Showing posts with label активни. Show all posts
Showing posts with label активни. Show all posts

Thursday, December 27, 2018

Зачувајте ги корените: Коренот од канабис е потребен во медицината!

Од против канцер до против стареење и олеснување на болката. Цветните туфки, листови и стебло вообичаено се корисни делови од растението канабис. Ова е местото каде што активните состојки се наоѓаат во изобилство. Корените исто така, содржат големи бенефиции за подготовка на добар лек


Корените на билката канабис имаат долга историја на медицинска употреба што се протега низ минатите милениуми. Сепак, терапевтскиот потенцијал на коренот од конопот во голема мера е игнориран во модерните времиња. Во првиот век Плиниј Старецот (Pliny the Elder) во Природната историја опишал дека лушпата на коренот во вода може да се користи за да се намали вкочанетоста во зглобовите, гихт и слични состојби. До 17 век, разни билкари препорачувале корен од канабис за лекување на воспаление, болки во зглобовите, гихт и други состојби. Подоцна следуваа многу малку истражувања во оваа област, со само неколку студии кои го испитуваат составот на коренот на канабисот и неговиот медицински потенцијал. Сегашните достапни податоци за фармакологијата на компонентите од канабис даваат значителна поддршка на историските и етноботанските тврдења за клиничката ефикасност. Секако, ова укажува на потребата за преиспитување на целата подготовка на коренот за инфламаторни и малигни состојби кои користат современи научни техники.


Главната категорија на корисните молекули кои се наоѓаат во коренот од кабанис се тритерпенодите. Тритерпен е вид на јаглеводородно соединение составено од три терпени; Терпени се органски молекули кои првенствено ги продуцираат растенијата и се главна компонента на повеќето есенцијални масла. Разликуваме два вида на терпени кои се изолирани од коренот на канабисот во релативно големи количини: фриделин (friedelin) и епифрелеланол (epifriedelanol), додека други активни состојки во нив се: алкалоиди, канабисативин (cannabisativine) и анхидроканабисативин (cannabisativine); карвон и дихидрокарвон; N-(p-хидрокси-β-фенилетил)-p-хидрокси-транс-цинамамид; разни стероли како ситостерол, кампестерол и стигмастерол и други помали соединенија, вклучително и холин. Забележано, канабисните корени не се значаен извор на Δ9-тетрахидроканабинол (THC), канабидиол или други познати фитоканабиноиди.


Фределинот исто така се наоѓа и во други растенија, всушност најпрво бил откриен во плутата. Одговорен е за голем број на здравствени придобивки. Како прво откриено е дека има слаб антипролиферативен ефект врз клетките на ракот. Второ фриделин има антиинфламаторни својства и е откриено дека го намалува факторот на туморска некроза алфа (TNF-α), познат провоспалителен цитокин. Ова може да има и позитивни импликации во користењето на коренот од канабис за лекување на артритис. Други анимални студии покажуваат дека тоа е антипиретичен лек или редуктор на треска, аналгетик и ги олеснува болките. Епифриделанолот, исто така, покажал антиканцерогени својства со активирањето на апоптозата во клеточните линии на ракот на грлото на матката. Воедно може да придонесе за против стареењето на ткивото; една студија покажала дека ја потиснува формата на клеточна старост: стареење и забавување на клеточниот раст. Епифриделанолот се претпоставува дека е моќен антиоксидант, кој може да помогне за забавување на стареењето на ткивата.


Друга категорија на хемикалии пронајдени во коренот од канабис е алкалоидот. Вообичаено алкалоидите имаат вид на биоактивност кој е поврзан со нив. Сепак, алкалоидите изолирани од коренот на канабисот, канабисватинот и анхидроканабисативинот не биле поврзани со било каков значаен фармаколошки ефект. Конечно, амидната молекула наречена N-(p-хидрокси-бета-фенилетил)-p-хидрокси-транс-цинамамид, исто така била пронајдена во коренот на канабисот и има карактеристики на олеснување на болка кај животините. Канабисовите (конопните) корени историски биле користени за нивните лековити својства, заедно со листовите и цветовите. Додека пак, хемиските и биомедицинските истражувања континуирано ги идентификуваат и прооучуваат активните состојки во нив, поради нивните здравствени придобивки. Лабораториските студии се малку, сепак охрабрувачки, во однос на терапевтските својства на коренот на канабисот.

