Showing posts with label хибрид. Show all posts
Showing posts with label хибрид. Show all posts

Sunday, April 22, 2018

Кои се едни од најпотентните врсти канабис со повеќе THC?

Корисниците постојано нѐ прашуваат кои видови се појаки и додека тоа зависи од различни фактори од техники на одгледување до фенотипски варијации, тимот на Leafly состави листа на видови кои имаат тенденција да предизвикаат потентни еуфорични ефекти, благодарение на силната генетика и селективното одгледување


Барате потентни врсти на канабис со многу тетрахидроканабинол, кои ќе ја предизвикаат вашата толеранција или ќе стават крај на сериозни медицински проблеки, како ракот? Додека ТХЦ е главен двигател на потентноста, важно е да се разбере важната улога на терпените за подобрување и обликување на јачината на видот. Терпените како мирен, линалол и лимонен се однесуваат на ароматични соединенија кои му даваат на канабисот уникатен спектар на мириси, а каннабисот со богатство и од терпени и од активната состојка ТХЦ, често дава поубаво искуство и е многу подобар лек од врстите кои немаат голема разновидност во составот на активните состојки.


Избор на најсилните видови на канабис

Подолу се прикажани средните THC нивоа на неколку видови на канабис вклучени во оваа листа. Имајте во предвид дека тие ја претставуваат нивната просечна моќност во неколку лаборатории за тестирање; вие несомнено ќе се среќавате со примероци со повисоки или пониски нивоа на ТХЦ во личното испитување на врстата, затоа што ниту едни две билки дури и од иста врста, неможе да имаат идентичен канабиноиден профил (поради многу фактори).



GSC (Girl Scout Cookies)

GSC помина на патот по скалата на слава во последниве години и не е тешко да се види зошто? Генетиката во овој хибрид е силна, со содржина на THC која со редовно тестирање дава над 20%. Очекувајте бран на блажена еуфорија која со часови го одржува и умот и телото со топла релаксација.


Kosher Kush

Кошер Куш прв го благослови светот со своето присуство во 2010 година и оттогаш ги добива наградите за Cannabis Cup. Неговата генетска позадина може да биде мистерија, но чуварите на оваа индика во DNA Genetics го рафинирале шампионскиот напор кој постојано крши 20% THC. Завиткана во дебела прекривка од кристална смола од трихомите, нема потреба од поблизок поглед за да се види дека оваа смирувачка индика не е најдобар избор за почетниците.


Ghost OG

Криејќи се во бела наметка од кристална смола, Ghost OG е врста која се одгледува за нејзината висока октанска еуфорија. Решена да биде отсечена од оригиналната О.Г. Куш, моќта на Ghost OG е озвучена со симфонија на терпени кои го поттикнуваат моќниот THC наплив на овој вид. Пронајдете удобно место и подгответе се да бидете обземени од моќна, еуфорична струја совршена за релаксирање.


Bruce Banner

Брус Банер е вид соодветно именуван по алтер егото на Халк, е тежок хибрид со неверојатна содржина на THC. Номиниран најпотентна врста во 2014 година од страна на High Times по победата во 2013 година на Denver Cannabis Cup, Брус Банер оттогаш се издвои со репутацијата. Со помош на OG Kush и Strawberry Diesel генетика, Брус Банер обезбедува растреперувачки удар од еуфорија која го закотвува вашето тело со длабока релаксација.


Ghost Train Haze

Во последните неколку години, лидерите на Cannabis Cup забележаа нова ѕвезда што расте: енергична сатива, позната како Ghost Train Haze. Оваа врста е вкрстена од Rare Dankness Seeds, имаше највисока содржина на THC во Cannabis Cup 2011, со јачина од 25,5% THC. Наследувајќи ја генетиката од Ghost OG и Wreck of Neville, потентноста на оваа сатива нуди удар на еуфорична енергија која оди директно во главата, хранејќи го фокусот и креативноста.


Chemdawg

Chemdawg е класична врста со незаборавна моќ. Зрелиот мирис на acrid гориво, Chemdawg обезбедува незаборавен профил на вкус, заедно со својата возбудлива еуфорија, поттикнувајќи креативност заедно со цврсто намалување на стресот.


GG4 (Gorilla Glue #4)

GG4 е именувана вака поради лепливоста на нејзините смолести туфки и овој хибрид навистина го отсликува своето име. Не е ретко за GG4 да погоди од средните до горните 20% во анализата на потенцијалот и таа доби повеќе награди за Cannabis Cup за да го поткрепи тоа тврдење. Овој хибрид ќе ве залепи како горила за каучот со зашеметено задоволство.


The White

Вид именуван по белата кристална смола која ги покрива нејзините цветови, The White стана благослов за одгледувачите кои сакаат да ја подобрат јачината на нивната генетика. Рутинските тестирања даваат помеѓу 20-28% THC, оваа врста обезбедува дезориентиран метеж на еуфоричен делириум кој заповеда релаксација.


Death Star

Со профилот на ТХЦ кој обично танцува меѓу 20-24%, Death Star сигурно ќе предизвика многу еуфорија. Користејќи ги своите големи психоактивни сили, овој Sensi Star и Sour Diesel хибрид ви наредува да се разладите, бидејќи наметнува силно еуфорични и седативни ефекти.


