Благодарение на растечкиот тренд за легализирање на марихуаната во светот, сè повеќе и повеќе се зголемува бројот на производи кои содржат канабис. Исто така, со појавата на онлајн-маркети за производите со канабис, се зголемува и побарувачката за нови производи кои ја содржат оваа билка. Ова се најновите и најпопуларни комерцијални производи кои се појавија во индустријата со канабис:
Во последните две години е забележан голем пораст на пазарот за пијалаци. Порастот е особено забележлив на пазарот за вода со канабидиол и спортски пијалаци. Канабидиолот (CBD) е вториот најчест канабиноид во канабисот и не е опоен. CBD се користи за медицинските придобивки од канабисот, без опојните ефекти кои се поврзани со други канабиноиди како што е тетрахидроканабинолот (ТХЦ). Способноста на CBD да ги ублажи болките и воспаленијата е неверојатна и е извор за олеснување на многумина, од луѓето со болки во мускулите, постарите пациенти и сите оние кои бараат алтернатива за лекување на хроничните болки. Исто така, CBD се покажа како големо ветување за лекување на напади, аутизам и епилепсија.
Milo Confections ги создале Betta Mints, освежувачи на здив инфилтрирани со 5mg до 20mg THC во една бонбона. Pure Ratios пак, создале пастили формулирани со систем за повремено ослободување на CBD и/или THC во текот на еден подолг временски период. Chill Gum и High Balls се познати по создавањето на гуми за џвакање кои содржат канабиноиди.
Неколку компании побарале да се формулира мешавина на канабиноиди и кофеин со цел да се создаде кафе со канабис. Подоцна се појавила и побарувачката за чај со/од канабис. Кафето на компанијата Canyon Cultivation е направено со гватемалски грав и мала доза од 10мг THC по шише. За чаевите со канабис е позната компанијата Jane’s Brew, која создава зелен чај, слатки и тропски чаеви, секој со по 100мг THC. Pot-O-Coffee направиле сличен производ, со тоа што тие не се ограничиле само на кафето и создале дури и топло чоколадо.
На пазарот за лекови за домашни миленици во САД се појавија производи на база на CBD за третирање на разни состојби кај миленичињата, кои вклучуваат специфични инструкции за дозирање. Еден од најпознатите брендови, како и производи за лечење на миленици е VET CBD, создаден од д-р Тим Шу, ветеринар чија мисија е да се залага за ефективноста на канабисот како алтернатива на традиционалните лекови. VET CBD се разликуваат од останатите брендови по нивната употреба на целиот цвет. Сепак, ветеринарите не смеат да продаваат или да препишуваат канабис директно на домашни миленици. Сопствениците најпрво треба да добијат препорака, а потоа да го набават комерцијалниот производ од специјализираните маркети.
Не е ни чудно што ова растение достигна огромен успех во разни индустрии, а индустријата за козметички производи и нега исто така има неверојатни придобивки од него. Од разни лосиони, сјаеви за усни, балсами, креми, маски, па се до сапуни со/од канабис – овие производи им нудат на потрошувачите евтини, а сепак уникатни органски растителни производи кои овозможуваат нега и благосостојба. Компанијата Papa & Barkley се фокусира на здравјето, создавајќи масла за масажа кои служат за олеснување на болката и повремено испуштаат канабиноиди во текот на 12 часа. De La Beuh пак, создаваат производи со канабис за капење, за доживување на едно неверојатно и релаксирачко кана-спа искуство во вашата бања.
Автор: Ангела Т.
No comments:
Post a Comment