Автор: Симона Г.
Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: RoyalqueenseedsLiebertpub


Thursday, August 16, 2018

Терапевтско-медицинскиот потенцијал на 6 најпопуларни канабиноиди

Канабиноидите се разновидна класа на хемиски активни соединенија од различна природа: произведени во растенија како Канабис и некои други растенија - фитоканабиноиди, ендогени (ендоканабиноиди) како во човечкото и животинското мајчино млеко, но и вештачки создадени лабораториски синтетички канабиноиди, а кои може да се врзат за рецепторите од нашите вродени ендоканабиноидни системи и да нè излечат од многу болести кои настануваат поради ендоканабиноиден дефицит, но и да ја спречат нивната појава



Тие даваат позитивни физиолошки ефекти главно преку нивната способност да дејствуваат на рецепторите во човечкиот ендоканабиноиден систем (ECS), првенствено преку нивните интеракции со CB1 и CB2 рецепторите. Порталот Hempedification тврди дека до денес 113 канабиноиди се изолирани од билката канабис, од кои многу се поврзани со потенцијалните медицински добивки, почнувајќи од убивање на клетките на ракот, па сè до намалување на болката, стопирање на епилептични конвулзии, депресија и анксиозност. Канабисот содржи богатство на соединенија со потенцијални медицински придобивки, но мора да се истакне дека изолирани не се толку ефикасни, поради спречување на „ефектот на придружба“ (т.е. содејството, моментот кога сите активни состојки од канабисот меѓусебно си помагаат). Ајде да ги разгледаме медицинско-терапевтските намени на шест најпознати канабиноиди, кои го потврдуваат неверојатниот медицински потенцијал на растението Канабис:


1. ТХЦ-Тетрахидроканабинол (THC – Tetrahydrocannabinol) 

ФДА го одобри ТХЦ за третман на: анорексија кај пациенти со СИДА, гадење и повраќање кај пациенти со рак кои користат хемотерапија, мускулна спастичност кај мултиплекс склерозата (кога се комбинира со канабидиол). Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ТХЦ за третман на: мускулна спастичност по повреда на 'рбетниот столб, фибромијалгија, периферна невропатска болка, глауком, посттрауматско стресно нарушување (ПТСД). Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ТХЦ за третман на: повеќекратни карциноми, нарушувања на спиењето, зависност од опијати, депресија.


2. ЦБД - Канабидиол (CBD – Cannabidiol)

Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ЦБД за третман на: Епилепсија, Паркинсонова болест, болка, анксиозност, инфламаторно заболување на цревата (IBD), Кронова болест, шизофренија, мускулна спастичност кај мултиплекс склероза, глиобластома (кога се комбинирани со ТХЦ). Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ЦБД за лекување на: Алцхајмерова болест, Хантингтонова болест (Huntington’s disease), хипоксично-исхемична повреда, депресија, повеќекратни карциноми, гадење, воспалителни болести, ревматоиден артритис, бактериска инфекција отпорна на антибиотици, кардиоваскуларни заболувања, компликации поврзани со дијабетес.


3. ТХЦВ - Тетрахидроканабиварин (THCV – Tetrahydrocannabivarin)

Предклиничките докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на THCV за третман на: Дебелина, дијабетес тип 2, Алцхајмерова болест, остеопороза, Паркинсонова болест, епилепсија, анксиозност, ПТСН.


4. ЦБН - Канабинол (CBN – Cannabinol)

Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBN за третман на нарушувања на спиењето. Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBN за третман на: Бактериска инфекција отпорна на антибиотици, болка, алергиски заболувања на дишните патишта, Кронова болест, ревматоиден артритис, губење апетит, напади.


5. ЦБГ - Канабигерол (CBG – Cannabigerol)

Клинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBG за третман на: псоријаза и егзема. Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на CBG за третман на: глауком, невропатска болка, бактериска инфекција отпорна на антибиотици, воспалителни болести на цревата, Улцерозен колитис, Кронова болест, мултиплекс склероза, повеќекратни карциноми, автоимун енцефаломиелитис, губење апетит, анорексија и булимија.


6. ЦБЦ - Канабихромен (CBC – Cannabichromene)

Предклинички докази ја поддржуваат потенцијалната употреба на ЦБЦ за лекување на: разни видови на рак, остеоартритис, воспаление (кога се комбинираат со ТХЦ), акни, депресија (кога се комбинираат со ТХЦ и ЦБД). Една студија во 1981 година покажа дека ЦБЦ беше вториот најистакнат канабиоид пронајден во канабисот.







