Tuesday, July 18, 2017

Студентка од земјоделски сака секој земјоделец легално да може да одгледува коноп во Република Македонија

ДЕКРИМИНАЛИЗИРАЈ!!! Рекреативна употреба = Превентивна употреба

С. Г. сака конопот легално да се сади!
С. Г. е дваесет  годишна здрава, убава, паметна, среќна и преамбициозна млада жена од Скопје, студентка на државниот факултет за земјоделски науки и храна, при крајот на нејзините студии на смерот Фитомедицина. С. Г. сака во Македонија да се престане со увезувањето на земјоделски производи и сака секој земјоделец да може да одгледува коноп и канабис, покрај останатите култури. Во слободно време таа е екологист, активна е во акциите за чистење на нашата држава, доста е физички активна и често планинари. С. Г. собира секакви тревки, има свој личен хербариум, го едуцира друштвото за растенијата преку прошетки во природа, а исто така одгледува своја бавчичка, т.е. органска градина во своите викендички. На Македонија ѝ требаат многу повеќе вакви храбри и здрави млади умови, кои имаат толку позитивен потенцијал во себе, што секој дел од своето време го трошат на подобрување на животната средина, на олеснување и усовршување на животот на сожителите, на помагање... Токму затоа на Македонија ѝ треба целосна декриминализација на канабисот, за македонската младина да сака да остане да живее тука! 


420 Macedonia: Што за тебе претставува канабисот?

С. Г. Канабисот за мене претставува растение на животот, кое може да се користи за многу работи: лек, храна, козметика, текстил итн... Многу друштво имам запознаено поради ова растение. Канабисот е дар од природата за луѓето и во никој случај не треба да се смета за дрога.


420 Macedonia: Какво е мислењето на професорите од нашиот земјоделски факултет за канабисот? Дали си пробувала да разговараш за канабисот со нив? Дали го поддржуваат целосното ослободување на канабисот?

С. Г. Па во глобала ретко зборауваат на оваа тема, одбегнуваат. За конопот неколку пати имаме зборувано, за неговиот хемизам и физиологија, додека пак, за целосно ослободување на канабисот немаме зборувано.


420 Macedonia: Како иден експерт во земјоделството дали сметаш дека Македонија има соодветно поднебје и почва за одгледување коноп/канабис?

С. Г. Секако дека нашата држава има соодветно поднебје за одгледување коноп и канабис! Имаме дури 280 сончеви денови во текот на годината, ако малце повеќе ја истражите нашата држава ќе видите дека насекаде има диворастечки коноп, впрочем имаме и село чие име очигледно е дека е добиено од диворастечкиот коноп - Селото Конопиште!!! Ако не верувате – прошетајте и ќе се уверите :)


420 Macedonia: Како познавач на растенијата какво е твоето мислење за ГМО марихуаната?

С. Г. Иако во некои земји е забрането ГМО тоа секаде го има... Без него нема да може да се нахрани целата светска популација. Гигантската фирма „Монсанто“ која е позната по производството на ГМО семиња веќе подолг период работи на генетски модифицираната марихуана која наводно ќе го зголеми количеството на ТХЦ.


420 Macedonia: Какво е твоето лично искуство со канабисот? Кога прв пат ја проба оваа лековита билка и на каков начин?

С. Г. Прва година средно и тоа пробав во блант. Ми беше одлично и дури денес сè уште се дружам со таа екипа, одлична е фини прекрасни луѓе, пред сè интелектуалци и често се дружиме на по „еден“ блант.


420 Macedonia: Колку често консумираш канабис и како? Која е твојата омилена врста? Кој начин на консумирање канабис го преферираш? Кое е твоето омилено време за консумирање?

С. Г. Конзумирам неколку пати неделно секогаш во друштво. Канабисот за мене е нешто што ги зближува луѓето, па дури и тотално непознатите. Имам пробано неколку пати сама, но сепак кога ќе помине некој дечко/девојка што не го/ја познавам и ќе им понудам. Секој период од денот ми е омилен за канабис. Омилена врста немам сè додека е некое добро - природно и не е прскана. Сакам малце повеќе да експериментирам, па пробувам од бонгови, преку овошје, наргиле, луле. Имам направено една голема листа „101 ways to smoke weed“ и стигнав до 42 начини. Кога ќе стигнам до 101 ќе ја споделам со вас таа листа. Пробајте и вие, ви препорачувам!


420 Macedonia: За што тебе ти помага канабисот и дали имаш излечено или спречено некакво заболување или здравствена состојба?

С. Г. Секако, ми го подобрува пред менструалниот синдром (ПМС) и расположението. Имав анксизност која повеќе ја немам, болки во мускулите кои ги имам бидејќи често пешачам со саати. Јас немам посетено доктор веќе 3 години, бев пред некој месец да си проверам крв и бев шокирана за резултатите - сè ми е во доволен број - што порано, кога не консумирав канабис не беше така. Исто така и сум крводарител, сакам да спасувам животи и ги охрабрувам сите да го сторат тоа!


