Monday, April 10, 2017

Канабисот ја поттикнува неврогенезата!

Науката конечно со докази и факти му се спротивстави на контрадикторното и лажно уверување за марихуаната, дека „го суши мозокот“! Ги обновува, целосно ги регенерира клетките од здравите ткива и органи, промовирајќи создавање нови здрави клетки


Марихуаната може да те направи попаметен!
Научните истражувања продолжуваат да потврдуваат дека консумирањето канабис не ги уништува мозочните клетки, туку напротив - влијае многу позитивно врз мозокот на корисникот! Веќе одамна е познато дека користењето канабис ги уништува генетски погрешните (штетни) за нашиот организам клетки на ракот (мутираните), а ги обновува (регенерира) клетките од здравите ткива и органи, промовирајќи создавање нови здрави клетки. Епа, исто е и со мозокот и канабисот! Најновите истражувања покажуваат дека активното користење на ова билно растение, без разлика на кој начин (орално, анално или преку пушење/евапорација) може да го зголеми бројот на неврони во мозокот, процес кој се нарекува неврогенеза. Неврогенезата најчесто се одвива во делот од мозокот наречен хипокампус.


Фармацевтските лекови го оштетуваат мозокот
Долго време се веруваше дека мозочните клетки престануваат со растење после одредена возраст. Сепак, истражувањата сега покажуваат дека мозокот продолжува со создавањето на нови неврони во текот на целиот живот. Хипокампусот е одговорен за помнењето, учењето, просторната ориентација и се верува дека е способен да произведе над 5.000 нови клетки дневно. Неврогенезата е позната по тоа што ги подобрува мозочните функции, како што се учењето и меморијата. Исто така, понатамошните истражувања покажуваат дека намалената неврогенеза е поврзана со појавата на разновидни анксиозни и депресивни нарушувања. Иако неврогенезата е тековен процес (што се одвива постојано), интензитетот на неврогенезата опаѓа како што старееме.


Спречи го стареењето на мозокот со канабис!
Истражувањата исто така, покажуваат дека редовната употреба на опојни дроги (опијати), алкохол, никотин и кокаин можат да го попречат процесот на неврогенезата. За среќа научниците го открија и проучија ендоканабиноидниот систем и дознаа дека токму овој систем игра круцијална улога во процесот неврогенеза. Експертите веруваат дека ендоканабиноидниот систем ја олеснува неврогенезата во текот на целиот животен век на човекот, започнувајќи од ембрионална големина, па се` до доцната старост. Познато е и дека многу болести што ги засегаат старите лица настануваат поради ендоканабиноиден дефицит, па за да се спречат и за да се спречи забрзаното пропаѓање на мозокот кај постарите, се препорачува редовно консумирање канабис.


Канабиноидите се користат за третирање на голем број симптоми поврзани со стареењето на мозокот, вклучувајќи и пад на неврогенезата. Исто така, студиите покажуваат дека канабиноидите можат да ја поттикнат неврогенезата дури и откако мозочните клетки се оштетени. Научниците ги истражувале ефектите на канабиноидите врз невроенезата користејќи синтетичка верзија на THC - најпознатиот канабиноид. Поконкретно, студијата предводена од страна на Канадскиот истражувач д-р Чиа Џанг (Xia Zhang) откри дека синтетичкиот THC може не само да ја поттикне неврогенезата кај лабораториските модели, но исто така се чинеше дека ги редуцира симптомите на анксиозност и депресија - потврдувајќи ја поврзаноста помеѓу неврогенезата и нарушувањата во расположението. CBD - другиот познат канабиноид од марихуаната - исто така, покажа извонредна можност да ја зголеми неврогенезата во студиите.


Секојдневно грижи се за својот мозок!
Иако марихуаната се чини дека има уникатна способност на зголемување на растот на мозочните клетки, без разлика дали неврогенезата може да ја подобри вашата целокупна интелигенција, допрва треба да биде испитано од страна на современите истражувања. Од друга страна, неврогенезата се верува дека ги подобрува аспектите на меморијата и учењето, што би можело да се претпостави дека има позитивен ефект врз вашиот коефициент на интелигенција.


Исто така, резултатите од студијата на д-р Џанг зборуваат за тоа дека марихуаната може навистина да биде ефективен третман за пациентите кои страдаат од анксиозност и депресија. Од друга страна, од сите најчестите рекреативни супстанции, марихуаната се чини дека е единствената која има позитивно влијание врз растот на мозочните клетки! Уште еднаш, научните докази покажуваат дека марихуаната може да биде подобра за вашето здравје, отколку многу други лекови на денешното општество.


Напиша: MoniQue Konopova
Извор: TruthOnPot

No comments:

Post a Comment