Својствата на најпопуларните канабиноиди од конопот

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА:













Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Hempedification

Sunday, June 24, 2018

Споредба на Канабинолот (Cannabinol-CBN) со Канабидиолот (Cannabidiol-CBD)

Кога консумирате било каков вид на продукт од канабис, без разлика дали по пат на пушење, вапоризирање, дебинг или јадење, може да се запознаете со различни канабиноиди, но најчесто со THC, CBD и CBN. Со помош на Cannabistraininguniversity направиме споредба на активните состојки од канабисот CBN и CBD, за подобро да разберете како тие функционираат


Овие канабиноиди циркулираат во крвотокот и одат низ останатиот дел од телото и завршуваат во мозокот. Кога станува збор за мозокот, канабиноидите се активираат од специјални невронски рецептори, кои произведуваат различни ефекти во главата и низ телото. Канабидиолот (Cannabidiol-CBD) нема да ве надува, но Канабинолот (Cannabinol-CBN) ќе даде малку психоактивен ефект, но тој е многу лесен.


Едноставно објаснување

Разберете ги CBN и CBD споредбите како клуч кој отклучува одредена врата. Кога копчињата ја отвораат вратата, има пораки кои ќе поминат низ нив, ќе одат директно во мозокот, а потоа и низ целото тело. Ако имате било каков вид на вознемиреност, CBD ќе ја отклучи и ќе ја отвори вратата, сигнализирајќи го вашето тело да ги ослободи оние хормони кои предизвикуваат анксиозност. Процесот може да се чини дека е покомплексен отколку што претходно го опишавме, но можеби веќе сте ја добиле сликата. Ајде сега да обрнеме подетално внимание на производството на ЦБД и ЦБН во канабис билката.


Комплексното објаснување

Споредбите на CBD и CBN укажуваат на нивните разлики и сличности: дека и двата постојат во билката марихуана и двата од нив се канабиноиди и двата од нив се во интеракција со невроните во мозокот. Сепак, да ги пронајдеме и разликите? Разликата е целокупното производство на овие два канабиноиди во канабис растението. Сè започнува со биосинтезата во билката и комбинацијата на хемиски елементи како: Канабигерол (Cannabigerol-CBGA), која на крајот произведува Канабихромен (Cannabichromene-CBCA), Канабидиолична киселина - CBDA и Тетрахидроканабинолна киселина - THCA. Сите тие дејствуваат како родители на канабиноидите, бидејќи претставуваат киселинска форма на: CBC, THC и CBD.




Молекулна споредба на канабиноидите
Различни фази

Сето ова се случува додека марихуаната поминува низ фазата на раст до бербата. Откако ќе се обере, растителниот материјал ќе се користи за консумирање, но ефектите на тревата нема да се почувствуваат веднаш. Киселиот облик на канабиноидите, прво треба да се распадне за да се почувствува хајот, па затоа процесот на нивно кршење се нарекува декарбоксилација. Ова се прави со загревање на марихуаната, користејќи еден од два методи. Еден метод се врши во рерна, а другиот е со пушење на исушените цветови во форма на џоинт.


Декарбоксилација

Кога ќе ги активирате (декарбоксилирате) цветовите од марихуаната, врските се распаѓаат од одредената топлина, дозволувајќи им на киселините да се оттргнат и оставајќи ги: CBD, CBC и THC. Затоа единствениот начин на кој можете да пристапите до било која форма на CBD е преку процесот на декарбоксилација. Можеби се прашувате зошто ние не го спомнавме CBN како што првпат почнавме да ги објаснуваме CBN и CBD споредувањата. Па, да видиме... CBN не е ист како овие кисели форми на канабиноиди. Постојат два начини на кои може да се произведе CBN. Можете да го користите процесот на стареење, но и процесот на декарбоксилација. Додека декарбоксилирате, ќе откриете дека дел од THC ќе се распадне понатаму и ќе се претвори во CBN. Тоа е како разделување на атом во помали субатомски единици. Добрата работа е дека овој процес на декарбоксилација е побрз. Процесот на стареење бара повеќе време.



Автор и Уредник: MoniQue Konopova

Monday, November 6, 2017

Најчестите канабиноиди пронајдени во канабисот

Билката канабис содржи стотици активни соединенија наречени канабиноиди, кои се наоѓаат во секој дел од растението: цветот, листот и стеблото. Истражувачите идентификувале над 70 уникатни канабиноиди во билката канабис. Еве ги најпознатите:

Канабиноидите делуваат синергиски! Не треба да се изолираат!