White Fire OG

Овој вид роден е од The White и Fire OG, детето White Fire OG (исто така познато како WiFi OG) е сила со која не треба да се занемарува. Податоците од тестирање го покажуваат импресивниот THC потенцијал на овој хибрид, при што просечните нивоа паѓаат помеѓу 22-29%. Неговите возбудливи ефекти го отвораат вашето расположение кон облаците, зголемено чувство кое ќе ја разниша креативноста и среќата.


* * *

Еве неколку други појаки врсти, кои можеби наскоро ќе се продаваат во аптеките и специјалните диспанзери и кај нас во Република Македонија:

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Leafly

Wednesday, August 2, 2017

Разлики помеѓу ИНДИКА и САТИВА врсти на канабис

Сативите се препорачуваат за дневна употреба - еуфоричен ефект
Индиките се препорачуваат за ноќна употреба - седативен ефект

Сативите се препорачуваат за дневна употреба, затоа што даваат еуфоричен ефект. Индиките се препорачуваат за ноќна употреба, затоа што даваат седативен ефект. Екстрактите за лекување канцер и други посериозни состојби, пожелно е да се прават од (две или повеќе) индика врсти со многу THC со цел пациентот да СПИЕ додека се лекува, особено на почетокот на лекувањето. Еве ги главните сличности и разлики помеѓу трите семејства канабис и како да ги распознавате ;)



Почувствувајте ја енергетизирачката моќ на сатива врстите, но и седативната моќ на индика врстите. Сатива за преку ден - за будење, а Индика за навечер - за заспиење. Листот на сативата и индиката се разликуваат. Сативата има потесни вентилатори, индиката пошироки вентилатори, а хибридите се комбинација од примарните три врсти.
















Tuesday, June 16, 2015

Што е тоа канабис РУДЕРАЛИС?

Канабис РУДЕРАЛИС е третата голема варијација на растенија од семејството Канабис, покрај Сативата и Индиката. Тој за прв пат бил пронајден во дивината на Јужно-источна Русија, но и во Полска и Чешка и за прв пат е класифициран во 1924 година од страна на рускиот ботаничар D.E. Janischevsky


Раѓа многу малку туфки
со малку THC
Местата во сите држави во кои првично е пронајден, биле диви предели и тоа над 50 степени северно од Екваторот. Името Рудералис доаѓа од „примитивно“ и овој термин се користи од страна на ботаничарите за да се опишат жилавите, диви и не-домашни растенија, со други зборови - тревишта. Мислењата на научниците дали Рудералисот е засебна врста на Канабис или пак, дали е хибрид од Сатива и Индика - се поделени. Имено научната студија од 2005 година откри дека нема доволно генетски податоци кои би потврдиле дека Рудералисот е посебна врста. Како и да е, генерално и народски кажано Рудералисот се смета за дива врста на Канабис.

Канабис Рудералис се разликува од Сативите и Индиките по многу карактеристики, а пред се` растот - големината на растението, изгледот на листовите, изгледот на целото растение, како и по условите во кои успева. Рудералисот е многу помал во раст за разлика од сативата и индиката со максимална височина од 90 см, расте многу брзо, а што се однесува до листовите, тие се исто така многу мали и тенки (најчесто со пет или три краци, од кои последните краци кај основата се значително мали). Рудералисот обично не се разгранува или му се јавуваат само неколку споредни гранки и раѓа многу малку цветови. На Рудералисот не му е потребна посебна светлосна шема за да започне да цвета. Тој автоматски започнува со цветање како што расте, без разлика колку сонце прима во текот на животниот циклус. Значи неговата старост е услов за цветањето, а не количината на светлината, т.е. фото-периодот и за разлика од сативите и индиките може да издржи многу постудени климатски услови.

Разликите помеѓу трите врсти на Канабис.
Кликнете на сликата за да ја видите во целосна големина


Се карактеризира со 
својот мал раст
Рудералисот до неодамна беше сметан за бескорисен. Поради ниското ниво на канабиноиди, а пред се` THC и CBD - оваа врста на Канабис сама по себе не е вреднувана на пазарот за медицинска и рекреативна употреба. Хемискиот состав на Рудералисот многу наликува на составот на Конопот. И покрај ова од неодамна поради неговите типични особини, т.е. негова позитивна страна - способноста за „само-цветање“ (autoflowering), потоа брзото растење и временските (не)прилики (како на пример студ) што ова растение лесно ги поднесува и не му претставуваат пречка, па затоа истото се користи за вкрстување со сативи и индики. На тој начин се добиваат квалитетни само-цветни семиња со доминантни карактеристики на сатива или индика (или двете од еднаш, бидејќи сите три можат меѓусебно да бидат вкрстувани), но се задржуваат и карактеристиките на само-цветање и брзо растење од рудералисот. Оваа техника е особено значајна за одгледувачите кои живеат во постудените предели од светот или пак, за оние кои што растат во надворешни услови. Поради брзиот раст на ваквите хибриди, возможна е берба дури и неколку пати во годината.


Основни разлики помеѓу Канабис САТИВА, ИНДИКА и РУДЕРАЛИС