Saturday, July 22, 2017

Целата моја фамилија има подобро здравје со користење на канабис масло

Драган од Велес е дипломиран информатичар. „Моментално работам како раководител, главен механичар и информатичар. Како раководител сум одговорен за поголема група работници со кои работно, продуктивно и позитивно го минеме поголемиот дел од денот. Во слободното време активно работам како интернет маркетер, аналитичар на социјалните мрежи и канабис ентузијаст. Одговорното користење на канабис никогаш не ми правело проблеми во извршувањето на работните задачи, напротив се трудам да бидам модел на добар работник и со позитивни говори за марихуаната субтилно ги едуцирам оние кои сè уште се скептици за слободна и одговорна употреба на канабисот“ - вели тој.


Работната маса на Драган
420 Macedonia: Канабисот за тебе е...

Д: Канабисот ми нуди сосема поинаква перспектива на работите, ми овозможува да размислувам поинаку за конкретни ситуации. Ме смирува кога се чувтсвувам нервозен, ме радува кога се чувтсвувам тажен и меѓу другото ми помага да заспијам побрзо. Исто така ми помага да уживам во повеќето активности, ми дозволува поинаку да го видам светот, пореално. Некој пат имам тенденција  да претерам со анализирањата и негативно да размислувам за себе, канабисот ми дозволува да го надминам целиот тој стрес, да разберам зошто не треба да се чувствувам така и ми ја обновува енергијата.


420 Macedonia: Кога прв пат проба канабис? Опиши го твојот прв HIGH! :)


Д: Прв пат пробав канабис во средно. Другарите мои ве'е сите имаа пробано и за мене тоа беше премногу кул. После наставата отидовме во паркот и покрај Вардар прв пат потегнав од таа чудна цигара. Си мислев кој знае што ќе ми се случи, дека ќе почнат да ми се матат боите, дека ќе почнам да слушам чудни звуци... но, ништо од тоа не бидна. Збунет, но задоволен од новото искуство отидов дома, се затворив во собата, пуштив музика и се препуштив на задоволството. Но, дефинитивно не бев напушен, можеби не сум повлекувал правилно, хехехехе.
Мој совет за оние кои што прв пат пробуваат марихуана, дали рекреативно или од медицински причини, е да се едуцираат пред време за тоа искуство. Да бидат во пријатна и опуштена атмосфера, лесна музика и без негативни мисли. Не е ништо страшно, но сепак имајте на ум дека марихуаната е девојка и лесно може да ви го сврти умот. :)


420 Macedonia: Која е твојата омилена врста/врсти?

Д: Мојата омилена врста, хммм. Може да кажам сите врсти? Хехехе. Порано (околу 1999/2000 година) не ни знаев дека постојат различни врсти на марихуана. Имаше трева со гранки и семки, добивавме повеќе гранчиња и семчиња отколку цвет. И бевме задоволни, презадоволни. Тревата беше најчесто со слаб квалитет, за разлика од сега.
Но, од кога почнав подетално да се едуцирам за канабисот и да имам пристап до квалитетни врсти,  Amnezia Haze ми е фаворит. На второ место Lemon Haze, го обожавам радлер вкусот.


420 Macedonia: Индика, сатива или хибрид?

Д: Повеќето едуцирани љубители на канабисот ја знаат разликата помеѓу Индика, Сатива и Хибрид.
Цветовите на индиката се густи и збиени, стеблото е грмушкасто и листовите се дебели, ефектот е „телесен хај“ (couch lock effect), додека кај сативата, цветовите се поретки, стеблото е издолжено и листовите се тенки. Дејството е енергично и стимулативно.
Хибридот е микс помеѓу индика и сатива.
Лично јас користам индика и сатива за различни пригоди.
Индика за редуцирање на стресот, после долгиот напоред работен ден и инсомнија, а сативазапрошетка низ природа, за социјални евенти и слично.


