Showing posts with label врста. Show all posts
Showing posts with label врста. Show all posts

Wednesday, July 25, 2018

Кои се основните, а кои секундарните терпени во канабисот?

Многу познавачи на канабисот веруваат дека можат да ги предвидат ефектите на цвеќето со испитување на структурата на туфката и анализа на аромата, слично како експертите за вино. Врз основа на составот на канабисот во однос на канабиноидите и терпените може да дознаете кои врсти се најсоодветни за вас



Канабис терпени се миризливи масла произведени во смолените жлезди на цвеќето на канабисот или трихоми, на истото место се создаваат канабиноидите како THC и CBD. Терпените се причината зошто некои пупки имаат овошен мирис и мирисаат како боровинки, а други се лути или кисели... Секој вид има свој уникатен терпенски профил, а со тоа и препознатлив мирис. Канабисот е многу повеќе од ТХЦ и ЦБД. Колку повеќе знаете за терпените, толку поуспешно можете да препознавате вид на пупка, да знаете да се лекувате себе или некој друг правилно и да го подобрите вашето расположение и целокупно здравје.


Терпените од канабисот работат со врзување на рецепторите во мозокот за да произведат различни ефекти. Слично на тоа како што канабиноидите комуницираат со телото, канабис терпените, исто така, комуницираат со ендоканабиноидниот систем, влијаат на серотонинот и допаминот. Плус, терпените на канабисот комуницираат синегрично едни со други канабиноиди, често ги менуваат нивните ефекти и создаваат нови искуства. Овој процес е вообичаено познат како „ефект на придружба“ (entourage effect), бидејќи тоа е интеракцијата на сите соединенија во канабисот што го создаваат лековитото искуство. 


Постојат над 100 различни канабис терпени и тие се категоризирани како примарни или секундарни. Но, канабисот не е единствено растение кое содржи терпени; ароматичните билки, цвеќињата и овошјето исто така содржат терпеноиди кои им даваат различни карактеристични мириси. Во природата, терпените на растенијата имаат еволуциски цели, како да ги одвратат предаторите како што се инсектите или да ги заштитат растенијата од еколошки стрес. Ајде повторно да погледнеме кои се најистакнатите основни и секундарни терпени на канабисот за да почнеме да ги препознаваме мирисите!


Кои се ОСНОВНИТЕ ТЕРПЕНИ на канабисот?

Примарните канабис-терпени се оние кои се најчести и најмногу влијаат на тоа како еден вид канабис мириса. Многумина, исто така, веруваат дека ефектите на канабисот главно се движат од примарните терпени. Постои една изрека во индустријата за канабис споредувајќи ги ефектите на канабисот со возење автомобил: „Ако канабиноидите како THC и CBD се педалите за гас, тогаш терпените се воланот“. Најчести примарни канабис терпени се: Алфа-пинен (a-Pinene), Мирцен (Myrcene), Лимонен (Limonene), Б-кариофилен (B-caryophyllene), Линалол (Linalool), Хумулен (Humulene), Оцимен (Ocimene), Терпинолен (Terpinolene).


Кои се СЕКУНДАРНИ ТЕРПЕНИ на канабисот?

Секундарните терпени се присутни во растението канабис во помали количини. Тие не можат да имаат толку силно влијание како примарните терпени на канабисот, но дефинитивно прават разлика. Поради ефектот на придружба и начинот на кој секундарните терпени се комбинираат и комуницираат со примарните терпени и различни канабиноиди, тие играат важна улога во диктирањето на видот. Некои вообичаени секундарни терпени вклучуваат: Феландрен (Phellandrene), Терпинен (Terpinene), Борнеол (Borneol), Фитол (Phytol), Карен (Carene), Фенхол (Fenchol), Бисаболол (Bisabolol), Камфен (Camphene), плус уште десетици...


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 



Автор: Кристина Т.
Извор: HERB

Tuesday, June 16, 2015

Што е тоа канабис РУДЕРАЛИС?

Канабис РУДЕРАЛИС е третата голема варијација на растенија од семејството Канабис, покрај Сативата и Индиката. Тој за прв пат бил пронајден во дивината на Јужно-источна Русија, но и во Полска и Чешка и за прв пат е класифициран во 1924 година од страна на рускиот ботаничар D.E. Janischevsky


Раѓа многу малку туфки
со малку THC
Местата во сите држави во кои првично е пронајден, биле диви предели и тоа над 50 степени северно од Екваторот. Името Рудералис доаѓа од „примитивно“ и овој термин се користи од страна на ботаничарите за да се опишат жилавите, диви и не-домашни растенија, со други зборови - тревишта. Мислењата на научниците дали Рудералисот е засебна врста на Канабис или пак, дали е хибрид од Сатива и Индика - се поделени. Имено научната студија од 2005 година откри дека нема доволно генетски податоци кои би потврдиле дека Рудералисот е посебна врста. Како и да е, генерално и народски кажано Рудералисот се смета за дива врста на Канабис.

Канабис Рудералис се разликува од Сативите и Индиките по многу карактеристики, а пред се` растот - големината на растението, изгледот на листовите, изгледот на целото растение, како и по условите во кои успева. Рудералисот е многу помал во раст за разлика од сативата и индиката со максимална височина од 90 см, расте многу брзо, а што се однесува до листовите, тие се исто така многу мали и тенки (најчесто со пет или три краци, од кои последните краци кај основата се значително мали). Рудералисот обично не се разгранува или му се јавуваат само неколку споредни гранки и раѓа многу малку цветови. На Рудералисот не му е потребна посебна светлосна шема за да започне да цвета. Тој автоматски започнува со цветање како што расте, без разлика колку сонце прима во текот на животниот циклус. Значи неговата старост е услов за цветањето, а не количината на светлината, т.е. фото-периодот и за разлика од сативите и индиките може да издржи многу постудени климатски услови.

Разликите помеѓу трите врсти на Канабис.
Кликнете на сликата за да ја видите во целосна големина


Се карактеризира со 
својот мал раст
Рудералисот до неодамна беше сметан за бескорисен. Поради ниското ниво на канабиноиди, а пред се` THC и CBD - оваа врста на Канабис сама по себе не е вреднувана на пазарот за медицинска и рекреативна употреба. Хемискиот состав на Рудералисот многу наликува на составот на Конопот. И покрај ова од неодамна поради неговите типични особини, т.е. негова позитивна страна - способноста за „само-цветање“ (autoflowering), потоа брзото растење и временските (не)прилики (како на пример студ) што ова растение лесно ги поднесува и не му претставуваат пречка, па затоа истото се користи за вкрстување со сативи и индики. На тој начин се добиваат квалитетни само-цветни семиња со доминантни карактеристики на сатива или индика (или двете од еднаш, бидејќи сите три можат меѓусебно да бидат вкрстувани), но се задржуваат и карактеристиките на само-цветање и брзо растење од рудералисот. Оваа техника е особено значајна за одгледувачите кои живеат во постудените предели од светот или пак, за оние кои што растат во надворешни услови. Поради брзиот раст на ваквите хибриди, возможна е берба дури и неколку пати во годината.


Основни разлики помеѓу Канабис САТИВА, ИНДИКА и РУДЕРАЛИС