Thursday, September 7, 2017

Упатство за употреба на канабис-супозитории

„Чепчето се внесува не повеќе од 2 см длабоко со прст и се легнува на стомак и препорачливо е да се лежи во оваа положба минимум 20 минути и да не се оди по голема нужда околу час и половина“ - вели овој пациент


Канабис супозиторија
Многу пациенти нè прашуваат како да ги употребуваат домашно подготвените чепчиња од канабис, поради тоа што многу брзо им се топат во рацете, им истекуваат од ректумот или веднаш ги исфрлаат преку столицата. На интернет нема многу точни информации на оваа тема, па затоа ние прашавме паталец. Прашавме пациент од Скопје кој самиот се лекува од белодробен карцином на малите клетки (small cell carcinoma) со супозитории од канабис. Тој чепчињата самиот си ги подготвува од масло, кое исто така го подготвил самостојно со помош на наша пријателка која има искуство во подготовка на масло од канабис. Таа самата до пред некое време беше пациентка - сега успешно излечена од МС. 


Седнете на шолја или легнете на страна/грб
Овој 59 годишен пациент до сега има примено 2 хемотерапии за коишто бил принуден да ги прими, а паралелно со нив започнал да се самолекува со маслото. За маслото дознал на интернет од нашата страница и без многу размислување веднаш се одлучил да го проба. Неговото првично мислење за канабисот било неутрално, но позитивните приказни на до сега излечените пациенти кои се охрабрија за тоа јавно да проговорат, го поттикнаа веднаш да тргне во потрага по вистинскиот лек.




Упатство за употреба
Првите дози ги земал орално, а потоа одлучил да проба да го консумира маслото ректално преку супозитории. Првите тумор маркери изнесувале 1180, а сега се паднати на 162 по само еден месец и 10 дена од користењето на супозиториите од квалитетен домашно подготвен екстракт од марихуана помешан со органски какао путер и кокосово масло. 


Измијте ги рацете и замрзнатата супозиторија извадете ја од обвивката и со мокри прсти се внесува во ректалниот отвор во седечка положба на WC шолјата. Чепчето се внесува не повеќе од 2 см длабоко со прст и се легнува на стомак и препорачливо е да се лежи во оваа положба минимум 20 минути и да не се оди по голема нужда околу час и половина“ - вели овој пациент, кој сака да остане анонимен и кој сега исто така е наш пријател, кој додава дека супозиториите направени со кокосово масло се топат побрзо, во споредба со супозиториите од како путер којшто е малку потешко достапен на пазарот. Значи најдобро е да се аплицира чепчето веднаш после столица.


Тој ги дозира супозиториите по шемата на Рик Симпсон и веќе прима скоро по 1 грам канабисово масло дневно (3 x 0,33 ml). Поентата е супозиторијата од ладилникот спакувана што е можно побрзо да се пренесе до местото каде што ќе се внесува и да се внесе веднаш по отворањето. Овој пациент по наша препорака следните супозитории ќе ги подобри со додавање на темјан, а на крајот од лекувањето тој исто така по наша препорака ќе продолжи со доза за одржување.



Рецепт за подготовка на супозитории за лекување канцер

Нашиот соговорник своите супозитории моментално си ги подготвува на следниот начин: Подготовка на 60 супозитории со 20 мл канабисово масло за само 20 дена од 60 милилитарската канабис терапија. Секоја супозиторија има капацитет од 2,6 мл. 60 супозитории имаат капацитет од 156 мл смеса, од што 20 мл треба да се екстракт од канабис, што значи 136 мл треба да земете стопено масло од кокос или какао путер.



На овој начин ќе добиете 60 супозитории од по 0,33 мл масло од канабис во секоја. Дневно треба да се земаат по 3 вакви чепчиња = 1 мл масло дневно. Доколку овој рецепт не одговара на вашите потреби соодносот на канабисово масло и медиумот во кој е растворено треба да го прилагодите според вашите потреби, т.е. дијагнозата и фазата на лекувањето. Со помош на супозитории можете да излечите секаков вид на канцер и секакви состојби со тенкото и дебелото црево, хемороиди, Улцерозен колитис, Кронова болест и... пробајте самите, па заеднички да ја надополнуваме оваа листа, која нема крај! НУЛА смртни случаи до сега, а секој ден сè повеќе оздравени и излечени со масло од канабис.

Автор: Monique Konopova

1 comment:

  1. Kako da stappam voo kontakt so vasata prijatelka ilekuvana od MS/
    071211851

    ReplyDelete