Неодамнешна научна студија откри дека активната состојка во канабисот, т.е. психоактивниот канабиноид Тетрахидроканабинол THC ја враќа меморијата кај постарите глувци. Ова е добро познат факт кај сите долгогодишни корисници на марихуана. Оставете ги глувците на раат! Доста ги малтретирате невините животинки со цел да ни докажете нешто кое сите веќе одамна го знаеме! Одамна е време канабисот да се тестира на луѓе, затоа што сите имаме ендоканабиноиден систем и лековите наменети за луѓе, треба да бидат тестирани на луѓе, а не на животни
Марихуаната го заштитува мозокот! |
Студијата објавена во зборникот Nature Medicine беше спроведена од страна на германски научници. Во период од еден месец, на една мониторирана група на глувци на различна возраст, континуирано им беа давани ниски дози на тетрахидроканабинол (THC). Контролната група глувци била лекувана со плацебо. Научниците ги тестирале когнитивните способности како помнењето и способностите за учење кај глувците.
Нормално со текот на возраста се очекува меморијата и способноста за учење да опаѓаат, но оваа студија покажува дека употребата на мали дози ТХЦ има обратно дејство кај овој природен процес. По 28 дена од третманот со THC, кај постарите глувци е регистирирано подобрување на меморијата и способноста за учење како кај младите здрави глувци. Тие просто станале попаметни и нивните когнитивни способности можеле да се споредат со оние кај помладите здрави глувци од контролната група.
Научниците исто така ги испитале мозоците на сите тестирани глувци на крајот од студијата. Тие биле најмногу заинтересирани за нивните хипокампуси - делот од мозокот одговорен за помнењето. Кога тие ги споредиле синапсите и нервните конекции, како и нивоата на генетска експресија во хипокампусот, тие откриле дека мозоците на постарите глувци на кои им било администрирано ТХЦ физички исто така се промениле. Тие изгледале како мозоците на помладите здрави глувци кои не земале ТХЦ.
Балансот помеѓу одредените стохастички процеси на стареењето и спротивставените хомеостатски механизми во голема мера ја одредуваат прогресијата на стареењето. Постојат значителни докази што укажуваат дека ендоканабиноидниот систем (ECS) е дел од вториот систем, бидејќи тој ги модулира физиолошките процеси коишто лежат во основата на стареењето. Активноста на ендоканабиноидниот систем исто така се намалува со текот на времето, затоа што експресијата на CB1 рецепторот и спојувањето со G-протеините се намалени во ткивата од мозокот кај постарите животни и нивоата на главните ендоканабиноиди 2-arachidonoylglycerol (2-AG) се помали. Заклучок = со редовна употреба на канабис го спречуваме процесот на стареење не само на мозокот, туку на сите ткива и органи!
No comments:
Post a Comment