55 годишниот П. С. од Скопје успешно го убива својот аденоцарцином на дебелото црево со метастази на црниот дроб со помош на екстракт од канабис од црниот пазар. „Со мојот сопруг одиме напред тумор маркерите се стабилизираат. Денес направивме испитувања и тумор маркерите се нормализираат!“ - истакнува Л. С. од Скопје.
П. С. оздравува благодарение на маслото од канабис! |
420 Macedonia: Од што боледувал вашиот сопруг? Каков вид на тумор и кога му е дијагностициран?
Л. С. Мажот ми се оперираше од рак на дебело црево со метастази на црниот дроб пред девет месеци. После операцијата 4 месеци воопшто не примаше хемотерапија. Бевме на природна исхрана и на алтернативна медицина. Но, заради добивање на инвалидска пензија бевме принудени на хемотерапија и тоа после 4 месеци. За среќа после успеав да го набавам маслото и го применувавме заедно со хемото, со што полесно ја поднесуваше таа токсична хемотерапија и почнаа да се намалуваат тумор маркерите. Докторите се чудеа на тоа, оздравувањето им беше сомнително и секогаш ни велеа дека станува збор за тешка болест од која никој не се излекувал до сега. Но, ете благодарение на маслото, а не на хемото мојот сопруг е жив! Тоа е чудо затоа што докторите го сметаа за безнадежен случај. Сега тумор маркерите се од 606 на 22 нормален, CA 19.9 а севкупниот од 296 сега е 9.44, на што докторот вели дека сега постои шанса.
420 Macedonia: Каков начин на живот водеше вашиот сопруг пред дијагнозата? Дали бил изложен на голем стрес?
Л. С. Живееше нормално, како и секој човек. Беше возач, така што не внимаваше многу на исхраната, нешто на брзина сè внесуваше и месо, а знаеше и да се напие не да речам многу, ама ете имавме доста стресни случки. Го носев во болница пред да се случи ова и докторот му велеше: „...ништо не ти е, здрав си“.
420 Macedonia: Како дозна дека е болен?
Л. С. Вака се жалеше на стомачни болки цела година. Го прегледаа на ехо и ни рекоа дека е супер и така започна, но после болките во стомакот се зголемуваа и така тераше можеби 3-5 месеци. После тоа не можеше да отиде по голема нужда. Пробаа со клизма и неможеше така да се направи. Битно потоа со компјутерско снимање и тогаш се виде дека има илеус и почна да повраќа, па итно го однесовме во Скопје и таму го оперираа на дебелото црево и после откако го отворија видоа дека се работи за рак на дебело црево со метастази на црн дроб и така започнаa нашите маки... Покрај илеус се виде дека се работи и за рак на дебело црево и тоа во 4 стадиум. Изваден е поголем дел од дебелото црево и има ќеса наречена анус претер. Илеус е состојба кога не може да оди по голема нужда и имаше застој во цревата и нагони за повраќање.
420 Macedonia: Какво беше неговото првично мислење за канабисот и како дознавте за лековитата моќ на канабисот? Како го дозиравте маслото?
Л. С. Сопругот канабисот го прифати како надеж за живот, откако јас му објаснив за лековитата моќ на канабисот. За канабисот дознав од интернет и од телевизија од емисиите за канабис кои започнаа да се емитуваат по нашите телевизии, а доста научив од вашата страница. Шемата за дозирање еднаш вие ми ја испративте.
420 Macedonia: Кога се случија првите подобрувања и дали сопругот лесно се навикна на маслото?
Л. С. Го примаме орално заради тоа што е изваден поголем дел од дебелото црево и како што кажав има ќеса поради која не може да зема супозитории. Многу брзо и лесно се навикна на терапијата. Секоja доза многу му ги олеснуваше болките, немаше болки. Имаше само еден ден проливи, а повраќање немаше никогаш и со маслото се чуствуваше одлично.
Резултатите се подобруваат! Хемото е отров! Канабисот е лек! |
420 Macedonia: Колку хемотерапии примил сопругот до сега?
Л. С. Инаку јас сум медицинско лице и никогаш не бев поборник на хемотерапијата и сакам да бидам анонимна, поради тоа што од некои луѓе бев тотално разочарана и ме обвинуваат дека наеднаш престанав да го носам на хемотерапија, туку после 4 месеци, како наводно сум сакала да го убијам мојот сопруг, иако докторите ми рекоа за 6 месеци повеќе нема да има, ама тој е сè уште жив!
420 Macedonia: Колку масло има земено и дали ви беше познат квалитетот на маслото?
Л. С. Во грамови незнам точно да кажам колку има внесено, затоа што дозата постепено ја зголемувавме, поради хемото. Масло земаше три пати на ден. Тумор маркерите беа доста високи, па после земање на канабисот почнаа да се намалуваат и сега да се нормализираат. Во понеделник одиме на контрола, бидејќи минатиот пат нè вратија. Сега резултатите се добри, а и крвната слика е добра и црвените и белите крвни зрнца и хемоглобинот се добри. Што се однесува на квалитетот на маслото, тој што ми го правеше велеше дека е доста добро, па јас му верував нему, бидејќи ми е близок човек.
420 Macedonia: Како П. С. се чувствува сега?
Л. С. Добро. Може да вози, оди дури сам до продавница со велосипед. Дури сам возеше до Битола и назад, иако прими хемотерапија, благодарение на маслото има волја за живот и ете сега се спремаме за свадба за нашата ќеркичка.
420 Macedonia: Какво е вашето мислење за нашето движење 420 Macedonia и за нашата Нацинална кампања за декриминализација на канабисот во РМ преку интервјуа со јавноста и што ќе им порачаш на читателите?
Л. С. Да, вашата страница е супер и доста ми беше од помош и треба така да се продолжи. Да не се плашиме сите ние луѓето кои се бориме со оваа болест да се сплотиме и јавно да зборуваме за лековитата моќ на канабисот и за нејзино легализирање, а не да се разединуваме. Оти јас знам и доктори што го употребувале за нивно лекување и кои се излекувани ама молчат, а онколозите да се изборат за поинаков пристап кон болните од рак, а не на нив да гледаат само како на бројка. Моментално нив не им е важно дали пациентите ќе бидат живи или ќе се случи најстрашното.
No comments:
Post a Comment