината!!! Исто така, воздухот ќе биде многу почист и ќе имаме многу повеќе кислород.

Автор: Ѓорѓи Д.
Извор: HERB





Sunday, May 31, 2015

Индустриски коноп за подобра иднина на Македонија

Македонците не се паметни земјоделци. Ние увезуваме двојно повеќе отколку што извезуваме и имаме се` повеќе и повеќе необравотливи површини! Константната внатрешна миграција село-град придонесе нашите села да се речиси ненаселени, а обработливите површини се запустуваат или се продавани за мигрираните селани да можат да си обезбедат поудобен градски живот.

Според статистичките податоци, земјава располага со 509.000 хектари обработливо земјиште од вкупно милион хектари земјоделско земјиште. Според последните статистички податоци во 2011 година во Македонија имало 137.000 хектари необработена земја. Ако само на половина од неа би се сеел и одгледувал индустриски коноп со возможни три реколти во годината... на целава наша закржлавена транзициона земјичка во постојан прогрес ќе и` се издигне стандардот на сите полиња и ќе живнат сите индустрии.


Конопот е навистина едноставна култура за одгледување. Не бара скоро воопшто посветеност и голем труд, а исто така ризиците поврзани со неговото одгледување се сведуваат на минимум, бидејќи тој е многу издржливо растение во поглед на променливите временски услови, не бара многу вода, а што е најважно речиси и не го напаѓаат штетници! Нашето македонско поднебје создава идеални услови за одгледување на ова корисно растение, кое пред се` бара сонце, а Македонија е земја со квалитетна и плодна почва и најмногу сончеви денови во годината или 1.400 сончеви часови годишно.

Пред се` не може ни да се замисли, ниту пак, опише колку почист воздух ќе имаме во нашите презагадени градови, поради тоа што конопот има способност да апсорбира повеќе СО2 отколку дрвјата и расте побрзо од дрвјата. На дрвјата им требаат години за да пораснат, а на конопот само 3 месеци!

Потоа, ќе се отворат нови работни места во буквално сите возможни гранки од економијата - фабрики за производство на храна за луѓе и храна за добиток од коноп, фабрики за текстил од коноп (облека, платна, јажиња, вреќи...), обувки, лиена пластика, фабрики за производство на најиздржливите, најлесните и најеколошките градежни и изолациони материјали направени од коноповите влакна, потоа фабрики за производство на хартија, биодизел годиво, етерични масла, масло за јадење, лекови, фабрики за производство на додатоци за исхрана од коноп, потоа легло за добиток, како и за производство на декоративна козметика и козметика за нега на телото... и што ли уште не! 

А, да не говорам и за тоа колку ќе зајакне туризмот! Нашите историски места не се доволни за привлекување на туристите. Тие се веќе видени и досадни кога земјата сама по себе е сиромашна и нема што друго да понуди за гледање, освен маките на сиромашното население. Доколку започнеме да одгледуваме коноп, сите ќе бидеме богати, здрави и среќни, а државата исто така ќе биде среќна бидејќи нејзината каса постојано ќе се полни од нашите даноци за кои ќе имаме пари да ги плаќаме :)