Showing posts with label продавница. Show all posts
Showing posts with label продавница. Show all posts

Friday, August 3, 2018

Во Кингстон се отвори продавница за канабис и кафетерија

Јамајка ја отвори својата прва продавница за малопродажба на канабис. Се наоѓа на пазарот при Constant Spring Road, а ги отвори своите врати пред две недели. Церемонијата за сечење на лентата го означи почетокот на новата ера за употреба на медицинска марихуана во Јамајка, со браќата Карибе (Karibe) и Двејн Мекензи (Dwayne McKenzie) на чело


Како прва компанија која ќе добие лиценца за обработка и малопродажба од страна на Управата за лиценцирање на канабис (Cannabis Licensing Authority - CLA) во Јамајка, EPICAN нуди производ кој е вкоренет во сонцето и почвата во Јамајка. Браќата Мекензи поминаа три години да ги едуцираат локалните фармери за методите кои ги задоволуваат меѓународните стандарди за растење, во обид да го промовираат марихуана земјоделството во Јамајка, надвор од сенките на глобалната сцена. Двејн Мекензи, претседател на EPICAN, вели дека отворањето на продавницата ќе ги потенцира терапевтските својства на растението канабис и тој е среќен што Јамајканците конечно имаат место каде можат да одат за да се едуцираат за растението и сите други придобивки. 


Во Јамајка, канабисот ќе биде произведен од лиценцирани производители и ќе биде дистрибуиран за да им помогне на луѓето - станува збор за терапевтски поборници на растението канабис“ - рече тој со својот брат, посочувајќи дека нивната долгорочна цел е Јамајка да се приклучи кон разговорот за марихуаната на меѓународната сцена. „Од 2015 година, Епикан ги студира и идентификува домородните јамајкански соеви на канабис, како и прави анализа на односот на канабиноиди и терпенски профили во тие растенија заедно со Научниот совет за истражување на Јамајка (Jamaica's Scientific Research Council - SRC), во обид да се утврди што го прави канабисот уникатен“ - објасни Карибе, извршен директор на ЕПИКАН. „Нашиот долгорочен национален стратешки интерес е да обезбедиме конкурентност на индустријата за марихуана во Јамајка“ - додаваат. Покрај вертикално-интегрираниот објект за одгледување, Епикан исто така, располага со фабрика за екстракција од 5.000 квадратни метри, која може да обработува и поддржува сопствено производство на органски култури. 


Објектот се фокусира исклучиво на екстракција, идентификација и формулација на канабиноиди и терпени за медицински цели на пазарот во Јамајка. Тие сакаат да се осигураат дека продолжуваат да произведуваат конзистентен производ со највисок квалитет, потентност и чистота. Лекарите беа на самото место на отворањето нудејќи бесплатни медицински услуги, квалификувајќи ги гостите за нивните медицински марихуана картички. ЕПИКАН во моментов вработува над 50 локални фармери во својот растечки објект во Сините Планини (Blue Mountains). Тие, исто така, ја започнаа првата конференција за канабис на CanEx, Јамајка, додека продолжуваат да работат на едуцирање на јавноста за придобивките од канабисот преку нивното спонзорство од Rebel Salute's Herb Curb, останувајќи верни на нивната тема за „едуцирање, лекување и воздигнување“ (educate, medicate, elevate). На отварањето имаше и добра ноќна забава.


Автор: Кате К.
Извор: Jamaica-gleaner

Monday, March 5, 2018

Патот до хероинот не е канабисот туку неговата забрана - сугерира канадски истражувач

Марихуаната не е портал кон потешки дроги како хероинот, туку напротив оваа билка е излезот! Но, забраната за канабис може да доведе до злоупотреба на опасни супстанции, тврди канадски истражувач на мозокот


Забраната за канабис претставува влез кон потешки дроги!
Би рекол дека целата идеја за канабис како лек е разоткриена работа во овој момент.... Но, мислам дека нема никакви докази за поддршка на тоа“ - изјави д-р Метју Хил (Matthew Hill) неодамна за време на панел за канабис во Универзитетот во Калгари, каде работи како асистент професор на Институтот за мозок Хоткис (Hotchkiss Brain Institute). Тој додаде  дека погрешната „теорија на влезни лекови“ веројатно се појавила бидејќи луѓето кои злоупотребуваат наркотични дроги често експериментираат со алкохол и марихуана пред да се обидат со други супстанции.


