Клучната поента за ректална администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат
Д-р Raphael Mechoulam и д-р Jeffrey Hergenrather |
Доктор Џефри Хержонрејдер (Jeffrey Hergenrather), лекар и истакнат канабис консултант, а воедно и Претседател на Медицинската група за канабис во Калифорнија (California Cannabis Research Medical Group), истакна дека причината зошто канабисот е ефективен во третирањето на многуте болести е поради тоа што сите животни, со исклучок на инсектите, произведуваат нивни сопствени канабиноиди наречени ендоканабиноиди чијашто основна функција е заштита на телото од канцери и други повреди.
Животните поседуваат ендоканабиноиден систем составен од канабиноидни рецептори во нивните мозоци, срца, црни дробови и во гастроинтестиналните системи кои можат да одговорат на надворешно аднинистрирани производи од канабис, пренесува пациентот кој се лекува со канабис и е еден од најистакнатите активисти за ослободување на канабисот во светот Сет Грин од Тенеси, во објава од The Freedom to Heal Foundation, којашто е основана за да овозможи обезбедување на слободен пристап до алтернативните медицински третмани за пациенти со ниски примања.
Доктор Џефри ја започна својата медицинска кариера како општ лекар во 1976 година. Неговата пракса опфати општа медицина, OB-GYN, педијатрија, неонатална нега и итна медицина. По повеќе од 25 години во вонредната медицина, тој ја започна својата медицинска пракса како консултант обезбедувајќи консултации за канабис и консултации за општа медицина во 1999 година. Докторот Хержонрејдер обезбедува препораки за канабис за жителите на Калифорнија со сериозни здравствени состојби и спроведува консултации низ целиот свет по телефон, како и онлајн состаноци. Можете да го контактирате на неговата е-маил адреса: jhergmd@gmail.com
Заедницата на канабис доктори (The Society of Cannabis Clinicians) е образовна и научна заедница од квалификувани лекари и други професионалци посветени на промоцијата и поддршката на канабисот за медицинска употреба и д-р Џеф е дел од таа заедница. Во една објава за страницата www.beyondthc.com, д-р Џефри објаснува колку се ефикасни канабис супозиториите. „Јас ја проверив литературата за да видам дали има некакви фармакодинамични/фармакокинетички студии за апсорпцијата на канабиноиди низ ректумот. Нема според моето спознание. До сега јас само имам анегдоти како што веќе споменавте. Јас сум посигурен за оралниот пат само поради тоа што имам многу искуство со тоа, но не би ги отфрлил приказните за ефикасноста по ректален пат.
Заедницата на канабис доктори е образовна и научна заедница |
Постои „вкрстување“ на вени во ректумот. Колективно тие се нарекуваат ректален или хемороидален плексус. Поголемиот дел од венскиот проток (после апсорпцијата на канабиноиди) оди преку супериорната ректална вена во порталната вена, додека инфериорните вени течат во венечната вена (vena cava). Порталната вена го собира најголемиот дел од венското враќање од панкреасот во ректумот со сите хранливи материи и ензими за варење, кадешто крвта оди до црниот дроб за она што е наречено „метаболизам на првиот премин“ (first-pass metabolism). Поголемиот дел од THC е конвертирано во 11-OH-THC, слична психоактивна молекула. Венечната вена од друга страна оди назад кон срцето и во општата циркулација пред таа полека да стигне до црниот дроб за метаболизизам.
Се согласувам дека патот преку вдишување е само околу 10-20% апсорбиран. Оралниот пат варира широко во зависност од оброците и видот на препаратите. Листот од канабис не е добро апсорбиран додека маслата се апсорбираат доста добро. Јас би очекувал дека обилните оброци би ја забавиле апсорпцијата во споредба со мали мрсни оброци. Клучната поента за ректална администрација е да се избегне психо-активноста, додека се постигнува висока доза од канабиноидната терапија. Ако се залагав за администрација на високи дози, би го користел оралниот пат, сè додека повеќе докази не ја откријат динамиката на ректалниот пат.
Секој вид на рак се лекува со канабисово масло! |
Се сомневам дека канабис лекарите имаат тенденција да препорачаат повеќе канабис/канабиноиди поголемиот дел од времето, според ургентноста што ја бара клиничкиот третман. Кога има повеќе време јас претпоставувам дека малите стабилни дози се соодветни за чувствителните канцери, додека помалку чувствителните канцери може да бараат мегадози на маслото, „60 грама за 90 дена“ или 20-25 мг/кг/ден на канабиноиди, без оглед на итноста. На крајот, клиничките студии ќе ги водат нашите препораки. До тогаш обидете се да внесете што повеќе канабиноиди во телото по било кој пат, со фреквенција на администрацијата најмалку дневно и по можност неколку пати на ден - заклучува д-р Џеф.
No comments:
Post a Comment