Sunday, July 1, 2018

Наука наспроти искуство: Колку се ефективни супозиториите од канабис?

Постојат многу позитивни и веродостојни препораки од искуствата на пациентите, од кои повеќето пријавуваат дека со канабис-чепчињата го добиваат посакуваниот ефект, пријавуваат долготрајно ослободување на лекот, а поединци известуваат дека психоактивниот ефект не е толку карактеристичен, особено кога мора да примаат големи дози кон крајот на канабис-терапијата, споредено со пушењето или оралното внесување на маслото



Не ѝ верувајте на фарМАФИЈАТА!!!
Постојат бројни, многу контрадикторни извештаи за ректалната примена на канабисот на Интернет, кои се движат од „апсолутно неефикасни“ до „најдобри досега“. Истражувањата за овој тип на внесување на екстрактот од канабис се речиси непредвидливи, бидејќи има само две релативно мали и стари научни студии и тоа од 1985 година и 1991 година. Двете студии се крајно контрадикторни бидејќи заклучуваат дека биорасположивоста на ТХЦ земена ректално е многу слаба во споредба со јадењето или инхалирањето на дозата. Од друга страна, постојат многу позитивни и веродостојни препораки од искуствата на пациентите, од кои повеќето пријавуваат дека го добиваат посакуваниот ефект. Понатаму, луѓето пријавуваат долготрајно ослободување на лекот, откако ректално го примениле канабисот, а поединци известуваат дека психоактивниот ефект не е толку карактеристичен особено кога мора да примаат големи дози кон крајот на терапијата, споредено со пушењето или оралното внесување на маслото.



Направете си канабис супозитории! ВИДЕО!
Ефикасноста на суппозиториите од канабис

Секоја активна супстанца од супозиторијата, прво мора да се раствори во водниот мукус на ректумот пред да навлезе во крвотокот. Во студиите на кои досега се базираа сите медицински тврдења, се покажа дека биорасположивоста на ректално применетото ТХЦ е значително зголемена ако молекулата на THC претходно е трансестерифицирана. THC-естер THC-hemisuccinate (THC-HS) се апсорбира подобро во ректумот, потоа преминува директно во крвотокот за да стигне до црниот дроб, каде што конечно се метаболизира. Првиот патент за такви супстанции на ТХЦ беше поднесен во 1994 година. Во релевантните форуми, исто така, ќе најдете детални инструкции како да трансестерифицирате ТХЦ во THC-HS. 


Речиси сите изјави за биорасположивоста на ректално применетото THC цитираат 27-годишна студија на неколку мајмуни. Мајмуните не можеа да го пријават искуството, а само THC-содржината во крвотокот беше измерена. Овие студии беа спроведени пред откривањето на канабиноидните рецептори или постоењето на канабиноидниот систем. Оттогаш, научниците открија дека ефектот на канабис е комбинација од многу компоненти кои работат синергично; научниците го нарекуваат ова како придружен ефект (entourage effect). Несомнено е докажано дека THC-HS ја зголемува биорасположивоста на THC кога станува збор за ректален внес. 


Најпрво загрејте го медиумот, потоа додајте го канабисовото масло
Сепак, постојат многу извештаи за искуствата на пациентите дури и кај нас во Македонија, од кои многумина пријавуваат успех и потврдуваат дека ефектот на ректалното внесување им е попријатен од оралното, поради намалената психоактивност, особено кога мораат да внесуваат поголеми дози, а истовремено треба да одат и на работа која од нив бара максимален фокус и концентрација. За многу пациенти со тумори и проблеми со желудникот и цревата, ректалното внесување би било идеална апликација, затоа што треба да се делува поблиску до болното место, а кога станува збор за проблеми со женскиот репродуктивен систем, чепчињата пожелно е да се користат како вагиналети. 


Смесата за подготовка на канабис супозитории од искуството со нашите пациенти, најдобро е да се подготви со доминација на какао путер и малку кокосово масло, поради тоа што какао путерот побавно се растопува - со што лекот побавно се ослободува во организмот на пациентот, а исто така полесно е да се администрираат чепчињата. Канабис чепчињата направени само со кокосово масло се полоши, затоа што може да се растопат и на прсти. Сепак, со цел подобро да се дешифрира ректалниот потенцијал на маслото од канабис и вклучените механизми, повеќе студии на случај се итно потребни за да се истражи ова прашање според научниот метод.


Препорака од уредникот:





Автор и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana

No comments:

Post a Comment