420 Macedonia: Колку често консумираш канабис?

Од градината на Драган - Microgrow Lemon Haze
Д: Релативно е тоа колку често користам канабис. Имам пушено и по десетици џоинти дневно со друштво, а имам и на 2-3 месеци пробано и по еден дим. Со текот на годините се научив да ги ползувам максимално бенефициите на канабисот и го користам само кога мислам дека ми треба. Најчесто после работа, за време на концерти, на седенки со пријатели итн. 


420 Macedonia: Кој е твојот омилен начин за консумирање канабис и во кој период од денот? Дали имаш посебно место наменето за ова уживање?

Д: Омилен начин...хмммм. Ја сакам церемонијата на мотање џоинт. Едноставно е и брзо. Исто така џоинтот е правото нешто за социјализација. На сите ни е познат терминот „Фани два дима и подај.“ :)
Обожувам и бонг и вапорајзер, но нив ги користам само кога немам ризли или тутун.
Најчесто пушам навечер, а омилено место ми е било каде покрај езеро или река.  


420 Macedonia: Џоинт, бонг или вапоризирање?

Д: Ова е нај филозовското прашање поврзано со конзумирањето на марихуаната. Овие три начини се сите различни и си имаат свои следбеници. :)
Лично јас преферирам џоинт, но и бонг. Мислам дека ништо не може да те „удри“ повеќе од добар бонг.
Вапоризирањето е повеќе за медицински потреби и за оние коишто не можат да го поднесат димот од џоинтот. Со вапоризација може да ја подесеш температурата со цел да ги искористиш максимално медицинските бенефиции од канабисот.
Без разлика како ќе го конзумираш канабисот, лековитите својства се неизбежни.


420 Macedonia: Дали си пробал DABs?

Уште некое цвеќенце на Драган
Д: За жал не. Сакам да пробам, се надевам есеноска кога ќе ме однесе патот накај државите каде што е легален канабисот.


420 Macedonia: Дали твоето психофизичко здравје се подобри откако започна редовно да консумираш канабис?

Д: Можам да го наведам стресот на работните места и динамичниот живот, којшто максимално го редуцирам со употреба на канабис. Честите акутни болки на зглобовите од замор исто така успешно ги третирам со уље од канабис.


420 Macedonia: Дали имаш излечено или спречено некакво заболување или здравствена состојба со помош на канабис?

Д: Да, мајка ми, пати од гонартроза, артроза на колената. Имаше максимална болка во колената којашто не минуваше ни со лекарства, ни со скапи физикални терапии. По само една недела од користење на канабис CBD уље,  жената почна да оди без помагала. Болките и престанаа и сега може да трча побрзо од мене. Во секој момент кај мене дома има уље со висок процент на CBD канабиноиди. Кој го користиме за смирување, за дијабетес, за регулирање на крвен притисок или едноставно за сè помага. 


420 Macedonia: Дали познаваш лично некој што успеал да го подобри своето здравје со помош на марихуана?

Д: Да, целата моја фамилија има подобро здравје со користење на канабис маслото.


420 Macedonia: Дали го користиш канабисот во исхраната и како?

Д: Додека некои се запознаени само со пушенето на канабис, други го користат и во исхраната... Кога ќе се легализира марихуаната во Македонија, јас би работел како одгледувач и готвач со канабис, хехехехехе.
Готвењето со канабис може да биде и малку комплицирано. Потребно е по малку да се експериментира во кујната, да се пробаат различни методи и најбитно од сè e да се внимава на потребната температура, бидејќи активната состојка THC испарува на одредена температура и со тоа може да ни пропадне нашиот оброк (т.е. да се намали неговата лековита вредност). :(
Некои сигурно ќе се запрашаат како да користиме марихуана во исхраната кога сè уште не е легална? Хмммм, засадете и бидете тивки... :)
Колкава доза е потребно за да се готви со канабис? Е на ова прашање треба многу да се внимава, бидејќи храната со канабис е многу потентна, затоа ве советувам да почнете со помали количини.
Јадења со канабис им приготвувам на моите пријатели, кои ја користат секоја прилика да ги пробаат моите специјалитети.


