Friday, August 3, 2018

Во Кингстон се отвори продавница за канабис и кафетерија

Јамајка ја отвори својата прва продавница за малопродажба на канабис. Се наоѓа на пазарот при Constant Spring Road, а ги отвори своите врати пред две недели. Церемонијата за сечење на лентата го означи почетокот на новата ера за употреба на медицинска марихуана во Јамајка, со браќата Карибе (Karibe) и Двејн Мекензи (Dwayne McKenzie) на чело


Како прва компанија која ќе добие лиценца за обработка и малопродажба од страна на Управата за лиценцирање на канабис (Cannabis Licensing Authority - CLA) во Јамајка, EPICAN нуди производ кој е вкоренет во сонцето и почвата во Јамајка. Браќата Мекензи поминаа три години да ги едуцираат локалните фармери за методите кои ги задоволуваат меѓународните стандарди за растење, во обид да го промовираат марихуана земјоделството во Јамајка, надвор од сенките на глобалната сцена. Двејн Мекензи, претседател на EPICAN, вели дека отворањето на продавницата ќе ги потенцира терапевтските својства на растението канабис и тој е среќен што Јамајканците конечно имаат место каде можат да одат за да се едуцираат за растението и сите други придобивки. 


Во Јамајка, канабисот ќе биде произведен од лиценцирани производители и ќе биде дистрибуиран за да им помогне на луѓето - станува збор за терапевтски поборници на растението канабис“ - рече тој со својот брат, посочувајќи дека нивната долгорочна цел е Јамајка да се приклучи кон разговорот за марихуаната на меѓународната сцена. „Од 2015 година, Епикан ги студира и идентификува домородните јамајкански соеви на канабис, како и прави анализа на односот на канабиноиди и терпенски профили во тие растенија заедно со Научниот совет за истражување на Јамајка (Jamaica's Scientific Research Council - SRC), во обид да се утврди што го прави канабисот уникатен“ - објасни Карибе, извршен директор на ЕПИКАН. „Нашиот долгорочен национален стратешки интерес е да обезбедиме конкурентност на индустријата за марихуана во Јамајка“ - додаваат. Покрај вертикално-интегрираниот објект за одгледување, Епикан исто така, располага со фабрика за екстракција од 5.000 квадратни метри, која може да обработува и поддржува сопствено производство на органски култури. 


Објектот се фокусира исклучиво на екстракција, идентификација и формулација на канабиноиди и терпени за медицински цели на пазарот во Јамајка. Тие сакаат да се осигураат дека продолжуваат да произведуваат конзистентен производ со највисок квалитет, потентност и чистота. Лекарите беа на самото место на отворањето нудејќи бесплатни медицински услуги, квалификувајќи ги гостите за нивните медицински марихуана картички. ЕПИКАН во моментов вработува над 50 локални фармери во својот растечки објект во Сините Планини (Blue Mountains). Тие, исто така, ја започнаа првата конференција за канабис на CanEx, Јамајка, додека продолжуваат да работат на едуцирање на јавноста за придобивките од канабисот преку нивното спонзорство од Rebel Salute's Herb Curb, останувајќи верни на нивната тема за „едуцирање, лекување и воздигнување“ (educate, medicate, elevate). На отварањето имаше и добра ноќна забава.


Автор: Кате К.
Извор: Jamaica-gleaner

No comments:

Post a Comment