Wednesday, July 26, 2017

Заштита од штетникот - белата пеперутка Metcalfa pruinosa

Канабисот е растение кое созрева за 3-4 месеци, е многу издржливо на атмосферските влијанија и ретко го напаѓаат штетници, меѓутоа постојат исклучителни ситуации за кои треба да бидете свесни. Неколкумина од македонските одгледувачи на канабис кои лично ги познаваме, покрај нападите од желки, оваа година се пожалија на напад од штетникот Metcalfa pruinosa (citrus flatid planthopper) кај дел од своите outdoor посеви. Станува збор за едно бело пеперутче кое ги цица стеблата и остава памуци


Белата пеперутка Metcalfa pruinosa
Потекнува од Северна Америка, a од неодамна е регистриран и во Јужна Европа и се смета дека истоимениот штетник е дојден на Балканов преку Италија уште изминатата година. Ова може да биде мал предизвик кај оние кои одгледуваат канабис за подготовка на лек, а може да ви ги нападне и другите култури и декоративните цвеќиња. Metcalfa pruinosa e вид на инсект од фамилијата planthoppers, а првпат е опишан од американскиот ентомолог, конхолог и херпетолог Томас Сај (Thomas Say) во 1830 година. 

Не е некој голем штетник, но сепак го успорува растот на билките. Ова е проблем за оние кои одгледуваат на органски начин без хемиска прихрана и без хемиска заштита. Јас на 2-3 дена ги отстранувам бубачките рачно, зашто ако останат го цицаат стеблото и значително го успоруваат растот. Бело е онака и прави како памук, јајца пушта и остава памуци и може да го намали квалитетот и квантитетот на приносот“ - заклучува нашиот соговорник кој сè уште би сакал да остане анонимен. 

Дали вие сте имале проблем со овој конкретен штетник или пак со некаков друг и како се справувате со него/нив? Споделете го вашето искуство со целата заедница 420 Macedonia! Пишете во инбокс на нашата Фејсбук страница www.facebook.com/420macedonia или на нашиот е-mail: 420macedonia@gmail.com.

No comments:

Post a Comment