Thursday, December 21, 2017

Како да го максимизирате приносот на вашите канабис растенија?

Одгледувањето канабис е како воспитување дете, секој има свое мислење, начини и методи за како тоа да биде најправилно изведено. Помеѓу одгледувачите не постои јасен консензус околу тоа дали техниките како „топинг“ го зголемуваат приносот, затоа што некои сметаат дека секој дополнителен стрес врз билката го намалува приносот. Додека резултатите може да варираат, постојат одредени работи кои мора да ги знаете со цел од една билка да може да го извадите максимумот


Максимизирајте ја светлината

Билката канабис има потреба од многу сончева светлина за нивниот процес на фотосинтеза. Повеќе светлина значи повеќе храна за билката, што ќе ви овозможи растението да расте поголемо. Многу одгледувачи во затворен простор имаат тенденција да користат лампа од 600W за да ги растат растенијата. Но, додавањето на дополнителна моќност со префрлување на 1000W светилка може значително да го зголеми приносот на една билка. Важно е да се има предвид дека ако го зголемувате интензитетот на светлината, исто така ќе треба да ја прилагодите температурата на вашата растечка соба/гроу-бокс. Ако ја зголемите моќноста на вашата светилка за растење, осигурете се дека исто така користите дополнителни вентилатори и цевки за да ја ублажите дополнителната топлина, а внимавајте и на влажноста на воздухот.



Оние делови од канабисот што не добиваат толку многу светлина, нема да го достигнат својот целосен потенцијал. Затоа, многу одгледувачи користат техники познати како „тренинг“ и „топинг“. Со кинењето на врвовите се создаваат две главни гранки. Резултатот е поголема светлина која стигнува до пониските делови на билката, овозможувајќи им да растат поголеми. Тренингот се состои од врзување за нежно да ги свиткувате врвовите од вашата билка надолу подалеку едни од други за да ги спречите од спонтано групирање, што го намалува количеството на светлина што може да стигне до нив и во внатрешноста. Ова е токму она што се обидувате да го постигнете со тренинг. Исто така, не заборавајте на соодветната заштита.


Овозможете му повеќе простор на кореновиот систем

Вашата билка ги користи своите корени за да се храни. Преку водата ги црпи хранливите материи. Затоа, ако корените на вашето растение се премногу збиени, билката нема да може правилно да се храни. Започнете со малецка саксија или пластична чашка. Откако лисјата на вашето растение ќе стигнат до работ на саксијата, време е да го пресадите во поголем сад. Препорачливо е да се пресадува еднаш до два пати. Затоа, бидете сигурни дека вториот сад што го имате избрано е прилично голем и корените на вашето растение имаат многу простор за раст и развој. Некои сметаат дека добро правило е да се обезбедат два галони простор за секои 12 сантиметри од височината на растението. Откако ќе го оберете растението, не заборавајте дека корените на канабисот исто така имаат лековити својства и од нив се прават лекови за одредени дијагнози, како на пример реума.



Исто како човечкото тело, хранењето на растенијата со избалансирана и хранлива диета ќе ви помогне да го извадите нивниот целосен потенцијал. За разлика од човечкото тело, вашите растенија треба да се хранат на секои 8-9 дена (пред фазата на цветање) и секои седум дена откако е веќе на цветање. Главните хранливи состојки што ѝ се неопходни на билката се: азот (N), фосфор (P) и калиум (K). Тоа на скратено е NPK. Ако производот има броеви 8-5-4 на пакетот, на пример, тоа значи дека содржи 8% азот, 5% фосфор и 4% калиум. За среќа, повеќето хранливи препарати наречени „grow solutions“ може да се купат на интернет, а од неодамна ги има и кај нас во специјални продавници наменети за тоа. Додека постојат различни растечки решенија за вегетативните и цветните фази, општо правило за додавање на хранливи материи е 5 мл од специјалниот раствор на секој литар вода. Не претерувајте со прихраната за да не го изгорите растението. Исто така, ќе треба да ги одржите нивоата на рН на вашата вода на оптимално ниво, затоа осигурајте се дека сте купувале течен pH раствор (liquid pH solution), како и уред за тестирање на pH, кој ќе ви покаже кога вашата вода е оптимизирана.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: Diyhealthacademy

No comments:

Post a Comment