Канабисот е едногодишно растение, а најраспространети вариатети од родот Cannabis се: Cannabis Sativa, Indica и Ruderalis. Канабисот како растение има над 400 фитокомпоненти, од кои над 100 се познати канабиноиди, како и терпени флавоноиди, фитостероли, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9) во најдобар здравствен сооднос, аминокиселини, азотни соединенија, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, Фолна киселина), пигменти, алкани, азотни соединенија и други компоненти, кои се распоредени во различни делови од растението. Тоа прави да сите делови од растението се употребуваат за различни цели. Значи ниту еден дел од растението не е за фрлање - од секој дел од билката може да си подготвите лековити препарати за одредени заболувања.
Присуството на CBD, CBN, CBG, THC и останатите канабиноди присутни во значително пониски количества, заедно со терпените и флавоноидите е особено значајно поради нивното синергистичко дејствување и со останатите биолошки вредни компоненти во канабисот, што го прават маслото од канабис исклучително корисно во превенцијата и лекувањето на многу болести и состојби на човековиот организам. Маслениот екстракт од канабис најчесто се стандардизира и се декларира во однос на содржината на CBD поради нeговата повисока концентрација во однос на другите присутни непсихотропни канабиноиди.
Секако дека особен акцент се дава и на присуството на THC како психотропен канабиноид, односно овие два канабиноиди се избрани како маркери за квалитетот и јачината на фармацевтските екстракти, што никако не значи дека тоа се единствените активни состојки во маслата од канабис. Само маслата во кои има присуство на сите активни состојки кои природно се формираат во растението канабис (особено со мешање на неколку врсти) имаат толку потентен лековит потенцијал, што можат да искоренат и најтешки заболувања.
Секојдневно сè повеќе слушаме за нови живи докази дека канабисот лекува од најопасни болести за кои конвенционалната медицина нема решение. Познати ни се позитивните искуства на заболени од најчесто смртоносната болест канцер, кои се имаат целосно излечено, на кои состојбата значајно им е подобрена, прогресирањето на болеста е запрено или забавено, симптомите се ублажени и тоа само со употреба на масло од канабис. Науката веќе потврди дека со канабис може да се искорени ракот, оштетувањата од хемотерапија, астма, глауком, артритис, мултиплекс склероза, алцхајмерова болест, епилепсија, анксиозност и депресија, а оваа листа секојдневно расте! Науката веќе одамна потврди дека сите поседуваме ендоканабиноиден систем.
Автор: К. К.
No comments:
Post a Comment