420 Macedonia: Кое е највкусното јадење што си го приготвил со канабис. Сподели го со нас рецептот!

Д: Мое омилено и најбрзо се приготвуваат „Firecrakers“ или колачиња со марихуана како што ги викаат моите пријатели.

Koj нема пробано Firecrackers, а е уживател на марихуаната нека го направи тоа уште денеска.
Firecracker е колач направен од марихуана, путер и бисквити. Јас си правам често и сум многу задоволен од дејството.
Кога е дигестирана марихуаната, има многу подруги ефекти, отколку кога е испушена и самиот хај е различен.
Ефектот го сеќавам после 1-2 часа, после 2 часа сум на посакуваното ниво.  Значи да не се прејадеш колачи, бидејќи ќе се мрднеш, буквално. Дејството трае од 6 до 8 часа и повеќе, зависно од квалитетот на марихуаната.
Треба да се користат органски масти кои ги има во путерот и во некој маргарини. Марихуаната се разложува само во маснотии. Најдобро е да се користи високо мастен путер, високо мастен маргарин или крем Нутела кој изобилува со органски масти и има убав вкус. Јас последен пат правев колачи со Нутела крем.

Колачите на Драган
1. Јас употребувам Бамби/Плазма бисквити или диетални суви колачи, ги купувам од маркет за здрава храна, а можете и да употребите и оризни плочки. Ги мачкам бисквитите од едната страна со Нутела или маргарин и ставам наслага од ситно исецкана марихуана. Дозата ми е 0.8 грам за колаче од високо квалитетна марихуана. За неискусни направете со помала количина на марихуана 0,25г – 0,50г. бидејќи, ќе напоменам повторно, ефектот може да биде многу јак, за разлика од испушен џоинт.

2. Ги поклопувате бисквитите и благо притискате за да се распореди кремот рамномерно, кремот што ќе излезе надвор од бисквитите намачкајте го по краевите или одстранете го. Потоа замотајте го колачот со алуминиумска фолија во два или повеќе наслаги.  

3. Најважно: Ставете го да се пече во предходно загреана релна на 150 степени и оставете го да се растопи кремот и да се спои со ТХЦ, активната состојка. Оставете го да стои точно 22 минути, пак ќе напоменам на температуа не поголема од 150-160 степени / 22 минути.
За точно време јас користам штоперица. Оставете да се излади 10-20 минути, што би рекол јас, да легне ганџата.
5. = Профит

Резиме:
1. Крем Нутела или било кој високо мастен органски путер или маргарин. Алуминиумска фолија.
2. 1 грам квалитетна марихуана, за почетници 0,25г – 0.5г.
3. Предходно загреана релна на 150-160 степени и оставете да се пече не повеќе од 22 минути.
4. Во кујната нема да се сети миризба на марихуана. Нема потреба од паника. Проверено.


Уште некое колаче :P
Ако го загревате на повисока температура од 160 степени, ТХЦ, активната состојка која ни треба ќе испари и нема да го добиеме посакуваниот ефект. Исто ако се загрева на ниска температура, марихуаната (ТХЦ-то) нема да се разложи и пак, нема да имаме ефект. 
Значи 150 степени, 22 минути.

Неколку пати напоменувам за времето и температурата, бидејќи тоа е единствениот начин да се згреши рецептот.
Совет: Чекајте 2 и повеќе часа пред да изедете уште еден колач. Ефектот е јак, ако претерате нема да знаете кај ви е главата. Искусните уживатели, им советувам после 1 час да запалат мал џоинт за ефектот да биде по интензивен.   Ефектот е многу добар и „спуштањето“ од дејството е многу подобро отколку испушен џоинт + ова е добро за оние на кои им смета димот од марихуана.

