Перо - Археолого Неолитски од Делчево |
„Јас сум дипломиран археолог, моментално сум на магистерски студии исто на археологија. Хоби исто така ми е археологијата и читањето книги поврзани со оваа наука, :D а во последно време си играм со велосипедизам и тоа возење на кратки и долги патеки“ - вели 27 годишниот делчевчанец Перо - Археолого Неолитски, првиот храбар љубител на канабисот кој оваа билка ја консумира најчесто превентивно, т.е. рекреативно и сака да им каже на сите дека доста се криеме и дека е време секој јавно да ја раскаже својата приказна за канабисот:
420 Macedonia: Колку време консумираш канабис и во каква состојба е твоето психо-физичко здравје?
Перо Археолого: Па моето прво љубење со канабисот мислам дека беше на летниот распуст кога завршивме 8-мо одделение. Тогаш имав 15 години, сега имам 27. Математички излегува дека консумирам канабис околу 12 години. Тогаш се сеќавам дека не пушевме џоинт, туку правевме бонг во шише, сето тоа измешано со шишиња алкохол беше интересно, занимливо. Па, моментално можам да кажам дека имам добро психо-физичко здравје, сполај му на Џ-то.
420 Macedonia: Опиши го твојот прв HIGH! :)
Перо Археолого: Како што кажав во претходниот одговор мојот прв HIGH беше многу инетересен. Бевме излезени и поднапиени и дојде еден другар со едно шише и канабис. Го спремивме за употреба и тргавме од него, после тоа беше хаос, смеење, пеење... Откачување до даска. Морам да признаам дека беше многу интересно и забавно и никој не беше на било каков начин загрозен, ниту повреден.
420 Macedonia: Дали имаш излечено или спречено некакво заболување или здарвствена состојба со помош на канабис?
Перо Археолого: Па, пред извесно време мислам дека почнав да имам проблеми со анксиозноста. Мислам дека сè уште таа е моја „верна и добра другарка“ која што од време на време знае да ме потсети дека е жива. На почетокот мислев дека тоа е последица од канабисот, но после разговорот со неколку другари ме убедија дека тоа нема веза едно со друго. Тогаш направив мала пауза од Канабисот ама ништо не се смени. Подоцна се одлучив да продолжам да дувам и еве во оваа прилика да се пофалам дека некои „бедови“ се веќе минато зад мене. Благодарение на Џ-то пред сè.
420 Macedonia: Канабисот за тебе е...
Перо Археолого: Хм, интересно прашање. На ова прашање би сакал да се задржам малку повише ако може. Студирајќи го човековото минато дознав дека уште пред 12.000 години (околу 10.000 год. п. н. е.) човекот го имал канабисот како дел од своето секојдневие (мислам дека беше сативата). Ова го кажувам затоа што сметам дека канабисот е една од основните билки за производство на орудијата или лековите, па на крајот и средство за опуштање, изведување на разни ритуали и забава за хомосапиенсот низ неговата историја. Јас лично сметам дека човековата историја без канабисот би била малку подруга, не велам дека канабисот ја креирал историјата, но сепак мислам дека благодарение на таа билка биле измислени доста технолошки новитети и била развиена фантазијата и креативните способности на луѓето. Тука пред сè мислам на развојот на културата, уметноста и религијата, па и науката. Тоа би било на кратко моето гледиште за канабисот низ историјата и една благодарност до него, но какво е моето гледиште во денешницата? Морам да признаам дека малку ми е жал за канабисот, а уште повеќе за хомосапиенсот. Жал ми е затоа што „незаконски“ според природните законитости канабисот и човекот се разделени. Мислам дека доколку би можеле да ги користиме сите придобивки од канабисот би имале поздрава планета пред сè, помалку болести и повесел и попозитивен народ, што би резултирало со подобар живот. Јас и понатаму го гледам канабисот како билка од која што можеме да искористиме доста позитивни нешта, тоа и се трудам да го правам, на различни начини да останеме во љубовна врска со канабисот, се надевам до крајот. Еве во неколку реда тоа е канабисот, не само за мене туку за нас, умните хомосапиенси кои што за жал се сетивме дека можеме да го прогласиме за нелегална дрога и да правиме пари од канабисот...