1. Тетрахидроканабинолна киселина (THCA) -Tetrahydrocannabinolic Acid

THCA е главната состојка на суровиот канабис. THCA се претвора во Δ9-THC под дејство на висока температура, кога гори или се загрева на одредена температура (декарбоксилација). THCA, CBDA, CBGA и другите кисели канабиноиди имаат најголема инхибиција на COX-1 и COX-2, што придонесува за анти-воспалителните ефекти на канабисот. Овој канабиноид исто така делува како антипролифератив и антиспазматик.


2. Тетрахидроканабинол (THC) - Tetrahydrocannabinol 

Најзастапен канабиноид присутен во марихуаната, ТХЦ е одговорен за најпознатите психоактивни ефекти на канабисот и за убивањето на ракот во секој стадиум. ТХЦ делува како делумен агонист кај CB1 и CB2 рецепторите. Соединението е благ аналгетик и лек против болки и клеточните истражувања покажаа дека има антиоксидантна активност.


3. Канабидиолична киселина (CBDA) - Cannabidiolic Acid

CBDA, сличен на THCA, е главната состојка во канабисот со покачени нивоа на ЦБД. CBDA селективно го инхибира ензимот COX-2, придонесувајќи за анти-воспалителните ефекти на канабисот.


4. Канабидиол (CBD) - Cannabidiol

ЦБД има огромен медицински потенцијал особено за третирање секакви форми на епилепсија. Ова е особено точно кога правилен сооднос на ЦБД со ТХЦ се применува за лекување на одредена состојба. CBD делува како антагонист на CB1 и CB2 рецепторите, но сепак има низок афинитет на врзување за двете. Ова укажува на тоа дека механизмот на дејство на ЦБД е посредуван од други рецептори во мозокот и телото.


5. Канабинол (CBN) - Cannabinol

CBN е благо психоактивен канабиноид кој се произведува од деградација на THC. Обично постои многу малку или воопшто CBN во свежата билка. CBN делува како слаб агонист на CB1 и CB2 рецепторите, со поголем афинитет за CB2 рецепторите од CB1. Деградацијата на ТХЦ во CBN често се опишува како создавање на седативен ефект, познат како „couch lock“.


6. Канабигерол (CBG) - Cannabigerol

Непсихоактивниот канабиноид ЦБГ има антибактериски ефекти и може да ги смени вкупните ефекти на канабисот. CBG е познато дека го убива или забавува бактерискиот раст, го намалува воспалението (особено во својата кисела форма CBGA), го инхибира клеточниот раст кај клетките на туморот/клетките на ракот и го промовира растот на коските. Тој дејствува како антагонист со низок афинитет на CB1 рецепторот. Фармаколошката активност на CBG врз CB2 рецепторот е моментално непозната.


7. Канабихромен (CBC) - Cannabichromene

ЦБЦ најчесто се среќава во сорти на тропски канабис. CBC е познато дека ја ублажува болката, го намалува воспалението, го инхибира клеточниот раст кај туморот/клетките на ракот и промовира раст на коските. Ефектите на CBC се чини дека се посредувани преку интеракции на не-канабиноидните рецептори.


8. Тетрахидроконанабиварин (THCV) - Tetrahydrocannabivarin

THCV е минорен канабиноид кој се наоѓа во само некои видови на канабис. Единствената структурна разлика помеѓу THCV и THC е присуството на пропил (3 јаглеродна) група, наместо пентил (5 јаглеродна) група во молекулата. Иако оваа варијација може да изгледа суптилна, таа предизвикува THCV да произведе многу поразлични ефекти од THC. Овие ефекти вклучуваат намалување на паничните напади, потиснување на апетитот и промовирање на растот на коските. THCV дејствува како антагонист на CB1 рецепторот и е делумен агонист на CB2 рецепторот.


9. Канабидиварин (CBDV) - Cannabidivarin

Како и THCV, CBDV по хемискиот состав се разликува од CBD само со замената на пентил (5 јаглеродна) со пропил (3 јаглеродна) синџир. Иако истражувањето на CBDV сè уште е во почетна фаза, неодамнешните студии покажаа ветување за неговата употреба во третманот на епилепсија. Ова се должи на неговото дејство кај TRPV1 рецепторите и модулацијата на генската експресија.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Herb Delivery, SC Labs