Sunday, December 30, 2018

Зошто корисниците на канабис не можат да се предозираат?

Со векови и до ден денес, никој не може физиолошки да претера со канабис, ниту пак има пријавено или документирано смрт од преголема доза на канабис до сега. Зошто е токму така и зошто канабисот е различен од другите најчесто користени фармацевтски лекови, синтетички дроги или алкохол? Зошто корисниците на канабис не можат да претераат со консумацијата на канабисот?


Според Центрите за контрола на болести и превенција во 2016 година, над 40 проценти од сите смртни случаи од предозирање со опиоиди во САД опфаќаат опиоиди на рецепт, што е еднакво на над 46 смртни случаи секој ден. Кога станува збор за алкохолот, секоја година умираат околу 88.000 луѓе. Иако опиоидите и алкохолот се дозволени супстанции, тие можат да бидат многу штетни, да создадат зависност и се опасни по здравјето и животот. Една растителна супстанција која е забранета, но обезбедува лековити и безбедни ефекти за корисниците е: канабисот!


Позадина на ендоканабиноидниот систем и неговата поврзаност со канабисот

Сите ние имаме ендоканабиноиден систем (ECS) и ендогена мрежа на различни канабиноидни рецептори. ECS се состои од ендоканабиноиди, канабиноидни рецептори и различни ензими. Двата главни канабиноидни рецептори кои луѓето ги препознаваат се CB1 и CB2 рецепторите. Потоа, постојат различни канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис, а два од најпознатите се ЦБД (непсихоактивен) и ТХЦ (психоактивен, но не ја менува свеста). Канабиноидните рецептори се расфрлани низ нашите тела и мозок и тие имаат единствена врска со ECS. Според канабис авторот Мартин Ли (Martin Lee), следново се наведува во врска со канабиноидните рецептори и каде се најконцентрирани: Канабиноидните рецептори се во поголемо изобилство во мозокот отколку кој било друг вид рецептор на невротрансмитер и функционираат како суптилни сензори. Во суштина, ЕКС работи како централизиран центар за обработка и гарантира дека сите системи се избалансирани и работат правилно. ЕКС е вклучен во регулирањето на многу различни основни физиолошки процеси, како што се: меморија, когниција, апетит, координација, расположение итн. Иако канабиноидните рецептори се расфрлани низ нашите тела, тие не се присутни во мозочното стебло. Наместо тоа, тие се присутни во делови од мозокот кои ги регулираат различните процеси наведени погоре.


Како телото и мозокот реагираат на опиоид, алкохол и конзумирање канабис?

Сега кога знаете каде се лоцирани канабиноидните рецептори, каква е важноста на ова? Ова значи дека во телото и мозокот канабисот делува различно од другите лекови како опиоидите. Постои ендогена мрежа на различни канабиноидни рецептори, но исто така постои и ендоген систем на опиоидни рецептори. Во последните неколку децении, предозирањето со опиоиди брзо се зголемува, што се претвори во широко распространета епидемија. Кога поединци ќе се предозираат со опиоиди, мозокот не добива кислорот, бидејќи опиоидите депримираат дел од мозочното стебло. Кога тоа ќе се случи, дишењето значително ќе се забави, а потоа поединецот целосно ќе престане да дише, што резултира со смрт од недостаток на кислород. Ова во никој случај не може да се случи со канабисот - не ги засегнува центрите одговорни за виталните органи. Дополнително, опиоидите можат да ослабнат одредени региони на мозокот, особено региони кои ја контролираат крвта и циркулацијата на срцето. Поради ова слабеење, нечиј крвен притисок може да се намали на небезбедни нивоа од опиоидите. Во врска со други супстанции, како алкохол, може да се појават предозирање и смрт. Кога некој ќе умре од предозирање со алкохол, телото не може да се ослободи од вишокот на алкохол од црниот дроб. Од тука, алкохолот се пробива до одредени региони на мозокот и ги нарушува оние делови кои го регулираат дишењето, крвотокот и циркулацијата на срцето.

