Thursday, December 27, 2018

Зачувајте ги корените: Коренот од канабис е потребен во медицината!

Од против канцер до против стареење и олеснување на болката. Цветните туфки, листови и стебло вообичаено се корисни делови од растението канабис. Ова е местото каде што активните состојки се наоѓаат во изобилство. Корените исто така, содржат големи бенефиции за подготовка на добар лек


Корените на билката канабис имаат долга историја на медицинска употреба што се протега низ минатите милениуми. Сепак, терапевтскиот потенцијал на коренот од конопот во голема мера е игнориран во модерните времиња. Во првиот век Плиниј Старецот (Pliny the Elder) во Природната историја опишал дека лушпата на коренот во вода може да се користи за да се намали вкочанетоста во зглобовите, гихт и слични состојби. До 17 век, разни билкари препорачувале корен од канабис за лекување на воспаление, болки во зглобовите, гихт и други состојби. Подоцна следуваа многу малку истражувања во оваа област, со само неколку студии кои го испитуваат составот на коренот на канабисот и неговиот медицински потенцијал. Сегашните достапни податоци за фармакологијата на компонентите од канабис даваат значителна поддршка на историските и етноботанските тврдења за клиничката ефикасност. Секако, ова укажува на потребата за преиспитување на целата подготовка на коренот за инфламаторни и малигни состојби кои користат современи научни техники.


Главната категорија на корисните молекули кои се наоѓаат во коренот од кабанис се тритерпенодите. Тритерпен е вид на јаглеводородно соединение составено од три терпени; Терпени се органски молекули кои првенствено ги продуцираат растенијата и се главна компонента на повеќето есенцијални масла. Разликуваме два вида на терпени кои се изолирани од коренот на канабисот во релативно големи количини: фриделин (friedelin) и епифрелеланол (epifriedelanol), додека други активни состојки во нив се: алкалоиди, канабисативин (cannabisativine) и анхидроканабисативин (cannabisativine); карвон и дихидрокарвон; N-(p-хидрокси-β-фенилетил)-p-хидрокси-транс-цинамамид; разни стероли како ситостерол, кампестерол и стигмастерол и други помали соединенија, вклучително и холин. Забележано, канабисните корени не се значаен извор на Δ9-тетрахидроканабинол (THC), канабидиол или други познати фитоканабиноиди.


Фределинот исто така се наоѓа и во други растенија, всушност најпрво бил откриен во плутата. Одговорен е за голем број на здравствени придобивки. Како прво откриено е дека има слаб антипролиферативен ефект врз клетките на ракот. Второ фриделин има антиинфламаторни својства и е откриено дека го намалува факторот на туморска некроза алфа (TNF-α), познат провоспалителен цитокин. Ова може да има и позитивни импликации во користењето на коренот од канабис за лекување на артритис. Други анимални студии покажуваат дека тоа е антипиретичен лек или редуктор на треска, аналгетик и ги олеснува болките. Епифриделанолот, исто така, покажал антиканцерогени својства со активирањето на апоптозата во клеточните линии на ракот на грлото на матката. Воедно може да придонесе за против стареењето на ткивото; една студија покажала дека ја потиснува формата на клеточна старост: стареење и забавување на клеточниот раст. Епифриделанолот се претпоставува дека е моќен антиоксидант, кој може да помогне за забавување на стареењето на ткивата.


Друга категорија на хемикалии пронајдени во коренот од канабис е алкалоидот. Вообичаено алкалоидите имаат вид на биоактивност кој е поврзан со нив. Сепак, алкалоидите изолирани од коренот на канабисот, канабисватинот и анхидроканабисативинот не биле поврзани со било каков значаен фармаколошки ефект. Конечно, амидната молекула наречена N-(p-хидрокси-бета-фенилетил)-p-хидрокси-транс-цинамамид, исто така била пронајдена во коренот на канабисот и има карактеристики на олеснување на болка кај животините. Канабисовите (конопните) корени историски биле користени за нивните лековити својства, заедно со листовите и цветовите. Додека пак, хемиските и биомедицинските истражувања континуирано ги идентификуваат и прооучуваат активните состојки во нив, поради нивните здравствени придобивки. Лабораториските студии се малку, сепак охрабрувачки, во однос на терапевтските својства на коренот на канабисот.

Автор: Симона Г.
Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: RoyalqueenseedsLiebertpub


No comments:

Post a Comment