Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Многу е потешко да се разликуваат машките од женските семиња. Поедноставно е да се почека малку да потпораснат па, да се одреди полот на растението и машките да се тргнат на страна за да не го распрскаат поленот врз женските цветови
Еве која е разликата помеѓу ЖЕНСКИТЕ (лево) и МАШКИТЕ (десно) растенија. Машките формираат семени топчиња во основата на гранчињата. Машките билки тргнете ги на време... Влакненца кај женските и топченца кај машките. Женско, машко или нешто помеѓу? Од стрес билките може да ви станат хермафродити (да ги имаат двата пола истовремено). Едуцирајте се!
Многу одамна пред забраната, пред многу луѓе дури и да знаат дека канабисот постои, научниците морале да го класифицираат и категоризираат ботанички, што само потврдува дека е (не)вообичаена билка. Описите и примероците од овој временски период генерално не се забележани од јавноста, па проверете ги овие стари примероци и описи на нашето омилено растение собрани од страна на храбрите истражувачи
Навраќајќи се назад во историјата, веројатно првиот ботанички опис на растението сега познато како канабис, се појавил во книгата наречена „Хортус Малабарикус“ (Hortus Malabaricus). Оваа масовна компилација првпат излезе во 1678 година во Амстердам и дава описи и цртежи на 780 лековити растенија од холандската територија Малабар. Во книгата се наведува неговата употреба како извор на влакна и исхрана, како и неговите лековити својства, па дури и е спомнната практиката на пушење. Во книгата, растението било наречено Kalengi-Cansjava или Tsjeru-Canjava.
Името канабис
Најпознат по своите детални илустрации, Хортус Малабарикус не разочарува со цртежите на Kalengi-Cansjava и Tsjeru-cansjava, но за жал уметникот не го доловува растението за време на цветањето. Текстот, напишан на латински, ја опишува анатомската градба на растението, неговата употреба за влакна и семе, неговата употреба како лек, па дури и референци дека се користел за пушење. Името потекнува од домородниот јазик Malayalam од регионот Малабар во Индија, сега познат како Керала.
Подоцна создавачот на современата таксономија, Карл Линеус (Carl Linnaeus), го развил системот на именување, рангирање и класифицирање на организми во 1753 година, кои сè уште ги користиме денес. Тој за прв пат објавил записи во кои се спомнува денешното име на оваа билка - канабис сатива. Зборот „канабис“ (Cannabis) потекнува од грчкиот збор Kannabis, а „сатива“ - ботанички термин што значи култивиран. Тој користел диви примероци на канабис од неговата родна Шведска, од кои два се сочувани во Линнеанскиот хербариум.
Current Name: Cannabis sativa Linnaeus
Сликата од десната страна има статус на лектотип, што значи дека тоа е дефинитивен пример за видот на Cannabis sativa, L. Карл Линеус (Carl Linnaeus) го напиша следново во својата книга Species Plantarum: „Живеење во Индија“ (Habitat in India). Илустрацијата на канабис во Хортус Малабарикус го натера да верува дека родот потекнува од Далечниот Исток.
Иако тој набројал многу различни имиња за растението, Линеус кажал дека родот канабис се состои само од еден вид: канабис сатива. Другите ботаничари и научници низ вековите сметаат дека родот има повеќе од еден вид, но дефиницијата на Линеус, никогаш не е официјално изменета. Различните видови канабис се технички подвидови на cannabis sativa.
Диверзификација на видот
Системот за класификација на Линеус дефинирал само еден вид на растението, со неколку подврсти според регионот, но со текот на годините, научниците додале и одземале други видови, подвидови и сорти од родот врз основа на регионот и други карактеристики, но современите научници генерално користат класификација на само три генерални подвидови: Индика, сатива и рудералис. Хибриди се видови создадени со вкрстување на овие три.
Првиот научник кој ја направил поделбата на канабисот на два подвида бил Жан-Бабтист Ламарк (Jean-Babtiste Lamarck), во неговата Encyclopédie méthodique: botanique објавена во 1783 година. Таму е даден неговиот општ опис на видот канабис, а потоа и детален опис на разликите кај европската канабис сатива и индиската канабис индика или „Chanvre cultivé, Cannabis Sativa“ и „Chanvre des Indes, Cannabis Indica“.