Јас би рекол дека, најверојатно, она што го гледате е дека канабисот е повеќе типичен лек. Повеќето луѓе кои почнуваат да експериментираат со супстанци, не само што почнуваат со кристал мет или кокаин, на пример, тие ќе започнат со повеќе видови на социјално прифатливи супстанци како алкохол или канабис“ - додава тој. Тој, исто така, посочи дека забраната на канабисот, претставува закана за јавното здравје. Купувањето канабис на улица ги става луѓето во опасност да стапат во контакт со опасни супстанции, бидејќи некои дилери кои истовремено продаваат дроги, можно е да ја прскаат неквалитетната марихуана со опасни и неиспитани супстанци за лесно да може да ги поттикнат клиентите да се обидат и со потешки дроги.


Местото на канабисот е во продавница, кофи-шоп и аптека, не тука!
Луѓето одат во продавница за алкохол за да купат алкохол, бидејќи тоа е легална супстанца“ - објаснува Хил. „Но, токму канабисот, бидејќи не е легален, луѓето се свртуваат кон недозволени средства за пристап до него. Д-р Хил не ја одобри легализацијата за време на панелот. Но, врз основа на неговата анализа, се чини дека е јасно за да се намали бројот на луѓе кои доаѓаат во контакт со опасни дроги, ние треба да го тргнеме канабисот од улиците и да го ставиме на полиците во специјални регулирани лиценцирани продавници за канабис.



Поврзани статии:



Автор: Кристина Т.
Извор: Civilized

Wednesday, February 14, 2018

Како продавниците на канабис ги подобруваат населените места?

Локалите за продажба на канабис имаат способност да ги подобрат населбите и местата за живеење. Покрај тоа, тие им помагаат на пациентите и на сите оние кои консумираат канабис. За жал, сè уште постојат многубројни дебати за тоа дали на ваквите диспанзери треба да им се даде дозвола за работа? 

Оние кои се залагаат за уништување на канабисот тврдат дека канабисот ги прави населбите полоши места за живеење, но дали е навистина така? Ви претставуваме 3 начини на кои продажбата на канабисот во специјалните диспанзери го подобрува животот во населбите и маалата:


1. Локалите за продажба на канабисот го намалуваат криминалот

Едно истражување направено во 2017 година покажало дека со отварањето на локали кои легално продаваат канабис се намалил и криминалот, а истовремено и се подобрил животот во населбите. Ваквите локали имаат сигурносни системи, имаат обезбедување надвор и внатре во локалот, а вработените брзо реагираат на било каква сомнителна активност. 


2. Локалите за продажба на канабис ги зголемуваат вредностите на станбената сопственост

Индустријата за канабисот има позитивно економско влијание во државите кои легализирале оданочена и регулирана продажба на канабисот. Регулираната продажба на канабисот се очекува да произведува 655 милиони долари во даночни приходи за државите во 2017 година.  
Една важна придобивка од индустријата за канабисот е тоа што станбените објекти лоцирани во близина на локалите за продажба на канабис имаат тенденција да вредат повеќе, отколку оние кои се лоцирани подалеку од нив. 


3. Ваквите локали го намалуваат консумирањето на терапии со опиоиди

САД се сочинува од само 5% од светската популација, а користи 80% од светските опиоиди. Многумина предложиле да се овозможи и олесни пристапот до канабисот како помош. Во едно истражување направено исто така во 2017 година биле споредени третманите со опиоиди во населбите каде што нема локали за продажба на канабисот, со оние каде што постоеле такви локали. Резултатите покажале дека во населените места каде што има вакви локали, употребата на разните конвенционални апчиња како третман била намалена за 20%. Локалите за продажба на канабисот буквално можат да спасат живот.

Луѓето не мораат да користат штетни лекови кои ги прават зависни, доколку не го сакаат тоа. Истражувањата покажале дека голем број од луѓето би го избрале побезбедниот лек, доколку во нивната област на живеење би се отворил ваков локал“ - велат истражувачите.

Автор: Ангела Т.
Извор: Learn Green Flower