Со канабисот, се случува сосем спротивното. Бидејќи канабиноидните рецептори не се присутни во мозочното стебло, т.е. деловите од мозокот што го контролираат дишењето, крвниот притисок и срцевата фрекфенција не се погодени од употребата на канабис. Во минатото, беше откриено дека нашите мозоци произведуваат хормон познат како pregnenolone, кој делува како заштита од психоактивните ефекти на канабисот. Откако ТХЦ се врзува за соодветните рецептори, pregnenolone се продуцира и ослободува, што го попречува влијанието кое ТХЦ го има врз мозокот. Студиите потврдуваат дека ова може да ги спречи корисниците на канабис да станат премногу high. Генерално, мозокот функционира поинаку кога се конзумира канабис во споредба со тоа кога се конзумираат други супстанции, пред сè затоа што имаме вродена мрежа од рецептори кои се врзуваат со ендо- и фитоканабиноидите. Состојките од канабисот се закачуваат кон канабиноидните рецептори во нас. Можни непријатни чувства може да доживеат само одредени почетници, кои сè уште не се навикнати на ефектот од канабисот и немаат изградено соодветна толеранција на ТХЦ.


Зошто е физиолошки невозможно да умрете од канабис?

Една причина зошто некој не може физиолошки да претера со канабисот е поради способноста на телото да создаде свои „ендогени“ канабиноиди, кои се слични со оние од растението канабис (нашите организми се создадени за да користат канабис). Исто така, потврдено е дека многу од болестите настануваат поради ендоканабиноиден дефицит. Генерално, канабисот има многу ниска токсичност и претставува исклучително мал физиолошки ризик, особено во споредба со други лекови (опиоиди), тутун, алкохол. Не е можно да се употреби смртоносна доза на канабис која ќе предизвика смрт. Сите канабиноиди во содејство имаат неверојатен безбедносен профил, не создаваат зависност и не се токсични. Досега, според Центрите за контрола на болести и превенција, имало пријавени НУЛА документирани смртни случаи поради предозирање со канабис. Ова најчесто се должи на канабиноидните рецептори лоцирани во области надвор од мозочното стебло. Хипотетички, за некој да умре од канабис, за петнаесет минути ќе треба да внесува 1.500 килограми канабис, според Давид Шамер (David Schamder), популарен канабис автор.


Што да сторите ако сте премногу High?

Покрај тоа, иако поединецот не може да се предозира или да умре од прекумерна употреба на канабис, сепак може да се добие екстремно high чувство, кое за некого може да биде непријатно. Ако се консумира премногу канабис, можно е да се чувствувате вознемирени и да доживеете тресење на рацете и зголемено отчукување на срцето. За почеток, не паничете, бидејќи тоа ќе направи да сè чувствувате полошо и повеќе стресно. Благодарение на нашиот ендоканабиноиден систем и специјалната поставеност на канабиноидните рецептори, физиолошки, употребата на канабис не води до фаталност. Ако некогаш сте биле high, разбравте дека на крајот high чувството ќе заврши, а вашето тело и ум се одмараат, регенерираат и се балансираат со самата превентивна употреба на канабис. Исто така, постои анегдота дека доколку канабисот целосно стане легален, тогаш корисниците повеќе нема да се плашат. Растревоженоста најчесто се појавува поради самата нелегалност на канабисот и чувството дека со користењето се прави нешто лошо, т.е. се прекршува законот, затоа што купо-продажбата и користењето се кривични дела. Сепак, ова чувство набрзо поминува. Во меѓувреме, постојат неколку совети кои можете да ги пробате доколку тоа ви се случи вам или на некој ваш близок:


  1. Прошетајте во природа или легнете малку да преспиете;
  2. Пијте повеќе вода за да останете хидрирани - неколку чаши вода можат да помогнат да се спречи/намали high чувството;
  3. Јадете некои од овие ужинки: јатки: ореви, лешници, семиња; кокос; овошјe: авокадо, цитруси; (не: манго);
  4. Разговор со некој пријател или некој близок кој може да ве смири;
  5. Слушајте релаксирачка музика или звуци што ве смируваат;
  6. Изедете нешто луто: лути пиперки, црн бибер, рен и сл;
  7. Конзумирање на канабидиол (ЦБД) делува како антидотум на ефектите од премногу ТХЦ. 


Новинар: Кристина Т.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Thefreshtoast

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:















No comments:

Post a Comment