Showing posts with label кафе. Show all posts
Showing posts with label кафе. Show all posts

Friday, August 3, 2018

Во Кингстон се отвори продавница за канабис и кафетерија

Јамајка ја отвори својата прва продавница за малопродажба на канабис. Се наоѓа на пазарот при Constant Spring Road, а ги отвори своите врати пред две недели. Церемонијата за сечење на лентата го означи почетокот на новата ера за употреба на медицинска марихуана во Јамајка, со браќата Карибе (Karibe) и Двејн Мекензи (Dwayne McKenzie) на чело


Како прва компанија која ќе добие лиценца за обработка и малопродажба од страна на Управата за лиценцирање на канабис (Cannabis Licensing Authority - CLA) во Јамајка, EPICAN нуди производ кој е вкоренет во сонцето и почвата во Јамајка. Браќата Мекензи поминаа три години да ги едуцираат локалните фармери за методите кои ги задоволуваат меѓународните стандарди за растење, во обид да го промовираат марихуана земјоделството во Јамајка, надвор од сенките на глобалната сцена. Двејн Мекензи, претседател на EPICAN, вели дека отворањето на продавницата ќе ги потенцира терапевтските својства на растението канабис и тој е среќен што Јамајканците конечно имаат место каде можат да одат за да се едуцираат за растението и сите други придобивки. 


Во Јамајка, канабисот ќе биде произведен од лиценцирани производители и ќе биде дистрибуиран за да им помогне на луѓето - станува збор за терапевтски поборници на растението канабис“ - рече тој со својот брат, посочувајќи дека нивната долгорочна цел е Јамајка да се приклучи кон разговорот за марихуаната на меѓународната сцена. „Од 2015 година, Епикан ги студира и идентификува домородните јамајкански соеви на канабис, како и прави анализа на односот на канабиноиди и терпенски профили во тие растенија заедно со Научниот совет за истражување на Јамајка (Jamaica's Scientific Research Council - SRC), во обид да се утврди што го прави канабисот уникатен“ - објасни Карибе, извршен директор на ЕПИКАН. „Нашиот долгорочен национален стратешки интерес е да обезбедиме конкурентност на индустријата за марихуана во Јамајка“ - додаваат. Покрај вертикално-интегрираниот објект за одгледување, Епикан исто така, располага со фабрика за екстракција од 5.000 квадратни метри, која може да обработува и поддржува сопствено производство на органски култури. 


Објектот се фокусира исклучиво на екстракција, идентификација и формулација на канабиноиди и терпени за медицински цели на пазарот во Јамајка. Тие сакаат да се осигураат дека продолжуваат да произведуваат конзистентен производ со највисок квалитет, потентност и чистота. Лекарите беа на самото место на отворањето нудејќи бесплатни медицински услуги, квалификувајќи ги гостите за нивните медицински марихуана картички. ЕПИКАН во моментов вработува над 50 локални фармери во својот растечки објект во Сините Планини (Blue Mountains). Тие, исто така, ја започнаа првата конференција за канабис на CanEx, Јамајка, додека продолжуваат да работат на едуцирање на јавноста за придобивките од канабисот преку нивното спонзорство од Rebel Salute's Herb Curb, останувајќи верни на нивната тема за „едуцирање, лекување и воздигнување“ (educate, medicate, elevate). На отварањето имаше и добра ноќна забава.


Автор: Кате К.
Извор: Jamaica-gleaner

Tuesday, January 2, 2018

5 производи со канабис кои го менуваат начинот на кој размислуваме за марихуаната

Благодарение на растечкиот тренд за легализирање на марихуаната во светот, сè повеќе и повеќе се зголемува бројот на производи кои содржат канабис. Исто така, со појавата на онлајн-маркети за производите со канабис, се зголемува и побарувачката за нови производи кои ја содржат оваа билка. Ова се најновите и најпопуларни комерцијални производи кои се појавија во индустријата со канабис:


1. CBD-вода

Во последните две години е забележан голем пораст на пазарот за пијалаци. Порастот е особено забележлив на пазарот за вода со канабидиол и спортски пијалаци. Канабидиолот (CBD) е вториот најчест канабиноид во канабисот и не е опоен. CBD се користи за медицинските придобивки од канабисот, без опојните ефекти кои се поврзани со други канабиноиди како што е тетрахидроканабинолот (ТХЦ). Способноста на CBD да ги ублажи болките и воспаленијата е неверојатна и е извор за олеснување на многумина, од луѓето со болки во мускулите, постарите пациенти и сите оние кои бараат алтернатива за лекување на хроничните болки. Исто така, CBD се покажа како големо ветување за лекување на напади, аутизам и епилепсија.


2. Бонбони и мастики за џвакање со канабис

Milo Confections ги создале Betta Mints, освежувачи на здив инфилтрирани со 5mg до 20mg THC во една бонбона. Pure Ratios пак, создале пастили формулирани со систем за повремено ослободување на CBD и/или THC во текот на еден подолг временски период. Chill Gum и High Balls се познати по создавањето на гуми за џвакање кои содржат канабиноиди.


3. Кафе со канабис

Неколку компании побарале да се формулира мешавина на канабиноиди и кофеин со цел да се создаде кафе со канабис. Подоцна се појавила и побарувачката за чај со/од канабис. Кафето на компанијата Canyon Cultivation е направено со гватемалски грав и мала доза од 10мг THC по шише. За чаевите со канабис е позната компанијата Jane’s Brew, која создава зелен чај, слатки и тропски чаеви, секој со по 100мг  THC.  Pot-O-Coffee направиле сличен производ, со тоа што тие не се ограничиле само на кафето и создале дури и топло чоколадо.



На пазарот за лекови за домашни миленици во САД се појавија производи на база на CBD за третирање на разни состојби кај миленичињата, кои вклучуваат специфични инструкции за дозирање. Еден од најпознатите брендови, како и производи за лечење на миленици е VET CBD, создаден од д-р Тим Шу, ветеринар чија мисија е да се залага за ефективноста на канабисот како алтернатива на традиционалните лекови.  VET CBD  се разликуваат од останатите брендови по нивната употреба на целиот цвет. Сепак, ветеринарите не смеат да продаваат или да препишуваат канабис директно на домашни миленици. Сопствениците најпрво треба да добијат препорака, а потоа да го набават комерцијалниот производ од специјализираните маркети.



5. Производи за нега и убавина со канабис

Не е ни чудно што ова растение достигна огромен успех во разни индустрии, а индустријата за козметички производи и нега исто така има неверојатни придобивки од него. Од разни лосиони, сјаеви за усни, балсами, креми, маски, па се до сапуни со/од канабис – овие производи им нудат на потрошувачите евтини, а сепак уникатни органски растителни производи кои овозможуваат нега и благосостојба. Компанијата Papa & Barkley се фокусира на здравјето, создавајќи масла за масажа кои служат за олеснување на болката и повремено испуштаат канабиноиди во текот на 12 часа. De La Beuh пак, создаваат производи со канабис за капење, за доживување на едно неверојатно и релаксирачко кана-спа искуство во вашата бања.


Автор: Ангела Т.
Извор: GFarmaNews