Досегашно искуство, можам да кажам дека овој рецепт му давам оценка 8.5/10. Нема да се разочарате.


Bon Appetite



420 Macedonia: Спореди ја марихуаната во Македонија со марихуаната во земјите коиштоги имаш посетено. 

Д: Пред 10-15 години да најдеш квалитетна марихуана во Македонија беше реткост. Читав на интернет порано дека марихуаната во Амстердам била пет пати појака отколку на другите места. Но, последниве 6-7 години, тврдам дека ја имаме најјаката марихуана во Европа.  Не најдобрата, туку најјаката. Во Холандија, можеш да си купиш каква сакаш марихуана, слаба, јака, ваква, таква, а кај нас добиваш непознато нешто. Тоа е разликата. 


420 Macedonia: Раскажи ни некаква интересна случка од coffee shop!

Д: Хммм, кога отидов прв пат во Амстердам, да бидам искрен ми беше страв да запалам џоинт. Ме маваа паранои да не ми се сврти, да не паднам, да не се онесвестам, оти сите мои другари кои биле таму, буквално се онесвестувале... И така со страв го запалив првиот џоинт. Се чувствував како прв пат да пушам марихуана. По неколку испушени џоинти се чувствував перфектно. Дури да не речам и не бев под дејство какво што очекував. Изедов десетици колачи, пушевме од секоја врста канабис и хашиш што можевме да ја купиме и сè уште не бев толку многу надуван како што мислев дека ке бидам. Едноставно беше прекрасно. :)


Шака преполна здравје - домашно!
420 Macedonia: Дали повеќе преферираш indoor или outdoor одгледување на канабис и зошто?

Д: Јас повеќе преферирам Indoor одгледување, бидејќи можам да го контролирам производот, да манипулирам со растот, едноставно, да комуницирам со растението. Тоа ми е хоби, обожавам Micro Grow. 


420 Macedonia: Како според тебе треба да биде регулиран канабисот кај нас и во светот?

Д: Кај нас кога купуваме уље или цветови од канабис, најчесто купуваме од улица и не знаеме што ќе добиеме. Уште по страшно, уљето го купуваме по високи цени од улични дилери и не знаеме со што е мешано, ниту дали воопшто има марихуана во него.  
Со регулирана продажба, потрошувачот ќе знае што купува и како е произведено истото. Со самото купување на маријуаната или нејзино одгледување, ќе ја заштитиме природата и самите нас, отколку да ги богатиме матните улични дилери и најбитно од сè, нема да живееме во страв дека ке бидеме уапсени и осудени.


420 Macedonia: Што мислиш за нашето граѓанско движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабидот во Македонија, којашто ја започнавме со цел на секој засегнат поединец во нашава земја да му дадеме можност да го искаже своето мислење на оваа тема преку интервјуа?

Д: Голема поддршка од мене, како поединец и уживател на канабисот. Секоја чест на основачите на ова движење. Активно ви ја следам кампањата уште од првиот ден и можам да кажам дека допринесовте максимално да се крене свеста кај населението околу употребата на оваа билка. Многу луѓе поради Вас јавно се осмелија да говорат за канабисот.
Продолжете со добрата работа и останете безбедни. 


420 Macedonia: Што ќе ги советуваш сите љубители, корисници и поддржувачи на кабисот во Република Македонија?

Д: Што можам да ги советувам, а што веќе не е кажано? 
Едуцирајте се повеќе за марихуаната. Колку повеќе знаете за неа, толку повеќе ќе ја засакате. Гледајте документарци, филмови и слушајте музика поврзана со марихуаната.
Пренесете го вашето знаење на сите околу вас. Колку повеќе знаат другите за марихуаната, подобро е за сите нас.


420 Macedonia: Нешто да додадеш или да одземеш? :)

Д: Можам да ви подадам ако сакате да фатите два дима, хахахахаха! Ве сакам!

No comments:

Post a Comment