Во Македонија сè уште е табу тема тоа дека факт е што бремените жени пожелно е да пушат марихуана и да ја консумираат на други начини пред, за време на бременоста и во текот на доењето. Тоа е слатка мала тајна за жените, особено за време на ужасниот прв триместар, кои се свртуваат кон канабис билката и успешно се потпираат на неа за ослободување од гадењето, несониците и стресот, а исто така канабиноидите му помагаат и на плодот
Алкохол, цигари и дроги се штетни за бебето. Тревата е тотално ОК! |
ДА! Употребата на канабис за време на бременоста влијае врз развојот на бебето, но влијае на позитивен начин! Канабисот спречува појава на детската леукемија, а кај мајката ја спречува појавата на пост-породилна депресија. Бремените жени во Јамајка редовно користат марихуана за да го олеснуваат гадењето, како и да го намалат стресот и депресијата, често во вид на чај или тоник. Во доцните 1960-ти, студентката Мелани Дрехер (Melanie Dreher) беше избрана од страна на нејзините професори за да извршат етнографска студија за употребата на марихуана во Јамајка, за да ја набљудуваат и документираат употребата на ова растение и последиците кај бремените жени и нивните деца. Дрехер проучувала 24 Јамајкански бебиња пренатално изложени на марихуана и 20 бебиња кои не биле изложени.
Идеална комбинација! :) |
Нејзината работа еволуираше во книгата наречена „Жени и канабис: медицина, наука и социологија“ (Women and Cannabis: Medicine, Science and Sociology), во која се вклучени нејзините теренски истражувања. Повеќето претходни истражувања од Северна Америка не ја даваа вистинската слика затоа што овие студии не ја изолираа употребата на марихуана, меѓутоа, канабисот го ставаа во ист ранг со повеќето деструктивни супстанци, започнувајќи од алкохол, тутун до кристал-мет и хероин... Алкохолот, тутунот, дрогите и фармацевтските лекови се штетни за мајката и плодот, тревата не е. Во Јамајка, д-р Дрехер најде племе чија култура го контролира сопствениот внес на трева и смета дека нивната употреба на канабис е духовна, т.е. спиритуална. За влијанието на билката кога се користи за време на бременоста, таа ги предаде извештаите со користење на Скалата на Бразелтон, високопризната неонатална проценка на однесувањето.
Профилот ги идентификува силните страни на бебето, адаптивните одговори и можните слабости. Истражувачите продолжија да ги оценуваат децата од студијата до 5 годишна возраст. Резултатите не покажаа негативно влијание врз децата, напротив, тие се чинеше дека напредуваат повеќе во споредба со нивните врсници кои не користеле канабис додека биле во мајчината утроба. На многу луѓе не им се допадна тој факт, особено не на финансиерите на студијата, Националниот институт за злоупотреба на дроги. Тие не продолжија да префрлаат пари на сметката за студијата и не сакаа да ги објават резултатите.
Прекрасна книга! Едуцирајте се! |
„... беше јасно дека NIDA не беше заинтересирана за продолжување со финансирањето на студијата која не предизвика негативни резултати. Ми беше кажано да не аплицирам повторно. Ние пропуштивме можност да ја продолжиме студијата и да ги следиме субјектите низ адолесценцијата и зрелоста“ - истакна д-р Дрехер, сега Декан на медицинските сестри при Универзитетот Раш. Таа има дипломирано за медицинска сестра, антропологија и филозофија, плус докторирала антропологија на Универзитетот Колумбија. Уште позанимливо е тоа што Дрехер немала искуство со марихуана пред да биде испратена на Јамајка. И покрај неговата незаконитост, употребата на ганџа е на широко распространета, а времетраењето и зачестеноста на употребата се многу високи; таа се пуши подолг период во поголеми количини со поголема моќност на ТХЦ, во споредба со марихуаната во САД, без никакви штетни социјални или психолошки последици, вели студијата на Дрехер.
Автор: Monique Konopova
No comments:
Post a Comment