420 Macedonia: Дали си слушнал или сведочел дека канабисот лекува рак, епилепсија и други болести?
Перо Археолого: Па, секако да. Сум слушнал повеќе случаи каде што канабисот успеал да излекува дури и „неизлечиви“ болести. Имав едно искуство во фамилијата со борба со рак, за жал се заврши трагично но, мислам дека консумирањето на канабисот ако не друго, успеа да ги ублажи болките и да ги направи „попристојни“ последните неколку месеци од животот на татко ми. Ситуацијата беше отидена до таму да нема назад, но како што велеше тој, после земањето на маслото од канабис се чуствуваше подобро барем за некое време. Еве за жал јас неможам да кажам дека сум успеал да победам една страшна болест со канабисот но, сепак има многу примери на кои им успеало тоа, на крајот овде би се вклопила поговорката „боље спречити него лечити“ или у превод навремена консумација на маслата од канабис во борба против разни болести, наспроти отровните и штетни зрачења, хемии и слични „тивки“ убијци.
420 Macedonia: Дали лично познаваш луѓе кои успешно се излечиле со канабис од серизни дијагнози?
Перо Археолого: Лично не познавам луѓе кои што потполно се излечиле, но знам повеќе примери на пријатели, другари... од трета рака.
420 Macedonia: Кој начин на консумирање канабис го преферираш и колку често? Кое е твоето омилено време за консумирање и како?
Перо Археолого: Па, најчесто го консумирам преку пушење тако звани „Џоинт“ или „Фиш“ или „Кебап“ или „Пиперче“ или „Макамче“ или... зависи од кој крај се луѓето со кои пушиме хехе. Колку често? Па може да биде по неколку пати на ден, зависи од ситуацијата и колку се има. Омилено време за консумирање е утрото уз кафенце, денот утрински се познава, така велат и старите, можеби и тие така го почнувале кога биле млади. И да не заборавам, сепак најдобро е кога ќе се „пафне“ после некоја ракиичка :)
420 Macedonia: Дали до сега си имал проблеми со законот поради канабисот и какви?
Перо Археолого: За среќа не сум имал проблеми со законот иако неколку пати сум имал многу ситуации кога било многу „топло“, една од нив е за во некој филм, за наш Балкански филм.
420 Macedonia: Индика, сатива или хибрид и колку грама месечно влегува во твојот систем?
Перо Археолого: Па, омилена ми е индиката, ама пошто нема многу простор за избор „дај шта даш“ е ситуацијава. За грамажа не знам точно, можеби околу 40 г., во денари можам попрецизно да кажам ама не сакам.
420 Macedonia: Која е твојата омилена врста канабис?
Перо Археолого: Индика.
420 Macedonia: Најконструктивната идеја којашто ти дошла под дејство на канабис?
Перо Археолого: Враќање во неолитскиот период во мислите. Неолитскиот период е мојот омилен период и моја основна цел на истражување. Досега многу пати сум патувал назад во тој период и сум го реконструирал животот на луѓето до детали, штета што неможам во тој момент да ги запишам или наснимам мислите. Прекрасно е чуството кога се враќаш во неолитот, па макар и само во мислите.
420 Macedonia: Што најмногу ти се прави кога си HIGН? Или можеби тоа тебе не ти прави никаква разлика?
Перо Археолого: Па, немам многу што да кажам за ова прашање, нема некоја разлика во секодневието, ми се јаде сладолед во лето и ајвар во зима :D
420 Macedonia: Како тебе консумирањето канабис ти има помогнато и/или одмогнато во животот и на професионален план?
Перо Археолого: Па, на професионален план можам да кажам дека ми има помогнато. Тука пред се затоа што со канабисот сум успеал многу пати да ја развијам мојата фантазија и да ми се отворат повеќе мисли за изучување на човековото минато. Мислам дека канабисот може многу да помогне кај повеќе професии кои се занимаваат со уметсност, креација, пишување итн.