Друштвениот вкусен момент :P
420 Macedonia: Канабисот е и храна и лек воедно, билка и зеленчук воедно. Дали знаеш некакви рецепти за подготовка на здрави прехранбени продукти од канабис?

С. Г. Коноповото семе  е одлично за ужина. Се користи на многу начини како прелив за салата, додаток во ручекот (наместо сол која е многу штетна за нашиот организам особено во прекумерни количини), може и да се прави: сладолед, колачи, чоколади... Јас ви препорачувам млеко од коноп и леб од коноп!


Млеко од коноп

Потребни состојки: 
* 1 чаша конопови семки (може да ги најдете во пет-шоп, продавница за здрава исхрана, меѓутоа да знаете семките се стерилни, но ако имате среќа и од нив може да ви никне нешто);
* 4 чаши природна минерална вода;
* 1 ванила стапче\ 1 цимет.

Начин на подготовка: Целата оваа смеса ја ставате во блендер и исфилтрирајте со газа, додадете засладувач (стевиа,к афеав шеќер, мед), по желба се додава некое шумско овошје. Доколку коноповите семки се со лушпа оставете да покиснат 8-12 часа (ја исцедувате водата во која се натопени семките). Потоа млекото можете да го додадете во вашето кафе, смуди. Ова е одличен извор на протеини кој ќе го убие гладот за подолго време.


Вака полесно се завршува факс! ;)
Леб од коноп

Потребни состојки:
* 900 грама брашно;
* 75 грама брашно од коноп;
* 75 грама лупени семки од коноп;
* 550 мл вода;
* 25 грама квасец;
* 20 грама сол;
* 10 грама путер.

Начин на подготовка: Брашната се ставаат во длабок сад и се мешаат сè додека не се соединат, потоа се додаваат и останатите продукти, а водата постепено се додава додека го замесувате тестото. Се остава 15-20 минути тестото да искисне (за тоа време пафнете си еден) и се пече околу 20 минути на 230 степени.


420 Macedonia: Дали сметаш дека одгледувањето коноп/канабис може да го подобри квалитетот на почвата за другите култури и дали може да ни ја подобри живостната средина?

С. Г. Република Македонија е бoгaтa сo aлувијaлни пoчви, бoгaти сo мoшне хрaнливи мaтерии и зaтoa се пoгoдни зa одгледувaње на рaзни земјoделски култури, меѓу кoи и кoнoпoт. Нo сепaк, пoрaди нерaциoнaлнoтo кoристње нa пoчвите и уништувaњетo нa целaтa вегетaцијa вo нaшaтa земјa, чест е случaјoт тие дa oсирoмaшaт или дa бидaт ерoдирaни. И недoвoлнaтa грижa зa пoчвaтa и вoдaтa, дoведувa дo нивнo зaгaдувaње сo штo тие не смеaт дa се кoристaт зa нaвoднувaње или зa сaдење, а познато е дека конопот е култура којашто не само што го прочистува воздухот подобро од шумите, конопот исто така ја прочистува земјата, дури и од штетното дејство на радијацијата. Затоа во Фукушима масовно треба да се сади коноп, но не само таму, конопот треба слободно да си расте насекаде низ светов!


420 Macedonia: Ова интервју е дел од Националната кампања за декриминализација на најлековитата билка на планетава во Македонија, преку која сакаме на секој да му дадеме можност да го искаже своето мислење, затоа што сметаме дека сечие мислење е важно. Што мислиш за граѓанското движење 420 Macedonia и за оваа кампања?

С. Г. ужива после активниот напоредн ден ^_^
С. Г. Одлично е сè што правите бидејќи вие го освестувате народот! Јас ве следам уште кога имавте 200 лајкови (случајно ве открив сама побарав 420 Македонија) бев шокирана кога видов дека во Македонија има ваква страна и премногу се израдував и измотивирав уште повеќе да ви се приклучам! Го охрабрувам секој да направи сè што може за ослободување на конопот, а сите кои немаат време нека стават лајкче на вашата страница на фејсбук, нека поканат пријатели да стават лајк и секојдневно нека се едуцираат и споделуваат информативно-едукативните објави што ги постирате! Секој што ја игнорира забраната на конопот е соучесник на таа забрана која секојдневно убива невини души, а самиот коноп до сега никого не убил!


420 Macedonia: Која е твојата порака до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот?

С. Г. Тој што не знае доволно за ова растение – Научи го!
Тој што има здравствени проблеми и депресија – Излечи го!
Тој што знае и ужива во ова растение – Дружи се со него!
Тој што вика дека канабисот е дрога и не лечи болести – Освести го и бегај од него!!!

Од хербариумот на С.Г. :)
С.Г. на сите ни препорачува да го погледнеме д-р Масару Емото:

No comments:

Post a Comment