Сативите се препорачуваат за дневна употреба - еуфоричен ефект
Индиките се препорачуваат за ноќна употреба - седативен ефект
Сативите се препорачуваат за дневна употреба, затоа што даваат еуфоричен ефект. Индиките се препорачуваат за ноќна употреба, затоа што даваат седативен ефект. Екстрактите за лекување канцер и други посериозни состојби, пожелно е да се прават од (две или повеќе) индика врсти со многу THC со цел пациентот да СПИЕ додека се лекува, особено на почетокот на лекувањето. Еве ги главните сличности и разлики помеѓу трите семејства канабис и како да ги распознавате ;)
Почувствувајте ја енергетизирачката моќ на сатива врстите, но и седативната моќ на индика врстите. Сатива за преку ден - за будење, а Индика за навечер - за заспиење. Листот на сативата и индиката се разликуваат. Сативата има потесни вентилатори, индиката пошироки вентилатори, а хибридите се комбинација од примарните три врсти.
Канабис РУДЕРАЛИС е третата голема варијација на растенија од семејството Канабис, покрај Сативата и Индиката. Тој за прв пат бил пронајден во дивината на Јужно-источна Русија, но и во Полска и Чешка и за прв пат е класифициран во 1924 година од страна на рускиот ботаничар D.E. Janischevsky
Раѓа многу малку туфки со малку THC
Местата во сите држави во кои првично е пронајден, биле диви предели и тоа над 50 степени северно од Екваторот. Името Рудералис доаѓа од „примитивно“ и овој термин се користи од страна на ботаничарите за да се опишат жилавите, диви и не-домашни растенија, со други зборови - тревишта. Мислењата на научниците дали Рудералисот е засебна врста на Канабис или пак, дали е хибрид од Сатива и Индика - се поделени. Имено научната студија од 2005 година откри дека нема доволно генетски податоци кои би потврдиле дека Рудералисот е посебна врста. Како и да е, генерално и народски кажано Рудералисот се смета за дива врста на Канабис.
Канабис Рудералис се разликува од Сативите и Индиките по многу карактеристики, а пред се` растот - големината на растението, изгледот на листовите, изгледот на целото растение, како и по условите во кои успева. Рудералисот е многу помал во раст за разлика од сативата и индиката со максимална височина од 90 см, расте многу брзо, а што се однесува до листовите, тие се исто така многу мали и тенки (најчесто со пет или три краци, од кои последните краци кај основата се значително мали). Рудералисот обично не се разгранува или му се јавуваат само неколку споредни гранки и раѓа многу малку цветови. На Рудералисот не му е потребна посебна светлосна шема за да започне да цвета. Тој автоматски започнува со цветање како што расте, без разлика колку сонце прима во текот на животниот циклус. Значи неговата старост е услов за цветањето, а не количината на светлината, т.е. фото-периодот и за разлика од сативите и индиките може да издржи многу постудени климатски услови.
Рудералисот до неодамна беше сметан за бескорисен. Поради ниското ниво на канабиноиди, а пред се` THC и CBD - оваа врста на Канабис сама по себе не е вреднувана на пазарот за медицинска и рекреативна употреба. Хемискиот состав на Рудералисот многу наликува на составот на Конопот. И покрај ова од неодамна поради неговите типични особини, т.е. негова позитивна страна - способноста за „само-цветање“ (autoflowering), потоа брзото растење и временските (не)прилики (како на пример студ) што ова растение лесно ги поднесува и не му претставуваат пречка, па затоа истото се користи за вкрстување со сативи и индики. На тој начин се добиваат квалитетни само-цветни семиња со доминантни карактеристики на сатива или индика (или двете од еднаш, бидејќи сите три можат меѓусебно да бидат вкрстувани), но се задржуваат и карактеристиките на само-цветање и брзо растење од рудералисот. Оваа техника е особено значајна за одгледувачите кои живеат во постудените предели од светот или пак, за оние кои што растат во надворешни услови. Поради брзиот раст на ваквите хибриди, возможна е берба дури и неколку пати во годината.
Основни разлики помеѓу Канабис САТИВА, ИНДИКА и РУДЕРАЛИС