420 Macedonia: Како според тебе треба да биде законски регулирана Пресветата билка којашто лекува рак и ред други болести за кои до ден денес конвенционалната медицина нема ни теоретско решение?
Перо Археолого: Па, ако не повеќе да ни дозволат да произведуваме за свои потреби, мислам за консумирање за рекреативни цели и за лек, или па за производство на разни добра, секој нека си одбере како ќе ја користи оваа како што велите Пресвета билка. Тоа нека ни го дозволат, а после нека станат поригорозни казните за оние коишто ќе сакаат од тоа да прават бизнис и да го злоупотребуваат. Еве според мене така би било најубо.
420 Macedonia: Што според тебе секој индивидуално треба да (на)прави за канабисот во Македонија да се декриминализира во буквална, вистинска смисла на зборот – за да можеме да си го купуваме/продаваме легално како камилицата, нането и босилекот на зелено, а не на црно пазарче :) ?
Перо Археолого: За почеток јавно да се зборува и да се едуцираат младите за оваа билка насекаде. И во школо и пред родители и пред пријатели, па и пред внатрешните органи (полицијата). Само на тој начин можеме да им кажеме дека тоа не е ништо опасно и да им ги олабавиме ококорените очи кога ќе го слушнат зборот „марихуана“. Еве тоа за почеток, натаму работите ќе си одат како што треба. На мене ми успеа да ја доближам оваа билка до моите најблиски кои на неа гледаа како на.. како на... не знам што ама страшно нешто. За среќа тоа повеќе не е така, полека се враќаме во реалноста!
420 Macedonia: Како ти се допаѓа нашето граѓанско движење 420 Macedonia?
Перо Археолого: Ај лајк ит, Ај ЛАјК ИТ А ЛОТ!!! (реакцијата на Џим Кери во Dumb and dumber). Тука сме за поддршка и за помош ако се може.
420 Macedonia: Што ќе им порачаш на сите вљубеници, уживатели и поддржувачи на канабисот?
Перо Археолого: Еве прво да им порачам на сите што не пробале да пробаат, на сите што не виделе да видат, на сите кои не допреле да допрат. На останатите на кои ова им е секојдневие, останете така. Зборувајте за овој наметнат „проблем“ насекаде и не плашете се од ништо, треба да им се каже на внатрешните органи дека тоа е само една обична корисна билка која што некој си будала ја нарекол „дрога“, зошто така ја нарекол никој досега не кажал ама тоа е. Канабисот може да биде и лек и лек, од тебе зависи што ќе одбереш. И на крајот би сакал да ни го отворат прекрасниот шпајз на Македонската почва и сонце за да можеме да се натпреваруваме кој подобар лек ќе одгледа (од рекламите за храната на МТВ). И Еден апел до „надлежните“ за овој проблем (пошто нивна е планетата и тие кажуваат што да правиме на неа): Оставете ги луѓето кои што како Вас се гости на оваа планета по неколку 10-тици години да ги уживаат сите добра кои што ни ги нуди таа. Сигурен сум дека нема да пропадне планетата ако канабисот се легализира или ќе се отворат војни и немири. Ништо нема да се промени ако канабисот се легализира, грешка моја, ќе се променат многу работи, ќе има посреќни и опуштени луѓе и помалку несраќни ситуации и на крајот конечно поголем развој на културата и уметноста во нашата ни мила Македонија, во којашто малку отпоише ни живеат хомосапиенси со чудни гледишта на животот ни еден и единствен.
П. С. Кој си сака да дува, да го оставиме да си дува, кој сака да пие да го оставиме да пие. Само во мир и разбирање и „само да рата не буде“. Пуштете го канабисот во легала и отворете ги фрижидерите на продавниците после 19 и 21 ч. За по некоја капка алкохол. Направете го нашиот живот подобар.
Top lik!
ReplyDelete