Капсулите од канабис се дизајниран, лесен, дискретен и суперефективен начин на лекување. Консумирањето пилула најмногу се вклопува во секојдневната рутина на повеќето луѓе во споредба со пушењето, испарувањето или јадењето на специјалните прехранбени продукти со додаток на медицински канабис. Изработката на канабис капсулите дома е едноставен начин за да се осигурате дека внесувате чист органски лек кој е создаден специјално за да одговари на вашите индивидуални потреби
Сами направете си го лекот! |
Дневната ниска доза на канабиноиди може да помогне во олеснувањето на широк спектар на заболувања, а кога третирате хронично растројство, важно е постојано да го снабдувате вашето тело со лековити канабиноиди. Постојат два начина кои треба да ги знаете кога правите свои капсули - капсули од масло или од декарбоксилиран сув канабис. Некои претпочитаат да прават капсули на база на масло, бидејќи сувиот канабис може да биде малку потежок за варење за чувствителните стомаци.
Но, ако барате брзина и леснотија за време на лекувањето, пилулите од сув цвет од канабис се начинот што треба да го одберете затоа што е толку многу ефикасен. Правењето домашни канабис капсули не само што е креативно и забавно, можете да експериментирате со додавање и на други билки, темјан и сл. со цел да направите персонализиран лек. Можете дури и смесата што ја подготвувате за правење на канабис супозитории (со путер од кокос или какао путер), да ја искористите за подготовка на капсули. Капсулите можете да ги направите и од активиран киф. Капсулите од неактивирано масло/цвет се наменети за третирање на дијагнози кај кои потребни се канабиноидите токму во неактивирана форма како ТХЦ-А или ЦБД-А, таква болест е лупусот.
Најпрво купете си празни капсули или испразнете капсули од некакви органски суплементи! За да ја одредиме потентноста (јачината) на капсулите, треба да направиме брза и лесна математичка пресметка: Ние ќе користиме празни капсули со големина „0“ кои можат да содржат приближно 0,5 грама (тежина). За пресметување на количината на декарбоксилиран цвет од канабис, ние ќе претпоставиме дека употребениот материјал е приближно 5% ТХЦ. Ова значи дека има 50 мг ТХЦ на секој 1 грам (тежина) од растителниот материјал. Секоја капсула со пилули содржи околу 0,1 грам (тежина) растителен материјал кој има приближно 5 мг активиран ТХЦ. Со овие пресметки, секоја празна капсула наполнета со декарбоксилираните туфки ќе содржи околу 5 мг THC.
Персонализиран лек според вашите потреби и желби! |
Кога станува збор за капсулите базирани на масло, можете многу лесно да ја прилагодите јачината само доколку знаете колку јако ви е маслото врз основа на тоа од каков материјал е направено и на каков начин. Најдобро е маслото пред да ги правите капсулите и/или чепчињата да биде анализирано во лабораторија (вакви испитувања веќе се прават и кај нас во Македонија). Значи треба само да внимавате колку од испитаното масло ќе ставите во секоја од капсулите. Ако сакате појака пилула, едноставно вметнете повеќе цвет во маслото. Како што споменав погоре, капсулата со големина 0 ќе содржи околу 0,4 грама (тежина), но ќе имаме за цел да ја наполниме капсулата за околу 80% од нејзиниот капацитет (400 мг / 0.4 грам во тежина што е еднакво на 0,4 мл во обем/волумен).
- Заради доследност, ќе претпоставиме дека просечен грам канабис содржи 50 мг THC. 7 грама канабис во ¼ чаша масло: (7 грама x 50 мг THC = 350 мг THC) - ¼ чаша = 62,5 мл
- 350 мг поделено со 62.5 мл = 5.6 мг на 1 мл;
- 5,6 мг THC на 1 мл x 0,4 мл (по капсула) = 2,24 мг THC.
- 14 грама канабис во ¼ чаша масло: (14 грама x 50 мг THC = 700 мг THC) - ¼ чаша = 62,5 мл
- 700 мг поделено со 62.5 мл = 11.2 мг на 1 мл;
- 11,2 мг THC на 1 мл x 0,4 мл (по капсула) = 4,48 мг THC.
Ако сакате капсула на база на вметнато масло, започнете најпрво со набавка на готово (домашно) или со изработка на сопствено масло од каннабис - следете ги овие рецепти за да направите домашно масло со кокосово масло или маслиново масло. Ако сакате капсули со сурова или сушена билка, започнете со загревање на рерната на 105 степени целзиусови. Додека рерната се загрева, ситно мелете го канабисот со мелница за билки, мелница за кафе или бибер или со аван и толчник. Покријте ја тепсијата за печење со пергаментна хартија и истурете го вашиот канабис рамномерно на врвот. Печете околу 20 - 60 минути, уверете се дека печката не се издига над 120 степени целзиусови.
Бидете креативни! |
Ако барате дополнителен исцелителен удар од билни лекови или во некој рецепт, обидете се со додавање на некои од следниве билки во маслото од канабис или едноставно измешајте ги со правот од канабисот после декарбоксилација: за смирување или за несоница, додадете издробен корен од валеријана во капсулите, маточина, екстракт од лимон или цвеќе од хмељ. За хранливи капсули за збогатување на диетата и како супер храна додадете спирулина, хлорела, куркума. За зајакнување на имунитетот во дневните капсули додадете: ѓумбир, корен од гинко, корен од мака или астрагал.
Откако канабисот или маслото се декарбоксилирани, време е да се наполнат капсулите. Користењето на машината со калапи за капсули го скратува овој процес на 5 минути или помалку, но можно е да ги пополните и без оваа корисна алатка. Јас дефинитивно би Ви ја препорачала машината, тие се помалку од 50 долари ако ги нарачате на интернет и заштедуваат многу пари на долг рок ако постојано правите разновидни билни капсули, особено ако сте пациент со канцер или некоја друга сериозна болест.
Капсули со декарбоксилиран канабис |
Ако ги избирате капсулите базирани на екстракт, употребувајте шприц или капалка за внимателно и прецизно пополнување на дното на капсулите. (Забелешка: ако користите кокосово масло треба истото да се загрее за да стане течно со што ќе го олесните процесот на полнење. Сепак мора да внимавате затоа што ако маслото е премногу топло, капсулите може да се стопат, па затоа е важно да останете во таа неутрална температурна зона, а имајте предвид дека кокосовото масло и маслиновото брзо се загреваат). Откако ќе се наполнат капсулите, ставете ги врвовите на капсулите во капакот на уредот и ставете го во уредот. Движете ја машината и притиснете ја на врвот со двете раце. Подигнете, извадете ги пополнетите капсули и ставете си ги во тегличка - сега имате златни канабис капсули спремни за подобрување на вашето здравје!
Автор: MoniQue Konopova
Извор: Marijuana
No comments:
Post a Comment